1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грижа за домашните миленици

Дискусија во 'Дом' започната од snake, 13 јануари 2010.

  1. lookatme

    lookatme Активен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    1
    јас го бањам еднаш во 2-3 месеци може и во повеќе месеци... Обавезно му ставам ампула против воа крлежив уфф колку ги мразам. а имам и маче многу е мало срцка е :) се сакаат со кучево :D
     
  2. bastet

    bastet Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    94
    Дали знаеш колку е старо? Јас сум активист можам да ти помогнам, бидејки имам исчувано и вдомено над 300 мачиња. Имам исчувано мачиња од возраст на само 2 дена. Гледа ли? Има ли заби? Што се случи? Треба да го храниш доколку е премногу мало со млеко од аптека за бебиња - Лактовит и да му даваш со шприц на секои 2-3 часа и обавезно до него да има флаша со топла вода, да го грее. При секое хранење да ја менуваш водата за да не му е ладно.. Пиши доколку ти треба уште нешто.
     
  3. luli5

    luli5 Активен член

    Се зачлени на:
    11 април 2013
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    20
    ЗДРАВООО
    јас имамм маче се вика Љули.Многу е слатко срцка е.
    Ама имаме еден проблем.Си има маченца.Е сега мајка ми несака маченца знаеш кога ќе пораснат.Уште малку ќе се породи :rofl: Е сега што да праваммммм?????????????Летово ќе довага мојата врсначка братучетка само јас сум 2 месеца помлада од неа.И она има маче ама таа е во Италија па та нејзинава уште нема а + братучедка ми многу сака маченца.Велам да и ги дадам али тетка ми нејќе.Имам прочитано кога ќе пораснат маченцата си одат?
    ПОМОШ????? ;) ;) ;)
     
  4. bastet

    bastet Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    94
    Искрено смешно ми е, хаххах. :lol: Воопшто немој да се грижиш, пиши ми лична порака кога ке пораснат и бидат стари некаде околу 1 месец, ке ти помогнам при вдомување ке им најдеме домче. А за да не имаш проблеми со мајка ти и да не се мачи веќе мачката, стерилизирај ја, и така стерилизацијата го продолжува животот и ке си ја имаш Љули подолго време.
     
    На luli5 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. yeah

    yeah Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    64
    Леле луѓе помош :o мачката ми се омачи само едно маче ве молам може да ми ги кажете „преавилата“.
    Колку месеци/дена почнуваат да гледаат? :smoke:
    Дали е можно мачката да роди само едно? :angel:
    Мачето мало постојано мјаука си ја бара мајка си, ама аман не и дава ни да јаде.Што да направам? :pizza:
    Можно ли е да познаам дали е машко/женско уште сега? :?:
    Фала многу однапред!
    ;)
     
  6. HoneyAxl

    HoneyAxl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    151
    Прво види кој пол е ! -> http://www.knowyourcat.info/info/graphics/gender.jpg <- ова ке го бараш малку подолу кај опавчето..
    Избери му име :lol:
    Исто така купи шприц ги има во аптеките околу 10 ден се и види ако имаш од инфузија цевче и стави ја на шприцот тоа на мачето му личи на цуце..еве нешто како изгледа тоа: https://www.facebook.com/photo.php?v=42 ... =3&theater :D
    давај му млеко има специјално во пет шоповите..исклучиво такво бидејки обичното,кравјо е штетно за нивните бели дробови! |(
    Направи му некакво легло во крошна,нешто од кутија со некои ќебенца или во спротивно ке ти лежи на креветот :lol:

    ако треба уште нешто слободно пиши а има и доста корисни информации на интернет :)

    доколку не го прифати мачето направи ги горе наведените работи 8)
     
  7. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Дали прв пат мачката раѓа? Не дека има правила (иако во просек 2-5 раѓаат), но можно е ако и е прв пат да роди само едно маченце што не значи и дека ако не и е прво омачување да мора да роди повеќе мачиња. Ништо не е невообичаено како и да е, нема потреба од грижа.
    Не треба многу да се вознемирува мачката, може да почувствува опасност и да сака да го премести мачето на друго (за неа посигурно и помирно) место и да не го допираш мачето затоа што знаат поради да бидат осетливи на промена на мирисот и да ги одбиваат малите. Значи ако го прифаќа мачето во никој случај не треба ти да се грижиш за хранење на мачето со шприц со специјални млека и да ја заменуваш мачката. Неа треба да и обезбедиш храна и вода, за другото таа си знае..
    Полот може да се одреди според уретрата, кај машките мачиња е со кружна форма и е на поголемо растојание од анусот, а кај женските е како пресече.
    Почнуваат обично да гледаат после 7-10 дена. Првите 3 недели мора мачката да ги затоплува и да ги стимулира за да извршуваат физиолошки потреби, а цицаат отприлика 6-8 недели (после 4 недели може да почнуваат да јадат и друга храна покрај мачкиното млеко).
    Во случај да мачката (недајбоже) не води грижа за него (или ако ја нема) тогаш ќе треба вештачки сите тие процеси под постојан надзор да се применуваат за да преживее мачето или се наоѓа мачка доилка на други мачиња за да го прифати да го одгледа.
     
  8. luli5

    luli5 Активен член

    Се зачлени на:
    11 април 2013
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    20
    Фала ти многу што ми помогна овие маченцава сакааам многуууу да си ги задржам фала ти за помошта а можда ќе ја убаедам мајка ми да ги задржам
    Поззззз :*
     
  9. yeah

    yeah Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    64
    Фала ви многу девојки! :whew: А инаку прв пат раѓа Санфемина. :lol:
     
  10. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    yeah каква е ситуацијата сега, дали мачката го прифати мачето? дали го дои, дали се грижи за него?
     
  11. LaraSolare

    LaraSolare Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    6.617
    Пол:
    Женски
    Значи само кравјо млеко е штетно ке измешаш 200мл кравјо млеко 1 жолчка , 2 лажици хопла и 2 лажици мед и во шприц со заглавена на него гумичка од инфузија ке му даваш , инаку рецептов ми е од ветеринар и јас го давав ова на моето мало маче додека мајка му беше болна и имаше мн малку млеко :D
     
  12. yeah

    yeah Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    64
    Да таа се грижи, само малото маче се научи не ја остава ни да јаде ни да пие вода тоа е проблемот. Многу мјаука. ;)
     
    На sunfemina му/ѝ се допаѓа ова.
  13. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Дечки хаската ќе ми ја донесат за 2 дена па би ми требало помош од некој што веќе има чувано хаска. Со што најчесто ги храните, која марка на кучешка храна би ја препорачале, колку оброци сува храна на ден? Покрај сува вештачка храна што друго му давате да јаде, најчесто?
    На колку време ги бањате?
    Исто ме интересира и околу вакцината. Кученцево треба да ја прима првата вакцина дури на 11ти кога прави два месеци па до тогаш не може да го изнесувам надвор?
     
  14. supernova

    supernova Активен член

    Се зачлени на:
    19 март 2013
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Дали некој има чувано копнена желка ??? :)
     
  15. bastet

    bastet Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    94
    јас имам чувано. :)
     
  16. Brennan15

    Brennan15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2013
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    27
    карина, ти да не си таа од миленици? :) Давај му сува храна, во првите 3-4 месеци ќе даваш 4 оброци. Земи квалитетен дехидрат - Ројал Канин, Про План, Еукануба.. Мало е за готвени оброци, добро да се развие сега му е потребен дехидрат, али кога ќе му даваш понатака понекогаш готвено ќе гледаш да биде голем дел месо можеш со ориз, тестенини со риба, итн, ќе комбинираш протеини со јагленихидрати. Додека е во карантин никако бањање. Бањај го 3-4 пати годишно, на 2-3 месеци еднаш, не многу често. Редовно четкање, секојдневно. Немам чувано хаска, али во основа ова важи за сите раси.
     
  17. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Не е многу ретко на 3 месеци да се бања бе? :wasntme: Ај ако знае некој да ми каже од кај да земам дехидрат, каде се најповолни цените. Еукануба сакам да земам, се надевам ќе ја јаде.
     
  18. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Не е ретко, не треба да се претерува со бањање..може дури да почне од многу бањање да мириса непријатно кучето. Евентуално шепите да му се чистат почесто зошто гази секаде надвор.
    Еукануба по најповолна цена треба да е во Ветколл што е главен застапник.
     
    На Brennan15 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Brennan15

    Brennan15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2013
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    27
    Ете како што пиша sunfemina, Еукануба има во Веткол, кај Перо. Не е ретко тоа, таман е, не треба пречесто да се бања, така поише ќе мириса. Редовно четкање само, и ако го чуваш во стан можеш со пешкирче шепите после шетање да му ги бришеш ако сакаш.. :)
     
  20. russia7

    russia7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2011
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    504
    Деновиве треба да ми донесат кученце, шарпланинец. Доколку некој имал искуство со оваа раса, го замолувам да ми одговори :)
    Кученцето е сеуште мало, има 1 месец. Прво ми требаат совети во врска со неговата исхрана, што смеам да му давам сега, а што понатаму, како и кога да почнам со сува храна (купена).
    Потоа прочистувањето од внатрешни и надворешни паразити, апчиња, ампули, вакцина, ревакцина и вакцина против беснило (на колку месеци се даваат и целокупната процедура, каде можам да ги набавам апчињата и ампулите, и цена на вакцините).
    Кога да почнам со прошетки за да се навикне да извршува нужда во одреден период од денот итн.
    Секој совет ми е добредојден :)