Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Греење со пелети

Дискусија во 'Дом' започната од Shana, 28 февруари 2011.

  1. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.125
    Допаѓања:
    20.287
    Пол:
    Женски
    (facepalm)(facepalm)(facepalm)
    Кога може некој да се грее на калорифер и да плаќа багатела струја.... јас секако дека можам со 1000 ден да поминам. Сме вложиле во екстра економични апарати затоа плаќаме малку струја. Готвам на специјален апарат мулти-готвач кој штеди многу, и сите останати апарати се штедливи. На лето и 800 плаќав, да не сакаш и доказ???
     
  2. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.742
    Допаѓања:
    145.178
    Тогаш треба да преиспитам што е работата.
    Само бојлерот е скоро секогаш вклучен,за шпорет и јас не внимавам.
    Сите апарати ми се А класа,освен сушарата Б.

    Да пуштам мм да види што е работата.:D
     
    На Dust и kukla21 им се допаѓа ова.
  3. izmislena

    izmislena Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2014
    Пораки:
    1.657
    Допаѓања:
    2.327
    Пол:
    Женски
    да, сакам доказ :)))
    затоа што цел живот кај моите - на штедење на евтина, на греење и готвење на дрва, никогаш не платиле помалку од 1500.
     
    На Antebellum му/ѝ се допаѓа ова.
  4. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Ние се грееме на клима. Имаме 2 инвертер. Во ладното плаќаме 7-10.000 за работа 24х7.
     
    На duffi му/ѝ се допаѓа ова.
  5. izmislena

    izmislena Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2014
    Пораки:
    1.657
    Допаѓања:
    2.327
    Пол:
    Женски
    ние 4000 во најладното. исто 24x7. Инаку 3000 макс.
     
  6. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Искрено не верувам дека убава топлина во домот може да се постигне, а тоа да чини толку. Јас сум реална. мене 2500 ме кошташе изминатиов месец кога релативно топло беше за една клима. Нема сила што ќе ме убеди дека за истите пари можам да ја имам истата топлина со две клими на минус 10.
     
    На jacqueline.s му/ѝ се допаѓа ова.
  7. izmislena

    izmislena Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2014
    Пораки:
    1.657
    Допаѓања:
    2.327
    Пол:
    Женски
    Не би чувала дете во ладно. Лани 2 месеци го чував внук ми и бања беше во двете соби. Можеби треба да се запрашаме која е енергетската класа на климата. Мојата е А++ за греење и А+++ за ладење.
     
  8. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.752
    Допаѓања:
    172.972
    Пол:
    Женски
    Се испокаравте за глупости :rofl:
    Абе женски памет..
    Што да кажам јас, сметка под 2200 за струја не памтам да имало.. па ни се грееме на струја ни ништо :^)
    Инвертерот, ако е правилно избран, е премногу економична опција. Исто така многу зависи и од изолацијата и поставеноста на станот..
    Патем, џабе се спукавте дали 2 или 3 соби греете кога не кажавте квадратура
    Мојата дневна со трпезарија е 40тина м2, ако додадам 2 соби од по 11, излегуваат 62-3м2, плус ходници кај што секако се губи топлина..
    Кај некој друг истиве 3 соби ќе бидат 40м2..
     
    На duffi и kukla21 им се допаѓа ова.
  9. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Во моментов на пазарот нема подобри од тие дома што ги имам. И не се Кинеско производство, главен предуслов зададен од професионалци. Како што кажав, нема шанси да ме разубедат во спротивното. Теотетски да направимр пресметка за 3,5кв со просечна цена од 5мкд (без ддв) за цена на струја и 18ч работа (нели инвертер и не работи кога ќе постигне) не може да се постигнат тие потрошувачки кои ги даваш.
     
  10. izmislena

    izmislena Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2014
    Пораки:
    1.657
    Допаѓања:
    2.327
    Пол:
    Женски
    Исто е и кај мене. Една соба 35+ квадрати, спална 15 квадрати и мала 10 квадрати. Плус ходник и вц што не ги рачунам.
     
  11. izmislena

    izmislena Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2014
    Пораки:
    1.657
    Допаѓања:
    2.327
    Пол:
    Женски
    Не зборам за подобри - туку за поекономични. Мојава клима е 65000 денари и кога ја купувавме особено ни беше важна енергетската класа.
    А дали може или не може да се постигне, си знаеме ние. Лично ги плаќам сметките, така што знам точно колку ми идело.
     
  12. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Прашинка, зборувам со факти јас. Климитр ми се поставени солидно и купени по препорака на сериозна фирма. нека троши 1кв нa секој ч тоа се 5 денари, за цел месец се 3000 денари мин по клима.
     
  13. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    И јас лично ги плаќам сметките и нема математичка логика дека толку трошат колку што пишуваш на минус 10,15.
     
  14. izmislena

    izmislena Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2014
    Пораки:
    1.657
    Допаѓања:
    2.327
    Пол:
    Женски
    Знаеш што? Си плаќам толку и точка. Јас продавам клими од некоја марка па да имам потреба да лажам? Мислам стварно?! Дај биди реална.
    Имаме вложено и во изолација, се грееме од сите страни од соседите и толку плаќаме.
     
  15. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Нема потреба од нервоза. Употреби малку аргументи во дискусијата. Им се потсмеваш тука ва луѓево со пелети што се греат, а за себе не си реална. Колку кв ти троши на 1ч климата по спецификација на режим греење? Колку ч во просек е во оперативен режим? Во отсуство на аргументи најлесно е да се лутиме.
     
  16. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.752
    Допаѓања:
    172.972
    Пол:
    Женски
    Него не ви е многу сумирано 18 часа на ден инвертерот да дува?
    Значи си ја губите топлината некаде на големо:^)
    Во другиот стан имам приметено дека дефинитивно не работи 18 саати собрано за 24часа
     
  17. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    @Petar80 каква печка на пелети имаш?

    Јас сум задоволна од парактичната примена на пелетиве, ама дека е ефтино не е.
    По 1,5 до 2 вреќи трошам на ден. 210 ден. за вреќа (просечна цена) значи од 315 до 420 ден./ден.
    Ме загрижува дали е добро наместена печкава.
    Подесено ми е да водата во системот биде 60 степени...а еве сега во моментов е 41 степен, а собната температура е 25,2 степени...во дневната каде што е печката. Во другите соби е помалку.

    Струја во август, па и септември платив по 3000+ денари.
    Како ви успева да плаќате по 1000-1500?
    Не готвам секој ден, не перам секој ден.
    Машина за садови секој ден, бојлер речиси секогаш уклучен.
    Дали фрижидерот за длабоко ми ја титтитт мајката???
     
    На Antebellum, Petar80 и Dust им се допаѓа ова.
  18. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.752
    Допаѓања:
    172.972
    Пол:
    Женски
    @sanjaeva премногу трошат фрижидерите за длабоко, нашиот скоро еден месец летоска не работеше, 800-900ден помалку сметка
     
    На sanjaeva му/ѝ се допаѓа ова.
  19. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.125
    Допаѓања:
    20.287
    Пол:
    Женски
    Еве ти доказ дека плаќам по 1000 ден струја.... а кога бев со клима, да не ја барам сметката, да видиш што е 6000 ден само за греење 2 соби. IMG_20161127_194937.jpg IMG_20161127_194937.jpg
     
    На GeoDidi му/ѝ се допаѓа ова.
  20. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.125
    Допаѓања:
    20.287
    Пол:
    Женски
    Извини што јас ти одговарам, ама да ти споделам искуство. Ние трошиме 1 вреќа на ден, 170 е моментално, беше 160, ги покачиле пак. Sparrow е марката... пробавме и 100% даб, поскапи, понезадоволни бевме. Температурата на водата ја чуваме на максимум 55 степени, некогаш и на 50. Дома ни е околу 22-23 степени, и толку ни е ок. Печката цело време е на единица. Проверете да не имате воздух во радијаторите... тоа може да прави проблем
     
    На Кате Катерина и Petar80 им се допаѓа ова.