1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Граѓанска одговорност за навреда и клевета

Дискусија во 'Правни совети' започната од pross, 29 април 2013.

  1. pross

    pross Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    74
    Пол:
    Машки
    Не знам колку интерес ќе побуди темава, но морав да ја отворам , би сакал доколку некој е заинтересиран да коментираме повеќе....
    Многу сум ПРОТИВ тоа што клеветата и навредата, како кривични дела против честа и угледот, се декриминализирани !!!!
    Не за џабе законодавецот ги предвидел, си имаа тие своја примена и сметам дека и понатаму требаше да останат во Кривичниот законик на РМ...
    Ајде замислете сега, некој некого тешко го навреди, или наклевети за некоја работа, а овој претрпува последици поради тоа кои понекогаш може да бидат дости сериозни (како губење на работното место, развод на бракот, сериозно нарушување на здравјето итн.)...!!!!
    Според новиот Закон за граѓанска одговорност тој своето право сега веќе ќе биде принуден да го остварува во граѓански процес против сега веќе ТУЖЕНИОТ...
    Па дали мислите дека сторителот на делото повеќе ќе го одврати од намерата да навреди или наклевети покренувањето на граѓанска постапка, или покренувањето на редовен кривичен процес од страна на приватниот тужител...
    Кривичните санкции предвидени за овие дела во КЗ на РМ, (иако беа релативно ниски), секогаш ќе влијаат МНОГУ ПОВЕЌЕ, и евентуалниот сторител ќе го одвратат од намерата да наклевети или навреди, отколку евентуалната негова граѓанска одговорност.
    Не е исто да се биде осуден со правосилна кривична пресуда за клевета (сега веќе осудениот се води и во казнената евиденција), или пак да се утврди неговата вина со пресуда на граѓанскиот суд со која тужбеното барање се усвојува....
    Како што истакна и портпаролот на Основниот суд Скопје 2 Скопје пред некој ден, бројот на тужби за овие дела е намален за ТРИ ПАТИ....
    Секако знаете дека тужителот кој претрпел штета при покренувањето на граѓанската постапка треба да плати судска такса зависно од вредноста на спорот, па што правиме сега ако нема доволно пари, а претрпел штета, зашто тие спорови се намалени за три пати.....!!!!
    Уште и пред декриминализацијата,секако стоеше можноста на приватниот тужител кој покренал кривичен процес за навреда и клевета против обвинетиот, своето право за надомест на евентуална материјална и нематеријална штета, да го остварува во граѓанска постапка, и независно од тоа...
    За апсурдот да биде поголем, замислете, во преодните и завршни одредби на новиот Закон за граѓанска одговорност се предвидува дека
    " Со денот на влегувањето во сила на овој закон СЕ ЗАПИРААТ ОД ИЗВРШУВАЊЕ правосилно изречените казни или надоместоци на штетата за сторени кривични дела од Главата осумнаесетта „Кривични дела против честа и угледот“ од Кривичниот законик" !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
    Значи пазете сега, оној кој дочекал и имал во раце правосилна пресуда на кривичниот суд против обвинетиот, со денот на влегување на сила на новиот закон, истата таа станува беспредметна !!!!!! (и секако обвинетиот сега веќе трие раце).....