Ги мразам гребаторите аман па вејќе осет да се немало ајде еднаш ќе побараш ама нон стоп и мене ми се случило еднаш двапати... Еднаш на училиште обично дома кога се спремував немав време да се напрафемирам(ми заминуваше автобусот)и ајде реков ќе го земам нашколо во ташна и одам и си го вадам парфемот и се парфемирам и другите девојки од класот еј може еднаш? и цел клас девојки ги напарфемирав и парфемот не беше некој без врска ми го пуштија од странство и секогаш кога се парфемирав ај напарфемирај ме и еднаш реков неможи при крај ми е и за сјај исто дај малце...
Колку повеќе даваш толку повеќе ти се враќа. Рака што дава значи има па дава, и не пресушува. Гребатори = ситни души.
Ги мрзам гребаторите. Значи јас сваќам, некогаш немаш пари итно ти е и слично...Јас имав една другарка со која стално така си позајмвевме, јас неа таа мене било како... Исто мрзам кога седнуваме на кафе и некоја(а имаше една таква што се дружевме) кога ќе дојде време за плаќање да рече „го немам новчаникот, немам ситно“. Ало бре човече осет малце! Е сега мене ми се деси пред едно 10-тина дена, бевме излезни со друштво, сите испозапалија цигари (дури и дечкоми што никогаш цигара нема запалено) и му реков на другар ми „е дај едно и мене“. Ама остана на едно, немав ни лице пак да му речам дај ми цигара (а не ни сакав) Еднаш ме понудија со Давидов, па „немав срце да одбијам“ и на крај цигарата беше за мама xD
Охооо во школо цигари , мастики , смс пораки да пракаат цело време ми бараа и не им давав, зашто еднаш ке дадеш и потоа над глава ке ти се качат
леле ,,темава не ја имв видено до сега ,,,додека пушев цигари ,сега веќе 5 години не пушам,супер за ммене шо ги откажав,имав една другарка што нонстоп се гребеше ,јас со една пакета ке поминев 3 дена ,ако она беше покрај мене една на ден,а она ко ке имаше да даде тешко малце,и нонстоп така ,и гаље ич си продолжуваше по свое,сега дека не пушам,на други работи се гребе ,на пр ке плаќаме нешо и као нема доволно и оп позајми и 20 тина денари и не ги враќа , а срамота да бараш 10, 20 денари не сум стпса,и си се прае на тоШо е тоа е вистински ГРЕБАТОР
Гребатори не почитувам. Сметам дека луѓето се такви по карактер, или си гребатор или имаш осет па не си. Сега, не е гребатор некој кој ти побарал мастика или 5 денари што му фалат да си купи нешто понекогаш и сл. што не се случува често, на сите ни се случува малку да ни фали за нешто па да побараме од некој, зошто да не?! Не е тоа гребаторство, и ти некогаш ќе му се најдеш на некого кога му требаш, и така ПОНЕКОГАШ кога се случува, и најдобро е што е можно поретко да има такви ситуации. Гребатор е некој што свесно постојано нешто бара од другите, прво и него му било глупо и срам, ама со тек на време се навикнал и сега е таков, не можеш да го смениш, можеби му паѓа понекогаш глупо и гледа дека луѓето не ги сакаат гребаторите, ама што да прави, таков станал и гледа само за себе, да го добие своето и со тек на време се помалку му е битно дали другите го гледаат под око кога се гребе, превртуваат очи или мрчат и прават мхх со фацата демек: Леле пак! А сигурно дека гребаторот не сака друг гребатор да му се гребе, тоа не. Тоа е више конкуренција Како и да е, кога нешто му треба на некој од мене ако можам ќе му помогнам во моментот, но се надевам нема тоа да му стане свесна навика, сепак е тоа и имање осет, некој има повеќе, некој помалку осет и така.
Аууу поодвратно нешто АМИН. Јас штом не банкротирав во мојот клас кога учев средно тие 4 години.Никад нема веќе нема. Јас незнам што е со тие луѓе, изгледа тие работи не ги заприметуваат.Како секојдневие им е.
Во средно имав една што учеше со мене абе некој да шушне на час таа одма се вртеше да види да не има нешто за јадење, пошо гребаторка беше највеќе за јадењето. Ехе ќе купевме нешто со другарките на одмор за јадење и таа ете ќе не види од километар и одма ќе дојде кај нас да види што како сме купиле за да си земе нешто
Уффф имав такви другарки ама една ми идеше на нерви.Значи зборам за порано кога одев во школо немаше нешто да однесам а да не се изгребе.Имам разбирање за тие што немаат, ок нема да се осиромашам ако дадам нешто ама пак оваа секој ден и даваа пари нејзините и она паметната си ги чува и така денеска од 10 луѓе по 1 цигара ке си помине денот, или смрт ми беше ке купам нешто да јадам и од нигде никаде ке се појави она и без разлика тост сендвич ни да праша нит ништо она ке се навали и ке си гризне и ти праи муабет мртва ладна еј со праиш како си и јаде упорно .Значи не сум таква кога имам сама давам ама па до толку осет да се немало не знам Јас сум пушач дали 2-3 пати се десило да се изгребам една цигара ако немам пари не ни пушам ама не се ни гребам, или ако немам за едно кафе да излезам не ни искачам бе вечер и крај, а тие како се научиле немам немам а ми се искача работава е ај ти викни ме части ме Осет
Ќе ставам еден потпис на ова....а најинтересно беше што цели 4 години збореше како е на диета а нон стоп јадеше нешто од некого,или ако купеше еднап у недела дена тоа ќе беше ношто онака сочно (нечи да не е "kaлорично")
Јас не сум имала таква ситуација некоја со гребатори, пошто јас сум таква по малце де Али еден другар често се жали дека мајка му е гребатор невиден за цигари па и за пари
Мора да има и такви појави,од се по нешто.На колку многу имам давано пари,ај 10 ден си заборавив,ај за ова ај за она,абе ако се соберат авион ќе си купев Најстандард гребење настанува за мастики,ќе си купиш 25 денари пакетче и недај боже да те видат,ти отидоа сите,а се дешава секогаш,мора да се кријат Исто порано се нервирав за цигари,ајде и јас сум немала сум се гребела,ама некој секојдневно да се гребе,абе ајде,претеризам. За кармини и шминки,да не ми текне да носам за излегување.Одма некоја од другарките дај да си ставам,дај од твојата маскара.Ами секој викенд? Оти јас на пари спијам,хм? Ме соголеа
Аха, да давам на гребатори... ми се случило да ме бркаат по цел ден еднаш. Јас, трчи трчи трчи ап едно залче од јадењето.
Значи океј е на некому да дадеш ако нема,2-3 пати да дадеш цигара се случува пари да немаш или слично,ама од такви секој ден по неколку пати што ти бараат иако им кажеш дека немаш коса ми се крева.
оо да. особено гребење цигари и гребење на мастики. во средно бешееее лудница не ми се вадеа од џеб. ако верувате понекоаш скришум сум вадела и мастики или сум лажела дека на парче ми се земени цигарите ја претеруваа
Лелеее, и јас си имам мака со ваквите. А, му дадеш прст-цела рака ти земаат. Од една две позајмени книги на факултет - сега ајде врати си ги назад. Па, мене ли ми се претураат пари, дури не ни спомнуваат за враќање, а има скоро 8, 9 месеци кадешто веќе книгите не се во мене. (а, сепак што се вели од уста си имам одделувано за да ги купам јас книгите, а ги позајмувам на дупло поситуирани гребатори).