Луѓе по Скопјево има добитни грепки воопшто? Немам слушнато на некој од тука да се падне, па да знам дали да се заиграм периодов или не. /
Зависи за колкави и какви мислиш.Оние поситните 500,1000,1500,3000,20.000 ден. и се паѓаат редовно на мајка ми.Ете таква и е среќата на жената,обавезно нешто ќе изгребе,ако ништо друго ќе си го врати вложените.
Освен на пиво фест пред неколку години шо ми се паднаа 1000ден за роденден, друго ништо не ми се паднало. Викаат од некое тобако во Капитол често се паѓале награди.
Јас неколку пати бев во Капитол по грепки и никако да ми се падне. И секогаш ден-два отпосле ќе ми излезе извештај на страната од Лотарија и тоа баш од Капитол дека изгребале асална сума. Душа ме боли .
Јас прв пат кога купив од оние Макси Златна Рипка на едната изгребав 1000ка, и на другите по нешто ситно, на Дијамант ми се погодија скоро сите прстени и ја у несвест ќе паднев, кога ги изгребав сумите некој ситниш, се на се дали 400 денари имаше. Од тогаш имам купено уште еднаш два пати Златна Рипка и ми се паѓаат обавезно по 80 денари барем. Поголема среќа од 1000ка сум немала до сега.