Парното на струја е изгор ептен, сметки по 10 12 000 а пак е ладно и треба или греалка или клима плус понекогаш. Море да е жива и здрава Топлификација иначе ќе се скаменев по домаКо парно ништо не грее, е сеа што е скапо скапо е ама кога ќе израчунаш на што и да се грееш таа е математиката.
Сакам да прашам што е подобро и поекономично за греење во стан,ке ја грееме само дневната околу 20 квадрати првен мислев за печка на пелети но сега некако повејке сум за инвертер клима па сакам да слушнам мислење што е подобро. @ALISA0000 те имав читано дека многу добро ги познаваш инвертер климите па навистина би ми помогнала се мислам за овааа клима па ако можеш да ми кажеш дали е добра или пак да ми препорачаш некоја како шѕо кажавhttps://klimi.mk/product.php?id=332 за греење околу 20 квадрати или пак оваа незнам што еразликата дали само вифитоhttps://klimi.mk/product.php?id=306
Овие се нови модели не ми се разгледани Побарај ломо лцлх модел ако има ако не замена за неа И не ти треба 12 ка можеш и 9 ка
Ние годинава ставивме парно со печка на пелети, во куќа сме и грееме 1 спрат, задоволни сме, топло е но е малку поскапо за разлика од дрва.
За стан од 70кв што би ми препорачале за греење, освен парно? Мислам дека парно е најдобра опција но нели и најскапа. Дали следна опција е инвертер клима? Јас би сакала цел стан да се топли не само поединечни соби така да една сиг нема да е доволна или? Ќе ми треба за сегде? Немам искуство околу ова доколку некој се грее со клима дома да сподели искуство. Фала
Ние го грееме простор од околу 70 кв долу кој е отворен (салон) и плус имаме скали за горе за спратот (меѓуспратот) кои се отворени (и плус горе држиме две спални со отворени врати) Климава ја вклучуваме да речам октомври (зависи од времето) и таа веќе не се гаси воопшто 24/7 до март да речеме (додека не се стопли), потоа ја вклучуваме по потреба. Е сега кога е ладно (посебно крајот на декември, јануари и фебруари кои се поладни палиме и камин) Нас ни е ок ама било би уште подобро да ни е изолација подобра, да ни се затворени скалите тогаш овој отворен простор би бил супер топол. Се на се, инвертер е многу добра инвестиција, можеби во многу ладни денови ќе треба да догревате во некои простории, плус зависи и дали добра изолација имате, ама мислам тоа не е страшно.
Топло4на пумпа ти е нешто најдобро Ке мине време многу додека можеме да си ги дозволиме Приближно кука од 300 квадрати да купиш пумпа кинеска и инсталација со радијатори околу 15.000-18.000евра кошта Е после таа кука ке ја грееш со 50 евра месечно пари на сметка за струја Предобро нешто само недостижно за нас
Земи две добри 3.5ки клими и немај гајле За подобро да те упатам напиши распоред на простор, прозори ,изолација, кука стан пид тебе над тебе висина на плафон
Стан на 4спрат, сендвич, со пвц 6коморни прозори, изолација со 8цм стиропор, висина околу 2.50 или 2.70, долгнавест салон (дневна и кујна околу 20кв), посебна спална и посебна детска.
Има две варијанти 1.една добра 5.5ка да грее цел стан и ке го грее но да знаеш во спална детска ке биде за 2-3степени поладно 2 варијанта 2 клими 3.5ки Една во дневна друга во детска улу спална зависи како повеке одговара Ако е во детска и перипетна може да се ставе таму Според мене подобро е две клими температурата ке биде секаде иста нема да има тајфуни ветрови од 5.ката од дневна и ако една се расипе секогаш имаш друга да спасе ситуација Зависи од тоа со кој буџет располагаш таква клима ке си земеш Ако сакаш совет за модел пиши до која сума па ке одбериме
Да кажеме 400-500€ за една. Има ли добра клима за овие пари или? Како се движат со цени, мислам доколку знаеш... Знам има и клими по 10 год гаранција. Еве да кажеме предлог за добра квалитетна солидна клима? Фала
не е најскапо. Напротив. Парно на струја никако но парно на дрва да. Ако сакаш цел спрат да ти е топол. Ние сме на дрва и грееме само една соба со шпрет. Во копатило за капење калорифер плус користиме и греалка за дополнително греење во таа една соба. Не секогаш успеваме да одржиме доволно топлина само со шпорет. Здравје кога ќе почнеме со куќата дефинитивно ќе ставаме парно. Имаш опција и подно греење сега е тоа во мода.
јас во сетек гледав клими од околу 12 000 ден. па нагоре моќност 2 kW. Не обрнав многу внимание што марка беа нешто друго купував,но сега паѓаат цените многу беа скапи кога прв пат излегоа.
Дали има некој искуство со чилер? Да поврземе на него подно греење, а да се ладиме на истиот систем но со вентилациони канали? Или пак некој друг предлог за централно ладење/греење? Само не дрва, пелети.