Nie sme od samoto raganje gresnici , znaci nie I voopsto da nemame nikakvi seksualni odnosi nie pak sme gresnici.
Во врска со темава и други работи за Православието ред е да одговорат првенствено @Orthophill на неговите знаења целосно им верувам,потоа следат @Bulgarian @HUNK ајде просветлете не нас не толку знајните,вие кажувате онака со факти што милина е да ве чита човек @LUCI 99 Точно е од раѓање сме грешни,ама затоа постои крштението нели? Со самото тоа сме нови луѓе,и свештеникот при крштение вели соблечи ја и исфрли ја од себе старата заблуда,и ред други зборови. Е сега не е доволно само крштението и оп автоматски е се ок,ние односно секој жив човек свесно или несвесно натаму греши и прави разно разни гревови и затоа после следува покајание и исповед,Господ ни дава шанса да не сме грешни,наше е што ќе избереме,објаснив онака попросто кажано,само се надоврзав на твојот пост,не ми фаќај лично за тагот..
Ok , zborot mi bese za polovite odnosi, zarem ti posle sekoj polov odnos ke se ispoveduvas I pokajuvas da ti prosti bog?
Во ред @Bulgarian Православната Црква врз одснова на Библијата и Преданијата,не дозволува Полигамија.Бидејќи Бог во Едемската градина на мажот му создал само една жена-Ева.. а не повеќе Подоцна во Тората,Бог му објаснува на Мојсеј: “Затоа ќе го остави човекот таткото свој и мајката своја и ќе се прилепи кон жената своја; и обата ќе бидат едно тело.” (1. Мојсеј 2:24) Во болдот гледаш,Бог вели ,,обата",не вели ,,харемот" или ,,тие жени" ќе станат едно со мажот.. Е сега треба да го познаваш Стариот Завет Во Стариот Завет,полигамијата била дозволена бидејќи во Стариот Завет,ако жената не ги извршувала добро домашните работи.. мажот имал право дури и за лош ручек да ја остави.. но за да не паѓаат во прељуба.. Бог и полигамијата им ја дозволил на Евреите.. но бидејќи ни тоа не ги спречило да отпаднат од Бог.. подоцна Бог го укинува тоа.Исто како што обрежувањето е замането крштевањето.Значи денеска полигамијата не е дозволена Затоа не постои Православен кој е венчан со повеќе жени.. Целта на бракот е како што виде погоре,мажот и жената да станат едно тело и тоа да биде благословено од Бог(блудот носи проклетство). Мухамед кога го копирал Стариот Завет во Куранот,напишал дека е дозволена и затоа они функицнираат така и се котат брзо... ,,Ожени се со жената која ти се допаѓа.Две,три или четири.. (Куран 4:3)
Vo pogornite postovi procitav deka e grev seksualniot odnos iako si vo brak zatoa se zbuniv, denek ako svrsuva maskoto nadvor od Zenata e grev a vo nea ne e grev aj bog da cuva
Постојат смртни и несмртни гревови.Блудот е валкање на душата,чистотата која му ја дал Бог на човекот од неговото раѓање.Нам познато како невиност.Бог ги казнувал со смрт оние кои блудосувале.. зошто е смртен грев. “Зашто платата што ја дава гревот е смрт(Римјаните 6:23) “Но ако не постапите така, ќе згрешите пред Господа и за гревот свој ќе претрпите казна, што ќе ве стигне.” (4. Мојсеј 32:23) Си била некогаш на исповед?.. На исповед идеш за да признаеш дека си грешна и дека си решена да не ги повторуваш истите тешки дела.Секако кога ќе се исповедаш,ќе погрешиш пак.. ќе излажеш,ќе навредиш некого.. но за да вршиш блуд ти треба план.. тоа не е "ми излета".На исповед идеш зошто се каеш.Тоа не е.. направив блуд... и после пак правиш и пак се исповедуваш.Не,не функционира тоа така.Бог простува и блуд.. ама ако свесно правиш пак таков смртен грев... тогаш може да навлечеш голем гнев на Бог.Господ во една прилика на една блудница им рекол ,,Оди и не греши повеќе за да не те снајде полошо".Во брак,имањето секс е целосно дозволено и не е никако грев бидејќи тоа е заедница(бракот) од Бог
Нема врска тоа, ако си во брак сексот не е грев, барем така сум слушал и читал. Зарем само за потомство стварање би имале секс ? Па не е можно тоа, на секој нормален човек му е потребно тоа. За да не биде грев ајде нема свршување надвор армија ќе правиме хахахха. Незнам зошто воопшто пишуваат нешто што е нелогично и неточно.
Кога прашав свештено лице на една страна,иако тешко дојдов до одговор, ова ми го одговори: Сексуалните односи во бракот се брачна должност која треба да се исполнува, освен во деновите по договор помеѓу двајцата сопружници (за време на пост). Кондоми, орален и анален секс не се дозволени бидејќи се противприродни и се плод на човечката страст која по гревопадот е изопачена.
Противприродно е малку така нејасен збор од човечка перспектива. Некој може да рече дека и женските гради се создадени за доење бебиња и тоа е место само за бебешки усни да цицаат и дека тоа што возрасен маж има страст да посегне по нив e изопачена страст по падот во гревот. Некој исто може да рече дека и задникот е создаден за ко ќе седнеш да ти е меко и не дека е изопачена страст таму да пипкаш И кај ќе ја повлечеш границата за противприродното? Дали тоа што женските се шминкаат е противприродно затоа што Господ ги создал со одредена природна убавина и тие не треба да ја менуваат? Дали и фарбањето коса е противприродна работа? Исто така и машките нас Господ не создал со природен тонус на мускулатурата и дали одењето на фитнес е противприродна работа? Дали пиењето лекови е противрпиродна работа? Да редам уште примери? Мажот и жената во бракот стануваат едно тело и она што е важно е тие да се едуцираат за сексот, за хигиената, болестите, и потоа да си пристапат еден на друг и потоа самите да си одредат граници до каде е убаво и уживање, а од каде е штетно и повредување на едниот или двајцата од нив. Кондомите и другите контрацептивни таблети и методи кои не дозволуваат создавање на оплодена јајце клетка се ок за христијаните бидејќи тука нема никакво убиство. Додека на пример абортусот или користење на „ден потоа“ апче 4-5 дена после односот е убиство или можно убиство на оплодена јајце клетка која всушност е човек во развој и тоа не е дозволено според Библијата.
Може некои работи да не ни се допаѓаат , но ако е така - така е. Ако го расфрламе семето тоа е грев пред Бога. Нема што тука да се дополнува. Секој си ги сноси последиците од својот слободен избор. Едно е да не знаеш и да грешиш, друго е да знаеш и пак да грешиш. Сосема подруго е да знаеш, да се трудиш, да се бориш, и да паѓаш и стануваш. Да ја просиш Божјата милост.
Каде во Библијата пишува дека ако не ејакулираш во вагина е грев? Дали и ако плукнеш е грев бидејќи се расфрлаш со ензимот птијалин што служи за разложување на скробот во устата? Дали ако плачеш на непотребни работи (шпански или турски серии) се расфрлаш со солзите и тоа е грев?
Барај, Зевангелосе, може и ќе најдеш. Ние православните, освен на Библијата им веруваме и на светите отци.
Сум барал ја и тоа одамна. Нема такво нешто во Библијата. Ок, никој не ви брани да си верувате вие во светите отци. Јас сакав само да појаснам, да не би некој неупатен си помисли дека тоа е учење на Бог во Библијата па да мисли дека греши пред Господ ако користи контрацепција.
Извини вака што те прашувам но дали Ти живееш и се однесуваш спрема верата или само Ни кажуваш знаења од верата??