Леле бе кој ја виде се заљуби шо типка ќе беше !! Иначе добра е серијата!! Глумецот е Исто и Неда не е лоша!!
Кога ќе споиш малку носталгија, вишок време после испити и одвратно време надвор, како се смачкува серијава за неполна недела Ќе ме пцуе мене газдата што ми кажа пасворд на ви-фи-то го исцедив. На моменти беше доста бавна, мене на пример до пола серија не ми беше јасно како Бојан главен машки лик, ние Бојан не гледаме. Последните епизоди многу ми се допаднаа, сценографијата одлична, музиката исто (иако не сум фан на Жељко, капа му симнувам тука). Е сега, што толку убава беше Неда, јас уште не сфатив. Малку на нерви ми идеш со тоа нејзиното Ето, ама преживеав нели. Книгата ја немам уште прочитано, мајка ми како еден од најголемите фанови на Мир Јам ми рече дека убаво е обработена книгата. Мислам дека да ја скрателе малку, можеби ќе беше за нијанса подобра. Ама сепак не се сомневам дека и вака беше многу гледана.
Милењето ми е нешто слично како тајгерлејди. Фатив да ја гледам заради тоа што мајка ми е фан на Мир Јам, ги има прочитано голем дел од нејзини книги, па мислам дека имам некоја по дома, залутано. Мене серијата ми е премнотна,на моменти и досадна. Интресен е фактот што сите ја сакааат Неда, абре старо-младо сите паѓаат на неа, малку шнаскнис но нема везе. Некако мене највише од све ме мачи глумата. Дури и Даница ми беше бледа во тие неколку сцени што ги дадоа со неа. Мајка ми тврди дека книгата била каде каде подобра од серијата, не се ставале во иста реченица. Ако е така, само уништиле одлична книга, зашто после серијава незнам колку и се нафатила да читам книга за чија соджина мислам дека премонотона. Убаво викаат не суди за книга по нејзина екранизација, али серијава ми е ептен монотна. Жељко и јас не го сакам, али мајтоски си ја завршила раотата со саундтракот. На моменти ми се чини дека соврешено полнува некоја досадна сцена и прикрива нечија блада глума. Скоро сите ми се бледи и незабележливи, незнам зашто е тоа така..
Еј и јас ја гледам бе. Уште две-три епизоди имам до крај, ама знам што ќе се случи. Сикрет плежр ми е, мада што книгата е мнооогу подобра. Јас едно лето седнав и сите книги на Мирјам ги прочитав. Од А до Ш, па дури и ги препрочитав понаредното лето. Е добро де, исти се, не се некоја длабока тематика, нема уау цитати, нема да паднеш на газ од исходот... ама како лесно се читаат и не ти го замараат мозокот, чудо некое. Па после ти е убавко на душичката и хепи ендинзи ти се вртат во глава. Серијата е многу добро продукциски обработена, музика, текст, алишта, па и локациите на снимање се одлични. Да ја догледам оваа и ќе преминам на Рањени орао и на Непобедиво срце. Иначе не им требаше уште на почеток да откријат што и како, зошто ја венчаше присилно, зошто ова, она... затоа ви е монотона. Во книгата тек на крај се открива зошто ја киднапирал, зошто ја зел... А во меѓувреме цело време те тера да читаш и да видиш што се случува на крај. Вака е однапред јасно, нели. Арна е бе, мене ми е баш арна, многу поарна од турските серии.
Изгледа сите од постарата генерација се фан на Мирјам , љубавни романи Мајка ми ,тетка ми вујна ми сите . Серијава една две епизоди загледав , ја има некаде да ја симнам ?
Јас многу повеќе ја гледам заради костимите од тоа време,женствените фустани...шеширчиња...интересни чантички...ма се преселувам во тоа време... .Иако да е нешто незаборавно не е,ете да разбиеш монотонија од турцизмот
И јас на фустаните и шеширите паѓам. Имав едно лето Даниела Стил кога ја читав како мрдната, а мајка ми има позамашна колекција. Ќе се префрлам летово на Мир Јам, да видиме ќе ми дојде ли младич да ме грабнува од плажа книга додека читам. И има право Дузи, да оставеа за крај зошто ја грабнал ќе беше многу поинтересно. Вака само чекавме крај кој знаевме дека ќе се случи.
Ја изгледав јас серијава на youtube и мислам дека книгата сепак била подобра.Глумата на главната хероина ми е благоречено патетична.Како и што спомна некој на темава кога ќе и го слушнам она вештачко недоизглумено „Ето..“ сакам да ја задавам. Ја догледав серијава до крај затоа што сакав да дознаам кој е тој грев што заслужил дури и наслов на книга и серија.Глупаво објаснување за гревот мора да признаам. П.С. Иван Босиљчиќ го обожавам,секогаш се внесува во ликот кој го интерпретира и плус ептен високо котира на мојата листа А да си прашам нешто....Јас серијава почнав да ја гледам негде од 5 епизода,незнам зошто На почетокот се открива ли кој е гревот на мајката или само на крајот се споменува тоа?
^ Toa e и глупото што уште од правата епизода се ни се открива, па после е тапа понатака ептен серијата. Ја изгледав цела у два дена, не бев нешто фасцинирана од последите епизоди и од финаналната. Но океј серија е, интересно е да се видат нивните облеки,фризури, па интересно и ми зборуваа.
Spoiler Мајка и на Неда беше заљубена во еден Светослав (или како и да се викаше),ама го остави за богат и убав човек,виде пари и одма го остави.И тој умре,ама пред да умре со својот внук (бидејки немаше свое дете) направи договор,тој да се венча со ќерката на Ранка.
неда ќе оди во селото кај Бојан за да види каков човек е, ама ќе се престави како Ивана од Скопје и ќе има плава перика сите ќе трчаат по неа, Бојан ќе ја познае ама ќе се прави демек не ја знае и тој ќе трча по неа, а неговите сестри ќе ја мразат пошто нема да знаат која е, после ќе сака да замине од селото ама Бојан ќе ја спречи и ќе му рече тоа што си ја променила бојата на косата не значи дека ликот и гласот си ги променила и ќе му ја растури косата и после со коњска кола ќе се врата назад во селото и така ќе ја дознаат вистината селаните дека таа всушност му е жена на Бојан и од селото ќе му најде маж и за Дуња и за девојката кај што седи сега по ќирија и ќе направат веселба и толку