Здраво, има некој искуство како е потрошувачка за греење со термо печка ( од тие старите) ? Дали се исплати?
Баба ми има таква околу 5-6.000 месечно плаќаше струја до лани, оваа година кој знае колку ќе ја фати. Земи си инвертер клима ем стоплена ќе бидеш, ем не троши многу, чичко ми има и струја плаќаше до лани 3-3.500, а и сега не би требало некоја голема разлика да има. Во цениве е вклучена целата домашна потрошувачка на струја. А вака ако треба да направам разлика меѓу зимски и летни месеци. Во лето баба ми плаќа околу 1.000 и нешто струја, па види и сама колку многу троши печката. А чичко ми плаќа околу 2.000 и нешто струја кога не е грејна сезона, значи минимално е трошењето на инвертерот. За инвертерот е важно да ти работи 24/7 да не се исклучува, само навечер ќе ја намалиш температурата. Така се заштедува. Инаку ако му правиш уклучи, исклучи, на секое вклучување и одново затоплување ќе ти влече многу струја.
Предлог за инвертер клима за простор од 40м2 на јужна страна во зграда со супер изолација и нова пвц дограма? Се изнагледав/изначитав и само умот каша попара ми се напрај...
Ние земавме Вивакс и сега за сега сме задоволни,ма да се уште нема минусни температури.За таа квадратура мислам дека ти треба 5.5 ка.
Прв пат се грееме на клими оваа година и после еден куп проучувања сеуште не знаеме ништо. Клими Carrier, една 5 kw i 3,5kw. Е сега просторот е топол, меѓутоа кога ќе достигнат температура не стапуваат во stand by mode. Постојано е наместена опција heat и си дуваат без прекин. Друга работа е тоа што на пример дење се наместени на 22-24 степени и си е супер топло. За навечер т.е за спиење ги поставуваме на температура од 18-19 степени. И без промена на опциите, кога ќе ја намалиме температурата прво дува како ладен воздух, за по некое време да се стабилизира. Дали е општо така кај сите клими?
Зависи за цената која сте спремни да ја платите. Ние ја имаме TOSHIBA Daishekai 9 RAS, Земена од Техно Маркет и супер си грее 60 квадрати.
Јас имам грее 3,5 собата е некој си 20 тина кв,и еве сега е исклучена не дува,а и често знае сега дури е потопло времето да прави вклучи исклучи да дува. Колку е нормално еве незнам ама четврта зима така функционира.
Не е нормално тоа значи предимензионирана клима Исто и мојата е грее си дува нон стоп Инвертер клима не смее да работе ко он офф клима
често се жалат од gree дека работат on/off,и ги прават корисниците дека не знаат да ги ракуваат,дека се предимензионирани итн. не е важен само брендот кога се купува нешто,туку и односот и техничката поддршка на продавачите. познати се по герила маркетингот по форумите, каде се претставуваат како "задоволни корисници" на клими,а ќе ги познаете кога ќе почнат да напаѓаат ако некој се пожали од брендот
И ние имаме Gree Nordic Amber, не знам точно кој модел, на 22 степени е вклучена кога сме дома, кога ќе постигне температура не дува. Кога не сме дома е на 19 степени, ноќе уште пониска. Не работи постојано, и ок е, топло е. Ама, сега ме замисливте, првпат тука читам дека не требало да работи вака, туку постојано да дува. Ама кај нас површината што ја грее е некои 70тина квадрати, можеби и повеќе, топло е дури и во спална и детските соби. Нели тоа е поентата за да троши помалку струја? Да одржува топлина во просторијата со уклучување по потреба?
Јас како шо знам, не сум професионалец, инвертерот поефикасно работи доколку е вклучен нон-стоп отколку да прави вклучи-исклучи.
Ама ако ја постигне температурата автоматски престанува да дува, т.е. не работи. Ние зимото така ја прилагодуваме температурата само, а не ја исклучуваме скроз.
Прв пат слушам дека инвертер клима треба постојано да дува. Па ако цело време дува нема да се диши во просторијава, нема да се седи. Треба да е уклучена нон-стоп, а да дува нон-стоп не е ок. Си местиш степени и кога ќе ја постигне температурата сама си прекинува. Таман работа ако дење-ноќе дува. Тоа според мене значи дека климата не ви е соодветна на квадратурата, цело време дува за да ја постигне температурата, а не може. Така и многу струја ќе ви троши. Ние имаме Грее, еве оваа ќе биде 5та зима и сме презадоволни. Стоплени максимално, а во сметка најекономично. Кога сме дома 22-24 местиме, кога не сме дома ја намалувам на 18, ноќе овој период на 16. Ја уклучивме пред 2 недели, ќе ја исклучиме здравје во април веројатно.
Па вклучен е нонстоп, ама не дува постојано. Кога ќе постигне температура престанува да дува. Само одржува температура на тој начин, фактички догрева по потреба. А си е постојано вклучен.