Девојки моето кученце повраќаше еднаш вчера и четири пати денеска. Повраќа по ептен малце, а и кога го носам да кака неможе убаво да се искака, малку кака и тоа е течно. Вчера јадеше јајца. Сабајлево беше добро и свежо, а сега накај 5 часот пак почна со повраќање. Страв ми е да не ми е отруено. Совет!
Ако е отруено треба да му дадеш медицински јаглен, 1 или 2 апчиња, раствори ги во вода и давај му со шприц. Ако немаш медицински јаглен тогаш дај топла вода или млеко. Може и да има проблеми со варењето, можеш да му дадеш и топло чајче за да му се смири стомачето.
Ако е отруено треба да му дадеш медицински јаглен, 1 или 2 апчиња, раствори ги во вода и давај му со шприц. Ако немаш медицински јаглен тогаш дај топла вода или млеко. Може и да има проблеми со варењето, можеш да му дадеш и топло чајче за да му се смири стомачето. Фаала. Знаеш, јас се обидувам да го натерам да се напие вода ама не сака. Сега ќе му ставам чај и млеко па може ќе се напие. Јас мислам дека не е отруено бидејќи не ми изгледа така. Нели да беше отруено до сега ќе му беше ептен лошо. Те молам ако ги знаеш симптомите за отруено куче да ми ги кажеш. Нели треба да му искача пена од устата?
Не би можела да ти кажам точно, во главно и најраспострането труење е да му искача пена од устата и да биде омалаксано, но лично јас сум имала случај и кога кучето неколку дена се мачело. Да не те плашам, се надевам ќе му помине, но мораш со сила со шприц или цуцла (што и да имаш на дофат) да му дадеш за секој случај да го испие јагленот, бидејќи само нема да сака, па подоцна дај му и чај. Медицински јаглен имаш во секоја аптека и не е скап.
Пробај како што ти кажа русиа,со јаглен.Ако не пак појди однеси го на ветеринар.Патем,можеш чај од нане и камилица да му даваш.
Ќе купиш прво храна за мали кученца т.е. Папи програма (не знам какви ти се финансиските можности, ако можеш да си дозволиш најдобро е стартер во првите 3 месеци, само цените се доста високи) .. Ако уште не е навикнато на сува храна, постепено ќе се учи..Прво ќе ја потопуваш во јогуртче, водичка, постепено намалувајќи од течноста додека не дојде на скроз сува храна. Висококвалитетен дехидрат најдобро е да јаде додека е малечко, а понатака ќе можеш да додаваш и готвени оброци. Едни од висококвалитетните дехидрати се Ројал Канин, Про План, Еукануба, итн..На вреќата ти пишува колку грама треба да јаде, тоа е дневна количина, и тоа вкупно го делиш на оброци. Распоредот на оброци ти е : до 3-4 месеци - 4 оброци дневно од 3-4 до 6-7 месеци - 3 оброци дневно од 6-7 па понатаму - 2 оброци дневно. Прочистувањето од глисти се прави пред вакцините, а потоа секој месец до 6 месеци. Од 6 месеци па понатака се прочистува на 3 месеци еднаш. Таблетки ќе си купиш кај ветеринар, не се скапи. Додека ги прими сите вакцини (до кај 3 месеци) не смее да се шета, кучето е во карантин. Можеш да го изнесуваш ептен кратко, колку да изврши нужда само. Ќе го учиш на одредено место да врши нужда (или на прошетки) постепено, без нервози, тоа е бебе, ќе се научи. Додека е во карантин можеш да му одредиш место каде ќе врши нужда, или ако сакаш да го изнесуваш ептен кратко, почесто ќе го вадиш надвор, околу 7-8 пати дневно додека не се научи. Првата вакцина е на 6-7 недела, а пред тоа треба да се прочисти кучето. После 20-30 дена мислам дека следи ревакцината. Секој ветеринар има различна шема на вакцинирање, прашај таму каде што планираш да го носиш на вет. Цените на вакцините се околу 500 денари мислам.. Ампули против болви и крлежи има во секој пет шоп, само мислам дека после 3 месеци се ставаа. Тоа е тоа, ваљда не пропуштив нешто.
Денес сабајле го однесов на ветеринар и му измерија температура 40 степени. Му дадоа веднаш три инекции. И веднаш моето кутре почна да лумпува. Си живнавме и двајцата сега. Фала и за советите.
пред некој ден при чешлање на кученцето му приметив како над очите има некои бубачиња со големина на на мушичка и се движи како вошка и имаат темно кафена/црна боја. дали можеби знае некој што е тоа и како да ги исчистам????
Само над очите има? По описов, ми делува дека се болви. Ама тие ги има по целото тело. Нашево кутре еднаш фати болви и ги решивме во еден потег. Од кај ветеринарот земавме кесичка со течност (заборавив како се викаше, плава беше) која се раствора во литар ипол вода. Ја избањавме, а потоа ја ставивме во легенче во кое беше растворена течноста. Почнавме со чаша да ја поливаме низ крзното, а болвите веднаш и пребегаа на главата. На главата треба многу внимателно да се мие, за да не и влезе во очите или устата. Ние земавме кружни памукчиња (оние како за чистење лице), ги натопивме во течноста и со тоа и ја поминавме главата. Сите до една умреа. Течноста има јак мирис и после тоа не треба да се мие крзното, туку да се остави така да се исуши. Оди кај ветеринар што поскоро и побарај нешто вакво против болви. Најефикасно е. Греота е така да го оставиш кутрето.
Заштитувајте ги своите миленици од болви и крлежи, посебно овој период се најбројни!! Има ефикасни ампули а и квалитетни каишки може да се најдат.
Девојки пред десет дена ми умре мачорот со кој бев ептен поврзана и го третирав ко да ми е дете Мачорот умре на 6 годишна возраст, а причина за смртта беше откажување на бубрезите(бубрежна инсуфициенција) Ова го пишувам со цел да ве запознаам со симптомите на оваа болест, за кои јас немав поима и мислев дека ова е еден случај во илјада, но после ова што се случи, после посета на милион ветеринари и барање на спас за мачето, дознав дека оваа болест била многу честа кај мачките и е ставена во топ 3 причини за смртност на мачки(посебно мачори) Болеста е многу подмолна и неприметлива, а кога веќе ќе почне да појавува симптоми кои ќе ве загрижат ќе биде доцна, затоа што мачките обично почнуваат да ги појавуваат симптомите дури кога бубрезите ќе откажат до 70%. Мојот мачор првите симптоми најверојатно ги појавил во октомври месец 2012 година, штета што тогаш не бев свесна за тоа. Тогаш дојде од надвор со повреда на устата. Ветеринарот во мојот град обајсни дека повредата не е страшна и му препиша цефалексин сируп за деца. Апетит имаше, но потешко јадеше, што ветеринарот го препиша на повредата на устата. После 10 дена пиење цефалексин, мачорот се опорави. Но оттогаш почна поретко да се лиже, крзното му го изгуби сјајот, апетит имаше, но пак така внимателно јадеше и пиеше многу вода. Разигран си беше, не делуваше на болно маче. Пак го однесов на ветеринар, зошто не сакаше да се лиже воопшто и дека така претпазливо јадеше, ко да го боли нешто во устата и ветеринарот констатираше гингвитис. Пак почнавме со цефалексин, сега капсули, за да го смириме воспалувањето на непцата. И така неколку месеци, една недела цефалексин, две недели премачкување со чај од камилица. Но мачето изгледаше добро, само што во суштина не било добро. Сега во април одеднаш изгуби апетит, здивот почна многу да му мириса и стана ептен млитаво и двапати ми поврати. Овдешниот ветеринар пак тоа го препиша на забите. Побарав мислења од милион ветеринари и сите различно ми кажуваа. Еден ми споменуваше некаква мачешка чума, ма милиони дијагнози, се додека не се јавив на еден ветеринар во Куманово -Др. Митко кој веднаш штом ги слушна симптомите ми рече итно да го однесам мачето, дека најверојатно се работи за проблем со бубрезите. Утредента веднаш го однесов во Куманово. Резултатите од крвта покажуваа високо ниво на уреа во крвта - 14,7 и покачено ниво на леукоцити 14,1. Другите вредности како еритроцити, хемоглобин, шеќер му беа во ред. Овие резултати всушност значеле дека бубрезите речиси и да не работат. Исто и температурата му беше многу ниска 36,5. Му дадоа инфузија, и некоја инекција за да мокри почесто, му ставија и некоја инекција која требало да допринесе да се врати функцијата на бубрезите која се става во мускулот на задната нога, која многу болела и од која мачето ќе почнело да ги занесува задните нозе. Му препишаа и ласекс за мокрење, увин чај и Ројал Канин диетална храна за мачки со бубрежни и уринарни заболувања. Од сето ова мачето многу повеќе мокреше, но за жал мокрачата не мирисаше на мокрача. Така се лечевме две недели, но за жал неуспешно. На 1 ви мај, мачето почина. Оние први симптоми кои овдешниот ветеринар ги препишуваше на забите всушност биле први симптоми на бубрежно откажување, кое тогаш најверојатно било акутно и можело да се третира, но со текот на времето станало хронично и тивок убиец. Затоа доколку приметите дека мачето не се лиже, пие повеќе вода, повремено го губи апетитот или отежнато јаде, веднаш побарајте да му направат крвна слика. Зошто кога веќе ќе почнат да се појавуваат симптоми да несака воопшто да јаде, да повраќа, да е млитаво, да има лош здив, тогаш веќе ќе биде доцна. Дијализа и трансплатација кај мачки не постои, за жал. What Are Some Signs of Kidney Problems? If your cat shows any of the following symptoms, please take her to see your veterinarian. Appetite loss/decrease Weight loss Vomiting or diarrhea Lethargy or depression Dehydration Change in water consumption Pain in the kidney area Litter box aversion Mouth ulcers Bad breath Constipation Bloody or cloudy urine Urinating in abnormal places or pain when urinating Stumbling, acting drunk
Девојки пред 2 дена добив хрчак на подарок и ова ми е прв пат да чувам вакво животинче.. Ќе може ли некоја од вас што чувала да ми каже се што е побитно во врска со грижата и негата за нив ?
За храната најверојатно знаеш. Многу се нежни, пази ако го земаш по раце и сл., да не ти падне. Трињето во кое седи треба да му се менува на 2-3 недели (зависи од големината на аквариумот). Гледај да не му даваш многу храна бидејки може да прејаде и умре (моја пријателка имаше таков случај). Ако те интересира уште нешто слободно прашај.
Фала многу А иначе тоа што не сака да седи во раце и да се гали нормално ли е ? Дека не е уште навикнат, треба да се припитоми или ? Па јас сакам да го галам а он цело време бега.. :/ И уште нешто треба ли да испушта некакви звуци ? Ова моево ко немо да е.. -.-
What Are Some Signs of Kidney Problems? If your cat shows any of the following symptoms, please take her to see your veterinarian. Appetite loss/decrease Weight loss Vomiting or diarrhea Lethargy or depression Dehydration Change in water consumption Pain in the kidney area Litter box aversion Mouth ulcers Bad breath Constipation Bloody or cloudy urine Urinating in abnormal places or pain when urinating Stumbling, acting drunk Ок моето маче се породи со 4 маченца нормално е малку да ја загуби тежината нели?
Здраво дечки вчера моето кутре имаше пролив, а ноќеска поврати 3-4 пати. Хранета е само со сува храна за кучиња, е сега не знам нешто да не е настината случајно, ама па не е бањата деновиве па да настине,м? Попладне ќе ја носам на ветеринар па ке видиме што е работата
Нормално е, не му се секирај Кај бубрежните заболувања губењето на тежината е еден од последните симптоми, кога веќе ситуацијата е тешка, да не речам непоправлива, тогаш мачето е млитаво, малаксано, спие повеќе време и др.
Денеска добив маче за подарок, има прекрасна златна боја, раса некоја си и нема (мајка и татко не се некои мачки господа, обични мачки се, немаат препознатлива раса). малечко е многу има 1 месец и 1 недела. Оваа му е прва вечер тука, и слатко се наспа додека лежеше под мојата рака, бидејќи му беше топло, секој пат кога ќе се помрднев и тоа почнуваше да мјаука. многу е мило. ме плаши само тоа (немам искуство и се ми е чудно) што на одвреме навреме силно мјаука да не речам писка. Тоа е веројатно поради неговата мајка. За јадење му купив млеко и млако му го дадов, вечерва му оставив и свежа вода. Му направив кутија со песок ама не сака да влегува во нејзе незнам како да го натерам.... Се криеше цело време зад кревети и глас не му слушав.. Сега легна покрај врата предеше предеше, и заспа. Го покрив со стари трењерки, му ставив шише со Немногу жешка вода, пред него се и млекото и водата, незнам дали е во ред што му носам пред него постојано јадење, или да го оставам јадењето покрај кутија и да се привикни само да оди таму... Ама па малечко е мислам дека цела вечер нема да може да се снајди и ќе остани гладно..... Прееска играше на кревет, се превртуваше и падна, и мјаукаше, задното десно ноже му е повредено и не знам што да му направам.. Кога движи тоа ноже му е кренато, пред 2 мин пред да заспија, го следев, забележав дека можеби не се работи за скршеница туку за болка, сега подобро се справува со ножето..
размислував и решив овде да пишам дај дајте ми совет мојата мачка има маленки не се мали веке 2ипол месеци се и имав 4 дадов 2 на една пријателка и сега имам дома уште 2 маченца ама мојата мачка(мајката) пак ја трчкаат мачори еден мачор доага пак по нејзе е добро што се случува сега роди сега сака пак да се пари дај кажете ми дали има апчиња или инекција да и стават да не се омачува повеќе или само привремено да е потоа пак како одат тие работи ХЕЛП?