Да,да само за викенди ќе игра Иначе ми се допадна.Супер си е серијата Само жалосно за мајка и за Неда дека ќе се фрли Девојчето без родители ќе треба самото да се бори за да опстане
Одамна ми е изгледана на Youtube и дека е мини серија ја смачкав за еден ден Неизвесна баш е до самиот крај. Ивана Јованович не ми беше погодена за ликот на Нада. Воопшто! Што знам, само тоа ме иритираше. Можеле подобра глумица да најдат за главен лик. Ах Јелена Томашевич, да знаеш колку девојки само ти завидуваат! Ќе си ја гледам јас пак заради Иван, не за друго
Јас ги прочитав сите дела на Мирјам и многу се поубави книгите отколку филмовиве. Некако глумциве не глумат со емоции, како е опишано во книгата ехехе, и плус во книгата цело време се спомнува гревот на мајка и, ама ќе го открие дури пред крајот на приказнава, цело време ме држеше во неизвесност и тоа те тера да читаш само. Малку е изменато отколку во книгата, која е прекрасна. Книгиве од Мирјам се читаат во еден здив, кога ја земаш во рака нема да ја оставиш. Многу се убави, полни со емоции, за разлика од филмовиве, а и овај глумецов секаде главен е и во Рањени орео и во Непобедиво срце и сега во Грех њене маме. Ми се здосади веќе.
Жално за мајката на Неда,а и за Неда.Кутрата татко и се самоуби,мајка и се самоуби ке треба кутрата сама да си се грижи.... И тоа се заради тој внук му на Светислав.
Јас пак баш мислам дека серијава е и те како добро направена. Од амбиентот и музиката, до изборот на актерите, ма се' е погодено. Стопати поубава серија од „Ранетиот орел“, според мене, која некаде од средина до крај, да речам со сила ја догледав и заради неа си реков „ааа више од оваа Мир Јам, ништо“. Мене пак стилот на пишување на Мир Јам не ми е воопшто привлечен (сепак за вкусови станува збор), пред да почнам да ја гледам „Ранетиот Орел“, сакав книгата да ја прочитам, ја најдов на интернет. Знам прочитав едно 10ина страници и толку, не ме влечеше и покрај тоа што има убава содржина. Додуша, има многу слични елементи со РО: сирачиња, еден дисфункционален брак, предрасудите кон жените и лицемерието на мажите од тоа време... Мене пак баш таа глумица ми е полн погодок. Слатка, мила и префинета како што и одговара за таков лик. Гледам дека во серииве според книги на Милица фураат едни исти актери, но мислам дека пример Слобода во оваа улога ќе беше тотална утка...не и' одговара еден таков нежен префинет лик како Неда, таа сепак повеќе одговара за револуционерен тип на жена, борбена, која ги крши предрасудите (како во РО), а оваа е нaивно девојче воспитувано од калуѓерки... Spoiler A Иван-ов воопшто физички не ми е нешто посебно...има некои црти што ме нервираат, дали е формата на очите не знам....ми има нешто исфеминизирано во него...како што реков, различни вкусови
Премногу ми се допаѓа филмов,секоја епизода ја очекувам со нетрпение Да прашам дали книгата ја има на македонски?
Како муе вистинското име на Иван во серијава да си изнасимнам слики и да си плакнам очи преубав е мажиште
Денешнава епизода ме додирна ... Ќе се убијав од плачење да не ја гледав заедно со татко ми не ми беше згодно пред човекот,а солзите на работ готови да се стркалаат