Голем баксуз сум со грепките и воопшто со сите игри на среќа. Не сум добила ни еден денар, па веќе и не играм, се откажав.
Единствен пат кога вакво нешто се паднало во мои раце е кога добив на подарок 2-3 грепки. Можеби се падна нешто ситно, 50тина денари или слично, но во секој случај не доволно за да почнам да купувам редовно.
Повеќе од 30 денари на грепка никогаш не сум добила... Што ќе ми се повеќе, сум ги вратила парите за грепката
Купувам кога ќе ми текне. Што се вика си ја тестирам среќата И за чудо некое си зимам парички Неколку пати имам земено по 100 денари а еднаш 1000
Некако немам навика да купувам грепки или да играм било какви игри на среќа. До сега имам добиено велосипед на наградна игра и некои ситни суми под 100 денари секако, и тоа е се нажалост.
Сакам да гребам грепки оти потсвесно се надевам дека и мене некогаш ќе ми се насмевни среќата, последно гребев 3 грепки на сите ми се паднаа по 30 денари и на последната 4-тата ништо, но не се откажувам
И јас сум играла со гребење на грепки и никако да добијам нешто. Но..ако немаш среќа во игрите..сигурно имаш во друго.!
Јас порано играв како мала и еднаш добив 1.000 и од тогаш не играм сега пак ќе си купувам, имам среќа
Имаше време кога се утепавме фамилијарно да купуваме бидејќи постојано добивавме по 30 денари и се исплатеше. Еее еднаш добив 500 денари и живи радости, ко да сум добила 500.000. Од дамна немам купено грепка, може ќе ми се посреќи и сега .
Имав еден ваков период во средно, лелее тогаш еднаш неделно обавезно земав по една и не ретко се дешаваше да ќарам 90 денари (100, зависи од која грепка сум зела) што ми беше доста чудно со оглед на фактот што у принцип ич немам среќа со овие игриве на среќа. Поголеми добивки ми се немале десено како и да е, се вадеше за две кафиња шо беше и те како добредојдено зашто не памтам период кога сум идела повеќе на кафиња од средно школо
Мајка ми купува и стално и се паѓа по 50 денари, па иде се враќа да ја замени по нова, и на крај ко обично без добивка
Секогаш кога имам пари во мене купупувам, ете вчера купив и пет пати се вратив да ја сменам и 6тата ништо не ми се падна. Спојлер ама знам,осеќам дека ќе добијам некоја награда,затоа и грепкам и играм бинго
За нова година со дечко ми додека чекавме едни пријатели зедовме грепка т.е тој зеде..Ни се паднаа 200 денари потоа за тие зеде уште 4 и така си играше и на крај остана на 25 ден.и ми вика лелее можевме да си се почастиме кафе а еве сега че си се честиме мастики
Пред недела дена си купив неколку грепки и ми се падна на една 100 денари и на другата 30 денари. И ги заменив парите за грепки, и пак гребев и ништо не ми се падна.. Ова кога ќе почнеш како зараза е