Здраво! Би сакала да споделите искуство со мајстори за парно греење, за поставување на радијатори, цевна инсталација и фирми од каде сте купувале материјали за парно греење.
јас мислам дека така треба. И кај нас капе. Кога била замрзната требало да одмрзне не капе само од цевчето туку и од неколку други дупчиња.
Ние си имаме плински печки а имаме грејни тела. Плинската грее највеќе три соби. Јас и во Малта ја имам плинската,со две полни боци истеравме цела зима. Исплатливо!
Може слика од плинска печка, од колку кила е една боца? Нели е загушливо со плин и ризично во смисла да не смее да се пуши во близина?(пуши,не јас).
Не е загушливо напротив многу е топло,меѓутоа ние имаме и прочистувач на воздух. Татко ми пуши на тараса,а ако е екстремно ладно во кујна. Ние затвораме врати така да нема ризик. Околу боцата зависи колкава е печката,за оваа на сликата боцата треба да е околу 20кила.
Се топлиме на клима , топло е и не ни доаѓаат превисоки сметки. Ама нема воздух , загушливо , затнат нос ,сув воздух. Воопшто не ми се допаѓа.
Zdravo dali e stetno parnoto ne se razbiram pocna da te tece nokeska vo detskata soba pukna go soprevme ventilot no pak morase da istekuva ...
Препорачајте ми добра клима до кај 40.000 денари. 5иполка сакавме да земеме незнам до таа цена дали ке најдеме..
зависи од м3 простор ја греам со грее ломо лцлх 60кв У нахладното -15 коа е пуштам панелка кај децата ама тоа е макс 10 дена годишно Зависи тоа од изолација има нема прозори какви стакла какви куќа или стан Али у целина 30 кв секако ке грее бонус совет Каква и да земеш гледај да има греач на надворешната единица
Греачот троши струја како панелка, зошто ти е тогаш инвертер? Тоа се лошо димензионирани клими,кои за да функционираат на ладно им ставаат греачи Кај греењето, важна е и потрошувачката,ама неа никој не ја мери,туку сите читаат од налепницата дали е А+,а хартија се трпи,особено кинеска хартија
Тој греач не работи нон стоп него се уклучува коа праве дефрост. И наместо да праве дефорст 15 мин без греач ,прави дефрост минута до две. За тоа време дома не истинува,не оладува и климата продолжува со работа Додека кај клима без греач додека одмрзне надворешната а тое е 15-20минути дома одма оладува па после коа ке почне со работа влече ко луда и фуче на најак фан да постигне зададена температура и ем оладено ем иста струја отидена Устваро ич не пријатно за тој кој шо е у собата тоа време
Јапонските прават дефрост на 2 саати,не на 15 мин,и затоа не им треба греач,правилно се димензионирани. Продавајте им ветар и магла на неупатени луѓе. Греачот ви се уклучува под 0, и потрошувачката рапидно расте. Како може со греач да биде А++??Напрајте споредба за потрошувачка.
Едно треба да разбереш немаат сите кеш за јапонец повекето се со ограничрн буџет Еве мојата е 3.5ка па од 2000 ден у месецот нема шанси да потроше повеке а греам околу 50-60 квадрати цел стан Твојата колку троше?