1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грета Тунберг – климатска активистка или изманипулирано дете?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Someonespecial, 25 септември 2019.

  1. edenandrej

    edenandrej Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    931
    Пол:
    Машки
    Треба да ги разгледаш НВО-оата кои стојат позади неа и нивните агенди како и нејзиниот заканувачки говор. И во таа сала не беа сите исти. Со Обама се смееше, со Трамп демек му се лути.
     
  2. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.468
    Допаѓања:
    82.146
    Пол:
    Женски
    Девојчево е панично уплашено,има фиксација дека ке умре за 10 год.
    Да го подржуваш наместо да го тргнеш од канџите кои ја користат и програмираат, значи патологија.

    Мајка и во меѓувреме издава книга за климатските промени, профитира од нејзината ќерка.
    Не е криво девојчево,не смее да ја повредуваат и навредуваат.
    Треба само да ја заштитат,друг да им биде пр на борбата,не болно дете.
     
    На danichap и Rebecca_R им се допаѓа ова.
  3. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.264
    Допаѓања:
    166.179
    Примерите на девојките од Азија, резултирале со промена. Колкава промена- тие што живеат таму си знаат.
    Светов е наводно разбуден на оваа тема веќе неколку децении, впрочем затоа постои и конференцијата каде зборуваше, и договорите што се потпишуваат ама никој не ги почитува. Дека утре Кока кола ќе рече: абе не е ок ова пластикава, пакуваме во стакло од сега, или сите ќе живееме како амиши- за жал, нема да се случи.
    Девојката се бори за своите идеали и идеалите се ок. Ама веројатно сиот тој медиумски притисок и прљавштина е премногу за неа, не оти е вакво или такво дете, туку оти е дете.
     
    На candy.cane и DAngel им се допаѓа ова.
  4. Skylar

    Skylar Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2019
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    466
    Пол:
    Женски
    Мислам дека девојчето е искористено за некои други цели за кои и самата не е свесна.Мало девојче кое знаа да држи емотивни говори,мада мене ми изгледа на лоша глума, предизвикува големо внимание.Не викам дека поената за заштита на земјата е лоша туку дека таа најмалку треба да се ангажира околу тоа.Толку младо девојче со толкава негативна енергија.
     
    На Simonss2 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    14.692
    Допаѓања:
    116.546
    Пол:
    Женски
    Леле,бре...
    Дај сфатете дека не може лице со Аспергеров синдром да го рамњате со луд или сенилен човек или пак тежок шизофреничар.
    На лицата со Аспергов синдром им недостига само емотивна интелигенција или им е многу мала.
    Можеби Грета е користена од НВО-а,но тоа не значи дека не е способна и самата да размислува или говори за климатските промени.
    Ако се збори за компетентност,актерот Леонардо ди Каприо е најмалку компетентен да говори за ова со оглед на неговиот лајфстајл,па нему не му се сипаа толку колку на девојчево.
    Да,тие црни сценарија нема да се остварат сега,а нема ни за пет години,но може да се остварат за 10,50,100 или 500 години.
     
    На CameliaMiller и Gosh им се допаѓа ова.
  6. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Јас не знам дали се сеќавате имаше пред некоја година вака млада девојка што говореше јавно за овие климатски проблеми и наеднаш исчезна. Дури ја гледав во документарец за мистериозно исчезнување. Никој не чул ништо за неа, била здрава, права и влегла во лифт да се вози и од тогаш и се губи траг.
    Зошто мислам дека и девојчево ќе се обидат да го замолчат.

    Не ме интересира дали е болна, дали е нечиј идол тешка е вистината.
    Точно е.
    Светот се смени, брз развој на индустријата, брзи физички и психички промени на човекот, загадена планета.

    Сакаш да шеташ - немаш пари.
    Нема работа, нема основни продукти за живот.
    Нема хармонија, нема позитива.
    Изразита негативност и иронија, убивства, самоубиства, нож во грб, непријатели.
    Нема детство, нема игра.
    Има смрт, загадена храна, болни од канцер (повеќето млади).
    Млади умираат, стари живеат.

    Реално, никој не го интересира горенаведеното.
    Спијат на пари, порано се знаеше што е шума, што џунгла, што пустина. Се знаеше домашно миленче што е, сега лавови, тигри, пауни, гуштери, крокодили, змии се домашни миленчиња.

    И нормално, парите го свртеа светот. Тие се зедоа, "има се, може се." Се заснова на вештачка среќа.
    Додека Европа и Азија се расфрлаат со храна, Африка умира. Суша.

    Не им требаше една Грета да им го каже ова, тие веќе го знаеја тоа.
    Свесно знаеја и молчеа, така им одговараше, си велеа "Се додека има овци ќе има и волна."

    "Да бар светот беше подобро место за живеење."
     
  7. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    Светот се менува многу брзо, но факт е дека во војна против природата, секогаш победува таа. За Грета слушав дека е со Аспергеров синдром, па не ме ни чуди зошто толку сериозно звучи и јас мислам дека е искористена за многу повисоки цели, веројатно политички затоа што скоро секогаш пред некоја политичка кампања акцент се става на загадувањето...веќе видено, после тоа никој не се замара и не го споменува тоа. А мајката што се прославува на нејзин грб, па и тоа веќе видено, ни прва ни последна. Народот не бира средства за слава. Дека детството и е украдено, ах некои луѓе не ја разбираат природата на зборовите кои ги користат... А тие што као ја жалат за синдромот и тн, се прашувам што имаат направено за тие лица? Дали некогаш се потрудиле да прочитаат што е тоа или пак да ја подигнат свеста. Но тоа е, глумење квази сожалување.
     
  8. Asdasovski

    Asdasovski Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2019
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.599
    Тие штo јa реклaмирaaт кoгa ќе гo дoбијaт пoсaкувaниoт резултaт зa нив... Ќе јa зaбoрaвaт мнoгу брзo.
    Целa ситуaциaцијa е невиден пиaр...
    Oд гoвoрoт дo мрштењетo кoн Трaмп (метaтa) a кaмерите нaрoчнo нaместени вo тoј aгoл и гo чекaaт мoментoт.
    Гoвoрoт е уште пoсмешен, кaкo дa јa кaнaлизирa Мерил Стрип, ХАУ ДЕР ЈУ хaхaхaхa
    Амaн сo oвa плaтенициве, жaл ми е единo штo се рaбoти зa дете, a пoследиците зa нејзинoтo здрaвје вo иднинa ги знaеме, децaтa требa дa бидaт децa !
    #fusoros
     
  9. Волшебникот

    Волшебникот Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2018
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    485
    Пол:
    Машки
    Има политички прсти во ова. Тоа шо го кажува е океј, но кој не го знај тоа дека има големо затоплување/загадување.. Американците фрлија атомски бомби, русите, кинезите и останатите тестираат нуклеарки, ураниум за лични интереси со тоа се отвори дупката на озонот, затоплување/загадување . Е сега е касно за тоа, крајот се наближува само не знаеме кој ден. А со тоа шо не мафтаат дека возилата загадуваат, домаќинствата и бла бла е сето мит за да се скријат ла*ата на големите сили кои направија пустош, секој нов Американски претседател отворил некаде војна за личен интерес=пари пошто америка ја водат евреите.
     
  10. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.186
    Допаѓања:
    57.742
    Пол:
    Женски
    Најинтересни од се ми се оние кои се лупаат у гради како тие се напредни и прогресивни, а ваму цело време акцентираат дека девојчево е болно. Златни не може да пишувате у теми за депресија, за acceptance на сите, а ваму да викате дека греота е детево оти болничко. Ако веќе се декларирате како такви ќе знаете дека и ваквите деца треба да се пуштаат да си го бараат местото под сонцето а не да ги затвораат дома и фуромското 'ќути да не не разбере некој'. Не може Нина со Даун (секоја почит и за неа) да ја шернувате дека дипломирала и дека работи у аптека, а за ова 'леле греота' да сте. Ако веќе сакаме да ја тргнеме стигматизацијата треба и ваквите деца да ги сметаме за еквивалент во дебати, работа и општо животот. Плус Шведска е број 1 за медицина у свет, не верувам дека девојчето е фрлено без грижа, баш напротив мислам оти таму стручњаците ја третираат нејзината состојба коректно.
    Вака одстрана делувате ко софткор хомофобине, абе мене не ми сметаат, али ако може да не излегуваат и да не се гушкаат у јавност. Али ништо против :D

    Овие другиве што се истурија јадење гомна за девојчево - што да се каже, истите што фрлаат ѓубре насекаде и фрлаат машини за перење алишта у Вардар, па после коа ќе искочат триста болештини тоа оти Госпо така сакал. Терајте што да ви кажам друго.
     
    На CameliaMiller, Angie1432, Elen4e_sonce и 11 други им се допаѓа ова.
  11. edenandrej

    edenandrej Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    931
    Пол:
    Машки
    ^
    Зошто да не може да се споредува со Нина со Даунов синдром (браво за неа)? Тие се вистинските херои, се избориле, докажале, сигурно учествува и во кампањи и го мотивира и другите, ама никогаш не излегла да зборува дека сме ја изневериле и дека практично другите сме ѓубриња и да зборува за капиталистичката алчност (WTF?). И во случајот со Грета зборуваме за 16 годишно девојче кое се уште не завршило средно школо и има НУЛА работно искуство но затоа знае се за глобалното затоплување, животот и економијата.
    Последниот параграф ти е генерализирање. Јас не фрлав отпадоци и не кршев дрвца уште пред да стане кул таквото однесување. Едноставно од дома ме воспитале да ја почитувам природата и да внимавам на чистотата.
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  12. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.186
    Допаѓања:
    57.742
    Пол:
    Женски
    Може, а не не може. Поентата беше дека не може за едната да сме all lovey dovey а за другата да кажуваме дека има невалидни аргументи пошто има синдром. Не ги мерам на кантар јас, јас викам дека секое дете треба да се пушти да има удел во општеството како и секој друг граѓанин. И за едната бев пресреќна што си нашла место испод сонцето а и за другата ќе бидам ако освести маса на народ. Не ги делам и не ги дискриминирам.

    Ако некој е млад не значи дека не чита и дека не знае што зборува. Пак ќе се вратиме на оргиналниот муабет дека девојчето има валидна поента. Еве кога толку имаш против она што таа го рече и кога е дете што не знае што збори посочи ми каде греши. Што она кажа што не е точно? Или пак ќе се вртиме у круг која е и што е а не што збори?
     
    На CameliaMiller, Lella, nextredstyle и 8 други им се допаѓа ова.
  13. edenandrej

    edenandrej Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    931
    Пол:
    Машки
    Види и Хитлер имал некои добри поенти па видовме како заврши сето тоа. Јас не зборувам за поентите и за нејзиното право да учествува во менувањето на лошите работи во општеството туку тоа што некој очигледно ја форсира да стане гласноговорник на некои нивни агенди кои не се баш така наивни и не вклучуваат само "МИР ВО СВЕТОТ", "ДА ДИШЕМЕ ЧИСТ ВОЗДУХ". Начинот на кој се прави ова не чини и има еден голем знак позади неа кој вриска - МЕСТЕНО и ИМАМЕ ДРУГИ ЦЕЛИ. Како и да е, ни јас ни ти нема да спречиме или поттикнеме ништо во врска со Грета, така да да почнеме да се спремаме за загадениот воздух кој ни претстои зимава.
     
  14. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.186
    Допаѓања:
    57.742
    Пол:
    Женски
    Екотерорист, Хитлер... Добар си доообар :D Кај да е до кај Луцифер ќе стигнеме. #И сатаната еднаш како ангел бил избркан од рајот од страна на Господ;( Зошто не треба девојче кое е загрижено за цела нација и тиранин кој сакал да уништи една цела нација да ги компарираме нема да коментирам. Не вреди.

    Јас па не мислам како тебе. Огромен број на историски личности, револуционери, активисти се залагаат за својата кауза затоа што си веруваат во истата. Ги спомнав неколку страници поназад. Спомнав дека некои од нив куршум ги нема запрено а не пак лаење по интернет.

    Терај со хејт што да ти кажам друго :D
     
    На CameliaMiller, Elen4e_sonce, Lella и 5 други им се допаѓа ова.
  15. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.468
    Допаѓања:
    82.146
    Пол:
    Женски
    Дали сфаќаш дека тоа што таа го збори одамна се зборува и ништо ново не кажува ?!
    Ниту пак е прва.
    Туку ги искористија карактеристиките на болеста која ја има,за да настапот биде подраматичен.
    По тебе не е битен начинот туку целта и поентата.
    Девојчето појма нема за проблематиката за која говори,се фиксира и повторува ,делува панично и уплашено,и тоа е ок бидејќи има поента говорот,така?
    Дали стварно веруваш дека Грета е самостоен борец за агендата?!
    Многу наивно,многу.
    Уште еднаш малата е средство/ играчка не е хероина,тешка манипулација со малолетно дете .
     
    Последна измена: 27 септември 2019
    На dayla, nextredstyle, danichap и 2 други им се допаѓа ова.
  16. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.808
    Допаѓања:
    10.921
    Пол:
    Женски
    Еднаш само имам чуено два збора од неа.Ме мрзи да листам по темава само едно ќе кажам:
    -Без разлика дали си болен или здрав.Или си борбен или не си.Или ќе седиш дома и ќе се жалиш или ќе направиш нешто.Толку едноставно.
     
  17. kukidi

    kukidi Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2015
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    173
    Пол:
    Женски
    Da ako ima koj da te iznese inaku dzabe ke setas nadvor.
     
    На edenandrej му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    199.005
    Пол:
    Женски
    Ништо ново не кажува, ама е глобално забележана. Ако направи макар и еден човек да застане, да се подзамисли што може да направи за да спречиме сопствено самоуништување, тогаш вреди. Еден куп научници низ годиниве наназад предупредуваат, никој не ги слуша. Можеби вака ќе се постигне целта? Треба да сме свесни дека, ако веќе раѓаме деца, треба да имаат иднина. А со нашево однесување, ќе ја немаат, нема да можат да преживеат поради глобалните климатски промени. Многу животински и растителни видови се истребени, уште многу се на работ на изумирање. И ние луѓето не сме отпорни на тоа, и ние ќе изумреме, т.е сами ќе се уништиме, оти си ја уништивме планетава на секој можен начин.

    И да, целта и поентата се битни, и начинот исто така. Пошто и треба да делува панично и уплашено, пошто и треба да се свестиме дека веќе е крајно време за екстремни мерки.
    Ама не, терориста била, дете со дијагноза искористено за глупости, уште што не се изначитав. Најарно нека рокнат нуклеарки и Америка и Иран, па нека не снема сите, земјата сама ќе се оправи. Поарно и е без нас.
     
    На CameliaMiller, Lella, nextredstyle и 10 други им се допаѓа ова.
  19. edenandrej

    edenandrej Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    931
    Пол:
    Машки
    ^
    Кои се тие екстремни мерки те молам наведи? Ќе престанеш да се возиш со автомобил? На одмор ќе одиш со сплав? Ќе престанеш да купуваш производи од фирми кои загадуваат? Ќе престанеш да користиш струја која е произведена од јаглен? Да, треба да се грижиме за природата, да треба да има и повеќе мерки во најблиска иднина, ама треба да се биде и реален. Овие 16 годишници не можат да преживеат без мобилен, без патувања и без други работи кои се најчесто произведени во земји каде се експлоатирани деца, во земји каде има воени конфликти и тн. Грета од Шведска израсната со сите удопства паднала во депресија не и се живеело пошто климата се менувала, а децана од Сирија после 10 години војна полни со ентузијазам си ја нормализираат земјата.
     
    На nextredstyle, orevokrsacka и BlackNight им се допаѓа ова.
  20. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Да да, секако... бела девојка која живее во нормални услови, не смее да се буни за ништо. Треба да молчи, не да ја користи привилегијата за да пренесе порака. Таа сама кажа дека е свесна оти е меѓу среќните, но не е битно тоа за душебрижниците... битно по илјадници лајкови собраа на срцепарателни монтажи како од прозор во возот ја гледаат гладни црнчиња од Африка како јаде, јер можда треба да не јаде и не патува за да биде релевантна како активист |(
    Вака и за феминизмот на некои луѓе за жените во неразвиени земји им текнува и се загрижени само кога треба да поентираат дека на жените на запад сѐ им е мед и млеко и апсолутно не е потребна тука таква идеологија.
     
    На CameliaMiller, nextredstyle, Purplelilac и 6 други им се допаѓа ова.