Точниот одговор е: Сите заслужуваме да гориме во пеколот. Ама, нема да горат сите, затоа што Христос со Својата Крстна жртва, ни даде можност да добиеме прошка на гревовите, преку светата тајна покајание и исповед.
Па среќа не....ама ми се допаѓа како е напишано и подредено, секој треба да си размисли за себе гледајќи ја листава а не општо Последниов ред е некако најзастапен во мојот живот....секој ден нова борба и покајание..
не сум знаела дека советувањето е грев. Повеќе сум мислела дека грев е да не посоветувам некој кога гледаш дека во тотално погрешна насока оди а ти упорно си молчиш
можно е да е некоја грешка во преводот? или којзнае што... јас ова давање совети малку го доживеав како им се мешаш во животот на другите и им даваш совети бидејќи мислиш дека знаеш подобро... или пак даваш непотребен совет за ситуација каде не се разбираш... не ми е логично да значи тоа што го пиша погоре... пс- ние Македонците сме особено познати по давање совети...чек јас да ти кажам, знам подобро ппс- изгуглав, баш никаде не најдов нешто околу давање совети и тоа дека е грев
Па прво и основно, во Библијата не е спомнато ова. Некои од гревовиве во книжулево од кај што е сликава се уфрлени по нечие сфаќање. Во Библијата наведени гревови се и злословување на родители, прељуба, крадење, убиство... Кај се тие овде на сликава? Никаде. Го ставиле во ист дел советувањето и дозволувањето на друг да греши, нелогично. За да не згреши, треба да се посоветува. Ако не се посоветува, ќе згреши. Едит: ова е од Стар завет: 19. А, ако го опоменеш беззаконикот и тој не се откаже од беззаконието свое и од грешниот свој пат, беззаконикот ќе умре во беззаконието свое, а ти ќе си ја спасиш душата своја. 20. И, ако праведник отстапи од правдата своја и постапи грешнички, кога Јас ќе му ставам сопка, и умре, ако не си го предупредил, тој ќе умре поради гревот свој, и нема да му се примаат прведните дела, што ги направил; но крвта негова ќе ја барам од твоите раце. 21. Ако го опоменеш праведникот, за да не згреши, и тој не згреши, тогаш и тој ќе биде жив, затоа што си го предупредил и ти ќе си ја спасиш душата своја.” (Језекиил 3; 19-21) Што значи, ова од сликава паѓа во вода и е, како што пишав, само нечие сфаќање.
Овде се мисли советување за правење на грев. На пример: Советуваш некоја другарка, да се кара со свекрвата. Советуваш другар место да се ожени со таа што ја забременил, да ја остави и да го абортираат бебето. Советуваш некого место да живее во девственост и чистота, да практикува вонбрачни полови односи. Советуваш некого да кради... И слични вакви примери.
Или да советуваш и поддржуваш туѓи деца, да се занимаваат со проституција, ама да викаш, дека за своето тоа е “тешка професија“... ПС: Парите што се даваат в црква се за мисијата на црквата, но никој сосила од никого пари не бара!
Главната мисија на Црквата е богослужбата и проповедта на Светото Евангелие. За да се изврши една богослужба потребни се луѓе, но потребни се и материјални средства (масло за кандилата, струја за лустерите, средства за одржување на хигиена, темјан, греење, ладење, книги, одежди итн.) и место каде ќе се одржи богослужбата (а храмовите мора да се оддржуваат исто како што се оддржуваат и домовите). Во Македонија никој не е приморан ни да оди в црква, ни пари да дава в црква.
Точно така, луѓето не се важни за црквата, само нивното ширење. Исто така, никој не е приморан да дава пари, но верник нема да биде крстен без 5-6000, нема да биде венчан, нема да биде закопан ако немаат неговите пари да дадат. По најново ако немаш 250 денари да оставиш за да ти пее/освети нешто попот, и тоа нема да го добиеш. Е па сега, за градежништво треба капитал.
Ако вистински немаш, нема да ти побара попот, постојат илјадници семејства на кои свештенството не им ги наплаќа требите. Ама прашањето е дали вистински немаме 200 денари да му дадеме годишно на попот што ќе ни освети вода во домовите? Или за ништо не жалиме, ама за Црквата не ни се дава.
Можеби по манастирите, но по црквите не те погледнуваат ако не оставиш. Крштевки, венчавки, погреби не се по 200 денари.
Не е точно дека мора да се плати. Да, има ценовник, но Црквата помага за луѓе кои немаат баш толку пари. @Mikha4
Колку се другите трошоци за крштевки, венчавки, погреби? Колку пари се редат по музикантите? Какви се циркузи и трошоци не се прават на погребите? Ама, ако не се обвини попот и Црквата дека земаат многу пари - живи нема да бидеме!
Мисијата на црквата не е да помага на луѓето туку да го шири писмото. Ова од поп кажано. Впрочем колку и да пишуваш овде не значи дека ќе стане вистина. Не ги обвинуваме, земаат многу пари. Пари се плаќаат за услуги, на фирми, поединци кои се обврзани да плаќаат данок за тие приходи, според тоа црквата нема што да обврзува верници да плаќаат според тарифник, влезови да наплаќа и сл. услуги кога е веќе ослободена од секакви регулативи, надзори и контроли.
Па и поповите плаќаат данок на приход и придонеси. Ама вие сакате да ги затворат црквите и да нема попови... И не земаат многу пари, туку имаат пристојни приходи, како што и сите ние заслужуваме да имаме пристојни приходи. За тоа што ние немаме пристојни приходи, не ни се криви поповите!
Крштевката, венчавката итн и тоа е дел од писмото. Крштение како примање на верата, венчавка како склучување брак и завет пред Бога. Така да, нема никакво отстапување.