За во детска соба што предлагате за топлење? Не постојано да е вклучена него 2,3 часа на ден,некогаш дали и толку, кога се има потреба, дете кога си игра таму или кога има другарчиња. На ладно спие, не сака на топло да спие, сите дома така сме научени на ладно да спиеме, така ни е некако поубаво и со почист воздух, затоа климата не ми е опција затоа што нема да ја користиме барем засега, тоа кога ќе порасне.
Кај мојата има радијатор/ панел што е. Дека мала е собата бргу ја загрева. И после тоа на мин колку да одржава топло. Не ја користи секој ден туку по потреба кога и доаѓаат другарки и си ја затвораат вратата и ја пуштам. На струја не сум приметила колку троши бидејќи не е секој ден. Може еднаш да е во месецот или два пати по 2часа.
Јас имам GREE 5.2 конзолна. Одлична е. Надворешната единица е само малку побучна бидејќи знае да пренесе вибрации по ѕидовите кога почнува со работа после е во ред, но се средува со ставање гумици на држачите и малце повеќе истата надворешна единица прави ветар за разлика од 3.5
Нема никаква разлика, на ист начин работат, конзолната е дури и подобра бидејќи се монтира долу и можи да послужи и како радиатор т.е да постоиш до неа ако тие ладно. Другото е се исто, дури и помалце простор зафаќа во должина.
Здраво Некоја да сподели искуство со топлотна пумпа, кој бренд е подобар Daikin, Viessmann или некој друг?
Како испаѓа поекономично, за греење една половина од денот со клима инвертер или пак обичен радијатор?
Клима инвертер. Ако е со оние ребрата, ако мислиш на тие ај што нема да се стопли и сметката ќе биде повисока многу, не дека климата е нешто ефтина де. Ама ние сме на клима веќе 10 години. Е сега во куќа повеќе влече, поголема квадратура и потешко се затоплува ама ние сме стоплени супер. Само да не беше толку скапа струјата за жал. Ако си во стан ич да не се мислиш кога живеевме во стан 24 /7 во најладното на максимална температура 7000 ден плаќавме,
Здраво, би сакала да прашам за искуства со топлотна пумпа? Се уште не ми е јасно како функционира, но слушам многу пофални зборови па ме интересираат искуства? Инаку се работи за квадратура од 105 квадрати. Слушнав и дека имало опција за ладење.
Скапа да се инсталира, да, ама долгорочно е исплатливо и тоа како. Плус, не го разбирам нашиов менталитет, градат куќи од 150, 200 квадрати, а не мислат на греење и скапи им се вакви инвестиции. Па, како ќе ја загрееш таа куќа? Или само една соба ќе се грее? Некако во тој поглед се уште сме во времето на нашите родители Сега барем изолација се става ( се надевам )
За голем простор 150+ кв, мислам е најиспатлива инвестиција на долгорочно гледано. Кога зборуваме за цел простор да е топол, вклучувајќи и вц и спални и топла вода како и да е треба целосен систем. Е сега доколку главното греење е на дрва, врзан си постојано со ставање дрва, складирање, чистење на котел итн. -Пелети - за нијанса помалку мачна опција, сеуште го имаш чистењето, може не како со дрва, ама го имаш. Плус во зависност од просторот неколку часа си раат, зависи колкав склад на пелети има котелот и слично. Плус со опција на тајмер да се пушта, скоро па совршено. Ако е во линија со централно греење и бојлер поврзан, постојано топла вода е голем плус. - Топлотна, една е влог, освен нели не дај боже дефект. Имаш опции за прилагодување на температурата во секоја соба, што би се рекло пушташ во октомври и запираш во мај. Сметки за струја не баш мали, зависи од простор и изолација нели, ама не пак којзнае колку повисоки спрема греење на клими или дрва или пелети за куп месеци. За заштеда можешмда регулираш која просторија колку да се топли или да намалуваш температура пред спиење во дневната, како простор кој не би се користел ноќе.ќ итн. Најразлични опции имаш, и вода топла постојано, за ладење мислам постои опција, сеуште не ми е комплетно проучена. - И најпопуларното греење на клими сега. Да бидеме реални куќа од 150+ кв со клими е тешко да се загрева, ќе кошта скоро пак колку топлотна. Во зависност од поставеноста на собите и од температурата што се бара да се постигне 3-4 клими би биле потребни. Плус бојлер за затоплување на вода да се вклучи. Ако е куќа на спрат или нивоа различни со 1-2 клими е недозволиво. Во 90% од случаите, бањата е постојано ладно или само замлачена, па потребно е плус грејно тело. На темава имам куп начини на греење на дом испробано и повеќе од сопствено и искуство на блиски пишувам. За @Stefybutterfly , во тие 105кв, зависи колку простории се, како се поставени, најдобро е да си побараш мислење од мајстори кои би ти предложиле различни варијанти. За топлотна дел од банките нудеа како грант, одредена сума враќаа. Не се сеќавам колку точно дали 15-20% беше или нешто повеќе.
Само да кажиме цифра,забораваме За 150 до 200кв куќа топлотна пумпа и инсталација округло 20.000-22 000 е И моли бога да не цркне пумпата
180 m2 се решаваат со LG топлотна 8к еур,плус подното 2к еур, пред 3 месеци другар ставаше. Имаш поврат 20% преку GEEF ако аплицираш. Зошто ги носите луѓето во заблуда,измислувате цифри од ракав? Најдобра опција е топлотна плус подно,или со фенкојлери.
Реално и како што пишав, и клими 3-4 да се постават, значи баш квалитетни и поскапи клими, пак нема без 4-5000 евра да се помине. Топлината ни во краен случај не е иста како со централно греење. Плус делот со топла вода што мораш да имаш делумно или постојано вклучени бојлер/и. Ова за примерот од 180кв.
За тој што сака да биде стоплен како што треба и има подлабок џеб ,секако топлотна пумпа. На 350кв планираме да инсталираме таква, дали ќе е на струја или пелети сеуште не сме одлучни, ама повеќе сме за струја и соларни панели на кров. @Miss_S не значи дека со пелети ќе е мачно. Пак ќе кажам е голема инвестиција ама постојат Спојлер: Вакви Ги полниш 5,6,7 тона и цела зима си раат. Е сега фаќа цела една просторија. Имајќи ја во предвид ситуацијата во мк, мислам дека само за греење да дадеш 40-50 000 € е луксуз. Луксуз долгорочно исплатлив.