Неможеме да одлучиме на што да се грееме во куќата. Околу 100/120 квадрати ќе има за греење. Дали парно со пелети дали со клими немам идеа што е подобро полошо. Топлинска не доаѓа во опција поради скапата инсталација… Од искуство некој да сподели како греат волкав простор во куќа и колку се трошоците отприлика?
2 спрата грееме со парно на пелети. Долу радијатори, горе подно. Постоплени не сме биле никогаш. Иста температура во сите соби. Околу 3ипол тона трошиме во сезона за два спрата и тоа без фасада. На пролет сме со план да ставаме фасада, па очекувам и помалку да се троши. Со клима не знам колку можеш да грееш толкав простор... Нека кажат искуство другите.
Ќе се загреете и со едно и со друго, само треба да направиш математика што ви е поекономично. Пелетите многу поскапеле, струјата еве исто ја покачуваат. Ние активно грееме 100 м2 со три уреди инвертери, две во салонот кој е во целина со кујната, еден во детска, спалната се загрева од топлината што иде од дневна и сосема е доволно. Само треба да се обмисли идеалната позиција на уредите за да биде загревањето максимално изедначено во секој агол. Битно е и да имаш добра изолација, инаку ќе ти бега топлината и сметките ќе ти бидат поголеми. Ние сме презадоволни и со затопленост и со сметки, а од јануари со поскапувањево ќе видиме.
Како е со подното Луна ? Прочитав прва сезона ви е, топол е спратот со подно? Ние низ цела куќа само подно сакаме да ставиме. Ме интересираат искуства повеќе. Нова куќа е, еден спрат, алуминиумски прозори, ќе биде и со фасада до следната зима. Дали ќе држи топло ми е некое време и откако се гаси пример?
Прва сезона ни е со подно и сум доста задоволна. Долу ни се плочки и како што ни кажаа плочките се најдобра опција за подно затоа што дрвото е природен изолатор. Многу природна топлина дава. Плочките не се топли туку онака баш пријатни замлачени,а топлината оди нагоре. Нас котелот ни е скоро цело време на кец пуштен, ептен кога фати студ го стававме на ауто или 2 одреден период. Температурата е околу 23 степени секаде, може во дневна да е степен плус. Го гасиме кај 22 часот и до сабајле држи топлина. Се нема спуштено под 19 степени. Некаде 2 саати му треба од ко ќе го уклучиш да се затопли она ок. Затоа го поднесуваме да се пушти 2 саати пред да станеме. И кај нас е нова градба со ок внатрешна изолација, супер прозори,а немаме надворешна изолација.
Bi sakala iskustva za parno so kotel na drva.kolku drva trosi za edna sezona.kuca od okolu 200kvadrata.dva sprata i potkrovje.gledav kotli od alfaplam.
Не е исто во берово да грееш 200м2 и во гевгелија Има многу варијабили тука, изолација, температура надвор/дома, каква е зимата, колкава е сезоната итн .. Комшијата мој 40тина м3 потроши лани за слична квадратура..ама јас сум во Берово и кај нас некои зими е и -28 степени. Тогаш и 50м3 можат да ти се малку за таа квадратура
Ние ( во Кав) на околу 100кв трошиме 17кубика фиксно ако е ладно и не се гасе уопште ни ноќе , плус сите радијатори уклучени. За таа квадратура фиксно околу 45 кубика планирај. Оваа сезона имаме земено 17кубика исто пак , пола ни се потрошени до сега , ама не палев многу пати каминот , клима инвертер пуштав.
Како ќе се греете зимово што доаѓа?Инвертер клима, дрва, пелети?Цената на струјата сигурно ќе рипне до зима. Некој ги следи ли цените на енергенсите?Инфо да даде тука на форумов.
Навреме да се бараат алтерантивни горива, за скопјани оваа зима да имаат парно греење, предупредува првиот човек на РКЕ Бислимоски. Комисијата денеска ја одзема лиценцата за производство на БЕГ, и од октомври друга компанија, која ќе биде избрана на тендер, ќе има обврска да ги грее скопјани. Од РКЕ сметаат дека најдобро ќе биде државата да ја преземе работата, откако од Градот Скопје се изјаснија дека немаат капацитет за тоа. Но, алармираа и на време да се најде алтеранива за гасот, ако евентуално дојде до компликации во испораката, бидејќи земјава е 100 проценти зависна од увоз на овој енергенс. Поз од РКЕ
До лани се греевме на струја, ама бевме во стан, од оваа година во куќа и се префрливме на дрва, со мало дете не ми се ризикуваше ако по некој час во денот нема струја. По колку ги земате дрвата? Ние по 4 600 од кубик, нели е некако многу или па.. Немаме со години купувано и не знам ни колку би требало да се. Свекрва ми пролетта ги платила по 3 000 ова некако многу разлика ми се виде
А да пробате комбинирано струја со дрва? Кога е најладно или снема струја да запалете шпоретот. На нас ни е таков планот, во шпоретот секогаш има дрвца наредено за по потреба да се запали. И лани така правевме. И струјата е скапа, ама дрвата ептен изгор, плус па и што ствараат ѓубре. Лани зимото две сметки имавме по 4000 и тоа едната натпишана. Другите беа пониски. После 15ч кога си дојдеме од работа ја појачуваме климата, грееме околу 40кв салон и приквечер спалната. Оваа зима како ќе биде со цената на струјата не знам. Ама мислам дека се исплаќа. Јас сум задоволна. Инаку не знам по колку се дрвата, оваа година не купуваме, ама под 4200 нема веќе. Едит: маж ми вика 4500 биле
Да беа како лани сметките не ни беше проблем, зимата секогаш плакаме околу 6,7000 ден една ни дојде само 200 евра. Мене ми е страв да не плаќаме по 500 евра. Тоа ми е многу. Ние планиравме централно греење да имаме секаде ама како вака испадна се откажавме инвертери имаме по собите. Клима секако ќе уклучувам чат пат. Кај нас мора да има постојано греење од дома работиме, на маж ми денот почнува во 5 наутро, а со мало дете мора до 11 навечер да е топло барем, некогаш и покасно. Ќе правиме комбинации некако. Јас ич не сакам на дрва ама тоа е кога се мора.
Тоа е мулти сплит систем за три и повеке внатрешни клими врзани на една надворешна единица Не испаѓаат ништо поефтини од посебни Земи си посебни ,една ако се расипе другата е у финкција