Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грижа за домашните миленици

Дискусија во 'Дом' започната од snake, 13 јануари 2010.

  1. Alesia

    Alesia Активен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    3
    Па вака јас би сакала нешто за кучињатада кажам.
    За хигиената може да се каже дека, некои кучиња сакаат, но некои не сакаат да ссе бањаат. Без разлика на тоа тие мора некако да се исчистат. Но бидејќи тие не се чистат како мачките тие мора да бидат избањани. Со сила, или со бисквита, на било каков начин мора тие да се исчистат. Потоа, секое куче треба да има своја четка, поради тоа што тие се митарат, односно во топлите времиња, но и не мора да значи, на нив им паѓа косата. Секој ден или секој втор ден кога имате време, треба кучето да го исчеткате. Кучето ако го чувате во стан тоа треба почесто да се шета. Барем два или три пати тоа треба да биде прошетано. А ако го чувате во куќа односно двор, тогаш два пати од сабајле и навечер треба да биде прошетано. Кучуњата исто така сакаат да се галат или да ја чуваат куќата илио газдата, затоа често во денот можете времето да го поминувате милувајќи се со кушето и дозволувајќи му да спие покрај вашиот креевет. :D
     
  2. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    438
    неможам да го кренам и да го однесам ниту да го мачкам со нешто, затоа што не дава да го допираш, ептен некогаш може да го галнам додека јаде, и пак бега, затоа прашав нешто ако може да му ставам во храната, некои капки или било што, греота ми е така
     
  3. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    4.846
    Ќе мораш да го кренеш,качи го во кола на меко,во некоја торба,со која го транспортираш,знаеш оние за миленици,или пак викни дома ветеринар.Најдобро ќе ти каже.И внимавај на кого му го доверуваш здравјето,мислам на кој ветеринар,не секој знае се што треба. :!:
     
  4. Femina555

    Femina555 Активен член

    Се зачлени на:
    25 април 2013
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    26
    Корисни совети за вашето милениче

    1. ХРАНЕЊЕ

    - Избегнувајте на кучето да му давате премногу зачинета, солена и блага храна. Избегнувајте свинско месо и премногу мрсни оброци. Додека е мало, најдобро е да му давате јогурт, конзерви со пилешко месо за мали кучиња, паштети, леб и туна (сардини) и сл. Специјалната храна за кучиња во зрна (дехидрат) сепак треба да биде најважен составен дел од исхраната на вашето куче. Дехидратот се продава во сите пет-шопови и во ветеринарните станици.

    - Број на дневни оброци:

    - Кутриња до 3 месеци: четири оброци на ден.
    - Кутриња од 3 до 6 месеци: три оброци на ден.
    - Кутриња од 6 до 12 месеци: два оброка на ден.
    - Кутриња над 12 месеци: еден-два оброка на ден.

    2. ФИЗИОЛОШКИ ПАРАМЕТРИ:

    - Телесна температура:
    - млади кучиња: 38,2 - 39,2
    - Возрасни кучиња: 38,0 - 38,5

    - Полова зрелост:
    - мажјаци: 7-10 месеци
    - женки: 6-12 месеци

    - Траење на бременост: 58-65 дена.

    3. ХИГИЕНА

    - Капете го вашето куче ИСКЛУЧИВО со шампони за кучиња, кои се продаваат во сите пет-шопови. Не смеете да го капите кучето почесто од еднаш во три месеци, бидејќи така се зголемува ризикот од појава на дерматолошки проблеми. По капењето обавезно исчешлајте го кучето бидејќи тоа помага во одржување на хигиената. Кучето треба да се чешла еднаш во неделата.

    - Не дозволувајте да се натрупа забен камен по забите на вашиот миленик, бидејќи тоа предизвикува низа проблеми, непријатен здив и сл. Доколку забележите дека вашето куче има забен камен, однесете го во ветеринарна станица на стоматолошки преглед.


    4. ВАКЦИНАЦИЈА, ПРОЧИСТУВАЊЕ, ВИТАМИНИ

    - Апче против глисти (се продаваат во сите ветеринарни станици и пет-шопови) првпат треба да му се даде на кутрето кога ќе наполни 30 дена. Во зависност од тежината на кучето се дава и апчето, но најчесто за мали кутриња се практикува четвртина апче. Вторпат, уште една четвртина апче на кучето треба да му се даде седум дена од првото давање таблета. Пред да прими апче, кучето треба да биде гладно. Понатаму, апчињата против глисти кучето треба да ги прима по потреба, доколку забележите дека има глисти во изметот, а превентивно може да му давате по едно цело апче на 4-6 месеци.

    - Прва вакцинација: на 6-8 недели по раѓањето на кучето, откако претходно ќе го прочистите од глисти и ќе го однесете на ветеринарен преглед за да се осигурате дека кучето е здраво. По 21 ден од првата вакцинација, се оди на ревакцина. Првите две вакцини се НАЈВАЖНИ и тие го штитат кучето од голем број заразни болести кои се најголеми причинители за смртност кај кучињата (штенечак, парвовироза). Додека не ги прими двете вакцини, кучето не треба да го изнесувате надвор или да го мешате со други кучиња. Понатаму, ревакцинацијата зависи од волјата на газдата, а може да се носи на вакцинација на една или на две години.

    - Кога кучето е во раст, пожелно е да прима витамини што ќе придонесат за зајакнување на коските. Најдобро е да му се даваат АД капки (се продаваат во сите аптеки) и калциум (го има во сите пет-шопови). Кучето може да го прима калциумот и во форма на живо јајце или лушпа од варено јајце истолчено во храната. За крзно и за кожа препорачливи се Б витамините, Бета-каротин, моркови, јајца. По желба, кучето може да прима и мултивитамини за зајакнување на имунитетот (Кафортан, Канина и сл).

    Кога да се обратите на ветеринар?
    - Доколку забележите дека кучето повраќа, има крв во изметот, доколку е летаргично, се крие во темни простории, ако има температура, надворешни рани и сл.
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  5. HoneyAxl

    HoneyAxl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    151
    Вака значи ке зимам едно маче у среда али пошто живеам у стан мајка ми ми прави проблеми значи цела фамилија хејта мачки а едино ја ги обожавам,е сеа мислам да си го исчувам надвор позди зграда цело време ке е под мој надзор освен коа сум во школо имало 1 месец и ке го ранам секако со млеко и цуце т.е. шприц па ај ке ве молам вие поискусните дајте ми совети што како треба со маче кое има 1 месец :$
     
  6. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Премногу е мало за да е одвоено од мајката, само е мачето? Ако е сеуште со мајката, почекај уште некое време пред да го земеш за да може самостојно да се храни.
    Млеко не е препорачливо за мачки, можеш повеќе околу тоа да прочиташ една страна поназад.
     
  7. HoneyAxl

    HoneyAxl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    151
    Mачето си ги има отворено очињата од прилика е волкаво https://fbcdn-sphotos-c-a.akamaihd.net/ ... 3528_n.jpg мајка мислам дека нема т.е. не го сака или незнам што па девојчето го дава и јас и ветив дека ке го земам во среда е сеа видов дека млекото е штетно за белите дробови,што да земам за замена?може јогурт,павлака?арно велиш можам да почекам,ама незнам ја многу голема желба имам да го земам што побрзо :?: и даа заборавив девојчето ми рече дека му пораснало 1 забче хихи :lol:
     
  8. russia7

    russia7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2011
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    504
    Не знам колку е паметно да земеш маче штом живееш во зграда, бидејќи шансите да им "смета" мачето на комшиите се три пати поголеми, а знаеш колку болни умови има... Размисли за ова убаво:)
    Но добро, се надевам дека ќе му обезбедиш погоден простор.
    Штом мачето има веќе 1 месец, не е потребно со цуцла да го храниш, можеш слободно да го привикнуваш да се храни самостојно со јогурт, павлака, лепче со супа да речеме, паштета ама избегнувај млеко... За да нема течна столица, храната постепено заменувај ја со потврда, купи му храна за мачки, имаш разни врсти, а не се скапи :) И постојано нека има свежа вода до храната.
    Откако ќе се привикне на новиот дом (после 1 недела) избањај го, и стави му ампула против паразити, гледај да биде сончев ден, изнеси го на сонце да му биде топло, и замоли ја мајка ти барем една вечер да остане внатре и да преспие на топло.
    Редовно внимавај да го прочистуваш од паразитите, посебно овој период е најкритичен... Можеш и некое каивче да му купиш со иста намена.
    И тоа... Најбитно од се`, не заборавај да се грижиш за него, нека биде твое милениче на кое ќе му посветуваш време, внимание и ЉУБОВ :)
     
  9. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Ако може да почека уште малку, барем месец и пол да направи мачето пред да го земеш би било најдобро. Настојувај да го научиш на храна за мачиња (има соодветна и за мали во раст и развој), немој да го храниш со мрсна, пржена, зачинета храна или млеко како што веќе спомнавме.
    А russia7 исто има многу право за комшиите, можно е да ти прават проблем така да биди внимателна. Сепак е греота да го земеш, а да не можеш добро да се грижиш за него. Се надевам дека имаш услови за тоа и дека ќе имаш добар миленик.
     
  10. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Да прашам нешто.. На мој прв комшија пред некој ден му се породи мачката, и сеа мачињава кога ќе потпораснат планира да ги раздава. Прашањево ми е дали е океј да земам маче од нив, кога мајка му е толку блиско до куќава моја? Дали има некаква врска тоа? Да не си го земе назад или нешто слично? :^)
     
  11. Youlen

    Youlen Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    194
    Слободно можеш, на времето кога имав мачка и кога ќе се породеше сама ги бркаше мачињата од кога ќе и пораснеа. Еднаш дури не си доаѓаше по цели денови дома, само за јадење и бегаше одма, не можеше да биде на исто место со нив.
     
    На Sanjichka007 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. russia7

    russia7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2011
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    504
    Нема врска тоа, мајката сама ќе почне да ги одбива кога ќе пораснат :) Мачето може да ја бара на почетокот, но потоа ќе се навикне и ќе се осамостои.
    Е сега мачето ќе си шетка постојано кај комшијата бидејќи веќе ќе има стекнато чувство на позната територија, ама тоа не е проблем :)
    Треба да го навикнеш дека неговиот дом е кај тебе, нека има храна постојано, свое лежиште, за да не бара кај комшијата :D
     
    На Sanjichka007 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. bastet

    bastet Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    94
    уште е мало за земање, тоа на сликава е старо 25 дена и уште пие од шприц, уште па надвор, ке го удават мачори или кучиња. Тоа маче треба да пие млеко на секои 3-4 часа и да е на топло, плус треба нега околу хигиена..
     
  14. HoneyAxl

    HoneyAxl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    151
    ке ја замолам барем еден ден кога ке го бањам ке видам сигурно ке успеам,иначе знам комшиите али позди зграда имаме околу 10 мачки и само на едно место седат на сонце на никого не му сметаат освен кога идат пред зграда таму се погадните комшии али ова е помало и лесно ке го привикнам да не оди често пред зграда освен коа ја ке го земам :) фала на советите и на двете :$ :*
     
  15. russia7

    russia7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2011
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    504
    Доколку немаш можност да го оставиш една вечер внатре, тогаш почекај додека не порасне до 2-3 месеци.
    Инаку мачето не можеш да го привикнуваш дали да оди пред или позади зграда. Како што расте, така ја запознава својата околина и се привикнува на истата. Баш дека е помало, сеуште не е запознаено со реакциите на луѓето.
    Се согласувам со останатите да почекаш уште малце да порасне па да го земеш... Премногу е мало за само да се снаоѓа на ново место, дел од денот осамено, а како што кажа на тоа место веќе има и други мачки кои со сигурност ќе го отфрлаат на почетокот.
    Знам дека ти е желба да чуваш маченце, и воопшто не е погрешно да сакаш да згрижиш едно, но ти давам најдобронамерен совет доколку комшиите прават проблеми, ги тепаат или најлошо - оставаат отров, тогаш не му го загрозувај животот на маченцето... Верувај ќе ти биде многу потешко ако му се случи нешто.
     
  16. HoneyAxl

    HoneyAxl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    151

    за отровите немам гајле тоа само по подруми ставаат али таму нема мачки ич зошо вратата е затворена :rofl: незнам ако не ке земам за 2-3 недели да попорасне малка па ке го земам самото девојче може да го причува не е проблем,фала за советите ке послужат..инаку видов едно видео кај една активистка во една организација за помош на животните дека на шприцот најдолу да се стави цевче од инфузија и тоа на мачињата им личи на цуце па сега да ве прашам во аптека се продаваат тие цевчиња за инфузија? ако не се продаваат,знае некој кај ги има? поздрав и благодарам мн :$ :D
     
  17. HoneyAxl

    HoneyAxl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    151
    девојчето ми рече дека имало 1 месец но било минијатурно колку две раце :) нема мачори надвор кај мене и ке го чувам некаде подалеку од нив на скришно место кај шо нема мн луѓе знам дека треба да пие но млеко не бидејќи му е штетно за белите дробови а јас ке го внесувам секој ден по малку внатре но само кога го бањам ке преспие кај мене ;) кога ке попорасне ке муу купам ампула и ке го водам на ветеринар :) а и каивче може .
     
  18. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    4.846
    HoneyAxl Извини што ќе ти кажам,ама немој.Не земај.Ако бар малку имаш човечност и жал,не го зимај.Девојчето барем ќе го даде на некој кој може да му пружи љубов и внимание.Искрено,јас не сфаќам,како миленик,кој живее надвор од куќа,да биде нечиј миленик?Незнам дали ја знаеш ,,приказната,, со мојата мачка,иако ја чував дома,и многу ретко ја пуштав надвор,зошто таа сакаше(нормално,не може само надвор и за какање и за шеткање излегуваше надвор),ама еден ден беше кобен.Излезе и се врати полумртва.Јас сум крива,ако сака надвор ќе ја водам со ланче,(има за мачки посебни)а не да ја оставам сама. :fubar: Ама јас будалата,и бар сфатив нешто од сета таја случка.Ако не можам да се грижам најдобро што можам,воопшто и не го земам,несакам да го измачувам само.И што ќе биде тоа,надвор мачето цело време,а ти само јадење ќе му даваш?Многу ми е некако нелогично.Јас така ги одгледувам уличните мачки,во двор се цело време,а јас само му давам јадење.Ајде да си ви куќа,да седе на балкон,ајде пак,ама вака?
    Дали размисли,дека можеби кога ќе порасне мачето ќе биде малку побесно и ќе им право бељи на соседите и може да му дадат отров?Или само земи го почувај го дур е мало и после што ти е грижа??А дали пак размисли дека може да го турне кола(што беше случај со мојата мачка)?Дали размислуваш за постојаните борби помеѓу мачките?Дали размислуваш дека еден ден можеш да го најдеш крваво и искасано?Сето ова за миленичето е МАЧЕЊЕ,СМРТ,ПЕКОЛ.Верувам и тебе така да те остават,не ќе се чуствуваш поинаку.Не е твој миленик,ако не го чуваш како треба.Пак ќе ти речам,не ме сфаќај погрешно,ама сакам да ти кажам дека и ти ќе се мачиш кога за некој ден ќе ти го снема или ќе го најдеш умрено,а и маченцето.Ете зошто се согласувам да се стерелизираат уличните животни и да се продаваат.Кога ќе дадеш ти еве да речеме 100 евра за персиска мачка,има да ја чуваш како очите,а вака надвор пушти го,што сака нека прави.Замоли ги домашните,нека ја примат,а навечер оставај ја на балкон.Ама направи и добро креветче(легло)каде ќе спие,и загради го делот од балконот,да не скокне.Се надевам ќе донесеш правилна одлука.
     
    На bastet му/ѝ се допаѓа ова.
  19. HoneyAxl

    HoneyAxl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    151
    јас ке го ставам далеку од соседите позди зграда има огромно место .. али сеа проблем е што нејке никој да го земе а ја и обекав виие сте ме сватиле дека обично надвор ке го чувам нененене! ке го чувам во креветче како што рече ти легло каде ќе спие е сеа мислиш ја не би сакала да го внесам внатре и таму да го чувам? секако дека сакам али нема ке умрат ама мачка у кука нема да внесат што ми иде на живци а ја ги обожавам |( :fubar: јас сум чувала еднаш на балкон и несакам да се потсетувам на тоа значи ми падна од балкон мачето кога бев у школо :doh: значи се заградено мрежа на гелендерите се се и тоа се качило од кај знам како и се лизнало и ете ти и после 2000 проблеми имавв затоа боље ми е да не го чувам на балкон а овие моиве нема шанса да го пуштат да оди по дома значи каква фамилија ми се погодила ми иде да се убијам :worried:
     
  20. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    4.846
    Незнам што да ти речам.Ако имате доволно соби(поточно твоја соба),вети им дека ќе го чуваш само таму и само таму,нема да го пушташ надвор од твојата соба,таму храни го и остави му песок и нормално за да не мириса менувај ја по 2пати дневно,или секој ден. Вети им дека ќе го чуваш ти,ќе се грижиш и се ќе правиш што му е потребно,за да знаат дека нема да им ја наметнеш обврската