Ма оваа не е ништо.. има уште многу моменти кои ке те додирнат и тоа повеќе него во оваа епизода.. барем јас мислам така
Ја изгледав вчера...а веќе со години ја имам во компјутер а не ми текнало да ја пуштам. Убава серија...релаксирачка. Искрено и солзички малку ми потекоа на крај
Девојки ај некоја од вас што ја има гледано серијата ако сака накратко да ми опише што ќе се случува и како ќе заврши? Ви благодарам
Филмов го ѕиркам од време на време само заради згодните актери. Незнам зошто ама одсекогаш сум била слаба на Иван и Војин,многу се шармантни,особено вториот кога ќе го видам...има нешто во неговите очи... Инаку филм како филм не ми се допаѓа многу. -Совршен пар се со жена му.
Не можев да ја дочекам на сител па си ја најдов на интернет серијава. Има 18 епизоди и има мнооогу убав крај, дури си заплакав малку
Spoiler Неда е надежна девојка за мажачка се додека татко и е жив,но од кога ќе се случи самоубиството сето тоа останува зад неа затоа што татко е пропаднал и тие со мајка е остануваат без ништо.Почнуваат да го живееат животот повторно во куќа од дедо и кој и ја оставил на Неда и полека се привикнуваат на новиот живот.Нејзината кума ги носи со неа на село нешто како налик на одмор бидејќи немо=ат да си дозволат вистински одмор,а таму ќе се случи киднапирањето на Неда од страна на Бојан кој мора да се ожени со Неда за да може да го добие по тестамент тоа што му следува него и на неговите брат и сестри од вујко им.Вујко му е човекот што мајка е на Неда го сакала во младоста ама не се омажила за него заради богатсвото кое го имал нејзиниот татко и тој на нивниот меден месец ги следи и ќе се обиде да се самоубие заради мајка е од Неда.Тогаш таа му признава на мажот е кој е тој човек и тој на некој начин цел живот ќе ја презира заради тоа и ќе и биде неверен.По многу години додека е Неда во конзерваториум таа пак ќе се сретне со првата љубов и ќе му кажува каков неубав живот има ама дека го живее заради Неда.И затоа тој одлучува да го спои неговиот внук со Неда и го задолжува со тоа дека богатството ќе остани за него ако му е Неда жена.Бојан ќе појде кај татко е од Неда за да ја побара од него за жена ама кога ќе му кажи кој му бил вујко тој ќе го избрка и после тоа се случува самоубиството на татко е и тој ќе биде принуден да ја киднапира за да се венчаат тајно и ќе и каже дека по една година кога ќе дојде да се разведат ќе и кажи зошто го направил тоа на тој начин.Ама се случува и самоубиство на мајка е која ќе мисли дека Неда се удавила и таа ќе скокне по неа и после тоа следи тежок живот на Неда.По многу сменети места на живеења Неда конечно ќе му влези во траг на Бојан и ќе појде во неговото село ама со сменет изглед и скриен идентитет.Ама сум се запишувала серијава е многу интересна ќе ти пуштам и линк каде ќе можиш да ја изгдледаш на брзинка http://www.youtube.com/watch?v=Rj_GO-XEbcM
Леле фала ти многу, ама сум те измачила Ја загледав сега малку и ми се виде интересна, ама пуста љубопитност кој е гревот и што ќе се случува ФАЛА ТИ НАЈМНОГУ
А нема реприза од серијава? Сакав да погледнам ама проверив на сајтот и не ми одговара терминот. И Ранетиот орел ја погледнував чат-пат кога ќе имав време, темата не ми беше нешто интересна, ама ми се допаѓаа костимографијата и амбиентот. Затоа сакав и оваа да ја ѕирнам ама не знам кога и дали има репризи.
Во кој термин се дава серијава? Гледав пред некој ден и ми се виде интересна, а не гледам често телевизија. Би ви била благодарна доколку ми кажете каде се дава, или пак линк од торент да си ја симнам. Ако има, де.
Мене бавна ми се виде, а и со сериите на тв никогаш не запазувам термин, па си ги свртев последните две епизоди и завршив работа
Серијата е преубава, сцените, облеката, актерите, глумата ... само Неда ми е грда !!! Не знам зошто толку ја форсираат „Јао Недо шта си лјепа“...Тело може има ама фаца нема !!!
Тоа и го викаат затоа што и во книгата тоа цело време преовладува Колку е убава,како е нежна итн. И кога ќе читаш имаш впечаток дека тааа е најубавата жена на свет ........е сега мене не дека Неда ми е неубава,има убави црти многу е нежна итн,ама ме нервира што цело време е како вкочанета,дали таква треба да и биде глумата или не незнам ама цело време е некако вештачка.