Ама шо корист има од тоа 'да им кажеш'? Оти не отворите шелтерс за луѓе кои се најдолу во општеството? Оти црквата и свештениците не нудат храна и облека на таквите? Шо ако и' кажеш, ако нема начин како да излезе, или не е свесна дека греши? Помош им треба вистинска, не зборови! Кој се сменал од зборање? Ни јас ќе се сменам, ни ти ќе се смениш. Исто ко ко ќе се нервирам, некој да ми речи 'не треба да се нервираш'? И демек ќе ми помини. За демагогии продавање сите знајме.
Ама не со напаѓање и со муабети. Со физичка помош, вистинска. Тие жени се и тепани и силувани и малтретирани и психички и физички и продавани како стока. Со мафија си имаме работа. Со корупција, со негрижа на институциите, со осуда од околината. Кај да се обратат? Кај да се обрати некој што живее на улица и е зависник? (пример) Безизлезно е за повеќето Гледај документарци со трговија на бело робје, ќе видиш како живеат. * И извини шо ти се изнаразвикав тебе. Сите имаме удел во светот во кој живееме.
Види, храна и облека им се дава на тие што имаат потреба. Има хуманитарни организации во Црквата. Дури и сместување можат да добијат по манастирите (нормално, ако не го злоупотребуваат и ако сакаат, зашто по манастирите главно конаците се во лоша состојба). Но, ова е повеќе работа на министерството за социјални работи. Државата по Устав е социјална, ама во пракса...
Нема за конаците заради џиповите... исто како што нема за 'социјалната држава' заради мерцедесите. Се' е во џиповите и мерцедесите напикано. Оти можи во гробот ќе ги носат. Ќе се повлечам тро од темава, оти само ќе се нервирам, а ништо нема да се смени... Сите знајме..
Мене најголем грев ми е со некој од фамилија да се спанџаш. И сѐ што е кршење на десетте Божји заповеди, иако сите сме скршиле барем едно.Ама ова горе не само што ми е грев него и болно ми е.
Интересно е што во канонското право, женското самозадоволување не е дефинирано како грев, за разлика од машкото. Но, страственото бакнување на жената со маж, со кој не е венчана е рамно на самозадоволување на мажите. Епитимијата е 40 дена без причест, со по 100 метании дневно и строг пост. Половите вонбрачни односи се грев секогаш, и во пости и вон пости. Таквите не смеат да се причестат 7 години, ако не се во брак, а ако се во брак - 14 години.
1. Неверие (во Бога). 2. Убиство. 3. Абортус - Чедоморство. 4. Посегнување по сопствениот живот (обид за самоубиство ). 5. Содомија ( полово општење со животни ). 6. Измачување сиромаси, вдовици, и сираци. 7. Скусување работничка плата 8. Гордост. 9. Среброљубие ( страст кон пари и имоти ). 10. Блуд ( полово општење надвор од бракот, неприродно полово општење ). 11. Ракоблуд ( самозадоволување ). 12. Прељуба. 13. Чревоугодие ( неумереност во јадење и пиење ). 14. Гнев. 15. Мрзливост. 16. Завидување. 17. Непокајување ( тврдоглаво останување во гревот, во непокајаност за нешто ). 18. Очајание - Униние. 19. Надменост, Фалба. 20. Изговарање пцовки . 21. Недолично однесување. 22. Подигрување со туѓа состојба. 23. Крадење. 24. Спротиставување на позната вистина. 25. Лицемерие. 26. Дозволување / наговарање други да грешат. 27. Користољубие. 28. Измама. 29. Премолчување на очевидна вистина, на туѓа грешка која има последици кон друг итн. 30. Учество во туѓ грев и давање лош пример. 31. Пушење. 32. Употреба на наркотици. 33. Озборување. 34. Пијанство