1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Гребатори!

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Unfaithful18, 14 јули 2010.

  1. fairytale

    fairytale Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    24
    Повеќето се такви :) Но многу пати знам да речам - не давам ;) Мразам да ме прават будала :)
     
  2. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.893
    имав таква другарка која во карактер беше супер личност,за да те ислуша,да не те издаде,ама за гребење да не праиме муабет,ке видеше балсам или сјај,огледало,парфем,и грабај го нашколо како да немаше осет си рошкаше по школски ташни.и на одмор сите ке јадевме таа одеше по сите и земи му а не прашевеше :lol: јас и таа,и уште една другарка си се шетаме охрид низ чаршија и јас купив фанта,и си ја држам в раце,и таа ми го зеде шишето од раце и се изнапи :x па за роденден и купивме сите козметики :D сега сум преселена на друго место,не се гледаме,туку по нет често контактираме :wasntme:
     
  3. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    се' е кажно. сите имаме по некој таков кој знае нерви да ти искине ]:)
    ама тие таквите постоеле и ќе постојат... без малку срам :!:

    а инаку најмногу од се што ме нервира кога една другарка значи ама баш секогаш ми ја зима последната цигара и ја пале, и само вика ,, ајде ти секако после ќе си купиш,, :o а ти нели планираш ма да си купиш? :@ парите мене на дрво ми растат |(
     
  4. little.piggy

    little.piggy Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    8
    Искрено да ви кажам кога ја видов оваа тема направив акаунт за првин тука да се испразнам !!

    Негде во седмо одделение почнав кај други да забележувам непријатна миризба од уста и од тогаш редовно купвам гуми за џвакање и имам во мене во секој момент . И некогаш кога немам пари за кутивче барем купувам на делење од 5 денари . И имаше една другарка нон стоп со мене и кога купувам на делење обавезно по 2 зимав за мене и за неа ( 5 денари , нема смисла ) .
    И после некое време приметувам дека она колку што можеше се гребеше од мене , неколку пати на ден ,и не знам што и беше фората кога некој во школо бара мастики она нон стоп вика дека јас имам .

    После на секое видување ми бара по 2-3 и вика леле дај ми ти секогаш имаш !
    Ама врв на се е што она никогаш не купува кутивче , а ако немам кога ке ми побара она "чекај да си купам на делење " и секогаш по една си купуваше и ме полуде со тоа !! Не знам ама мене многу ме нервира -_-
     
  5. Anggie

    Anggie Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    36
    И кајмене е проблем со цигарите :) Се случува да купам 2 кутии во денот и другите да ги испушат :)
    Неможам да речам не, ама немат осет :) И во последно време пред да испадниме со другарките ги прашувам ако сакат да си купиме заедно 1 кутиа демек јас имам уш неколку... и ако речат не, после немаат ни срце а побарат :) ама од сега натаки морам и да одбивам немам вишок пари :) а стварно сум страстен пушач премногу пушам и секогаш имам во мене :) а и во тиа години сме.. сите пушат а ретки се тиа што се така по озбилни.. повекто се од чалам :)
     
  6. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    394
    Гребатори-пијавици.Јас така ги викам,абе кога ќе ти се закачат нема откачување.Не ми е јасно како може луѓето да бидат толку безобразни.Уживаат да пушат,па нека повелат и нека си купат.ОК е еднаш,двапати некој да ти побара,ама постојано тоа не е во ред.Имам едни пријателки што кога се излезени гледаат да најдат жртва што ќе ги чести цела вечер.Има една интересна случка во врска со темата.Една од споменатите пријателки ми ја кажуваше и тоабез трошка срам.Биле излезени и нашле некој тип-жртва,за кој мислеле дека е полн пари.Цела вечер муабет,додворување и најскапи пијачки се разбира.Но типот ги зезнал,не платил за нив.Па така тие пак за среќа налетале на некој познат кој и позајмил да си платат сметката,добро е што биле трезни па се снашле некако.Јас ова никогаш не би си го дозволила да ми се случи.Но како што се безобразни за се,заслужиле и повеќе да се осрамотат.Ќе пијам колку што имам пари,сигурно нема да барам некој кој ќе го стори тоа место мене.Уффф многу ме нервираат вакви луѓе.. :@
     
  7. bluberry

    bluberry Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    341
    Многу се нервирам кога некој ќе ми побара цигара :@ Јас одвај собирам пари за да си купам,си ги штедам и кога ќе ми се најде некој памете е полудувам.
    Имам една другарка нон-стоп се гребе од мене.Еднаш не и текнало да купи :envy:
     
  8. red

    red Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    130
    Пол:
    Женски
    цигара можам да му дам само на некој шо знам дека стално купва пакети, ама ете се погодило да нема, иначе на гребаторите му велам не давам оди куписи мене парите не ми течат од чешма. :^)
     
  9. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    932
    Е темава ме погоди... Значи најмногу мразам кога некој ми се гребе за цигара кога фала богу мене пари од дома за цигари не ми даваат и јас нема да јадам ни да пијам за да си купам а тие ќе се наранат ќе се напијат и ајде од кај Ловли ќе се гребиме. Сега можеби не толку но во средно ... ви се верува дека цигарана им изигравав цела година на другар и другарка. Наводно тие не пушат само една , две така колку со кафето ама на крајот мене кутијата ќе ми ја снема.... :@
     
  10. little.piggy

    little.piggy Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    8
    Леле тука сите пушачи :D
    Ама што е многу многу е стварно , ако сакаш да пушиш ке си купуваш , а овие гребатори за цигари ми изгледаат дека само сакаат да изиграваат некои фаци со цигарата ..
     
  11. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.007
    Баш интересна тема во која сигурно многумина ке си се пронајдат.Абе да се чудиш просто,ти им подаваш прст тие ја земаат цела рака и не знаат за СТОП.Си викам дали они се криви што се дрзнуваат на (слободно ке ја наречам) таква безобразност или пак ние што им го дозволуваме тоа.Како и да е ,ми се чини дека последниве година дена си ги отворив очите и станав многу попретпазлива на таа тема па кој како сака нека си сваќа,убаво си кажуваш не ми паѓаат пари од небо,јас знам како ги печалам и ни најмалку не сум скржава тоа го знаат моите блиски ,само нема бе да дозволам да прават идиот од мене и да ја користат добрината што им ја нудиш.
     
  12. EffyPink

    EffyPink Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    12
    Значи не знам како немаат срам. Јас коа немам па не се понижувам бре ко просјак некој..
    Имам една другарка значи пет месеци земаше од мене чупалица. Добро ајде еднаш два пати ама не ти треба тоа еднаш годишно.. да се немало осет, ај ако не и паста за заби да делиме..а и ми вика што не се зачупаш, извини ама чупалицата кај тебе ми е.. на крај и ми ја изгуби, одма си купив нова и таа ми ја побара епа извини ама.. Или па ќе дојдат кај мене и одма плакарот ми го напаѓаат и после ураган поминал. Секое искачање они мора прво кај мене да поминат.. си ќутам јас ама стварно.. Посебно ме нервира коа ќе речат ај ај богата си.. од кај знаат бе.. и моите пари не се на дрво пораснати или на улица најдени :@ :@
     
  13. lily-prune

    lily-prune Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    155
    морам да кажам нешто и овде имав порано и јас гребаторки околу мене сум плаќала такси бидејки немале ситно кафиња со изговор после ке ти ги дадам цигари дај еден немам купено па после уште еден и така отиде целата кутија позајмување на блузички фустани и палтиња да не набројувам уште само долен веш ми немат побарано се додека не видов дека другарката за факс си ја облекува мојата најомилена блуза и ја направила за никаде ја избледнала од перење па уште ке ја носеше за излегување си ја земав без збор и реков повеке нема позајмици остана жалната без коментар бидејки беше крива си заќути и ми нема побарано ништо од тогаш.таман помислив завршија моите маки една другарка со која од неодамна се дружиме се мое и се допаѓа ај дај го тоа ај ова се снаогав некако ама ме начека за една сукња која така ми стои па дај ми ја и еве мина една година уште е во неа а ја нема облечено ама тие денови ке си ја побарам доста беше кај неа не и ја дадов за поклон изгледа така ме сфати.
     
  14. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Ахххх колку пари имам дадено на сите по интернатот а на крај никој не ми ги враќа... Не им ги барам но нека се чукнат малку мене нели ми требаат пари :!: ... После неколку вакви искуства не им дадов пари иако ми бараа.. Пушач не сум ама гледам како се гребат од моите цимерки што пушат и дури мене тоа ужасно ме нервира |( за шеќер и кафе да не правам мообет |( ... А па колку пати за такси ме имаат наместено напред да седам...Кој седи напред тој плаќа... Многу пати сум платила ама еднаш со една што се возевме секое сабајле за на школо никогаш не плаќаше (демек нема ситно, после ќе ми даде итн) така што морав еднаш пред таксистот лом да ја направам и на неа да и дојде памет во глава :D ... Ама таквите ужасно ме нервирааат ама само кај нас ги има :@ :@
     
  15. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.832
    Значи ги жалиш ,се трудиш да им помогнеш,си скратуваш од своето за да им дадеш и нив и тие го искористуваат тоа-Абе МРШ (имав ваква другарка ја откачив пред неколку месеци)
    Даваш заем на некого и не му текнува да го врати а тебе дури и ти е срам да го побараш.
    Подалеку од такви штетници оддалечетесе вие -тие ќе се оддалечат од вас само ако некогаш немаат корист од вас |( ццццц дебили
     
  16. Incroyable

    Incroyable Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2011
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    31
    Не станува збор само за гребење, туку и за искористување.. Сите сме имале, или пак сеуште имаме таква другарка. Во мојот случај беше како ПАРАЗИТ. На прв поглед изгледа како многу фино девојче, а додека така изгледаше, фактички не ни приметував што у суштина ми правеше.

    Значи девојчето буквално си земаше за право секој ден пред излегување да дојде кај мене на врата несредена, ненашминкана, необлечена и секако се тоа ќе си го направеше кај мене и пред излегување ќе ми ја кажеше нејзината листа на места каде што она испланирала ние две да одиме, секако при тоа она не носеше пари со неа. И се тоа јас и давав дезодоранси, шминки, облеки, пари, цигари. Па како што рекле неколку над мене еднаш, два пати ќе разберев.. Ама секој ден ?! Или па да беше девојчето од некоја фамилија што неможе финансиски да се издржува па ќе речев ајде.. Ама беше од просечна фамилија, во не толку лоша финансиска состојба. И тоа траеше година дена, можеби и повеќе. Ама на крај ми дојде памет и јас реков неможе. После тоа неможе следуваа коментари скржава, ваква, таква ама не ме интересира, некој да ме прави будала неможе.

    Разбирам се, и на секого би дала и облека, и шминка, и пари... Моите најблиски го знаат тоа. НЕ ЖАЛАМ, воопшто. Бидејќи и на мене, и на сите ни се случило да немаме нешто па да побараме. Ама кога тоа "побарување" преминува во искористување е неподносливо.
     
  17. lily-prune

    lily-prune Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    155
    во право си за искористувањето гледајки да не ги навредиш и да им помогнеш во некоја ситуација во која сите ние сме се нашле понекогаш тие тоа го сфакаат здраво за готово и не значи дека ако им дадеш нешто тие треба да си го присвојат еве како мојата другарка за сукњата која овие денови ке си биде повторно кај мене а дали ке си ја носам или не тоа е само моја работа.оваа го зборувам бидејки е имало коментари од типот ама така прашина ти фаќа само или ај дај да ја облечам само еднаш да ми помине меракот.е мене ми помина веке меракот за правење будали на здрав памет и кој како сака нека ме нарече скржава и секаква нека бидам позајмици веке нема.
     
    На Incroyable му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1.981
    Допаѓања:
    4.832
    Пол:
    Женски
    На овие луѓе ај ќе им попуштиш еднаш, двапати и веќе од третиот пат злоупотребуваат
    Јас не сум пушач и незнам вас како ви е за цигари, ама гледам.
    Ок е некој ако заборави еднаш, се случува, луѓе сме, ама некои стварно претеруваат
    Само незнам како додржувам јас да не кажам нешто на овие личности, ептен не сакам да се карам :$
    Ми се има случувано за пари, фотокопии од типот ај направи фокопија и за мене, а парите нигде ги нема :^) , за облека да не зборам, накит исто,ама се опаметив и више не давам
    Не ми е јасно само како ваквите личности немаат срам?
    Од гребатори само подалеку, ништо добро не доаѓа од нив!!!
     
  19. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.012
    Аман леле не дај боже да ми побарат нешто. Се имам баш јако изгорен. Ама цел живот се учи, па така и Пинк се научи да вика НЕ. Толку фини, толку природни што секогаш се сожалував или верував дека сум вистински другар па пружев. Ах јас пуста будала.
    Не дај боже да ми видеа стегач на рака. Ма ќе се испокараа, колку и било жешко која да ти го земи. И утре така, и задутре. И пинк нон-стоп низ бижутериите те по шнолички, те по стегачи. Ни самата не бев свесна кај ми одеа. :worried:
    Имаш сјај, римела, креон, сенка, пудра - дадеш на една, лап го изеле сите. Од една во друга, па завршило во сосем трета.
    Ми се деси да ми викаат гледаш од другарка ти, таа вчера беше со истата ташна, а тоа мојата. Ама нели јас фер, давам да ја промовира пред мене.
    Обетки, ма дааај ми само за оваа вечер(новите и ги дадов кои беа во боја купени специјално за еден комплет.) . Утредента: Незнам мајками кај ги ставила. |(
    не се дома моите можеш да ми платиш курс ? :fubar:
    Ма фино, лепо си бев во филм со нив јас, не гледајќи што се случува :worried:
    Не дај боже дома да ти дојдат, бркаат по фиоки, бараат лакови, козметика, и ти играш улога на црвен крст. :l:
    До толку дошле, па и од храната за в училиште да ти бараат. Разбирам ај, заборавила пари еднаш, два пати, три пати ама 10 ??? :doh:

    Не се каам. Само се прашувам дали еднаш тие ми помогнале? НЕ ! :@ Епа јас не сум банкомат, ниту црква за молење. Од такви луѓе подалеку.
    И немојте да ги оставете во заблуда, кажете им што ви лежи. Може ќе им помогнете да се оправат. :call:
    Секако кога ќе дојдат 5те минути ;)
     
  20. femina11

    femina11 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    225
    Леле тоа се луѓе шо се прават на Тошо.Најмногу се нервирам со такви будали.Тоа кај мене пали неколку пати,ама кога ке ги приметам што е работата знам во шала да им речам.Највеќе мрзам некој кога ме прави будала,или се прави мрднат