Гледам никој нигде не спомнува за Тадиран инвертер.Ние имаме таква еве веќе 3та година ок е, не бучи. Имаме и во спалната обична грее клима, ја пуштаме ако е ептен ладно, одма размлачува просторија а голема ни е спалната. Јас сакав и за инвертерот грее да биде, ама Ја начекавме Тадиран 3,5 на акција и мм се запна таа да ја земеме. Сметка знае 2 до 3000 повеќе да ни дојде од вообичаено. Сиромавиот можеби дупло плаќа да, меѓутоа немаат сите пари одеднаш да акнат за даикин и слично.
Еве ти конкретна понуда за Даикин.. Работата е што сите знаат што е УБАВО .. и јас сакам во Берово сред зима на -30 куќава од 200+ м2 да ја греам со геотермална пумпа амаааа.....
Со местење, над 70 000 испаѓа 17 000 разлика во цена. Чисто малку Гледам Хансол го нема веќе, на понуда го имаше и за 36 000 едно време, многу солидна клима, ама после Амбер го презема тронот. Ете Тесла Еии види на пола цена е Те молам не го тупи како на жолтиот форум. Ова е женски форум, нас не не интересираат детали. А жими деталите. Плати сега 300 евра плус, после као ќе си штедел по 100 денари на месец Ела намести кај мене Даикин за 50 000 денари, што ќе преживее под -30 и нема да оди во дефрост на 10 минути Ако немате леб, јадете колачи ти е работата Не е ова 2010та кога јапанците беа пред сите. Технологијата врви напред П.с еве и Даст ти пуштила пример.
Јас ја имам Даикин и не сум задоволна. За тие пари подобро две помали инвертер. Климата има толку сиромашни и оскудни опции и за просторот кој ни беше понуден дека ке биде бара не брка работа. Искрено за тие пари има многу подобри опции тука очигледно го плакаш името Даикин.
Се појавија ботовите со стрелите и тука,случајно За 56к ќе си купите еден куп греалки Ајде мом(ц)и,не седете со скрстени раце,заработете си ја платата Теслава е супер избор, good to know, за човек што решил да купи буџет клима, да не фрла плус 16000 за грее
Не бе, нека даде дупло за Даикин Важно сметката ќе е пониска за 100 денари месечно Што се 70 000 за клима, во Македонија особено За две, 150 000 Штедење пуштено на најјако
Да појаснам На сите форуми има лик,кој работи во грее, и прави повеќе профили,и спамува, па глуми корисник на грее итн. Газда Горан им плаќа,да мамат луѓе, да фингираат податоци. За неупатените, china климите немаат еуровент сертификат,и можат да си пишуваат дека "ич не трошат", ама никаде тоа не е испитано. Е затоа се купува од реномирана фирма, која стои зад свои податоци,или ако не ви е буџетот голем,купете си поевтина
јас 2 пати тесла ја препорачав,а ти викаш за даикин,кого не го спомнав,ама изгледа тој ве боли. позната приказна, се правите наивни, ненаметливо сугерирате, за на крај да почнете да ги вреѓате сите што не купиле од вашите греалки. гледан филм е, предвидлив,трагикомедија
Значи за во Битола само Грее? Сериозно ме интересираат искуства да не си ги лупаме џабе парите, еве и 50.000 нека е макс. ама да вреди. Повеќе за жал не сум во можност да дадам, оти ако не сега за 2 месеци ке треба да земам уште една.. Сега ми е битно шо побрзо да се вселам
Nie ja imame gree amber vtora god bas vo Bitola ziveeme I sme prezadovolni,greeme okolu 30 m2 I navistina ni e toplo.
Не велам дека мора, распрашај се по комшии и роднини, кој се грее само на клима и колку се стоплени зимно време кога температурата паѓа под -25. Кога јас ја земав мојата, немаше многу што се греат само на клима па барав мислење по форуми. Ми се пуштија еден куп даикин професиналци, да сум купела Даикин (како сега лејдито) Едно 6-7 недели гуглав, читав, гледав видеа на јутјуб, ми се чини сите постови на жилтиот форум ги прочитав На крај сама си решив да земам Грее, јас додуша сакав две Хансол да земам, ама домашните решија најновиот модел Амбер да го земеме, кој што излезе баш во тоа време. Се на се сме презадоволни, климата е супер, неколку пати кога надвор беше -22 и пониско, си работеше без проблем, со дефрост од неколку минути и дома постојано си беше топло. Ние грееме околу 40тина м2 со неа. Плус си имаме гралки, во случај да не постигнува, ама еве, 5та сезона како ги немаме користено за догревање Пред тоа користевме печка на пелети за истиот простор, е тогаш мораше и греалка да се пушти. Зборувам на -25 и пониско, кога и водата низ цевките замрзнува. Со пелетите, трошевме околу 120 вреќи, плус што доплаќавме за струја. Сега сметката за греење ни иде околу 15 000 на сезона, обично помалку. Што знам, може има клима даикин која што ќе работи перфектно на -30, иако на спецификации пишува -15. Мене никој од даикин професионалците не сакаше да ми го одговори тоа прашање, дали ќе бидам стоплена на -30 со една даикин клима, обично како одговор ми пишуваа како Грее лажеле дека е -30, немале сертификати, немало шанси да згрее на -30, еден дури ми вика па ако даикин непостига ќе си се догреваш со греалка Не даваа одговор, само ги напаѓаа Грее. Сега планирам да земам уште една, ама ќе биде парапетна, која што според пишувањата на сите, се многу тивки.
Најдобро греење за во дом е печка за пелети но на неа да има и поврзано парно. Инаку додека не е многу ладно е добро и инвертер клима.
Горан не е газда на грее поинаку се викаше човекот Не то треба еуровент сметката кажува се На еуровент може да пишува дека не троши ич а тебе у реалност ти идат високи сметки шо фајде имаш ти у случјот од еуровентот?