Феминки, дали некоја од Вас користи пелети за греење или дали познавате некои семејства кои користат печки со пелети? Ми се допаѓа како функционираат но малку предобро звучи па сакав да споделам искуство. Бидејки живееме во стан, ми одговара тоа што нема пепел при согорување, моментот што се палат на копче и со тајмер за разлика од палење огин (што никад не ми успеало ) итн. Купување на печката не е голем проблем, за една зима би се исплатила инвестицијата ама фактот дека истите работат само на пелети не ми се допаѓа. Може да им текне на производителите да се растурат (како и повекето фабрики кај нас), може ке качат цена па да биде бадијала инвестиција итн. Би сакала да го слушнам Вашето мислење.
Еве го вебсајтот од печките: http://www.ecospar.com.mk/mk/products.html Фабриката за производство на печките е во Охрид. Според нив, извезуваат во Европа 3-4 години, кај нас почнаа од лани да ги продаваат. Нивна препорака се некои српски пелети бидејки квалитетот бил загарантиран (одреден процент на влага, соодветен лепак, процент на компресија итн.), инаку веке има некои мали фабрики кои ги произведуваат и кај нас. Пелетите се продаваат на сите бензински на Макпетрол, во Туш, Веро итн. Печките имаат контејнер во кој се ставаат пелетите. Една кеса од 15кг е доволна за отприлика 2 - 3 дена, зависно од тоа колку часови работи печката а чини 200 денари. Електронскиот дел од печката е “задолжен“ за спуштање на мали количини на пелети кои постепено согоруваат. Има и вентилаторче кое додатно го дува топлиот воздух. Може да се приклучат на оџак ако има, ако не, доволно е да се направи отвор на надворешен ѕид Ф80мм, како за клима. Фирмава имаше дуќан на улица Македонија спроти куќата на Мајка Тереза, незнам дали сеуште се тамо. Сето ова убаво звучи па ме интересира дали некој има искуство со конкретниве печки. ЕВН кожата ми ја одра, барем да сме се згреале, па размислувам за алтернативи
Гледам добро си информирана за печкиве и нас дома ни паднаа во око но исто не ми се допаѓа што е греењето само на пелети. Исто и јас помислив што ако за година две престанат да ги носат од Србија пелетиве, нема ваљда да идам до таму да ги купувам. Свекор ми и свекрва ми кои живеат под нас во куќава се греат на дрва и кога беа луѓе на почеток на сезоната за рутинско чистење на очакот баш ги прашував дали имаат некое искуство со печкиве и ми рекоа дека е моментална глупост на која бргу ќе и помине модата Сега ова се се шпекулации и јас сакам да чујам искуство од некој што ја користел печкава....
Божица, има фабрики за производство на пелети и кај нас, една е во Кочани мислам. Гледам по огласи се продаваат многу машини за компресирање пелети, бизнисот е по подем бидејки навистина во Европа се користат многу за разлика од тука. Кога ке пишеш pellets у google, излегуваат англиски, грчки, германски, хрватски сајтови на фирми кои го произведуваат ова биогориво. Екоспар иимаат склучено договор со фирмата од Србија бидејки ги произведува по повисоки стандарди за разлика од нашиве. Девојката од дуќанот ме уверуваше дека тие нема да престанат со снабдување пелети, вели дека кога се решиле на производство на вакви печки, мора да снабдуваат и со пелети. Држи вода до некаде него ШББКББ ако се затвори фабриката на Екоспар? Машина за перење од Горење може да ја поправи и мајстор од Кончар сервис, ама електрониката на печкиве незнам дали може да ја поправи некој друг, овие се единствени што ги произведуваат. Многу се мислам, имам многу фактори за и против печкиве. Како што ми пристигна јануарската сметка за струја 12200 ден, мноооогу се мислам. А пак не сме се згреале како треба. Не се ефтини ама ако функционираат како што е наведено, мене ми одговара. Во краен случај термото и климата и греалките се тука него работава беше да не фрлам 1000Е бадијала.
Се надевам некоја ќе се најде со лично искуство и ќе сподели со нас. Факт е дека куќа со струја тешко се затоплува иако ние немавме проблем со вака високи сметки како твојата, но со намера сме да направиме парно но на дрва.Знам дека ова е поелегантно решение но сепак не би до толку да експериметирам а и доста е скапа печката која има котел за парно.
Кај мене во една продавница за играчки ( 40м2) го има тоа чудо. Топло е само околу печката бидејќи дува тој вентилатор и тоа исто како кога дува клима. Па се чудев дали тоа толку грее или на толку степени е регулирана температурата. Друго што не ми се допаѓа а тоа е што кога ќе снема струја неможе да врти тој вентилатор така да пак остануваш без греење. Не ми е испробана оваа работа, скептик сум за ова.
Блиски луѓе се занимаваат со вакви работи и ми кажуваа дека многу ретко (скоро никој) да е задоволен од пелетите. Воопшто не топлат, а и некако не е здраво толку малку испуштање чад надвор да има, сепак согореното мора негде да оди, а најверојатно тоа останува во собата и вие го вдишувате. Зимава бев во една продавница и ја гледам продавачкава стуткана до печката. Се приближив јас и верувајте, кварцната печка грее повеќе од тоа. Не би ви препорачала. Сега сите земаат бидејќи стана тренд некако, но дефинитивно не е ефикасно и исплатливо
Во еден кафич во Дебар маало на летната тераса ова зимо за нас пушачите имаа ставено од овие печки на Екошпар и јас сум изненадена колку се добри и колку многу топлат(мислам дека имаа од најголемата таа која може да се користи за централно парно).Јас и сопругот сериозно размислуваме да си купиме и да си инсталираме една ваква дома затоа што до сега се ЛАДЕВМЕ на градско парно,а го плаќаме по 14000 денари.
Дали некоја од вас има по дома правено камин? Оние што се вградуваат, со стакло и после опшивани со гипс картон?Ако има некој ве молааааам лп, ми треба информација и бројче од некој добар мајстор. Фала
Сега како што ми е жешко ми станува уште пожешко, ама ај да напишам кога веќе прочитав и да дадам некоја корисна информација. Се грееме и дома и на работа со котли на еко пелети. Котлите се од оние што се за во подрум, не се од оние за во дневна, но ја имаат истата функција и едните и другите. Може да се пренаменат и за греење со гас. Многу по исплатливо е и од парно на дрва и на нафта, а и почисто. Дома работи 24/7. Направено е на тајмер само се вклучува исклучува, прави пауза кога ќе наместиш на часовникот. Чадот излегува во оџакот и воопшто не се чувствува мирис дека нешто гори и испушта мирис. Единствен недостаток е тоа што мора да се чисти пепелта што останува од согорување на пелетите на секои 2 дена.
Иако запролетува еве за тие кој што планираат да се грејат на пелети неколку интересни факти за истите: Производство на пелети Пелети карактеристики
zdravo kupivme kotel na peleti pa sakam da mi pomognete od kade mozam da najdam kvaliteten pelet i po koja cena i kakvo iskustvo imate so kotli na peteti mislam vo potrosuvackata vo 24 saati
Не купувајте воопшто пелети, бидејќи не можете да најдете стандардни, кои секогаш ќе бидат со ист квалитет. Јас би Ви предложил да купите семки од вишни, затоа што секогаш се исти, бидејќи се природни и не ги произведува ниедна фабрика. Исто така имаат поголема калорична моќ од пелетите, прават помалку ѓубре и што е најважно се дупло поефтини од пелетите, а ефектот е поголем. Може да се обратите на 070 366 897 и да добиете повеќе информации. Ова го кажувам од лично искуство. Откако ги открив семките од вишни не сум ни помислил на пелети.
Фиминки за зимава во новиов стан и ние разлислуваме за овој вид на греење. Пишете ми вие кои имате искуство.
Ајде тие што се греат на пелети ама не на кител со парно туку обично кумбе за пелети да ми кажат дали им испушта миризба кога дува ветер.Деновиве многу дува и забележавме многу грда миризба како на кинеска боја ако вк се има погодено некогаш собни влечки со таков мирис или пак имате влезено во кинески дукан,е баш таква смредеа.
Familija na mm se great na peleti , ama imaat kjumbe sto e so parno plus , iskreno prijatno e , celiot sprat e topol , peletite se palat na odredeno vreme , tie imaa namesteno na sekoi 20 minuti mislam , do sega ne sum primetila da mirisa nekako a i se nemaat pozaleno od kjumbeto . Go kupile pred 4 godini . I nie so mm planirame da zememe takvo , za drugata zima zdravje , so kaminot sto go imame tesko deka ke se snajdam , a i mnogu nered se pravi .
Прoект штo имaше зa финaнсирaње дa се земе грејнo телo зa греење сo пелети,кoлку пoстo нз беше дa плaти влaдaтa,имa некoј некoе инфo,кoј мoже дa aплицирa,кaде? И искуствa еве пoнoви oд греењетo сo пелети?
Мислaм декa уште немa тaквo нештo, вo нaјaвa е, нaјверoјaтнo oд следнaтa гoдинa. И јaс читaв зa тoa oти летoвo гo сменивме системoт зa пaрнo нa дрвa сo систем зa пaрнo нa пелети. Пa ќе видиме кaкo ќе биде.
Проектот е од 2017 година и е само во најава се уште не е ставен во законска процедура на расправа за да излезе во службен весник како закон. Инаку јас се греам на пелети и сум презадоволен