1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грета Тунберг – климатска активистка или изманипулирано дете?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Someonespecial, 25 септември 2019.

  1. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Па и Харисон Форд лани имаше говор во кој нагласува да се престане да им се дава моќ на луѓе кои не веруваат во науката, нешто слично како што и Грета вели „слушајте ги научниците“. И неговиот говор е онака страстен, ништо ново не кажува, ама и ништо погрешно. Исто така нема ни мемиња, ни булинг низ социјалните мрежи за него.
    Најмногу ги боли и тригернува дека е тинејџерка во прашање, во случајов според мене најголем е хејтот и недовербата кон младината што ги обединува многу од овие конзервативни фигури, science deniers и теоретичари на заговор/скептици на кои најбитно им е кој стоел зад неа.
     
    На mkdvesna, candy.cane, dayla и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Стара вест е веќе Грета. Толку траеше. Нешто ново нема ли по нетов?
     
    На eliesaab и WildMk им се допаѓа ова.
  3. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.261
    Пол:
    Женски
    Тоа е и проблемот со секоја вест во ова време, само останува како вест и секој ја заборава наредниот ден.
     
    На WildMk, Nausicaa и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  4. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Не е веќе ни толку важно на каков начин човековото општество ќе се освести - било преку нас научниците со валидни факти и истражувања, или преку активистите со зборови и емотивните говори.

    И свесна сум дека истовремено е многу лицемерно тоа што кога човештвото се соочува со било каков проблем, секогаш се очекува од науката, односно научниците практично да ви ги решат сите проблеми.

    Досега на светската сцена се изјаснувале и научници и активисти. И покрај тоа што тврдите дека никој не ги слуша научниците бидејќи не сме movie star level популарни, туку дека активистите/celebrities се оние кои имаат моќ да привлечат глобално внимание, тогаш зошто нашата планета и понатаму е загрозена?

    Бидејќи како што кажа и @Bridget во слична конотација, светот секогаш вака ќе реагира за секое научно предупредување и за секој активистички говор: old news treatment, барем додека не настапат сериозни последици од кои сите ќе страдаат.

    И научниците и активистите не се наоѓаат на врвот од хиерархијалната пирамида, односно не се релевантниот фактор кој одлучува за иднината на целиот живот на оваа планета.

    Единственото прашање кое го содржи одговорот е дали овие проблематики се и од каков аспект влегуваат во плановите на светските политички сили, но ни во таа опција нема надеж бидејќи најчесто и тие се параноични и ги перцепираат овие проблематики како обична измислица за да се намали економската моќ на одредена светска сила која е нивен ривал.

    Секако дека нема да имаме никаков прогрес кога од една страна, обичниот народ ја третира оваа проблематика како old news, додека од друга страна, политичките сили ја третираат оваа проблематика како fake news.

    Само научната заедница има капацитет да ја перцепира оваа проблематика на објективен и реален начин, меѓутоа истата нема доволно моќ бидејќи како прво, нема популаризираност како одредени активисти/celebrities, и поради тоа што политиката неретко ја игнорира и злоупотребува науката, односно доаѓа до манифестирање на концептот на politicization of science.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  5. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    14.667
    Допаѓања:
    116.481
    Пол:
    Женски
    Ни Леонардо ди Каприо,ни Џејсон,ни Грета не се научници,но можат каде сакаат да ги изнесат нивните мислења.Но,во јавноста нивните говори се подготвени од други и тоа со несоодветен речник.
    Обвинувањето на сите и раскажувањето на црни сценарија кои нема да се случат во брзо време не се добри начини да се разбуди еколошката свест.
     
    На eliesaab и Feminka22 им се допаѓа ова.
  6. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.124
    Пол:
    Женски
    Бидејќи си многу паметна кажи ни кој е добар начин да се разбуди еколошката свест?
    Тоа што нема да се случат утре не ги прави помалце битни.
     
    На mkdvesna, candy.cane, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  7. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    14.667
    Допаѓања:
    116.481
    Пол:
    Женски
    Не реков дека не се битни.
    Но,ако го напаѓаш народот со преостри зборови,нема да те слуша.
    И децата од Африка плачат за вода,па ретко кој ги слуша.
    Треба да се разбуди интересот кај народот,но со внимателно одбрани зборови.
     
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    The Planet is fine...
    The People are Fucked!
    -George Carlin
    Поарни зборови од овие, неам слушнато.
     
    На dayla, Elen4e_sonce, Annath и 6 други им се допаѓа ова.
  9. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.185
    Допаѓања:
    57.732
    Пол:
    Женски
    Оф мори мајко мила. Прво напоменав дека на форум никој не искоментира а ваму за Грета се испишаа 12 страници. Па такви сочни епитетчиња и се дадоа и тоа баш од тие што се pro family и тие што рака сечат за деца. Ненормална, болничка, екотерорист, размазено детиште, неурачунлива, ваква таква. Искача Момоа со уште порадикален став - штама. Ме интересира зошто е тоа така, иако веќе го знам одговорот, @Someonespecial убаво го даде.

    А за коментарот погоре - јасно е дека ќе има негативни коментари. На Нобелова награда за мир можеш да прочиташ негативни коментари, а за друго да не збориме. Ме интересира зошто овде никој не го коментира неговиот изглед или психичко здравје - туку воглавно коментарите се дека не му е местото кај што го кажал тоа. Зашто не се чепка во негов приватен живот?
     
    На candy.cane, Annath, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    1.232
    Пол:
    Машки