1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Гревови

Дискусија во 'Религија' започната од Emotional123, 11 септември 2013.

  1. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.393
  2. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    747
    Пол:
    Машки
    На Orthophill и HUNK им се допаѓа ова.
  3. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
  4. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.393
    Грев е сѐ она што нѐ оддалечува од Бога. Грев е неисполнувањето на Божјиот закон. Грев е занемарувањето на Божјите заповеди и сето она што ни го предадоа светите отци. Пишувам од гледна точка на Православието според силата што ја имам дарум, не по заслуга, по молитвите на мојот духовен отец. Гревот води кон оддалечување од Бога. Има гревови разни. Секојдневно паѓаме. Но нема грев што го надминува Божјото милосрдие. Треба само да се покаеме. Тоа значи да решиме да се промениме. Ако досега сме биле со грб кон Бога, отсега да се свртиме кон Него. Тоа не може да стане преку ноќ. Но Бог гледа на нашата намера.
    Најпроблематичен во денешно време е гревот на блудот. Мнозина мислат дека не е ништо ако имаат односи пред брак или ако се самозадоволуваат. Но тоа сериозно ја прекинува нашата врска со Бог. Наше е да сакаме да се промениме. За луѓето не е можно но за Бога е сѐ возможно. Света Марија Египетска била блудница но Бог го допрел нејзиното срце и таа го оставила грешниот живот и не само што го оставила туку се удостоила за вечен живот. Свети Јован Крстител го укорувал царот Ирод дека ја водел жената на брат му. Од завист и заслепеност и славољубие Ирод наредил и му ја отсекле главата. Кого славиме ние денес? Тој што се обиде да го задуши гревот или оној кој отворено кажуваше дека гревот е грев?
    Нема зошто да се залажуваме.
    Гревот е нешто како промашена тема на писмена. Само што од таа писмена не ни зависи некоја времена оценка туку нашата вечна оценка. И додека сме во ова тело имаме време да се покаеме. Т.е.да се промениме. По смртта немаме можност да го исправаме нашиот живот.
    "Ползувајте го времето зашто дните се лукави! "
     
    На mrvlx, kuc, Philippa и 3 други им се допаѓа ова.
  5. LUCI 99

    LUCI 99 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2015
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    2.744
    Пол:
    Женски
    Dali ima vrska semjotresot vo Skopje so grevovite sto gi pravat lugeto sto mislite?
     
  6. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.393
    Ти кажи.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  7. LUCI 99

    LUCI 99 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2015
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    2.744
    Пол:
    Женски
    Pa neznam zatoa I prasav
     
  8. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.393
    хм, не сум размислувала во таа насока, иако во принцип сите нешта се меѓусебно поврзани..
     
  9. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Според Исус Христос нема врска. Во една прилика некои луѓе дошле кај Исус да му соопштат за една трагедија што се случила и Исус на тоа им одговорил:

    "Тој одговори и им рече: „Мислите ли дека тие Галилејци беа повеќе грешни од сите други Галилејци, зашто настрадаа така? Не, ви велам, но ако не се покаете, сите ќе загинете така. Или мислите дека оние осумнаесет души, врз кои падна Силоамската кула и ги уби, беа повиновни од сите луѓе, кои живеат во Ерусалим? Не, ви велам! Но ако не се покаете, сите ќе загинете така.”
    (Исус, ев. Лука 13:2-5, Библијата)

    Овде од Исус учиме неколку работи:

    1. Луѓето што загинуваат од природни катастрофи или човечки фактор не се повиновни (повеќе грешни) од останатите луѓе. Бог ќе ги казнува луѓето по Судниот ден, а не сега.

    2. Исус исто не учи да не се замараме со грешноста на другите луѓе, туку со нашата грешност, бидејќи ако не се покаеме за нашите гревови, сите без исклучок ќе загинеме така (на Судниот ден).

    3. Значи ако го преформулираме прашањето и го напишеме во ПРВО ЛИЦЕ еднина или множина, на пример вака: Дали загинувањето ќе има врска со гревовите што НИЕ луѓето ги правиме? Одговорот е ДА дефинитивно АКО не се покаеме. И тоа е два пати потврдено лично од Господ Исус Христос. Исус ретко се повторувал Себе си по два пати.
     
    На Херкул, LUCI 99, Bender Rodriguez и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.393
    Би сакала да го прочитам личното мислење на @EvAngelos, ако сака и тој да го искаже во врска со прашањето на @LUCI 99, а исто и мислењето на @LUCI 99 - се надевам дека веќе има оформено какво-такво, но сопствено мислење. Јас моето си го напишав погоре. Сега да дополнам. Според мене, има врска, но тоа не значи дека знам кој колку е виновен, т.е. грешен. Многу поважно ми е да ја согледам мојата грешност, т.е. оддалеченост од Бога, и да се покаам, т.е. да се променам т.е. да бидам со Него, и ако, со Божја помош, успеам, тогаш не ми е важно каде ме затекнал смртниот час.
     
    На mrvlx му/ѝ се допаѓа ова.
  11. HUNK

    HUNK Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2016
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    1.028
    Кога има офци има и волна.Пери им го мозокот кога од тебе тражат мислење а во се сме те побиле.. :) :)
     
    На Rama и Bulgarian им се допаѓа ова.
  12. LUCI 99

    LUCI 99 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2015
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    2.744
    Пол:
    Женски
    Ti sto mislis HUNK dali grevot ima vrska so zemjotresot? Tocen odgovor e onoj vo koj veruvas jas mislam taka, site nie veruvame vo nesto
     
  13. HUNK

    HUNK Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2016
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    1.028
    Ќе ти одговорам зошто побара мислење од мене а не од него.. :)

    Ќе го анализирам постот на Евангелос,за да видите дека ве манипулира.Но тоа го прави не затоа што ја познава Библијата,туку затоа што во неговата секта така слушнал.

    Знаеш,Бог со најголема прецизност предвидел дека ќе се појават вакви.. ''Evangelosi'' кои ќе го манипулираат Неговиот народ.На пример он вели:
    A еве Бог како го опишал него во Библијата и неговиот пост дека немаат врска земјотресите:
    ,,Тие(како Евангелос) постаојано им зборуваат на оние, кои не Ме почитуваат: „Господ рече, мир ќе имате.” И на секого кој се управува според тврдокорноста на срцето свое, велат: „зло нема да ве снајде.”

    А подоцна дека он манипулира,Бог продолжува со објаснување:
    ,,Зашто, кој е тој што стоел во советот на Господа, па видел и го чул словото Негово? Кој внимавал на Неговото слово и кој го чул тоа?''

    A дека ваквите пророци како него,кои убедени се дека според Христос нема врска,за нив,истиот Тој Бог продолжува:
    ,,Јас не ги праќам тие пророци, а самите се беа растрчале; Јас не им зборував, а тие пророкуваа.''

    и не само што Евангелос нема допирна точна со Бог,Бог за таквите вели:
    ,,Еве, Јас сум против пророците на лажни соништа, вели Господ кои ги кажуваат и преку своите измами и итрини го заблудуваат, Мојот народ, кога Јас не сум ги пратил, ниту сум им заповедал; затоа тие не донесуваат никаква полза за тој народ, вели Господ'' Еремија'' Еремија 23:17-39.

    Како и секогаш,така и сега,сакајќи да ве манипулира,тој не го дава целиот цитат.Цитатот во Лука не почнува од 2:5 туку од 1:5 и почнува со реченицата ,,Во тоа време дојдоа некои и Му кажаа за Галилејците, чија крв Пилат ја смешал со нивните жртви''.

    А тоа што нив им го одговорил Христос а он го цитирал,се однесува на други факти.Имено,кога Римската Империја го освоила Израел,го поделила на три покраини(провиниции): Самарија,Јудеја и Галилеја.
    Евреите во Самарија биле Евреи кои тотално отпаднале од Бог затоа што почнале да се мешаат со други народи,Евреите во Галилеја биле пола пола.. додека Евреите во Јудеја останале верни на Законот.
    Евреите уште од Стариот Завет им било забрането да се мешаат на било кој начин со други отпадници(макар и свои),па затоа му се пожалиле на Христос дека Пилат ги помешал.Што значи тој цитат не се однесува конкретно на природни катастрофи.

    Таму пишал:
    Бидејќи он не е запознат со Библијата,он не знае зошто Евреите биле во ропство,зошто биле предадени на масакри од Асириската војска,зошто имало големи гладови,пустоши во Израел,зошто и како на пример настрадале тие во Содома и Гомора.Он ти личи дека ги знае овие работи? Да ги знаеше немаше да лупне ваков лапсуз.

    И сега конкретно за земјотресите.. ух ама ја разлеков работава :)
    Земјотресите се случуваат со поместување на тектонските плочи кои се наоѓаат во Земјата,а Библијата вели: “Во почетокот Бог ги создаде небото и Земјата.” ( 1. Мојсеј 1:1)
    Значи,и тектонските плочи како дел од Земјата,ги создал Бог,тие не се создале сами од себе.И Бог ги користи како механизам за казна и опомена.
    Ова нас што ни се случува е опомена.Зошто овие земјотреси не се во Мариово,во Пробиштип,во Кавадарци? Затоа што Скопје е Македонската Содома.Блудот веќе е издигнат на ниво на идол.Македонките(Христијанките) блудосуваат со оние кои се иноверни,Христијанскиот народ во Македонија се пијанчи,дрогира,коцка.. види само колку обложувалници и коцкарници се отворија.
    Јас кога овде викам често викам дека не треба да се брани и велича гравот,блудот и либерализмот...

    Иако @baba Rada рече дека се плашам,јас не чуствувам страв како што она го замислува.Не чуствувам зошто знам дека сега за сега нема да се случи земјотрес кој ќе биде разорен.Треба уште многу работи да се случат.Треба да се легализира хомосексуалноста,бракот веќе да не биде нешто ДОБРО,блудот да биде уште појако застапен,да не смее да има никој што е невин/а.. и кончено.. кога Христијанскиот народ ќе почне масовно да се откажува од Бог.Кога ќе има се повеќе мешани бракови,се повеќе атеисти,се повеќе блудници.......... кога овие времиња ќе дојдат.. е тогаш плашете се :) Тогаш земјотресите ќе бидат нула во споредба со Апокалипсата што не чека..
    Кога Анти-Христот ќе стане цар во Ерусалим и кога Вавилонската Блудница ќе се опива со крвта на Христијаните... а веќе кажав што е тоа.. тоа е Исламот.. тогаш ќе почне Апокалипсата:
    И видов. И ете сив коњ, а на него јавач, чие име беше смрт; и адот врвеше по него, и му се даде власт над четвртина од земјата – да убива со меч и глад, со помор и земни ѕверови.(Откровение 6:8 )
    Ништо не се случува без дозвола на Бог во универзумот.Ни најмалиот ни најголемиот процес.

    Слободно консултирајте се со свештеник или теолог од Богословскиот факултет во Скопје ако мислите дека не сум во право :)
    До кога ќе дозволувате да ве манипулираат..
    Добро,ви објаснив за членот,мислете друг пат :)
     
    Последна измена: 13 септември 2016
    На A-j-a, Rama, LUCI 99 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Моето лично мислење е дека Исус Хритсос, како за сè друго, така и за ова прашање ја кажува вистината.
     
    На Херкул и baba Rada им се допаѓа ова.
  15. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.393
    Тој Е Вистината. Светите Отци велат дека кому Црквата не му е мајка ни Бог не му е Отец.
     
    На Rama и Bulgarian им се допаѓа ова.
  16. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.393
    Плус, тоа не е лично мислење туку затскривање зад авторитетот на Господ.
     
  17. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.393
    Или и искривување на прашањето, кое не гласи, што мислите дало Исус ја зборува вистината, туку дали земјотресот има врска со гревовите на луѓето.
     
    На Bulgarian му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    747
    Пол:
    Машки
    Де кажи што кажува.Ти сам си толкуваш и му препишуваш на него.
     
    На HUNK му/ѝ се допаѓа ова.
  19. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Земјотресот нема врска со гревовите на луѓето, има врска со идиотизмот на луѓето кои ја уништуваат прекрасната природа.
     
    На EvAngelos и pupi.girl им се допаѓа ова.
  20. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    747
    Пол:
    Машки
    Баба Радо не пошија поврат.Ние за тоа зборуваме токму идиотизмот е грев (грешка),па макар да е тоа и загадувањето на природата од страна на човекот.
     
    На Rama, LUCI 99, baba Rada и 1 друга личност им се допаѓа ова.