Неможам да најдам зборови за да опишам колку многу паднав на шармот на Бојан и колку се соживив со нивната љубов Не обожавам српски серии, ама направив исклучок за оваа, дефинитивно добра приказна, сакам и книгата да ја прочитам
Ги имам читано овие романи од Мир Јам и дефинитивно (според мене) „Непобедливото срце“ е најубав Па уште повторно Иван Босилчиќ во главна улога .... мераци
сега ќе почне Непобедливо срце на сител , мислам од сабота обавезно ќе ја гледам , а за Гревот на нејзината мајка - едноставно прекрасна серија . Исто така ја гледав од истиот режисер и Ранетиот орел
И кој беше “гревот на незината мајка“ јас не разбрав ?? Ја гледав првата и последната а тие измеѓу ги гледав така ус пат ѕирни- остај и така да не разбрав кој беше гревот на незината мајка па ако сака некој нека ми каже ??
Гревот(шо според мене и не е некој грев) е тоа што го оставила тој првиот дечко што наводно навистина го сакала и се омажила со тој директорот на банката бидејќи била заслепена од неговото богатство. Демек гревот е да му свртиш грб на вистинската љубов, ради парите. А можи е да е гревот што таа останала бремена од тој банкарот пред да се омажи со него пред да види каков човек е всушност.
Гревот беше што кога вујко му на Бојан проба да се самоубие, мајка и на Неда го виде, но рече дека не го познава, иако демек и било јасно дека многу го сака!
и јас ги сакам и книгите и сериите посебно ми се допага Иван во комбинација со Слобода(те. Анџелка од Ранетиот орел )и во Непобедливо срце се фантастични.........
Прекрасен филм!! Сега ми останува уште книгата да си ја прочитам. Само сакам да прашам дали ја има на македонски?
Прекрасна серија е Преубава приказна.. Сега ја гледам на српскиве канали На лето ќе ја земам и книгата Ах Бојане, Бојане
Ја пратам редовно навечер или па на од тв-тека ја пуштам ако не сум имала време да ја гледам. Летово ја гледав и на нет, по 3ти пат ја гледам серијава навистина е прекрасна серија, а и не е турска или шпанска, па предност плус, а книгата е многу поубава од серијата, мама ја има од кога била тинејџерка, па и јас си ја прочитав.
Многу беше убава серијата. Мене многу ми се допадна. Два пати ја гледав. Подобра во споредба со турските.