Со другаркиве дадовме пари и купиме...ништо...и одма после пак...како зараза тие грепките....Ама никогаш ништо....Јас замене да си кажам дека сум бакцуз и дека до сеа ама баш ништо ми се нема паднато.
Јас сакам да се обидам еднаш барем. Дечко ми секогаш ми љубоморел како на игрите на среќа во игрите кои ги игравме (daily bonuses и слично) секогаш сум успевала да стигнам до најголемата награда и секогаш ми велел да пробам барем еднаш. Ама ете, од пред НГ пробвам, никако да пробам.
Имам земано неколку грепки едно по друго. Т.е ми се паѓале пари колку за уште една грепка и ништооо А често купувам
Вчера на гребка некоја со коцки, вајда среќни коцки. се вика, ми се паднаа 200 денари. Тоа се воедно и првите пари во животов кои сум ги добила а не сум ги заработила
Еј кул! )) Јас едно време почнав секој ден да си купувам по една-две грепки, па ме фати паника дека сум се заразил и ги баталив хахахахаха. Сега не се сеќавам кога последен пат сум купил, ама да речам дека е пред некои 2 месеци. Паметам дека беше цееееееееел круг на гребење. Земам една-30 денари, па друга- исто и така неколку пати, за да на крај КОНЕЧНО изгребам НЕДОБИТНА. Пред некој ден уплаќав лото и сакав да си купам една грепка, ама кога ми кажаа дека 40 денари малку се подзамислив и одлучив да не земам. Од 30 немаа па затоа се поскржавив... Секогаш се чудам, инаку, на оние кои добиле на грепки, на лото и слично. Цееел живот играм, а никако да добијам.
Е а мајка ми редовно купува гребки и обавезно си фаќа по нешто ситно, и цел живот игра лото. Еден ден кога ќе ја фати таа опасната седмица, ти ветувам ќе се частиме како ние да сме ја фатиле. Да го почуствуваме филингот на пари од "небо паднати"
Хаха уплати, никогаш не се знае Цацка моја (мајка ми) си ги чува и старите ливчиња, никогаш не ги фрла и на секое извлекување сите што ќе и дојдат при рака ( стари) ги проверува хахахах
Абе луѓе, постојат ли уште овие работи? Имам едно 500-600 денари за "фрлање" ,па си мислам да си купам едно 10-15 грепки. Другарка ми збореше за едни од 40 или 50 денари, демек со повеќе можности за добивка, да не знаете како се викаат? Или било какви да ми препорачате да си земам, зошто изгледа немам попаметна работа.