едната е 3,5kw обична и ни стои во дневна ама ќе ја менуваме прва прилика за 5,5 инвертер. новата е вивакс аери, ни стои во ходник (голем многу е за жал) во близина на спалните. супер сме задоволни, по препорака од блиски што ја имаат ја земавме и стварно е супер
До денес и јас мислев на топлотна да се префрлиме летово (секако ќе мораме или на топлотна или пелети зошто инвертеров не постигнува за спална и тоалет а бебе ќе имаме ), но ме загрижува струјата што е усвет,по сметката денес .... Е сега читав дека топлотната има најмала потрошувачка но дали сепак се исплати на оваа качена струја? Во секој случај ќе биде врзано со радијатори ,има во станов,само дали топлотна, дали пелети. .. И ме интересира, што пишувате околу 3 тона од сезона, а колку е цената од тон?? Не се разбирам многу...
Нас ни е 50м2, но сакаме да се врземе со комшиите до нас со уредот по пола, но дали ова се исплати или парно на пелети... Прашај и плс пиши ни.
Јас трошам по 1 тон по сезона пелети , греам околу 40 квадрати од станот со печката , спалната не ја греам затоа што подобро спијам во ладно и би се губело топлина од ходникот до неа , ако ти е за таа квадратура печка од 6kw би била доволна
Сакам да ве прашам сите што се греете на пелети (или на котел за квадратура околу 180 квадрати) дали додека работи котелот/печката си дава звук и кога ја гасите си врти вентилаторот некаде 15мин после гасење(исто со звук) ?
Кога прашував пред некое време ми рекоја пелетите ќе биле 360,370 прескапо, стварно не знам кој ќе им ги купи по таа цена, со оглед на тоа што лани имаше со цена 170. 100% се поскапени
Во Скопје нема по таа цена, јас од Битола сум и 300 денари ни препорачаа од некоја фирма од Штип ама тоа пред еден месец, сега најверојатно и таму се поскапени пак.
Ако никој не ги купува, ќе им падне цената. Но кај нас тешко таков бојкот да има, пак луѓето ќе купуваат. Во Турција, вреќа е 150 денари, ама ем е забранет извоз, ем како физичко лице не можеш да добиеш дозвола за да ги увезеш тука, без разлика што нема да ги продаваш туку ти се за дома. Ние годинава ќе пробаме со инвертер. И струјата е скапа, ама пелетите некако поскапи излегуваат, бар нашава математика таква е.
И ние исто, многу луѓе што ги познавам веќе од оваа година решија да се преориентираат на инвертер токму поради цената на пелетите. Не е работата да се купат најефтините што секако и тие ќе се над 300 денари,а би можеле да ти ја запушат цела печка. Ја претераја со цената. До лани А1 класа во јули можеше да се најди за 210,220 денари сега тие се 370 што е премногу за наш стандард
Во Битола, рекордна цена од 400 ден. по вреќа. Ние, за жал не можеме на инвертер зашто цела куќа грееме на парно на пелети. За среќа најдовме А1 класа од Албанија меѓутоа не пакувани во посебни вреќи по 15кг, туку во вреќи по стотици килограми и доаѓа по 250-260ден/15 кг, но повеќе фамилии за да исполниме еден шлепер, за жал ова доаѓа како најисплатливо решение.