Гребатори и искористувачи имало и ќе има. За среќа јас сум по...таква без влакна на јазик и им кажувам в лице гад ми е да користам туѓи шминки алишта или било шо и гад ми е да ми ги користи друг, мразам да јадам од туѓо и да пијам а гад ми е и друг да јаде и пие од моето. Ниту сум побарала такво нешто, ниту пак имам дадено. Еднаш не носев пари на школо а не јадев цел ден, ќе се онесвестев од глад ама никому не побарав на пауза нешо у стил дај еден гриз. Дома само една другарка ми доаѓа и тоа само затоа што е со истиот табиет и супер си се слагаме скоро цела деценија ради тоа без ниедна кавга. Ама, знаете кои се виновни за постоењето на ваквиве? Луѓето кои мислат дека со пари ќе купат другарки и сл. Еех сега јас се потсетив на една другарка шо ја имав средно. Пример за личности заради кои гребаторите постојат. Значи си имаше парички побаеги, нејзините приватна фирма ова она и типкава буквално се расфрлаше со нив. Дури и ги користеше за да (на некој начин грубо кажано) си купи другарки кои ќе ја поддржуваат и ќе и ласкаат и кога ќе ги направи најголемите глупости. Значи ќе излезевме, ќе ни се избацеше со колата ова она па ќе части ручек онака без причина, па ќе ти подарува ствари (исто така без причина). Ама, еднаш ако не си насмеан, зборлест и полн со пофални зборови за неа, се тоа шо го направила упорно и упорно ќе ти го трие од нос. Не и беше гајле дали ти бил лош денот, битно е дека ти мора да ја забавуваш. За среќа јас се праев дека не ја перципирам во тие мигови и кога тогаш ќе и се здосадеше од жалење и пак 'мир у кучи'. Што е најтрагично таква е и со дечковците...таква беше и со двата вереника...е можам да замислам на нив како им било.
уффф само колку ги има !!! Имав една другарка во средно школо навистина дружевме,од прв ден,никогаш немаше цигари а пушеше повеќе од мене.Секој ден за на школо од трафиката кај мене на свтобуска купував кутија и една кога си идев за на кај дома бидејќи оваа сите ми ги имаше испушено.Се вадеше на тоа како таа му купувала цигари на дечко и (кој беше дете без родители)и дека немала пари и за на школо да купува.Таман завршив средно ете ти една таква и на факултет. Демек цурава не пуши(само за пред дечко и)а кога ќе седневме на кафе си зима од моите цигари(од другите не бидејќи и биле слаби)ко да се нејзини,си ги става пред неа Ми беше понекогаш глупо да си ги земам пред мене И по дома си имам еден таков братучед кој е дупло постар од мене ама човекот никогаш нема цигари не дај боже да ти ги види-отидоа хахахаха да се немало спас бре или па јас сум лепак за гребатори
пссс секојдневие !! мене искрено ми е незгодно ама мајка ми знае да ми каже епа затоа тие таквите ќе си успеат во животот а вие со добра душа ќе ве искористуваат, едно време се опаметив ама само период беше сеа се по старо за жал
Откога завршив со средново една кутија цигари ми трае 2 дена. Кога идев во школо една кутија цигари ми траеше додека да завршат часовите. Сите од клас гребатори ( машките ). Ај да не можат да си дозволат, ама ги знам и знам дека можат.Па затоа и јас си се научив. Еден ден носев цигари и се гребат, јас им давам. Следниот ден јас бев таа што не носев цигари и јас им се гребев А не дај боже да купиш сокче. Ќе земам ќе си се напијам прва и си го ставам на клупа. Батките ќе си се услужат и од кога ќе го излапаат 10 души шишето ми го враќаат со една капка да се каже. За мастики да не зборам. И то во кратки црти
е не ги можам оваа сорта на луѓе незнам како можат да функционира по принципот кад је гага и киселина је блага
хааха, ее колку вакви познавам. Во моја околина ги има многу. Посебно дека излагам летно време во парк. Едвај ќе скрпат за бус и винце...и нормално нема за цигари..И ете ти ги..абе цигарче имаш, имаш викам ама една ќе ти дадам само, иако ми е пуна кутијата...не бе не не ти барам више. Ако се лажеме де. Да сум се гребела, но не од кој стигнам. Тоа биле најблиски луѓе. Но, затоа следниот пат таа особа не треба да носи цигари зошто јас ке имам... Колку ми се само смешно, шеткаат со чашката од сепаре до сепаре, и само си бараат за пиење..Свашта има.
Ооо се поголем е бројот на ваквите... Не дај Боже некој да извади кутија цигариња или мастики одма е дај една, едваш, двапати, пет пати абе секој ден. Јас разбирам немаш пари - епа ако немаш немора да пушиш де! Или они што најмногу џвакаат мастики никокаш не купиле. Па ај на ова ситново да остане, се гребаат за пиење, кафе, што ќе се најде не е пробем... тепај гага само! Незнам како можат ау - премногу луѓе без осет и грам страм!
Кога ќе слушнам гребатор веднаш ми асоцира на цигари, тик так и мастики. Па аман бе, разбирам еднаш, два пати, три пати, не 10 пати во денот. Ако ви се сака, купете си! Купувам кутија цигари, за еден час веќе 2 имам внатре само. Можам да позајмам кога се нема, ама барајте со усул! Од летово вртам нов лист, нема веќе настројување кон мене Еј Мери има Marlboro, Davidoff па од неа ќе се гребеме, ако ништо друго јаки цигари се. Не не, сами ќе си купувате од сега, трујте се со што сакате, со мое нема. Доста беше. Банкрот доживеав. Штеки и штеки ми должат. Мене не ми е фино секој ден 120 денари да фрлам за друг да ми ги зима цигарите. Јас пушам такви затоа што кога веќе се трујам сакам квалитетен тутун, а не за да раздавам наоколу. А пуста, жал ми е да речам не.
за цигаре порано давав имав една во моја околина ама откако видов дека не и доага пает да си купи еднаш и реков немам уште 18 ми се ,е сеа јас си имам мака со ташни каиши обетки и последен пример со пари...зимат и не вракат...пред две години на една другарка и позајмив пари не беа многу ама не беа ни малку-не ги врати,кога ке ја видеш на врата знај дека и треба нешто така никако другачие ја нема...кога бев во април тука ми измота филм зошто и требале пари луге дечко ми со мене и он и даде 5000 денара демек она ке ми ги прати по вестен Ј. арно ама никако не ги врати сега си дојдов и откако сум тука секој ден и звонам не се јавува (освен првиот пат кога незнаеше чиј број е) денес и отидов дома и она демек срекна што ме виде бла бла филмови и и велам: добро Д...има ли смисла? Ајде не ги прати преку банка знаеш дека не ги дадов од мој џеб туку дечко ми ти ги даде шо е работава,знам дека ме излажа и дека не ти требаше затоа што ги бараше...и замислите луге она наместо да каже извини ово оно она мене почна да ми се дере кој ти к*р ма Зозо најде некој шо те зеде разведена па ке ми се правиш фраерка ке ми доагаш дома да ме растресуваш? ајде да те нема од тука и уште еднаш ако си дошла ке зажалиш што си ме запознала После тоа три сата покасно одам на кафе и ја гледам типкава сок кафе цигаре на тел си збори и дури поглед нагрден као јас да и должам не она мене и врв на се беше кога кажа на пријателката и до неа: ке одаме на пица? Такви само во близина да не ги имаж...јас ги викам ем шуто ем ругато...
ахх гребатори стварно ѓи има многу јас дека не пушам па тоа ме асоцира мене на мастики или пенкалца во школо ... не си купат и постојано барат ај денес се случило паа после , утре купи си не повторно бараат и мене ми изгледа како во здрав мозоок будала ме прават епа затоа извини брат немам
Мојата бивша најдовра другарка беше опасна гребаторка....да можеше и гаќите ке ми ги земеше, а ништо во живот не дала ( не ни купила за да даде)
боооооо колку се пронаогам во темата аман веке да не можиш да излезиш на пауза за цигара,затоа јас и другарка ми кога бевме средно си земавме по една и му велевме внатре ми се,на секој му се случувало да му завршат цигарите ама па секогаш да немаш па и кога ке си купат не даваат замисли ејјјјјјјјјј,и мене ме нервиратт демек тие не пушат само по една што палат ама не е една после е уште една па уште едназамислите мене што ми се има случено еднаш седвме во дворот и иди едно дете другар онака со мене учеше и ми вели еј ај дај ми за петок една замислете ејј каков грев,знам за тие кои немаат пари да си купат ке му дајш една две ама тие што имаат и ко ке се гребат ми идат да ги акнам,или кога ке седниш да пиеш по едно кафе и кога ке ти речат ами јас немам цигари,и не знам ми иди не знаммм
Лелеее,ме нервираат кога ќе ми бараат цигара--не сите туку оние на кои лиги им течат за цигара ама од пуста скржавост не купуваат.Имам една таква која кога ќе ми ја начека кутијата-пелте ја прави. Па добро бе Н... кога ќе купиш цигари,на шала ја дираме ние пушачите,а таа Не па јас онака само палам,ради друштво. Друго е кога пушач кој редовно си има цигари,па се случило да снема и да ми побара-му давам цела кутија(секогаш носам 1-2 во чанта)ама оваа за 60-70 денари ...бруки.
Ауу како ме нервираат вакви гребатори Јас не сум дозволувам никој да ме `гребе`,но имам една познајничка која постојано ја `гребе` мојата другарка,дури мене ме фаќа лутина колку можат луѓево да бидат без ни грам осет.Ќе излезат на кафе и потоа и вика ти плати ми го кафево утре ќе ти донесам пари,ќе излезат на пица повторно истото,еднаш дури и` порача да и стави кредит На крај ни П од пари. Разбирам,си ги заборавил парите,или неопходно е да побараш туѓа помош за нештото да го направиш во моментот ама тоа да ти е навика да бидеш крлеж не го оправдувам За тоа треба да ти фали многу тука А што е најтрагично од се,таквите најмогу успеваат во животот! Добро,ако треба не излегувам една година,ако не ми фаќа џепчето за пица, ќе си јадам дома,нема да ставам кредит ама НИКОГАШ НЕМА ДА `ГРЕБАМ`!!!!!
ехее колку ги има такви гребатори се секавам во средно излеговме на одмор си купив чипс од продавничката во близина што беше и запалив цигара со една другарка доага една друга другарка и дај една цигара па добро стоеме пред продавница а таа траже цигара ај да нема пари да си купе ок а и неи беше прв пат секој одмор дај цигара,секој ден дај цигара а нејзините си ги чуваше во ташна,исто колку пати имам плакано кафе на другарка (него подрекувам тоа што сум го дала) него таа си чува парите а јас збирај од џебовите пари да платам
хаха, ме изнасмеа темава гребатори има колку сакаш, си имам јас и во друштво такви мали гребаторчиња ама не е за смеење работава, само се чудам како некои немаат осет во нивните гребаторски способности, како не сфаќаат дека се прочитани
Пушач сум веќе седум години и на прсти можам да избројам колку пати сум останала шворц и без цигари па да побарам од некој од кој знам дека таа цигара нема низ нос да ми ја извади. Додека одев на училиште имав една школска многу добра другарка ама кога се цигари во прашање можам да кажам дека во месецот имаше само еден ден цигари и тоа неколку што останале од викендот. Секој ден купував цигари и дома си одев со уште 4-5 останати. Веќе преку глава ми дојде да и давам секој мал одмор. Се случуваше да немам пари за јадење ама цигари да купам, а таа секој ден сендвич кока кола благо сладолед ова она... па почнав да излегувам на мал одмор само со една цигара со мене. Исто имам уште една другарка што работи и платата ја троши во рекордно време колку да се прави кој сум што сум пред други а после нема пари за кафето да си го плати. А иако нема пари никако излегување на кафе нема пропуштено. П.С. Најмногу се нервирам кога некој во викенд ќе ми побара цигара.
Гребатори- со лопата да ги ринеш! Ме нервираат што се циганчат за кутија цигари од 50-60 денари, а не дека немаат, туку пусти мерак послатко е кога е туѓо! не ги закчувам, ретко, ги научив веќе, ОТСEЧНО си кажувам не може, или немам! Имаше една интересна случка, тип се откажува да пуши бидејќи пресметал дека во овие 20 години што пуши испушил Пежо 206. и после 5 минути доаѓа и се гребе значи се откажа од купување, а не од пушење! Епа јас нема да ти го купувам пежото господине(случква и се има случено на мајка ми не на мене, ама како и да е ме испровоцира и баш е за тука
Страшно ме нервираат луѓе што се дрзнуваат да побараат, а никогаш не понудиле нешто свое. Една девојка од мојот бивши клас во текот на средно ми се чини дека ниту еднаш не си купи нешто за јадење. Секој ден го имаше „заборавено“ џепарацот и земаше по едно залче од овој, друго од оној и на крај ќе си се најаде.