Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Греење во домот

Дискусија во 'Дом' започната од rak1, 17 октомври 2014.

  1. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.954
    Допаѓања:
    6.108
    Пол:
    Женски
    @Kasiopaja221 , таков систем не сум видела искрено.

    Зборувам за ваков собен
    commo_crvena.jpg

    Најчесто што би се користеле т.е се користат барем овде во Мк. 1-1,5 вреќа собира, што значи барем еднаш до два пати во ден мора полнење.
     
  2. Kasiopaja221

    Kasiopaja221 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2021
    Пораки:
    3.251
    Допаѓања:
    46.677
    Пол:
    Женски
    Мислиш со ваков поврзан со радијатори низ цела куќа?
    Ќе треба на секој саат да дотураш пелети :D
     
  3. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.954
    Допаѓања:
    6.108
    Пол:
    Женски
    На околу 120-130кв куќа, 5-6 часа трае една вреќа. Сме пробале од лично искуство ова.
    За поголеми котли и системи, ќе проучам дополнително. Не знам во Мк какви опции се нудат.

    Поентата ми беше спрема разликата меѓу дрва, пелети и топлотна. Пелетите не се толку мачни како дрва, ама за нијанса поевтин систем и греење, од топлотна. Спрема моменталните цени на пазарот тоа.
     
    На Antebellum му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Kasiopaja221

    Kasiopaja221 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2021
    Пораки:
    3.251
    Допаѓања:
    46.677
    Пол:
    Женски
    Се разбираме.
    Градирано би било вака некако:
    Топлотна>пелети>дрва.
     
  5. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.447
    Допаѓања:
    12.979
    Пол:
    Машки
    А геотермална опција постои ли? Гледав од Даикин има опција, да се користи земјата како извор на енергија, па тоа ми изгледаше некако најпримамливо…
     
  6. Kasiopaja221

    Kasiopaja221 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2021
    Пораки:
    3.251
    Допаѓања:
    46.677
    Пол:
    Женски
    Сум слушнала дека постои, ама не знам зошто не ја разгледуваме воопшто таа опција. Да го прашам "шефот" дома, па ќе пишам ако си заинтересиран:D
     
  7. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.731
    Допаѓања:
    35.744
    Пол:
    Женски
    Немам топлотна пумпа, во стан живеам.
    Ама, кај моите кога живеев бев во куќа, без изолација, се греевме на дрва. Една соба, макс две, другите смрзнувачка :(
    Затоа и зборам дека кога се гради куќа, треба да се размислува долгорочно. Викаш 20.000 евра, во квадратура колку е тоа? 40-50 м2? Епа, ќе напраиш помала куќа, ама ќе инсталираш асолно греење.
    Кај нас овој момент е последен на списокот кога се гради куќа и секогаш се нема пари. А се има пари за 300 квадрати да се градат. За скапи кујни, паркети и чуда, ама за греење не! Некако обратно се поставени приоритетите.
    Да не зборам што кај нас при толку сончеви денови, се уште слабо е застапено соларното греење.
     
    На Mashichka, happygirl, H.VAGA и 2 други им се допаѓа ова.
  8. meggle

    meggle Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    838
    Допаѓања:
    2.619
    Ние се грееме/ладиме веќе 4 години на топлотна пумпа + во секое време си имам топла вода. Опција за новоградба е да се стави подно греење наместо фен-кулери, ама тоа си е ваш личен избор. Кај нас дека реновиравме и немаше можност за подно, а многу сакавме... Подобро нешто здравје, секаде низ дома ми е иста температура лето-зима. Ние грееме/ладиме околу 150м2. Сметките за струја зима се малце повисоки а нa лето пониски, меѓутоа сме презадоволни. Ја имаме LG Therma V.
     
    На Mashichka и eliesaab им се допаѓа ова.
  9. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.768
    Допаѓања:
    173.069
    Пол:
    Женски
    Колку ви се сметките отприлика? Не мора тука да пишеш ако не ти е згодно, можеш во порака:D

    Прашувам бидејќи и јас имам една таква слична за греење, додуша малку поголема е ама ете појака пумпа би била ако треба, до сега на дрва се грее ама јас сум голем дрвомрзач:D

    Е сега, кај нас за да е топло мислам нема да е доволно нешто што ќе дува, туку нон стоп треба да зрачи топлина бидејќи нон стоп е ладно ама еве ги преиспитувам сите можности:angel:
     
    На Didajo му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.954
    Допаѓања:
    6.108
    Пол:
    Женски
    @Dust , со топлотните пумпи за најголема заштеда ја вклучуваш пример октомври и гасиш со мај. Дење, ноќе си работи таа и е топло. Максимум што е прилагодливо во секоја соба да си регулираш потопло или поладно сакаш или да затвориш вентили за одреден простор воопшто да не се топли.
    Не е препорачливо вклучување и исклучување постојано.
     
  11. Stefybutterfly

    Stefybutterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2019
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Не сум знаела за апликацијата за поврат на средства, ти благодарам многу!
     
  12. Stefybutterfly

    Stefybutterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2019
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    За нашиот простор прашавме мајстор, ни рече цена помеѓу 7-9 илјади. Мислам дека цената од 20.000 евра е нереална и неисплатлива.
     
  13. meggle

    meggle Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    838
    Допаѓања:
    2.619
    Сметката за струја на лето се движи околу 6-8.000 денари, а на зима одприлика околу 12.000, со тоа што нели нормално тука не е само топлотната пумпа, ние грееме/ладиме околу 150м2, имаме 2 кујни + летна кујничка и нормално апаратите за домаќинство од кои што нон-стоп си работат роботот, електричната хранилка и фонтаната за миленици, прочистувач на воздух итн итн да не редам сеа, сето тоа си троши струја...
    Имаме 2 големи бојлери за греење на вода и топла вода имаме нон-стоп, со тоа што имаме и соларно, на лето се користи водата од соларното и затоа сметката за струја на лето е пониска.
    Кај нас пумпата си работи нон-стоп, освен во месеците кога и надвор температурата е нормална, односно април/мај и септември/октомври.
    Температурата лето/зима си ја подесуваме како што ни одговара и можам да кажам дека апсолутно низ цела куќа имаме постојана температура во сите простории...
    За топлотната пумпа не знаевме, меѓутоа пред да земеме соларно дознавме дека во НЛБ може да се аплицира за ГЕФ кредит (за енергетска ефикасност) кој може да се земе и за топлотна пумпа и за термо-фасада итн, а со истиот има поврат на средства 20% од вкупната сума. Нас соларното не чинеше околу 60.000 денари, а повратот ни беше околу 12.000денари што воопшто не е лошо...
     
    На Mashichka, Didajo, Miss_S и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.650
    Допаѓања:
    173.885
    Значи за 100кв е горе доле 8К евра
    Тука е пумпа и плус подно,радијатори,или само пумпа
    И кај мене за 100 кв ми побараа 9к
     
  15. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.410
    Допаѓања:
    287.159
    Ние имаме пумпа.
    Цениве се од пред 2.5год. Сега се поскапи претпоставувам.
    Пумпата tecalor Luftwasser Wärme Pumpe TTL 9.5 кошташе 13.500еу.
    Се друго околу пумпата, за да може истата да се инсталира и функционира, уште толку отприлика и не фати 30 000еу.

    Работна рака е подеднакво скапа како и материјалите.

    Подното греење да се инсталира во подрум 100м2, приземје 120м2 и спрат 120м2 11.000еу.
    На таван не ставивме но е топло бидејќи цела куќа е загреана и има јака изолација.
    Цело зимо сме на кратки ракави низ цела куќа и сме презадоволни.
     
    На Mashichka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. meggle

    meggle Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    838
    Допаѓања:
    2.619
    Нас исто не чинеше горе-доле околу 25.000 евра (пумпа, бојлери, фен-кулери, работна рака)...
    Ова се цени пред короната, монтажата е правена на есен 2019 година.
     
    На Mashichka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.758
    Допаѓања:
    145.221
    Да Алиса . Ние моментално поставуваме. Толку некаде испаѓа. 35-55еквадрат е за поставување на системот т.е цевките од подното плус пумпата, од 4000-8000е . Зависно каква ќе ставиме.

    Може ли да ми пишеш повеќе за ГеФФ? Нели е тоа кредит? Па после прават поврат? Или ние грешка разбравме.
     
    На Mashichka и ALISA0000 им се допаѓа ова.
  18. meggle

    meggle Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    838
    Допаѓања:
    2.619
    Така е, се работи за кредит за енергетска ефикасност. Може да се искористи за термо-изолација на фасада, кров, топлотна пумпа, соларно итн. и има поврат на средства 20% од вкупната сума.
    Кога ја купувавме пумпата немавме поим за кредитов, ама подоцна кога дојде ред да ставаме соларно, луѓево од фирмата за монтажа ни спомнаа за кредитов. Пошо сум клиент на Нлб отидов таму да се распрашам и одма аплицирав, а меѓудругото, беше потребна и детална про-фактура од фирмата која ќе ја изведува монтажата на соларното. Мислам дека за одприлика 10 дена ми беше одобрен кредитот, со тоа што средствата веднаш се уплатуваат на сметката на фирмата-изведувач, па после тоа бев да потпишувам нешто како што се сеќавам и после 1 месец добив поврат на средствата.

    Еве тука прочитајте си подетално: https://ebrdgeff.com/macedonia/mk/
     
    Последна измена: 18 јануари 2025
    На Mashichka и duffi им се допаѓа ова.
  19. bella12

    bella12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2015
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    7.788
    Пол:
    Женски
    Дали може само пумпа да се постави, и тоа кредитот што го зборувате дали може само за пумпа да се купи да се искористи?
    Подното е инсталирано, цела куќа е со подно, само не е поврзано. Прво као на струја ќе беше но ништо така остана.
     
  20. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.758
    Допаѓања:
    145.221
    Фала. Ќе разгледам.
    Мислам дека може. Се приклучува на било каков систем за греење.