Го погледнав филмов вчера и многу ми е интересен, така тинејџерски е. Хилари Даф е во главната улога. Се работи за една мајка на која мажот и е починат и од тогаш се премажила повеќе пати. Сега за да таа биде среќна со нејзиниот маж и да си ги среди работите со него, ја испраќа проблематичната седумнаесет годишна ќерка во Њу Џерси, кај нејзините родители. Грета (Хилари Даф) не е баш задоволна со оваа нејзина одлука. Со себе секогаш си носи тефтерче во кое запишува начини како да умре и работи кои сака да ги направи пред да умре. Но.. таму запознава едно момче, се заљубува и ете.. сваќа дека не е се така лошо. И ајде сега да не ви го раскажувам целиот филм и што ќе се случи на крајот.. За тие што го гледале.. Ви се допаѓа ли овој филм? Какви се вашите впечатоци? Дали Хилари Даф добро се снаоѓа во улогата на ваквите тинејџерски и слатки филмчиња? А за тие што не го гледале и сакаат слатки филмчиња со интересна приказна, и сакаат убаво да си го поминат попладнето им препорачувам да го погледнат.
Го гледав филмот минатото лето и многу ми се допадна.Хилари добро се снајде во филмот , а момчето од филмот е многу убаво . Филмот ми беше многу интересен и после неколку пати пак го гледав. еве го глумецот на сите слики е завртен не се гледа убаво
Баш од овој филм барав торент на замунда но не најдов. Ај дајте ми линкче да го симнам, сакам да го гледам.
Се уште го памтам во детали, иако го гледав пред околу 1 год. И многуу ми се допадна, па со Хилари Даф е, секако
Демек ќе глуми Хилари нешто онака посериозно а у Нека си се држи поарно до приказните на браќата Грим, Пепелашки и слично. Добро е филмчето, ама мислам дека поарно ќе беше да имаше друга глумица наместо Хилари. Малиов е прав шмекер