Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Греење во домот

Дискусија во 'Дом' започната од rak1, 17 октомври 2014.

  1. teaiva

    teaiva Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    524
    gream deloven objekt(zatoa industriska koja e skoro tri pati poskapa od domasna ) koj nema izolacija ,a podot i edna tretina od visinata na zidot se plocki....eve i sega dur bese pomeko vremeto pustav klima,ali samo zamlacuva,podolgo sedenje veke ti e ladno ....probav i so panel,i so drugi grealki..site tie vlecat mnogu struja a ne se zatoopluva..toplo ti e samo ako sedis do niv...ostatokot od prostorot mlako..plinov e kade kade poevtin ,zatopluva ama na sekoj pola cas ,otvaram vrati da se provetre..i se taka vo krug..da ne mirisase ke bese super za greenje..a gledam flizernici,prodavnici ,opsti ambulanti se great na plin...
     
  2. "Zoki"

    "Zoki" Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2016
    Пораки:
    1.032
    Допаѓања:
    9.127
    Пол:
    Машки
    На Dust и teaiva им се допаѓа ова.
  3. teaiva

    teaiva Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    524
    Blagodaram na odgovorot,bas ke se rasprasam .
     
  4. izdefiniranaOvca

    izdefiniranaOvca Нов член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите сакам да прашам за совет
    Имаме 2 куќи во двор, односно барака и куќа
    Бараката е 64м2 и само во една соба се грее со греалка, остатокот се грее на дрва, во "новата" куќа каде што живеам јас е 56м2, има изолација од сите страни освен на предната страна PVC прозори, нема оџак и се греев на струја, клима обична и панелки кои не се уклучени минимум по 16 часа дневно, лани уклучував панелки оваа година уште само клима уклучувам навечер само. Сметките за струја се астрономски сега декемвриската ми дојде околу ~10000 денари, лани за декември и јануари 2 сметки 26000 денари.

    Се мислам и ми треба совет дали само да ставам 2 инвертер клими или пак комбинација. Во куќата на мојте со пелети, а кај мене со инвертер која исто така би се пуштала само навечер ?
     
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.771
    Допаѓања:
    266.788
    Инвертерот ти е подобро воопшто да не го гасиш, помалку ќе троши така, бидејќи ќе одржува температура. Можеш само да ја намалиш температурата, пр. ако грееш на 27, да ја ставиш 22-23 додека не сте дома.
    За 56м2 би требало една да е доволна.
     
  6. AngIv

    AngIv Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    827
    Допаѓања:
    9.098
    Минаатото зимо и јас греев салон(дневна соба) од 60квадрати ,со инвертер клима и ми стигаа сметки 15 000ден. ама работеше 24/7
     
  7. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.227
    Допаѓања:
    13.199
    Пол:
    Женски
    Ја станот го греам со инвертер клима, најголема сметка до сеа ми има дојдено 2 500, така шо би ти препорачала две клими.
     
  8. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.525
    Допаѓања:
    5.887
    Здраво, каде можам да гледам онлајн печки на дрва мали и печки за со парно поврзување?
     
  9. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.261
    Допаѓања:
    12.227
    Пол:
    Машки
    Во стан од 38кв(со цимерот) се грееме со Panasonic инвертер, сега за сега сме презадоволни, брзо се затоплува и сметките за струја се ниски последнава дојде 1700 денари, но во главно се друго оди на евтина со исклучок на готвење. Исто така, изолацијата на зградава е многу добра па дури и да не уклучиш клима не станува неподносливо, за разлика од минатата година каде во стан во градски ѕид(45кв) не се седеше од ладно, изолација прелоша, на клима панел и понекогаш радијатор доаѓаа астрономски сметки за струја од по 7-8000ден!

    Ептен е важна изолацијата, буквално џабе се топли ако не е како шо треба.
     
    На thelittle17, cresa-jagoda и SunnyGirl2 им се допаѓа ова.
  10. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.176
    Допаѓања:
    169.577
    Оваа сметка да е само од инвертетот нема шанси
    Тоа шо евн не пљачкаат е друга приказна
     
  11. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    8.822
    Пол:
    Женски
    Некој да има искуство со топлинска пумпа (систем воздух-вода) поврзана на парно? Тоа бил некој нов метод за греење, скапа била многу пумпата (околу 4000 евра) но многу економична долгорочно гледано.
     
    На SunnyGirl2 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.525
    Допаѓања:
    5.887
    Здрабо

    сакам да знам освен греалка/панел што поголемо може да се користи за загревање .. сакавме инвертот ама НЕ сакаме да е статично, да се буши в ѕид...Сакаме да можеме да го движиме...

    Како ги викаат огромните греалки в хотелите?

    Каква идеја би ми дале?

    П.С. имаме парно,не задоволува.
     
  13. tatjanasakalieva

    tatjanasakalieva Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    506
    Допаѓања:
    832
    Колку се плаќа за централно греење преку лето/зима? Некој ми имаше кажано дека било лето една цена зима друга. А некој пак дека преку цела година исто. Инаку на струја сме моментално. Малку солени цени зимава.
     
  14. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.902
    Допаѓања:
    132.715
    Зависи од квадратурата. У 70 кв плаќав 3000 месечно цела година.
    Не сакавме да плаќаме само грејба сезона, поскапо ни идеше.
     
  15. Принцезичка1

    Принцезичка1 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2016
    Пораки:
    1.064
    Допаѓања:
    5.397
    Пол:
    Женски
    Живеам во куќа со изолација од 5цм стиропор и ПВЦ прозори.Потребна ми е клима инвертер за дневна која е околу 40 м2.
    Се двоумам меѓу марките Грее, Вивакс и Нео.Ваше искуство со тие марки?
    Дополнително прашање дали е подобро една многу јака клима за цел спрат или две послаби?
     
  16. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.176
    Допаѓања:
    169.577
    за тие 40 квадрати земи си 5.5ка грее модел ЛЦЛХ ломо
    тој модел е а сеа има ново име напомени дека стариот лцлх го сакаш
     
    На Принцезичка1 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.000
    Допаѓања:
    14.400
    Пол:
    Женски
    ние имаме на Аристон коска е. Од септември до март не беше воопшто исклучена
     
    На Принцезичка1 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. LadyF95

    LadyF95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2020
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    109
    Има daikin за добра цена,еднаш се купува клима
     
    На Принцезичка1 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Emilija97mk

    Emilija97mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    586
    Допаѓања:
    550
    Пол:
    Женски
    Мислење за фенкојлери за греење? Економични ли се, како одат сметките? За стан од 59м2, со две спални, во секоја соба има фенкојлер
     
  20. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.291
    Допаѓања:
    33.582
    Пол:
    Женски
    Искуство немам, ама скоро местевме парно и сакавме изворот на топлината да биде топлинска пумпа. Влогот е поголем, ама долгорочно е најисплатлива инвестиција од сѐ останато. Самата пумпа има компресор како инвертер климите, кој го конвертира надворешниот воздух во топлина.
    Ние не наместиме, бидејќи човекот што ни го местеше парното ни е близок роднина и негова препорака беше да не вложуваме толку пари, бидејќи нашата куќа нема стиропорна изолација. Констатираше дека без изолација, сметките ќе идат исто како со друго грејно тело, само за џабе ќе вложиме тон пари.
    Инаку дефинитивно топлинската пумпа е најисплатлива инвестиција. Може да се поврзи на подно греење (на него температурата на водата треба да е 35°С), конвенционално греење со радијатори или панели (температурата на водата треба да е до 65°) или топлинската пумпа да е на принцип воздух-воздух и да грее/лади преку фенкојлери како во хотелите. Доколку не ви смета посувиот воздух, последната опција ви е најекономична.

    Инаку во некои банки има кредити за енергетска ефикасност, каде што враќаат 20% од влогот преку некои европски фондови.
    Така на пр, ако вложите 6000€ за парното на топлинска пумпа, ќе имате поврат од 1200€,што реално ама ич не се малку пари.
     
    На thelittle17, cresa-jagoda, LivingGlam и 1 друга личност им се допаѓа ова.