дали гребете од овие грепкиве? ја сеа си купив 3 од тие златни тркала и во сите 3 ми се падна по 30 денари, т.е си ги вратив парите, а во таа од 50 изгубив ме интересира ваши искуства?
Ау неее.....не памтам некогаш да сум купила грепка.Преголем скептик сум за на тој начин да си ја испробувам среќата.Не сега дека во никоја од игрите на среќа да не верувам,ама па во грепкиве некако најмалку.Гребам само картици за телефон.
Сум гребела ама ретко порано. И нормално дека не ми се падна ништо. Мене на кафе не ми се паѓа 50ден. пак не на грепка
хаахаха, мене баш на кафе ми се паѓа стандард 50 денари ама еве зависна станав од грепкиве, сеа ке го пратам тато да ми земе 3 со тие пари со ми се паднаа и си викам, подобро да ги трошам парите(ситни пари) на грепки, него ли на јадење шо ке ме здебели лол....
Немам многу среќа во наградните игри или грепките. Добро, ми се има паднато неколку пати 50 денари на кафе, или сум фатила на спортска три-четири пати, ама ситно
Imam mnogu sreka so grepki i skoro sekogas dobivam,tripati mi se pagjale po 500 denari,a skoro nikogas nekoja nedobitna,ama zboram za pred 3-4 godini,sega ne sum kupila,imam i onaka srekja vo naoganje pari,stalno si naogjam na ulica a nemam ic srekja na sportska,nikogas ne sum dobila nisto...
Јас сум најголем баксуз... не сум добила ништо ни на грепки, ни на спорткска, ни на бинго, ни на лото... имам играно и губено, сега веќе се откажав.
Не ги сакма многу овие игри на среќа и немам купено грпка ниту имам играно некоја игра на среќа многу одамна,понекогаш сум добивала по нешто ама ретко.Е да ова ке го заборавев последен пат играв лото сега новото што е(а немав играно може 3-4 год.) и добив 4-ка само си ги вратив парите
фала богу да има некоја како мене читам како сите имате среќа и велам а да се смениме само за гребење ?!
ма да бевте само вие...и јас сум во таа група,никогаш ништо не ми се паднало ни на грепка,ни на спортска...баксуз невиден,па на крај се откажав од тие глупости игра на среќа..аа игра на баксузз?
Е токму сега изгребав една што сестра ми ја купила и добивка 50 денара јеееее Не сум ти јас по игрите на среќа... мојава сестра е коцкар во душа ... но без добивка Ај да не зборам се лути сега ќе и купам уште една
Ијас никогаш не сум имала среќа во грепки, мојот татко на грепка има добиено повеќе од 10000евра али не тука во норвешка,еднаш купив 8грепки добив само 30ден .....
Немам некоја среќа во врска со наградниве игри, како лото, грепкиве или оние купони што се испраќаат. Неколку пати сум си ја пробала среќата.. ама ништо . Дедо ми, пензионер немаше човекот што да прави и беше вечен посетител во продавницата каде што се продаваа грепките. Некогаш губеше, повеќето пати добиваше. Не оти човекот се збогати, ама имаше занимација .
само еднаш се сеќавам дека добив, ми гледаа на кафе и ми рече жената оди купи си грепка ти гледам пари. Отидов си купив и добив 500 денари. Инаку тоа беше пред 3-4 години, од тогаш не помнам да сум купила
бидејки оваа година ми се падна паричката-т.е. ја делиме со брат ми , и нели по некое непишано правило треба да имам срека во игрите на срека, грепките уплатив лото неколку пати, и последниот пат за еден број не добив, а вака по грепките 2 пати по 30 денари