И моето така мочкаше по дома ама неколку пати кога ќе се помочкаше го удирав и сега приметувам дека колку и да му се мочка издржува. Па пробај така.
Можеби треба да ги прочистиш од глисти. Незнам дали на мачињата се даваат апчиња против глисти, никогаш не сум чувала. Нека каже Доберман но тоа е моја претпоставка дека имаат глисти штом при толку јадење ништо не им се фаќа
Да и на мачињата исто како кај кучињата им се дава еднаш во 3 месеци апче против глисти. Само кај мачињата бидејќи тежината им е најчесто 2-3 килограми секогаш се дава 1/4 од апчето на 3 месеци.
Кучето секогаш се кара доколку го видиш дека мочка и во истиот момент треба да се искара. А на пример ако тоа претходно се има измочкано и ние се вратиме дома и видиме дека се измочкало, нема да има ефект доколку го караме бидејќи нема да свати зошто го караме. Значи кучето се кара само во истиот момент кога ќе ја направи грешката, а ако отпосле го караме нема да има ефект, за џабе ќе го искараме, бидејќи нема да свати зошто го караме. А тепање не препорачувам. Психичката казна има многу поголем ефект отколку физичката (удирање).
Не се секирај за неговиот раст, можеби братот на твојот ретривер сега нагло пораснал и затоа е покрупен, а твојот полека си расте и со тек на време ќе го стигне во висината. Па на крај краева не испаѓаат сите кучиња во леглото со иста висина, некои се пониски некои се повисоки. Лебот гледај да не е од вашиот свежиот што го јадете, туку за кутрето купувај му стар и сув леб и после потопувај му го со млака вода за да омекне. Ова ти го кажувам бидејќи од свежиот леб она белото средината во лебот, често се лепи за цревата и имаат проблеми при варењето на храната. За мочкањето е сеуште мал, сепак е скоро 7 месечен и неможе баш да се контролира. Затоа ќе го шеташ почесто, а со тек на време како што ќе расте така ќе може и подолг период да трпи. И да те предупредам, уште малку за некој месец ќе почне да влага во пубертет и да не те чуди ако се здави со некој друг мажјак, и биди внимателна ако нањушка женка во циклус ќе неможеш да го прибереш назат, веднаш ќе ти избега по женката. Ова не ти го кажав колку да те заплашам, него ти кажав да си знаеш што те очекува за неколку месеци.
И значи нема решение за мојот проблем Кога спие дома, спие со мене. Мочка последен пат во 12 саат вечерта и си легнува да спие. Сабајле во 7 саат, пред да одат моите на работа го пуштаа да мочка и пак го враќаат кај мене во соба. Додека не станам јас до 12-1 саат, не прави никаква белја ме чека да станам. Ама кога е дома сам, издржува само 3 часа. Избегнувам да му давам вода ако треба да излезам и да го оставам сам, ама пак исто, колку-толку мора да се измочка. Не го тепам зошто знам дека е џабе отпосле тепање. Ама решение морам да најдам??? А денес приметив му тече бледо жолт секрет од к***то, дали е нормално или треба да го носам на вет?? Не ми се смејте на прашањава, ама прв пат чувам куче дома и некои работи не ми се познати.
Остави му ја вратата од тераса отворена, па таму нека се мочка, барам нама тепихот да ти го прља. Сепак е скоро 7 месеци и неможе да трпи како возрасно куче, затоа уште малку ќе врши почесто нужда па со тек на време ќе може подолг период да трпи. Сега почнува да влага во пубертет и тоа што му течело од к*рето е предсемена течност.
еве ме мене пак со друг проблем.. :/ на моето кученце му давам од храната што кажав предходно... некогаш му ја мешам со водичка.. и нз зашто и ме загрижува кога кака.. и како да има проливче и како тврдо.. и има малку крв.. :/ крвта ме загрижува некако.. од што може да биде.. ?? многу сум загриженаа... ве молам за совет.. помош.. ме загрижува.. некако има место за грижа или.. ? :/
Ај пробај вака, неколку дена не му давај ништо друго освен сувата кучешка храна ( Royal Canin му даваше нели?) па види каков ќе биде изметот. Значи ни јогурт ни ништо не му давај освен сувата кучешка храна. Со ова мислам дека би се средил изметот и нема да има ниту проливче ниту крв. Но доколку и понатаму, после 2-3 дена има сеуште крв тогаш однеси го на ветеринар. Само жити се не го носи во Автокоманда, тие таму штом апчето за прочистување после вакцината му го дале тогаш стварно не ги бива, однеси го на друг ветеринар.
ок ок не не.. утре ќе го носам на ветринар кај универзална сала.. имало некој добар.. така ми кажаа а исто така Мелита ми кажа дека крвта да му се појавувала од тоа што се напрегал.. и му пукале капиларчиња.. ама денес имаше малку повеќе крв :/ ок.. фала мн за советиве.. ) ми помогнаа и ме утеши .. мн се засекирав.. :/ на мислам ми е бебево мое .. )) п.с. бебево мое има 2 ипол месеца.. од прилика толку... утре ќе биде 2ра недела од кога го земав.. од кога да почнам да го изнесувам надвор.. да го шеткам... мн сакам.. (А) ама се плашам.. а и плус малку ми е настинат,.. ми кива.. хахаха.. совет?
Се надевам дека во скоро време ке почне да трпи, додека не го пуштам надвор. Го оставам во ходник дома, ако го оставам во соба лом ке направи, гризе што ќе фати. Ходникот е од мермер, ако се измочкал одма фаќам џогер и бришам сегде. Сабајле приметив дека му тече откако видов флека мала на чаршафот немав поима што може да биде. Му купувам леб стар, му го потопувам со млекце или со вода, кога како. Инаку се случи пред 2 недели во парк, најде женка ретривер, неможев да го фатам, па среќа газдите на кучката го фатија даодека го врзам, за да можам да го тргнам Фала ти премногу за сите совети!!! Поздравче
Немој никако да го носиш кај ветеринарите што се кај Универзална сала Кај Универзална има двајца катастрофа ветеринари, едниот е Перо Божиновски и ветеринарната станица му се вика Веткол, а другиот е Хари од Зоовет центар. И двата „ветеринари„ се катастрофа и не ти препорачувам таму да го носиш кутрето. Однеси го кај Диме во Капиштец или кај Жарко (се наоѓа неколку улички над Диме). Гледам често ја спомнуваш таа Мелита, па верувам дека она ти кажала да го носиш кутрето кај Перо кај Универзална сала (поточно во уличката каде што се наоѓа Апче слаткарницата). Многу јасно дека Мелита би ти кажала таму да го носиш кутрето, Мелита и Перо се соработници и си се фалат еден со друг а и двајцата се најголеми преваранти (ова е моја претпоставка дека Мелита ти го има препорачано Перо). Ако има примено вакцина и ревакцина тогаш можеш да го шеташ, но доколку нема примено ревакцина тогаш несмееш никако да го шеташ бидејќи нема изградено имунитет и може да фати болест.
не ми го препорача Мелита него наш пријател и он има куче па нон стоп го носи таму и мн бил задоволен.. и ми кажа таму да го однесам.. а иначе да од кај Мелита го земав кучето и мн добра пријателка им е на моите.. нема везе.. хахаха )) иначе ај у порака пиши ми за тој у капиштец што како,.. бла бла.. ) иначе па до сега примивме само една вакцина..таа прва.. и на 23ти или 21ви треба да идам да го боцкаат пак.. и после нз.. :/ хахаха што следува? и како иде тоа..
Штом си зела куче од кај Мелита, Господ нека ти е напомош. Безразлика што Мелита им е пријателка на твоите, јас сум отворена личност и секогаш го кажувам моето мислење безразлика дели тоа некуму ќе му се допадне или не, па ако сакаш ти и налути се, али Мелита е една голема преварантка која што купува кучиња од Српски фарми по мизерна цена и ги продава тука по 400/500 евра како да се од ексклузивни одгледувачници и со врвно потекло, а нема врска и кучињата најчесто се со многу болести. Многу луѓе се имаат изгорено изгорено од таа Мелита и кучињата мака мачат, кои се со слепило, кои се со дисплазија на колкови и многу други болести (пред се овие болести се од тоа што родителите на кучињата што таа ги носи се парени во сродство). Штом има примено само вакцина несмееш да го шеташ, почекај да ја прими ревакцината па после може да го шеташ. Се надевам не се навреди за тоа што го напишав за Мелита, јас само ја кажав вистината и секој може да го потврди тоа што го напишав за неа.
Доберман не се согласувам со тебе и мислам дека претера за ова со Мелита. Како прво не е возможно да ги зима кучињата со болести и од трето класни фарми, затоа што си поседуваат педигре и други сертификати, постојат документации за нивните предци и начинот на одгледување на кучињата, луѓето не се будали туку така да ги купуваат толку скапо кучињата, а и неможе да ги пренесе кучињата со болести преку граница, имаш некакви докази за ова? Исто и за ветеринарот од Зоовет, многу луѓе што ги знам се презадоволни од ветеринаров, и нема човек што не ми го препорачал и сама сум се уверила во неговата стручност, знаење и посветеност кон кучињата пациенти. Овој не чинел, во Автокоманда не чинел... да не е само тој Диме добар ветеринар во Скопје?
Многу години чувам кучиња и верувај ги знам сите кучкари низ Скопјево и знам што муабети се вртат, едноставно во тие кругови на луѓе сум што се разбираат од кучиња и плус дресер сум и имам многу пријатели кучкари. Јас летоска немав каде да ја оставам Пудлата и ја оставив кај Хари 10 дена и кога се вратив беше многу ослабната и потресена. Ја имам оставано и на други места па секогаш сум ја зимала со иста тежина, значи не е до тоа да не јадела. И јас бидејќи сум дресер, одлично ја познавам психологијата на кучињата,а тек моето куче како буквар го знам и знам дека чудно и исплашено се однесуваше. И го прашувам Хари дали јадела и пиела и дали се било во ред со моето куче и он ми вика да да се си беше во најдобар ред, а уствари беше многу ослабната и потресена, и замисли го прашувам каде престојувала мојата Пудла и тој ми вика незнам, женами ја однесе некаде А и како ветеринар многу лошо се има покажано, не за џабе Жарко си отиде од кај Хари. Нормално дека во Автокоманда не чинат, ете и самата девојка на форумов кажа дека после вакцина му дале апче на кучето, а секогаш се дава недела дена пред вакцината. Да според мене а и според многумина што чуваат кучиња, Диме е најдобар во Скопје. А сега да кажам збор два за Мелита, Што мислиш ти тие педигриња се оригинал? Она прави фалсификати, многу е лесно во денешно време да направиш фалсификат педигре. Кучињата додека се мали сеуште болестите не се имаат појавено, такада не ги пренесува болни преку граница, туку со тек на време како што растат се појавуваат болестите од парењето во сродство како на пример дисплазија на колкови, слепило, глувост и еден куп други болести. И Мелита не ги купува кучињата од реномирани одгледувачници како што се фали она туку ги купува од спрски фарми. Мелита соработува со луѓе кои што имаат фарми за кучиња, 15 различни раси и ги парат со кои стигнат и она ги купува по мизерно ниска цена и тука ги продава по 400/500 евра, а луѓето од кај неа купуваат бидејќи не се информирани за тоа какви кучиња она носи од Србија. И серазбира дека има докази за таквата валкана работа на Мелита, доволно е да те запознаам со сите луѓе што ги знам што имаат купено куче од кај Мелита и ќе се увериш и самата во каква очајна состојба се тие кучиња сега, али луѓето веќе ги имаат засакано таквите кучиња и жал им е да ги дадат и сега си ги чуваат такви слепи и искривени. И по други форуми се збори за валканиот бизнис на Мелита повели прочитај (во спојлерот) Спојлер http://www.milenici.com.mk/forum/index.php?topic=249.0
И јас немам добар збор за Мелита, само гледа да профитира. Јас мислев дека е љубител на животните , а уствари е љубител на паричките. Да не распричавам сега дешавки, ама само ќе кажам дека од се зема пари, ем сака да си направи емисија, ем пари да ти земе.
Точно, она не е љубител на животните туку е љубител на парите што ги зима од животните. Еднаш другарками ме натера да влеземe во дуќанот нејзин и цените до небо дигнати. Ви препорачувам на сите да прочитате за матните бизниси на Мелита овдека да видите колку луѓето се жалат од неа. Ја знам лично девојката Nera со ретриверот што зборува на почетокот, па доволно е да ја прочитате само случката што и се има случено на Nera на првата страна за да сватите каков човек е Мелита (во спојлерот пишува се) Спојлер http://www.milenici.com.mk/forum/index.php?topic=249.0
Јас имам од различни луѓе слушнато дека кучињата ги шверца преку граница, преку луѓе кои работат за нејзе. Моето куче го купив без педигре, таткото имаше, мајката немаше, мнооогу луѓе ми рекоа оди кај Мелита за 150 евра ке ти направи педигре, од некое легло од таму каде што ги увезува кучињата, значи дека прави фалс педигреа. Тогаш јасно ми стана што прави она со животните. Другарка моја купи персиска мачка од кај неа, мачката беше со инфекција на очите, едвај го опорави мачето после 5 месеци акање по ветеринари. Така да Мелита е последно место од каде што би купила животинка каква и да е!!!
Леле Доберман, почнав да читам на форумот за миленици и искрено ептен ми падна жал. Јас се плашам многу од кучиња, колку и да се трудам не можам да го зауздам тој страв и тие тоа го осеќаат и почнуваат да лаат и јас уште толку почнувам да се плашам да викам и тука завршува мојата дружба со нив , и жал ми е што е така, ама не можам да се сменам, имам лошо искуство како мала и општо се плашам од животни, ама не би сакала толку да страдаат , а тоа што го прави Мелита е за секаква осуда, како може да профитира над судбината на вакви болни животни?