1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Греење во домот

Дискусија во 'Дом' започната од rak1, 17 октомври 2014.

  1. Ferfelina

    Ferfelina Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2015
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    48
    Пол:
    Женски
    Проблем... До минатата зима се греевме на дрва, но ете решивме и зедовмее грее инвертер... Летото супер си работеше и сега си работи супер и е топло , но се јавува некоја миризба на мувла, на влага... Реков да прашам тука некој да има такво искуство? па од пон се јавувам во сервисот.
     
  2. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.994
    Допаѓања:
    14.384
    Пол:
    Женски
    миризбата од климата иде или од друго место? Кај нас одкако зедовме клима се е со мирис на мувла и влага и многу и по ѕидови излага мувлата
     
  3. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.573
    Допаѓања:
    39.505
    Пол:
    Женски
    И јас се греам на инвертер и таков проблем не ми се јавил до сега
     
  4. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.040
    Допаѓања:
    168.163
    не ке да ви е миризбата од климата
    проверите некаде мора да имате влага
    позади плакари о внатре во плакарите видите
     
  5. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    8.565
    Не е до климата, сте имале влага и претходно, ама тоа излегло на виделина откога сте ги ставиле климите. Најверојатно во прашање е лошо изведена изолација на станот/куќата.
     
    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.994
    Допаѓања:
    14.384
    Пол:
    Женски
    да да има мувла. Ама муабетот ми е од ко ја ставивме климата тогаш ни почнаа проблемите со мувлата. Сега ќе ги третираме нема што ама чудно ми е. Како 7 години пред тоа кога греевме на дрва ништо немаше одкако ја ставивме климата еве втора зима само на зима се појавува
     
  7. Ferfelina

    Ferfelina Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2015
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    48
    Пол:
    Женски
    Истото се случува и кај нас...
     
  8. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.994
    Допаѓања:
    14.384
    Пол:
    Женски
    ќе видиме здравје другата зима во новата куќа како ќе се покаже. Таму има подобра изолација со дупли ѕида. Пошто читам дека е лошо изведена изолација
     
  9. Ferfelina

    Ferfelina Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2015
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    48
    Пол:
    Женски
    Ајде ќе се најде решение ... секое добро
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.040
    Допаѓања:
    168.163
    сето има врака со изолацијата
    напротив климата го суше воздухот нема шанси од неа да има влага
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  11. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.669
    Пол:
    Женски
    Инвертер клима, зборам за најголемата, со добра изолација, дали би постигнала топлина и во другите две соби, доколку е поставена во дневна? Зборам за околу 50м2 вкупна површина на стан.
     
  12. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.573
    Допаѓања:
    39.505
    Пол:
    Женски
    Да
     
    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    8.565
    Подобро две помали клими, штом се повеќе простории. Со еден инвертер секогаш ќе имате пониска температура во собата што ви е најдалеку, без оглед колку е јак.Така барем нас не подучија.
     
    На cresa-jagoda и "Zoki" им се допаѓа ова.
  14. %Elena%

    %Elena% Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2019
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Dali inverter klimite gi isklicuvate primer koga ne ste doma 2-3dena ili ja ostavate na odredena temperatura?
     
  15. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.112
    Допаѓања:
    110.957
    Пол:
    Женски
    Свекрва ми има инвертер клима и кога доаѓа кај нас на викенд (во друг град живееме) не ја исклучува, само температурата ја намалува.
     
    На %Elena% му/ѝ се допаѓа ова.
  16. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.573
    Допаѓања:
    39.505
    Пол:
    Женски
    Не сум ја исклучила од кога почнавме да се грееме. Кога не сме дома или навечер, само ја намалуваме.
     
    На 24.07 и %Elena% им се допаѓа ова.
  17. Kataklinkers

    Kataklinkers Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    1.499
    Допаѓања:
    9.187
    Не, кога ќе си дојдеш дома ладно и додека загрее ќе потроши колку 3 дена греење. Ако има wifi модул ќе си ја регулираш преку мобилен.
    Зависи од распоредот, 50м не е многу може да загрее и во друга соба.
    Подобро една јака јапонска клима, отколку две послаби. Во другите соби кои се за спиење и така не треба повисока температура.
     
  18. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    8.565
    Зависи. Ако сакаш солидно да загрееш детска соба каде детето ти престојува поголем дел од денот, тогаш мораш да ставиш и таму. Ти пак стави си два "јапонци", со тоа што едната ќе ти биде 3,5 а другата 2,5.
    А доколку сакаш поинтензивно греење само во дневниот престој кој ти е во целина со кујна, а имаш една спална која служи исклучиво за спиење, тогаш ставаш една појака клима со идеална позиционираност (да дува накај спалната) и завршена работа.
    Во секој случај се зема во предвид распоредот, изолацијата на станот и комодитетот кој сакаш да го постигнеш. Кај исти квадратури а различни распореди на стан и функции на соби, не мора да значи дека ќе помине истата формула.
     
    На "Zoki", cresa-jagoda и Ferfelina им се допаѓа ова.
  19. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.579
    Допаѓања:
    40.007
    Пол:
    Женски
    Не верувам. Особено не ако е прекршен простор.
     
  20. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.866
    Допаѓања:
    25.311
    Пол:
    Женски
    Ние земавме инвертер , на Мидеа , го вклучивме на греење во декември месец и до денес воопшто не е исклучен ( пред тоа не бевме дома еден месец ) . Температура не постигнува , на 26 степени е поставен ама никако да постигне температура . Можеби дека не бевме дома еден месец ,а и сами сме горе , чичкото на мм се под нас , иако имаат и тие поткровје веднаш до нашето , но не го загреваат сеуште немаат потреба . Од таа причина докупивме и панели ( секако ни беа потребни за кај децата во соба ) и едниот е исто како и инвертерот , постојано вклучен . Бидејќи децата се многу мали , 6 , 4 и бебенце од 2 ипол месеци , мора постојано да е топло дома , навистина со дрвата беше потопло , ама кога си со деца е полошо со дрва ( ризикот да се изгорат на печката е огромен , на страна што е многу понеуредно и понечисто со дрва , и многу далеку ми беа дрвата , имам пишувано дека куќава е како зграда без лифт , што се би можело да се случи додека јас се вратам со дрвата од долу , не сакам ни да мислам ) . Сметката за струја е горе - долу иста како кога имавме две термо печки , можеби нешто помала . Здравје за долу кога ќе се селиме , се мислиме за подно греење со печка на пелети , можеби најпаметно решение ќе биде ( спратот е двојно поголем од моменталниов ) со оглед на тоа што еднаш инвестираш и го решаваш греењето за барем наредните 20 години . Не дека не сум задоволна од инвертеров , одлично грее , одлично лади , само проблемот е што само ние загреваме а над нас има ќерамиди и пвц плех . Џабе е изолацијата , кога немаш грејна поддршка барем минимална .