1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грета Тунберг – климатска активистка или изманипулирано дете?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Someonespecial, 25 септември 2019.

  1. edenandrej

    edenandrej Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    931
    Пол:
    Машки
    Да се коментира за нејзината возраст и нејзината ментална состојба не е шовинизам туку здраворазумен потег. Малолетник без завршено средно образование и без право на глас (мислам дека постои причина зошто гласачкото право се стекнува на 18 години или не?) и лице со синдром кој меѓу другото се манифестира со фиксации (загадувањето!?) го форсираат да биде глас на разумот, експерт во областа на загадувањето и лице за борба против "неодговорниот естаблишмент жеден за пари". WTF? Во што се претвори светов? Во едно големо риалити шоу во кое веќе никој не се прашува дали некој е експерт во одредена област туку колку пореволтирано ќе изгледа.
    Постојат стотици експерти во оваа област со различни мислења, секоја година во ОН и други организации има дебати и предлози, во развиените земји се воведуваат стандарди кои претходно ги немало. Сигурно и земјите во развој сакаат да ги следат тие стандарди ама сега за сега не можат (чудно Грета не зборува за нив во своите обраќања туку обично се фокусира на развиените земји). Првиот пат кога настапила имала искрени намери, а откако добие реакции во јавноста нормално невладините организации кои работат на разноразни агенди ја имаат ставено под свои закрила за свои цели. Еве сега сите зборуваат за нејзиниот конфликт со Трамп на пример, а говорот е во втор план. Говорот патем е полн со празни фрази склопени да предизвикаат емотивни реакции кои нема да донесат никаков конкретен резултат. Или можеби ќе донесат? Можеби следниот одмор повеќето од нас ќе одиме со помош на соларни јахти, електрични скутери или параглајдери? Можеби ќе користиме мобилни направени од рециклирана хартија наместо мобилни кои содржат жива, кадмиум и останати отровни материјали? Грета се претвори во еко терорист и воопшто не е симпатична. Ама нема врска, откако ќе и опадна популарноста, невладините ќе најдат некој 6-годишен Мексиканец или параплегична Индијка која ќе не направи за момент да се почувствуваме виновни заради начинот на кој живееме. Ова помодарство со истакнување на проблемот со глобалното затоплување се повеќе ми личи на изборите за мисици во минатото кога секоја мисица викаше дека посакува да има мир во светот.
     
    На scorpias, Scorpiongirl12, Billy Idol и 11 други им се допаѓа ова.
  2. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Холивудските актери не се прославија нешто повеќе со зборење и активизам на тема -климатски промени, Лео го имаше и во National Geographic, па сега почнаа со деца. Да се засили на емоции плус со синдром или болест, плус драматичен настап. Нема грешка, светските лидери ќе се насолзат од говорот и веднаш ќе почнат со акција. Само донации ќе се вивнат за кратко, ништо повеќе.
     
    На scorpias, oblace1, danichap и 7 други им се допаѓа ова.
  3. edenandrej

    edenandrej Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    931
    Пол:
    Машки
    Добро си забележала. Глумците не успеаа, па сега децата се на ред. Категории на луѓе кои треба да допрат полесно до обичниот човек. Зошто овие кампањи не ги водат експерти во тие области или така нема да разберат обичните луѓе или нема да биде доволно драматично?
     
    На Feminka22 и orevokrsacka им се допаѓа ова.
  4. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.882
    Допаѓања:
    52.864
    Пол:
    Машки
    Океј и што е проблемот? Не е у прашање политичка кампања па да се мрчи дека била искористена за политички цели. Поентата си беше на место, на сите ни треба еколошко освестување ( у што длабоко се сомневам дека ќе се случи)
     
    На CameliaMiller, WildMk, smooch и 7 други им се допаѓа ова.
  5. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Ако ти треба еколошко освестување, имаш интернет, отвори видеа, текстови, упростено да разбере обичен народ и ќе дознаеш што ти како единка можеш да сториш. Колку мислиш дека ќе ти трае "освестувањето" од говорот? Колку што траат емоциите после изгледана тажна сцена на филм или после радоста заради седмо место на Евровизија.
    Ама нема да отвориш, ни ти ни оние што се акаат со дискусии за Грета.
     
    На Billy Idol, dunika, christinnn и 6 други им се допаѓа ова.
  6. edenandrej

    edenandrej Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    931
    Пол:
    Машки
    Токму тоа е проблемот. Политичка е кампањата. Во моментот кога ти ќе излезеш и ќе речеш дека ВИЕ НЕ ИЗНЕВЕРИВТЕ покажувајќи прст кон одредени светски лидери си навлегол во политичка кампања. Погледни и го Твитер профилот за да ти станат појасни работите. Не е возможно да не се замеша политика во ова кога бараш нешто од политичарите.
    Еколошко освестување ќе има со подобра економија. Еве види кои земји се најеколошки - најразвиените (освен можеби некои најутепани каде што немало никогаш индустрија). Вчера видов интересен податок дека во ЕУ има околу 450 централи што користат јаглен а планирани се да се градат уште 5-10 во следниве десетина години. Во Кина има 1000 и планирани се да се градат уште 1000 во следниов период. Е сега оди во Кина и кажи им да прават струја на соларна енергија или на ветер. Да и они пробуваат да намалат загадување, ама сакам да кажам дека не може да се сопре прогресот комплетно заради тие емисии на гасови. Треба да има баланс се согласувам, ама убаво решение нема.
    Да не терам политика, но ќе морам. Убав пример за вакви настапи имавме и тука во Македонија. Пред некоја година одеднаш се ангажираа неколку невладини за да и предвидат крај на Македонија заради загадувањето (да ситуацијата е лоша се согласувам). Се бараа мерки ова она, а на нивните барања се надворза и сега владејачката партија која вети чист воздух и итни мерки. Еве поминаа три години од тогаш, мерки освен слични на тие мерки кои ги воведуваше претходната власт нема. Невладините замолкнаа (иако еве сега некои пак се активираат ама не се истите а и не се толку гласни). Нели е логично ако пред 3-4 години Македонија беше на раб на умирање и се закануваа со радикални потези тие што протестираа, сега да бидат уште порадикални?
    И тогаш и сега викам дека треба сериозно да се пристапи кон овој проблем, дека мерки како субвенционирање тротинети имаат минимален ефект. Проблемот е сериозен и повеќеслоен и очигледно ќе треба подолго време за да се среди ситуацијата, а најголем проблем е слабата економија и финансиска моќ на граѓаните иако и менталитетот игра улога до некаде.
     
    Последна измена: 26 септември 2019
    На candy.cane, slobodka, Tajnaotrovna и 2 други им се допаѓа ова.
  7. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.882
    Допаѓања:
    52.864
    Пол:
    Машки
    Бриџито мене не ми треба Грета за да знам што треба но можеби после говоров оној шо фрла кревети у Вардар ќе си рече еј у пизду матер паметно збори девојчево. Можеби, не викам дека сигурно ќе биде тоа но зошто да не се проба да се делува на свеста на луѓето преку вакви ликови.
    @edenandrej Па види друже, се појавија клипови каде што Бразилците намерно ја палат Амазонската шума по наредба на претседателот им тамошен. Светските лидери ништо не направија по ова прашање така да не треба да ги жалиме дека биле критикувани.
     
    На CameliaMiller, WildMk, Lella и 5 други им се допаѓа ова.
  8. edenandrej

    edenandrej Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    931
    Пол:
    Машки
    Што знам, бразилскиот претседател рече дека НВО-ата ја палат шумата намерно (и тоа има логика - еко-терористи бараат внимание). Без разлика, ете и во тој случај малку си одземав од своето скапоцено време (хаха) и прочитав така бегло во врска со проблематиката. Испадна дека секој година има пожари во оваа огромна област, податок кој никој (освен можеби Грета?) обичен човек не го знае. Оваа година биле 15-20% поголеми од вообичаеното (значи не беше до толку од епски пропорции како што известуваа некои медиуми) Втора работа, пожарите вообичаено намерно ги предизвикуваат фармери за свои потреби (слично како кај нас кога ги палат нивите па излегуваат од контрола или одредена делови од планина за да може да сечат дрва) иако има и природни пожари. Трето, светските медиуми, повторно поддржани од актери и забавувачи, ширеа драматични порако дека белите дробови на планетата умираат и го критикуваа претседателот на Бразил (пази случајност, истите групации го мразеа претседателот кој дојде на власт лани заради неговите почитички ставови) дека сака да не умре сите ширејќи сликички дека 20% во светот доаѓа од таму за да испадне дека бил 1 до 5%. Ете зошто не кажат колку загадува Индија, Кина или некои други земји, или тие не им се поклопуваат во нивните агенди. За мене сето тоа се политички игри. Во моментот кога ќе се појави некаков проблем, првите реакции се најискрени, а после тоа навлегува политика и поделби и обиди да се ќарат политички поени или да му се наштети на политичкиот противник.
     
    На candy.cane и slobodka им се допаѓа ова.
  9. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Мене ми е јасно дека сите барате идол, некој околу кого да створите култ, да зборите "леле Грета, браво за неа", да имате некого зад кого да застанете, да има некој да се бори наместо вас за да не морате вие.
    Не иде така. Говорот на Грета беше емотивен распад. Девојчето го ставија во средина на политичка игра, препирки од двете страни. Едните ја туркаат напред, другите со навреди ја омаловажуваат и рушат. Замислете како влијае на психата на 16 годишно девојче тоа. Аспергеров синдром е познат и како "болест на малите професори" бидејќи децата кои живеат со синдромот се префокусираат на нешто и многу често се случува уште од мали да станат експерти за некоја област. Животот и го уништуваат, ама битно вие има зад кого да застанете. Таа е дете, не би требало да го прави ова.
    Добар thread што секој треба да го прочита https://threadreaderapp.com/thread/1176175561670049799.html
     
    На Feminka22, dunika, Lolipop23 и 7 други им се допаѓа ова.
  10. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.468
    Допаѓања:
    82.144
    Пол:
    Женски
    Малата е производ,не е хероина.
    Зелените капиталисти имаат нова играчка/средство преку девојче со посебни потреби кое мисли дека се бори за праведна цел.
    Детево треба да го заштитат,а нејзините родители да сносат одговорност за ова што и го прават.
    Па и Шведска и даде титула Жена на годината,дете е ова, дете.
     
    На candy.cane, Biljarkata, oblace1 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Социјалниве мрежи треба да се забранат, им ги поматија умовите на луѓето. Некои земале да се зафркаваат на сметка на 16-годишно девојче, исто така верувам дека и самото девојче под влијание на социјалните мрежи се разочарало и станало SJW, наместо со повеќе позитива да гледа на животот, многу погрешни идеологии и гадна пропаганда циркулираат низ нетов, достапни за сите.
    Грета треба да се остави на мира, девојчето си е паметно, сака некако да им помогне на планетата и на човештвото, но луѓето кои стојат зад неа треба да бидат прозвани.
     
    На Feminka22 и WildMk им се допаѓа ова.
  12. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.251
    Допаѓања:
    124.595
    И кога ќе ги прочитам на ФБ, сакале ќерката да им биде како Грета... Девојчето е со психички проблем. Да и кажете нејзе дека слушалките за музика прават проблем, на истиот наччин ќе се опедне и исто ќе зборува како ова. Она е маша.
     
    На An-na, oblace1, danichap и 2 други им се допаѓа ова.
  13. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.185
    Допаѓања:
    57.732
    Пол:
    Женски
    Точно, се согласувам и јас. Има премногу документарки и емисии за тоа колку се давиме во ѓубре. Али факт е дека многу од народот не гледа. Не гледам ни јас за ова, повеќе ме интересираат историски и воени искрено, џабе ќе викам дека пратам ситуација кога не го правам тоа.

    Освен науката која стои зад климатските промени, за тоа да биде видено и чуено од народот потребен е и добар презентер на истото. За мене најубаво е да се настапи тимски, да има и луѓе зад науката, ама и добар оратор. Затоа и глумци, интелегентни деца и секој кој знае да предизвика реакција со зборување не треба да се изостави.

    Тоа му доаѓа како муабетот у серијата Чернобил што Легасов му го кажа на Шчербина "They heard me, but they listened to you. Of all the ministers and all the deputies. Entire congregation of obedient fools, they mistakenly sent the one good man. For God's sakes Boris, you were the one who mattered the most".

    Еве и Чернобил за компарација - сите "знаевме" што биднало и како таа радијација ни наштетила ама серијата мислам дека допре до секој човек. Станавме вистински свесни што ни направила таа експлозија. И за ова да се стави во таков формат сигурна сум дека ќе има поголем ефект.

    И еден човек да опаметила, доволно е. Затоа што пак ќе повторам - пораката е најбитна. Дека тонеме у ѓубре.
     
    На CameliaMiller, WildMk, candy.cane и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    SJW е slur, погрдна и подбивна етикета која конзервативци и центристи ја користат за личности „навредени и тригернати“ од сешто. И ти ја навредуваш со истата.
    Девојчето освен што е ќерка на оперска пејачка и актер (на што сите обрнаа внимание), e и подалечен потомок на научник кој се смета за основач на физичката хемија и е прв шведски добитник на Нобелова награда за хемија. Дел од неговото животно дело е поврзано токму со климатските промени - истражувал за емисијата на јаглерод диоксид, ефект на стаклена градина и слично:
    https://www.bbvaopenmind.com/en/sci...arrhenius-the-man-who-foresaw-climate-change/
    Така да далеку е од обично дете разочарано од социјални мрежи, ниту пак има некакви „гадни идеологии“ тука, туку во таква семејна средина се запознала со вакви научни факти.

    @edenandrej, за во Бразил единствено навистина фејк беше видеото со прскањето на шумите - не било од сега, ниту пак во тој контекст, и луѓе од таму одма демантираа. Истите луѓе, куп Бразилци на твитер објаснија убаво дека за состојбата со денови не се зуцнало во медиумите, дека во неговото претседателствување драстично се зголемени пожарите итн.
    Болсонаро е монструм - во смисла на alt-right идеологија, алчност, незаинтересираност за средината - на кој ниеден разумен човек не би му верувал ни збор (и ич не ми е гајле колку емотивно звучи ова).
    Ти велиш „WTF, каде отиде светот“ зашто 16 годишно девојче со Аспергер страсно и гласно го кажува мислењето за реален проблем пред светот, јас истото го велам по повод тоа дека на 64 годишен маж (формално „здрав“) со тешки насилнички, дискриминаторски и фашистички тенденции му е дадено и трошка моќ, а не па да е претседател на држава, и некои како тебе го рационализираат тоа. Fair enough :)
     
    Последна измена: 26 септември 2019
    На Feminka22, CameliaMiller, WildMk и 9 други им се допаѓа ова.
  15. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.685
    Допаѓања:
    19.061
    Пол:
    Женски
    Девојчево одлично одглуми (highfive)
    Сигурно и Оскар за најдобра глумица ке земе :party:
    Коа ке порасне ќе свати дека била злоупотребена и на големо изманипулирана
     
  16. edenandrej

    edenandrej Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    931
    Пол:
    Машки
    Секој што не се согласува со агендите на групациите кои ја ставија под своја контрола Грета е нарекуван фашист, монструм, дискриминатор, шовинист и што уште не. Мислам дека со ваква реторика нема ништо да се постигне туку ќе се зголеми поделбата меѓу луѓето. Тие политичари се изгласани на избори од гласачи и нивната волја треба да се почитува (на гласачите). Од друга страна агресивните квази левичари многу пати покажуваат дека не сакаат демократија. Или ќе победи нивниот или ако не победи тогаш е секојдневно оцрнуван и му бараат причини да го тргнат од власт пред да го заврши мандатот. Болсонаро во Бразил стана претседател во Јануари 2019 а веќе е алчен монструм кој сака да го уништи светот затоа што имало пожари во Амазон (патем извадија десетици инфографици со податоци за тоа колку пожари имало во минатото и тие бројки не се ни од далеку различни). Очекувам во иднина да има посериозни конфликти на идеолошка основа затоа што едната страна не и остава простор на другата и настапува агресивно.
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  17. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Нема ништо погрдно во самиот термин како таков, зависи во кој контекст е употребен, не оти е пцовка. Барем еднаш кога ме цитираш не препишувај од Интернет и не драматизирај за да ми го извртиш постот.
    Однесувањето на луѓето од социјалните мрежи полека се проектира и надвор од нив, не се сеќаваш како беше пред 15 години, не беа толку застапени поделбите меѓу жителите кои преминуваат во омраза. Агендите на невладините организации се радикализираа токму на социјалните мрежи, исто така се најдоа на сечиј монитор. Девојчето не е исклучок на овој свет.
     
  18. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.185
    Допаѓања:
    57.732
    Пол:
    Женски
    Грета што сака да подигне совест за можни исходи од глобално затоплување е екотерорист, Трамповци, Бразилски Груевци и Заевци се baes.

    Ок.
     
    На Feminka22, CameliaMiller, WildMk и 8 други им се допаѓа ова.
  19. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    14.670
    Допаѓања:
    116.483
    Пол:
    Женски
    Не е во ред секое мислење спротивно на мислењето на Грета да го етикетирате како конзервативно.
    Јас сум присутна и на странски форуми и сум разговарала и со конзервативци кои веруваат дека има глобално затоплување и дека човештвото треба да стори нешто и со либерали кои не веруваат дека има глобално затоплување.Има и луѓе според кои затоплувањето не треба да се нарекува глобално бидејќи има делови од Европа во кои температурите опаѓаат.
    Сепак,и дете и возрасен да збори за оваа тематика е џабе.
    Сите сме јаки пред тастатури и камери,но никој не се покажува на дело.
    Оние говедана од ООН не ги боли уво за планетава.Американците се фатија планетата Марс да ја тераформираат.
    Нема права акција,па затоа нема реакција.
     
  20. edenandrej

    edenandrej Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    931
    Пол:
    Машки
    Нека подига свест колку сака со позитивна акција, не со ширење дефетизам, апокалиптични сценарија и повикување на соучениците да не одат во школо за да избегнат Doomsday. За тоа како ова експонирање ќе влијае на нејзиното здравје нека се грижат родителите (до сега не гледам дека нешто посебно се грижат) и Хиларовци, Берниевци, Кортезовци, Соросовци...
     
    На orevokrsacka, danichap, Cosmi и 1 друга личност им се допаѓа ова.