Хахха интересна тема Додека учев школо ми се креваше косава во вис од гребатори. Абе да треба скришум цигара да вадам зошто ако некој ме здогледа маф ми е работата Ххаххаа
Отсекогаш ги имало и ќе ги има. Научени се да бараат се и сешто, а со прст не мрднале сами да заработат. Јас ги нарекувам паразити. А да побараш нешто од нив, нема да ти дадат
Имав еден школски секој одмор пушеше ама никогаш не си купи цигар и на крај престанаа сите да му дават оти се гребеше и му преговараа. Тоа веќе беше претерано. Мразам кога некој постојано се гребе цигари и скзи. Не сум скржава ама секој пат небива.
Лично познавам многу вакви луѓе, гледаат само да земат нешто, некој да им даде, а тие не. Една школска 4 години ги помина со "дај еден гриз" и пола тост ќе ти го изедеше, така низ цело школо и најадена. Другар од мм и ден денес е таков, иако солидно си заработува, само бара од некој нешто гага, најчесто "дај брат ситни пари, да не раситнувам" Да не набројувам натаму има уште многу примери.
Има многу луѓе што сакаат гага, не само за цигари, туку и општо за се’. А кога ќе начекаат, гледаат да искористат до максимум, таквото однесување делува многу натрапнички и бескрупулозно.