Нека ми одговори некој за ручек сакам да направам грашок, е сега колку што прочитав најпрво се запржува кромидот, морковот, после грашокот и водата се додава, така ? инаку после на крајот со запршка Спојлер запршката со црвен пипер и зејтин само
ДА, така е. Стави и сол и вегета и на крај ситно сецкан магданос ако имаш по дома Спојлер можеш да додадеш и сецкан компир за да добиеш густина или пак запржи го со традиционалната запршка со зејтин, брашно и црвен пипер
Сега го прочитав откако го направив инаку ставив кромид , потоа пиперки домати ситно исечкани , го ставив грашокот и полека додавав вода и малку зејтин.На крајот му ставив запршка (зејтин,брашно и црвен пипер) Малку на луто му беше вкусот бидејќи едната пиперка била лута но , во глобала супер излезе ептееен малку залутуваше Спојлер Друг пат , здравје подобро ќе излезе
Како манџа во комбибнација со компири ми е омилен исто и кога си правам бел ориз ставам грашок сварен и го мешам убаво, абе милина е
во ред е, и доколку се придржуваш на некој режим за искрана бидејќи месото е протеини, а и грашокот спаѓа таа груоа
Јас го правам како и обично кромид, морков, пиперка ги сечкам ситно и ги попржувам малку, потоа го додавам грашокот и месото (иако месо не ставам секогаш), заедно пржам се уште 10-15мин и потоа додавам топла вода.. го запржувам (зејтин, брашно и црвен пипер) и тоа е тоа.
Bas sega pravam grashok so telesko meso pa ke pisham jas kako go spremam.Koj ne jade neka proba ke projade.Vaka stavam maslo,seckam sitno edna kromitka i sitno seckan morkov.Toa se potprzuva kratko vreme.Meso otprilika 400-500gr.go seckam na kockicki i go dodavam vo kromidot i morkovot potoa dodavam dve cashi voda,sol,vegeta i malku biber go dinstam taka moze cas i polovina dodeka mesoto da omekne go probuvas.Koga mesoto e vareno dodavam grasok zamrznat i toa se vari polovina cas.Potoa dodavam seckani kompiri prethodno olupeni na kocki i patlidzan golem go lupam(ne sakam koga mi letaat lushpi) ili barem 3 mali,moze i tomatelo koj kako saka i dodavam voda da pokrie i malku povekje.Koga ke mi bide se svareno pravam zaprzka so malku brasno(moze a i nemora) crven piper.Koga ke go zaprzam stavam sitno seckan magdanos -moze i edno cesne luk koj kako saka.
Најмногу го сакам во тавка, запржувам кромид, морков, пиперка ставам во плех го додавам и грашокот, зејтин, зачини и лажичка црвен пипер, полевам со топла вода и во рерна да изврие.Може и малку ориз но само грашок ми е послатко. Манџа одамна неам правено еве идеја за следен ручек.