Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грета Тунберг – климатска активистка или изманипулирано дете?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Someonespecial, 25 септември 2019.

  1. Independent Girl

    Independent Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2018
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    1.190
    Пол:
    Женски
    Obicno u metal muzikata sekogas se opfakjaat opstestveni problemi vo tekstovite a ova e sovrseno vklopeno kako tekst mene mi se svigja metal muzika i super se vklopuva govorov.
     
    На buba4e89 и sjdgo им се допаѓа ова.
  2. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.188
    Допаѓања:
    125.320
    Пол:
    Женски
    Сепак не е во ред.
     
  3. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Девојчево има многу убави црти, јес да личи малку на Хитлер, ама симпатично е.
     
  4. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.110
    Допаѓања:
    88.002
    Пол:
    Женски
    https://summit.news/2019/09/27/chur...-celebration-of-greta-thunberg/#disqus_thread

    Мислам дека навистина предалеку отиде, и шведската црква се вклучува,иако контраверзна бидејки ја смета Грета за Исусов наследник:worried:
    Апсолутно се согласувам со коментарот под текстот
     
    На SeaMermaid и danichap им се допаѓа ова.
  5. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Неслучајно е одбрана, има харизма некоја. А и по погледот се познава дека ја вежбале за настапи.
     
  6. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.290
    Допаѓања:
    285.066
    Убаво е што сака да го спаси светот.

    Се надевам нема да "пукне" под сиот тој притисок, и тука не мислам само на медиумите, па да треба некој нејзе да ја спасува.
    Тоа е голем товар за на плеќи на едно дете.
     
    На Elen4e_sonce, joy1, oblace1 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    Би сакала на темава да се изјаснам како млад научник кој веќе четири години активно работи во научен институт кој константно се занимава со вакви климатски проблематики.

    Сметам дека науката е доста јасна, прецизна и недвосмислена кога станува збор за сериозно-загрозувачката проблематика со која се соочува планетата Земја.
    Научници и истражувачи од целиот свет се занимавале, се занимаваат и ќе продолжат во иднина да се занимаваат со истражувања, извештаи и потенцијални решенија за овие проблеми.

    Со ова сознание би рекле дека општеството веќе долго време е свесно со какви климатски проблеми се соочуваме, но тогаш зошто ситуацијата на нашата планета не е подобрена? Зошто нашата планета секој ден е во се полоша и полоша состојба?

    Проблемот е во тоа што научните извештаи, предупредувања и понудени решенија за човековото општество претставуваат мртво слово на хартија. Со други зборови, ние од научната заедница постојано се трудиме да ви ги претставуваме фактите и потенцијалните решенија, но општеството и државата имаат апатично однесување кон нашето време, нашиот труд и посветеност, што претставува вистински срам.

    Поголемиот дел од човековото општество во врска со климатските проблематики на планетата Земја се однесува според т.н. bystander effect - човековото општество се однесува кон климатските промени на ист начин како кога толпа луѓе на улица гледаат како некој човек е нападнат и извикува за помош, но никој од нив не се осудува да му помогне.

    Со други зборови, луѓето се свесни дека нашата планета се соочува со сериозни климатски проблеми, како на пример глобалното затоплување, меѓутоа ретко кој тоа го сфаќа сериозно, односно се манфестира крајно апатична социјална психологија.

    Од објективен аспект, освен activism, кој е сочинуван од возрасни луѓе, постојат и child and youth activism. Со самиот факт дека постојат активисти кои спаѓаат во групата малолетници и млади возрасни, тоа значи дека активизмот нема старосни ограничувања.

    Во овој специфичен случај, Грета се дефинира како youth activist, која е учесник на т.н. youth activism - youth engagement in the community organizing for social change.

    Сметам дека не треба говорот на Грета да се перцепира како само црн (негативен) аспект или само бел (позитивен аспект).

    Сивата перцепција лежи во тоа што од една страна, нема ништо штетно во тоа секој човек на планетава Земја, без разлика на неговата возраст, здравје, психичка состојба или било кој друг субјективен фактор, да е свесен како човештвото ја уништува планетата Земја, и да има право гласно да ги искаже своите мислења и чувства.

    Од друга страна, негативниот аспект лежи во непродуктивноста на самиот настан. Факт е дека Грета искажува нешто што е веќе општо познато во целиот свет и сигурна сум дека постојат многу луѓе кои се чувствуваат исто како неа и го делат нејзиното мислење.
    Меѓутоа, како што досега општеството се однесувало апатично кон научните докази за климатските проблематики пред говорот на Грета, така ќе се однесува и после тоа.

    И покрај тоа што и јас како научник сум горда на Грета и луѓето како неа кои се свесни дека човештвото нема резервна планета на која едноставно може да се пресели на друго идентично небесно тело, и 100% го поддржувам детскиот и младиот активизам, исто како и стандардниот активизам, сепак непобитен факт е дека вие не можете да споредувате individual awareness со global awareness.

    Бидејќи individual awareness, иако може да влијае на одредена група во општеството, тоа сепак не е доволно и секако нема траен ефект. Не зависат од поединци мерките против климатските проблеми, туку од политиката на државите како колектив.

    И youth activism воопшто нема да има влијание врз полтиката за климатските промени: - Кина сеуште произведува повеќе CO2 од САД и Европа комбинирано, Индија рапидно расте и гради толку многу електрани на јаглен што наскоро ќе ги надмине и САД и Европа, додека САД е единствената голема индустријализирана земја што ги намалува емисиите на СО2 и тоа се случува под владеењето на Трамп.

    Проблемот е што во светот не владее науката, туку политиката која истовремено ја искористува науката како пион во игра шах за доминација.
    И тоа не може да се спореди со еден обид да се предизвика емоционална реакција од луѓето да ја придобијат јавноста пред нечија политичка кауза.

    Доколку досега истражувањата и предупредувањата на нас научниците, како експерти не ви била доволна да се освестите како ја уништувате планетата која е наш заеднички и засега единствен дом, тогаш како може да очекувате да бидете освестени од одредени активисти кои имаат да понудат само зборови и емоции?

    Можеби сепак има вистина во исказот дека интелигентните и напредни цивилизации се склони кон сопственото евентуално себеуништување...
     
    Последна измена: 27 септември 2019
    На Annath, senjorita-v, theowndemon и 7 други им се допаѓа ова.
  8. edenandrej

    edenandrej Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    931
    Пол:
    Машки
    ^
    Добро срочено. Јас би додал дека наивно е обвинувањето дека водачите на државите разочаруваат. Тие ги координираат желбите на граѓаните но ги имаат предвид и потребите на економијата. Пример во Македонија, РЕК загадува, Цементара загадува, Железара загадува и има уште загадувачи да не ги набројувам. Тие погони да не работат многу мало ќе биде загадувањето но економијата ќе колабира. Да, треба да има некој баланс (ставање филтри, користење други методи на работа кои не предизвикуваат загадување до тој степен и тн.). Државата ги толерира, но треба да има и граници. Сепак ова е процес кој ќе трае со години, но сум оптимист затоа што за разлика од пред 30-40 години загадувањето се сфаќа посериозно а и технологијата е отидена понапред особено во развиените земји. Со други зборови да издржиме уште 50-100 години и мислам дека после ќе биде подобро :)
     
  9. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Театар ви прават. Нешто да се дешава. Сите знаеме дека Трамп ќе остане на функцијата уште 5 години, по што ќе замине во историјата и левичарите ќе бидат повторно весели околу нивниот претседател од Демократската партија и покрај тоа што сега глумат смак света.
     
    На thequeen95, nextredstyle, buba4e89 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    14.439
    Пол:
    Женски
    Ќе го кажам следново... Девојката е искористена за еко политички цели. Не велам дека не треба да постои свест за загадувањето и глобалното затоплување, напротив секој еден од нас треба да биде. Се слагам со @Nigredo Odor И најголемите загадувачи во светот не се просечни луѓе или просечно домаќинство. Најголемите загадувачи и понатаму продолжуваат тоа да го прават. А девојчето, па изманипулирано е. Само добар спин, ништо повеќе. Мартин Лутер Кинг се повикувал на децата во своите говори, и воопшто многу други политички кампањи ги користеле децата, зашто предизвикуваат емоција. Денес е уште полесно, девојче кое е болно (во никој случај не ја омаловажувам), активистка, изреволтирана. Не е во ред да се експлоатираат деца за политички цели. Со терање на концепт на наметнување вина и револтиран пристап, не е начин за постигнување ефект. Во говорот има работи кои веќе се познати, научници со години работат и смислуваат решенија, тие треба да има предност. Не е ништо позитивно тоа што се истакнува неодењето во школо, напротив. Украдени се соништата на милиони деца низ светот кои работат како робови, гладни се, жртви на трговија, искористен е детскиот труд, во војни ги користат. Пред неколку дена две деца продаваа марамици во кафич, и не може да им се помогне зашто се апатриди, искористени до максимум. Па сите тие би требале да речат how dare you. Немам ништо против млади луѓе кои се борат за планетата, ама имам многу да се користат децата за во позадина да се тераат бизниси. И да, оратор сум и со сигурност можам да кажам дека работено е на говорот. Целиот концепт, тонот на гласот, бојата, говорот на телото, фацијалните експресии, емоцијата, сето тоа е вежбано, не е спонтано.
    Децата треба да бидат деца, нивната искреност и невиност не смее да се користи.
     
    На christinnn, Billy Idol, thequeen95 и 7 други им се допаѓа ова.
  11. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.816
    Допаѓања:
    39.441
    ^ и која е бизнис целта на тие што ја злоупотребуваат Грета?
    Да се сврти светот кон обновлива енергија? Дека уствари тие го поседуваат сонцето, ветерот, водата.
    Патетична е "грижата" за "кутрата" Грета која замисли, во петок не одела на школо седела со транспаренти некаде и била приметена од некој спин доктор за којзнае какви "масонски" цели. Бог да чува. Или воопшто не познавате деца со функционален аутизам меѓу кои има и саванти( мада тие се почесто со поголеми ограничувања од Грета), или цела општествена и лична одговорност за природата ја извртувате во наводна грижа за девојка која можеби на почуден начин удира на звоното. Исто како што во зима се кука за загадувањето ама пази боже да се остави кола во гаража. Оти ладно е , децата на базен мораат, ми се брза или оти па јас или не загадуваат колите. А важи ок. Ако кукаш на фејсбук ќе се исчисти воздухот оти Шилегов ќе се вози на тротинет.
    Притисок врз тие што одлучуваат, нема. Њама. Па сиромаштија , па ова , па она.
    Еве еден дијаграм за колку поединец намалува со различни свои постапки емисија на јаглерод диоксид. Многу забавно.
     

    Прикачени фајлови:

  12. Lancier

    Lancier Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2019
    Пораки:
    489
    Допаѓања:
    606
    Пол:
    Машки
    Deckovo imase preku 1 milion sabskrajbovi na youtube.Nego i uste mnogumina youtube gi banirase no pred da go baniraat posveti edno video na Greta pred taa da bide svetski fenomen.Bukvalno izbrisa pod so nea.

     
  13. Asdasovski

    Asdasovski Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2019
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.599
    Ептен фaлaт мнoгу јутубери пa и нa други плaтфoрми нa интернет, a кoгa ќе чепнеш некoј нивен (глoбaлист) пoчнувaaт нaрaчaните плaчки.
     
  14. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.871
    Допаѓања:
    25.339
    Пол:
    Женски
    Сретнав некој статус во врска со настанов и изјавата на Грета : " Ми го украдовте детството " . Се е ок , само оваа изјава ми боде очи . Милиони деца во светот се злоупотребени на различни начини ( убиени , силувани , неписмени бидејќи морале да работат од мали , итн . ) . Со што и е украдено детството на Грета ? Жива е , покрив на глава има , храна и топол кревет има .. Ако она смета дека со тоа што е вклучена во активизмот за загадување и глобално затоплување и е украдено детството , тогаш што треба да мислат децата кои се искористувани на многу полоши начини ? Грета барем има опција да излезе од тој активизам . Колку деца имале опција да излезат од работа и да одат во училиште каде впрочем и припаѓаат ? Колку деца имале опција да бираат дали да бидат убиени или не ? Мислам дека многу фама се дигна околу Грета , иако е во право , сепак претерана прашина се дига . Да свесни сме за глобалното затоплување , но јас не можам да му купам филтер на газдата на Југохром , бидејќи тој не сака да си бркне во џебот и да потроши неколку илјадарчиња за филтер . Тука државата треба да го земе конецот во свои раце . Казни тоа пи*ка му ма*ер , да видиш како има да купи филтри нови (wtf) .
     
    На christinnn, candy.cane, Gosh и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.971
    Допаѓања:
    134.927
    Пол:
    Женски
    Screenshot_2.jpg
     
    На Yowannty, christinnn, slobodka и 9 други им се допаѓа ова.
  16. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.632
    Допаѓања:
    79.378
    Пол:
    Женски
    Само едно ќе кажам... Иако првично спремав подолг текст. Разочарувачки е колку човештвото не го сфаќа сериозно проблемот со глобалното затоплување па се исмева на сметка на девојчево. Мислат дека вечно ќе траат сите ресурси кои сега ги има на располагање, а уште полошо, се тешат со ,,Сите ќе умреме".

    Земјоделците веќе немаат насад како порано, не успева, се уништува поради климатските промени. Животински видови се во опасност. Актуелна беше веста за истребување на пчелите. Дали некој е вистински свесен што не' чека без нив? Според реакцииве, не. Па вие пак нафрлајте и' се на Грета ко да ви е виновна за нешто.

    Толку.
     
    Последна измена: 28 септември 2019
    На Purplelilac, Annath, staycalm и 9 други им се допаѓа ова.
  17. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    1.234
    Пол:
    Машки
    Не е изманипулирано дете.
    Има и други деца кои се обидуваат да го убедат светот дека навистина нож до коска, дека не се потребни сите тие нуклеарни тестирања, дека не е потребна нафтата, дека не се потребни кеси од пластики, милиони тони отпад, милиони дрисли по светот.

    Некои од тие дечиња јавно собираат отпадоци.

    Некои протестираат.

    Некои засадуваат дрва, како жената од сликата погоре.

    Сите вршат активност во која се најдобри со цел да ги убедат светските хохштаплери дека време е да се промени правецот. Дека сакаат детството да не им биде со денови од не ти знам колку стотици штетни честички во воздухот, туку да им помине безгрижно.

    Токму тоа Грета се обидува да го направи. Со тоа во што е најдобра, говорот, да ги воспитува некако корпорациите, да престанат со труење.

    Тоа што Грета не знае дека сѐ е пресметано да има точна бројка на заболени од одредени болести, за фармацијата да цвета, и стотици слични задкулисни бизниси, се вика манипулација со информации.

    Активисти има милиони, има и деца има и пензионери.
    Сите се изманипулирани единствено со недостаток на информации, сѐ друго им е на место и, ете за жал, загадувањето ќе продолжи сѐ додека од антарктикот не излезат тие бактерии кои имаат способност да ги "остарат" клетките во било кое човечко тело за максимум 5 секунди (да не одам офтопик, гуглете).
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    @edenandrej го разбирам твојот аргумент, но не е секогаш така случајот. На пример, јас не сум добро запознаена со ситуацијата во МК и компаниите кои ти ги наведе за прв пат ги слушам, но верувам дека МК несомнено се соочува со слични проблематики како и сите останати држави, секако со одредена разлика во интензитетот.

    Имено, при стејтот во кој живеам, мојот град има солидно развиена економија бидејќи истата се базира врз производство, туризам, едукација и владини служби.
    Меѓутоа, мојот град исто така има најтопла клима во целиот стејт. Всушност, би рекла дека климата е екстремна - додека Канадските зими се премногу ладни и сурови (27 °F), летата, од друга страна, се премногу топли со многу влага (73 °F).
    И како последица на ова, градот годишно се соочува со поплави, пожари, бури, обилни дождови, торнада и секако, воздушна загаденост.

    Споредено во МК, би рекла дека имате многу поумерена клима од она на кое што јас сум навикната.
    Но од друга страна, свесна сум дека економијата сигурно не ви е доволно развиена и разбирам доколку компаниите треба да одржуваат некаков баланс.

    Сепак, постои разлика бидејќи факт е дека поразвиените држави повеќе се залагаат со развивање мерки и решенија за климатските проблематики, за разлика од останатите. Истото важи и за мојот град, иако јас моментално, технички не работам за мојата држава.

    Меѓутоа, факт е дека целиот свет, генерално зборувано, се соочува со нагли климатски промени кои се штетни не само за луѓето, туку и за сите живи суштества кои живеат на оваа планета.
    Ние иако се сметаме за најинтелигентните суштества, немаме право да уништуваме туѓи животи и да загрозуваме туѓо здравје.

    Знам дека тоа е пораката на Грета и сметам дека е многу храбра што има смелост јавно да ги искаже своите чувства и мислења, меѓутоа нејзиниот говор колку што има позитивно влијание, толку има и негативно влијание.
    Со други зборови, потполно се согласувам со @Bitter-Sweet дека постојат многу, па дури и премногу луѓе во нашето општество кои воопшто не се информирани за сериозноста на оваа проблематика и научните факти кои константно се обидуваме да ги презентираме.
    И токму тие се истите луѓе кои имаат лице да ги напаѓаат младите активисти како Грета, користејќи разни изговори како возраст, ментално здравје и други "оспорувачки" фактори.

    Сметам дека на темава сум се изјаснила и претходно дека науката, за жал, е често игнорирана од политичарите, државите, како и човековото општество во целост, но неретко и злоупотребена.

    Но на крајот на краиштата, сфаќам дека не е ни толку важно на каков начин човековото општество ќе се освести - било преку нас научниците со валидни факти и истражувања, или преку активистите со емотивните говори, бидејќи тоа не е поентата, тоа не е релеватно.

    Не сум толку релевантна ни јас со моите понудени решенија, со часовите поминати во пресметки или читањето стручна литература, ни останатите научници и истражувачи од целиот свет кои го прават истото. Ние само ја вршиме нашата работа и му служиме на човештвото.

    Ова се однесува на сличен начин и на активистите бидејќи како што ова се појавувало на глобалната сцена и претходно, секако ќе се појавува и во иднина.
    И сепак резултатот на целиот труд кои го вложуваат и научниците и активистите е во тоа што нашата планета и понатаму е загрозена и тоа е така бидејќи светот едноставно не функционира на тој начин, ние не сме релевантниот фактор кој одлучува за иднината на целиот живот на оваа планета - we are just the messengers.

    Но знам дека она што е релевантно секој ден и секој момент од нашите животи, е иднината на нашата планета и колку човештвото е подготвено да се бори за неа. Единственото прашање кое останува да се одговори е дали оваа цел е и во план на светските политички сили или не.
     
    Последна измена: 28 септември 2019
    На senjorita-v, edenandrej и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Не можам да дочитам се'..
    Си ја префрлате топката: Ја присилуваат-сака. Болна е-не е болна.

    Мое миселење е:

    Климатските промени се факт, кој е докажан уште пред неколку децении.
    Сеуште бев дете, како Грета, и зборував со мајка ми за истото и таа ми рече дека не ја интересирало и дека тоа важело за некои идни генерации, и нас нема да ни влијае никако. Мајка ми е родена 1952, јас 1978. Жената е сеуште на иститот став, и не верувам дека нешто ќе и' го промени мислењето, дури е жива.

    Но фактите се тие: Планетата влегува во циклус, кој за живите организми, вклучувајќи го и човекот, ќе стане опасна и смртоносна. Тие 'идни генерации', кои ќе настрадаат, не се по илјада години.. туку нашите деца (на мојата генерација) и децата нивни (нашите идни претпоставени внуци).
    И ова е факт кој научниците го утврдија и не е млатење празна слама.. Ќе ни изумрат децата и внуците, пред да го почвствуваат животот..
    Јас, како мајка, не сум воопшто среќна поради тој факт.. И секој совесен родител истото би требало да го мисли...

    И не само тие генерации... нашите, сносат катастрофални последици од загадувањето.. Моја генерација, и помали, умираат од рак, проблеми со кардиоваскуларниот систем и проблеми со респираторниот тракт.
    Битола (мојот роден град), е огниште на прерано заминати луѓе како последица од загадувањето кое РЕК го прави.

    Од друга страна, имаме глобален економски систем, кој е базиран на зголемување на профитот, и тоа не оди рака- под рака со зачувување на околината.. Луѓето се алчни, сакаат пари, пари никогаш доста, и дали страдало некое шумиче, или некои глодари.. не им е битно.. Не им е битно ни дали отровите кои ги испуштаат во почвата, воздухот и водата го загрозуваат здравјето и животот на други луѓе.. Нивни проблем.. кога немаат пари да си купат прочистувачи за воздух, филтри за овда и кога мора да го дишат воздухот кој е околу нив.

    На тематикава пишував огромни постови... анализи и факти, на ФБ, уште откако се зачленив (во 2007ма)... Цела деценија го правев тоа, и никој не ми ги исферма.. нормално, сакаат 458 фотографии од тоа како сме биле во зоолошка, не е битно дали и ние ќе станеме вид пред изумирање...

    Плус.. сите сме одговорни за загдувањето. Не само фабриките, не само системот кој делегира непочитување на еко системите.. Сите.
    Неисправни возила, без филтри. Греење на дрва. Палење отпад. Фрлање отпад кај што ќе им прдне... Сето тоа допринесува за влошување на ситуацијата.. И никој не може да си дозволи да биде изземен од ситуацијата во која се наоѓаме, бидејќи секој е виновен.. Дали со директно учество, или со прогледување низ прсти на оние кои загадуваат.

    Свеста за климатските промени, и последиците од нив, мора да се подигне! Трагично е што триесет години се дроби за тоа, и сеуште сме, благо речено, на статус кво... Тажно...

    Иначе Грета...
    Прво, за депресија, (која и јас ја имам од својата 13та година).
    Еден доктор, многу убаво ми објасни од каде доаѓа: Паметни луѓе најчесто страдаат од депресија... кога ќе се соочат со сите недостатоци на светот во кој живеат, тогаш се раѓа депресијата...
    Сама по себе, не е смртоносна (освен кај луѓе кои се суицидални), и во никој случај не го намалува нивото на расудување и логичка анализа на приложените факти.

    Аспергер, е блага форма на аутизам, и е слична, на високофункционален аутизам.
    Луѓето со Аспергер, не се ненормални. Исти се како јас и ти. Единствена разлика е што се пофокусирани на конкретни проблематики.. што од друга страна, во професионален свет е високо ценето.
    Имаат проблем со социјална интеракција, што и не е битно во случајов, пошто само пренесува пораки, а не мора да оди на забави ко Парис Хилтон.

    Долно и подмукло е што луѓето се навикнати, кога некој за нешто се експонира, или буни, или декларира.. да не ја слушаат пораката која се обидува да ја пренесе говорникот, туку да се оценува според некои негови недостатоци.. посебно болести. Башка стигмата кон психолошките и емотивните проблеми... Да беше во инвалидска количка (не дај Боже), исто ли ќе зборувавте дека е 'неспособна' и 'неквалификувана' да зборува за нешто која вистински ја засега?.. односно, НЕ' засега... сите, до еден..

    Страшно е, ќе умреме.. мижење пред фактите, не не' спасува од неизбежното.
     
    Последна измена: 28 септември 2019
    На Purplelilac, Annath, senjorita-v и 12 други им се допаѓа ова.
  20. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Децa пoгoдени oд вoјни, истoштени и исплaшени сo сoлзи и oчaј вo oчите збoрaт кaкo им се убиени рoдителите, брaќaтa и сестрите, мoлaт зa мир, зa хрaнa, зa вoдa, and nobody bats an eye. Лигушкa oд Шведскa извикa -ми ги укрaдoвте сoништaтa and everyone loses their mind.
     
    На christinnn, kim.k, Glasna и 5 други им се допаѓа ова.