Греење во домот

Дискусија во 'Дом' започната од rak1, 17 октомври 2014.

  1. Снегулк@23

    Снегулк@23 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    4.016
    Допаѓања:
    6.332
    Пол:
    Женски
    Значи многу троши... фала
     
  2. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    18.116
    Допаѓања:
    191.362
    Премногу
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Kitanova77

    Kitanova77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2020
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    155
    Пол:
    Женски
    Здравје на пролет планираме да започнеме со реновирање на куќата. Најголем проблем што сакам да се реши е токму греењето, навистина ми е преку глава од греење една соба па трчај низ ладен ходник во др соба, ладно купатило и сл. Па би ве замолила доколку може да ми дадете предлози кое е најисплатливо решение за цела куќа да биде топла. Се работи за куќа од 80кв.
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. bella12

    bella12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2015
    Пораки:
    1.672
    Допаѓања:
    8.438
    Пол:
    Женски
    Доколку се греете на клими, да поставите повеќе клими. Или ако сте на огин да наместите парно. Во хотник, кујна можете и подно, а во купатилото и другите соби радијатори. Има и во купатилото што местат подно но колку е тоа во ред не знам. Е сега парното да го наместите, печка за парно да се купи мислам дека многу по ефтино е клими да се наместат
     
    На Kitanova77 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.470
    Допаѓања:
    9.266
    Пол:
    Женски
    Систем со парно греење е најдобра опција. Ако имате услов и повеќе финансии со топлотна пумпа. Друга опција котел на дрва или пелети.
    Со тоа што топлотната исто како климите пример во октомври ја вклучуваш и гасиш во мај. Измеѓу само регулираш топлина по собите.
    Со дрва или пелети си обврзан постојано да има некој кој ќе го одржува греењето, во смисла да става плус дрва/пелети. Чистење на котелот секојдневно или на неколку денови.

    Предност на овие типови греење е што и бојлер се поврзува и постојано има и топла вода. И купатило топло.

    Дали линијата ќе биде со радијаторско греење или подно, зависи од вас. За подно би вклучувало дополнително вадење на под, ставање нов, што е ем поголем трошок, ем ако сте во нова куќа сигурно не би се исплаќало пак во кратко време да менувате.

    Реално за 80кв и со добра изолација и клими би бркале работа ама во тој случај купатилото пак би било ладно освен и таму ако не се стави некое греење на струја.
     
    На Kitanova77 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.411
    Допаѓања:
    206.492
    Пол:
    Женски
    Парно на пелети, особено ако сте на едно ниво и имате добра изолација. Од лично искуство зборам. Многу се исплати, плус ќе си го поврзете со бојлер, топла вода ќе имаш во секое време.
     
    На Kitanova77 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. newme

    newme Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2012
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    104
    Пол:
    Женски
    Дали троши многу оваа греалка од топ шоп?
     
  8. Xxxx2

    Xxxx2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2015
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    222
    Пол:
    Женски
    Искуства со подно греење со топлотна.пумпа? Дали е скапо, мислам на сезона, не на инсталација. Дали со плочки или со ламинат? Велат дека плочки се најдобрата опција ама воопшто не го сакам чувството да газам на плочка, чувство на ладно што ќе го имам од пролет до есен, кога не се грее
     
  9. Jas Elena

    Jas Elena Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2021
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    Препорачајте некој калорифер/греалка што ќе дополни греење на 25 квадрати соба.Има клима,ама не е доволно кога е многу ладно
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Ajla11

    Ajla11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    49
    Пол:
    Женски
    Здраво
    Градам простор од околу 250 квадрата на 2 спрата и планирам со подно и топлинска но не живеам во мк постојано што мислете која е најдобра опција за мене и дали би се стоплиле убаво во оваа квадратура . Каква марка ми препорачувате на топлинска и дали е исплатлива опција и на што да внимавам .Ве молам какви искуства имате бидејќи мајсторите само знаат за пари а квалитет и знаење доста слабо
     
  11. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.392
    Допаѓања:
    33.776
    Пол:
    Женски
    Не знам многу да објаснам, бидејќи не разбирам, сакам да споделам искуство. Годинава наместивме топлинска, ако сум точна 18 киловати за околу 150кв површина, ама ние имаме конценционално парно, со радијатори. Сметките за струја се идентични од минатата година кога се греевме со 2 клими. Со подно греење би требало да е уште помала потрошувачката.
     
  12. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    7.105
    Допаѓања:
    14.620
    Пол:
    Женски
    Клима ако не те топли за тој простор, греалка и калорифер па ич нема.
    Него ме чуди како не се топлите со клима. Не е инвертер?
    Ние 50 кв дневна на минус, дома е бања. Исто и во стан кога бевме со клима и поголем простор топлење дома секогаш сме на кратки.
    Калорифер имаме за во детска отприлика таа квадратура, живи глупости е. Среќа што не седи на зима таму.И таму сега ќе ставаме клима.
     
  13. zence

    zence Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2012
    Пораки:
    383
    Допаѓања:
    467
    Сум се греела на парно на струја и на клима, ама поубава топлина нема од дрво. Многу ми значи кога ми е ладно да се допрам до нешто топло , затоа климата ич не ја сакам. Е математики не правам, ама мм кажува дека не е ефтино на дрва.
     
    На anggell и Unread им се допаѓа ова.
  14. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    18.116
    Допаѓања:
    191.362
    5000 ден е кубик оваа година
    А со еден кубик дали ке претераш цел месец
    А кај е чистење,цепење,солинари пепел
     
    На H.VAGA му/ѝ се допаѓа ова.
  15. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    7.105
    Допаѓања:
    14.620
    Пол:
    Женски
    Точно, кај моите се топлев на дрва и нема поубаво. Ама тој хаос од чистење, пепел, чад не се нафаќам. Кога се вселивме во куќата зедовме дрва за секој случај, и тој секој случај еве стојат 5 години така, никако да се наканиме да ги користиме.
     
  16. zence

    zence Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2012
    Пораки:
    383
    Допаѓања:
    467
    Тоа се прави мм. Кога он не е дома , ни се гаси ќумбето, среќа гусано е , па држи жар.