1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грижа за домашните миленици

Дискусија во 'Дом' започната од snake, 13 јануари 2010.

  1. Ljupka-Emi

    Ljupka-Emi Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Здраво,

    Јас сум нова на форумов и имам еден проблем со моето милениче.
    Имам маче кое е старо 2 месеци и го чувам веќе месец и пол. Проблемот ми е што мачето претерано гризе по раце и нозе и не можам никако да го одвикнам од тоа. Знам дека е мало и дека запчињата му растат али му купив играчки што може да ги гризе, и што може да си игра али не се одучува. Пробав и неколку начини што можев да ги најдам по интернет како гласно викање НЕ кога и да ме гризне и тоа се случување цела недела и немаше напредок. Си играм и по два пати дневно по еден саат со него а ако ме гризне му се вртам и си работам нешто друго и џабе е и тоа. Се случува и додека спијам, да спие и да стане и да почне да ме гризе за раце и за носот :) Пробав и неколку пати да го легнам на кревет и како ке ме гризне така да го удрам по газето и тоа едно 100тина пати и нема напредок. Не знам што да превземам бидејќи рацете ми се цели со гребаници.
    Кога ми ги гризе нозето кога можам го прскам со шишенце со прскалка за вода за да прекине али не помага.
    Љубител сум многу на мачки и прв пат чувам свое маче и ве молам доколку некој имал сличен проблем нека ми пише.

    Поздрав
     
  2. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.318
    Допаѓања:
    28.935
    Пол:
    Женски
    И моето маче кога беше мало многу гризеше, но само му помина, веројатно треба да почекаш. ;)

    Инаку денеска најдов 2 прекрасни мали наслатки маченцаа.. Ги испосликав, некој ден ќе ставам и слики :D
     
  3. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.745
    Допаѓања:
    4.846
    Па тоа е период кога му растат запчињата,затоа веројатно гризе.Купи му од оние играчките во пет шоп ги има,ќе ги гризе нив,дур да му пораснат запчињата.
     
  4. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.318
    Допаѓања:
    28.935
    Пол:
    Женски
    ^ Зар девојката не рече дека тоа не помагало?

     
    На Ljupka-Emi му/ѝ се допаѓа ова.
  5. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.745
    Допаѓања:
    4.846
    Упсс,сега видов.Го прочитав мислењето пред некое време,а покасно пишував.Се извинувам.Имај весник при рака и секогаш коге ќе те гризне,удри го.Кај мене имаше ефект,мислам кај покојната мачка.Сепак е само период,се надевам ќе му помине.
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  6. bubamara96

    bubamara96 Активен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    3
    Здраво девојки, јас сум нова на форумов :) Би сакала да ве прашам нешто. Сега ќе имам маче, мислам дека ќе биде женско па ако би сакале да ми напишете неколку имиња за маче. ;)
     
  7. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Мачката на комшијава мој има 7 мачиња, од кои 2 ги даде. Едното од мачињата е значително не дораснато :worried: мачињава имаат месец дена, другите веќе одат, пијат помалце млекце сами, а мачево е иста големина од кога се роди. Такво е преслабо, уште има плави очиња, не може да стои, не може да се движи, нема сила главчето да го крева... Не знаеме што не е во ред со мачево :worried:
    Денес му купивме шприц па малце по малце му дававме млеко да пие ама поентата е што не сме сигурни ни дали знае да цица малечково..страв ни е да не умре... Се јавив јас прееска на дежурен ветеринар ми рече само рачно да го храниме. Ама незнам... има ли простор за паника? Дали има шанси да преживее? :worried:
     
  8. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Многу мачиња родила мачката, па се случува ако се повеќе некое меѓу нив да заостанува.
    Дали мачката го чува како останатите мачиња?
    Кај скоро сите животни што раѓаат повеќе малечки може да се случи тоа, а и некогаш природно и инстиктивно ги тргаат на страна како послаби и со мали шанси за преживување.
    Може да пробате да го спасите, иако нема гаранција за тоа. Нормално како што ви рекол ветеринарот со рачна дохрана и постојан надзор. Само дали ви кажа какво млеко? Секако не кравјо кое општо треба да се избегнува да се дава на мачки. Пред се може дополнително мачето да дехидрира (а јасно е што може да се случи поради дехидрација), да добие стомачни проблеми, а и млекото не е хранливо за мачките. Треба специјално млеко или млеко по формула.
     
  9. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Мачето сабајле го најдовме мртво :( За жал не успеавме да го спасиме :(
     
  10. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Жал ми е :( ! И јас би се борела со сите сили колку што е во моја моќ за спас на животот на некое животинче во било каква тешка ситуација, но некогаш едноставно не успева..
    Обично мачињата што не се борат за да дојдат до храната (на почетокот мајчино млеко) како останатите, не може да напредуваат, неухранети се и како најслаби природно не опстануваат многу долго. Ова е одлика и на други животни.
     
  11. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Има уште едно ко него, значително е поситно од другите мачиња, ама ова барем може да оди, не е до толку како другово што умре :worried:
    ова и јаде само, прееска му дадовме, пиеше млекце самото, ама цело време мјаука. Прегласно мјаука, шета низ соба, растрчано е и постојано вришти. Страв ни е и на ова да не му се случи нешто како на другово... :worried: страв ни е да не е болно нешто...
     
  12. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    А какво млеко давате? И колку точно се стари мачињата?
     
  13. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    На 26 април се омачи мачката. И кога се јавивме кај ветеринарот ни рече нормално млеко да му даваме ама да го разредуваме со вода за да не им биде јако :^)
     
  14. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Барем денес постои интернет, па нема да сретнете ниедна страна која сериозно се занимава со нега и одгледување на мачки со препорака да им се дава кравјо млеко.
    А и ако логично се размисли, како би напредувало едно мало маче ако конзумира продукт кој нема доволна нутритивна вредност за него. Затоа ако се премногу мали мачињата и недајбоже не може мачка да ги дои, се хранат со млеко по формула (ако е домашно правена по рецепт, меѓу другите состојки може да има млеко, но затоа останатите работи ги надополнуваат потребните хранливи вредности што фалат).
    Во случајот бидејќи ја имаат мајката покрај нив, имаат можност орИгинал млеко да пијат :).
    A со оглед на возраста на мачињата (месец дена) веќе може по малку да им се вклучува храна за нив, но ако може избегнете млеко како избор за дохрана. Ептен ако нема што друго, па да дојде во предвид разредено, во ограничени количини, полномасно (разредено во сооднос 2/3 млеко-1/3 вода-најдобро превриена)...а подобро одберете јогурт, кисело млеко..

    Може милион пати веќе се повторувам во врска со ова и им станав досадна на тие што ме читаат, но се надевам дека ќе повлијае малку во позитивна смисла.

    DO NOT USE COW MILK! Never feed a kitten cow's milk or human baby formula as this causes stomach upset and severe diarrhea. If a kitten is already dehydrated, this could prove fatal. This includes condensed/evaporated canned cow's milk!

    Kittens need to drink their mother’s milk while they are nursing because it is full of the fat, protein and other nutrients that they need to grow into healthy cats. However, just like humans, many cats are lactose intolerant to milk from cows and other animals, so ingesting large quantities of milk can result in diarrhea or other digestive problems. This is especially dangerous for kittens who can dehydrate quickly and suffer more serious consequences such as irreversible kidney damage.
     
    На Sanjichka007 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Каде да најдам хранилка за папагал со поклопче ама од внатре што се става? Сите за од внатре се без поклопче, а ми треба такво пошто папагалов само го истура јадењето :envy: . А така нема да може :geek:
     
  16. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.520
    Допаѓања:
    5.886
    знае ли некој зошто папагалите збеснуват?
    Мојот збеснува на моменти и само каса ко куче (и онака не стои на прст) (да не си сака партнер случајно или нз што) |(
     
  17. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    ^ Може да му е до тоа. Моето беше ко ментално :D . Се дереше ко лудо, истураше јадење абе лом :D .
    После снесе 9 јајца, дел ги скрши, дел ги лежеше, ама не ги изведе и и помина.
    До периодот им е изгледа. :rofl:
     
  18. luli5

    luli5 Активен член

    Се зачлени на:
    11 април 2013
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    20
    Дечки моево Њули го затворив во соба и не сака да стане сега само чежи.А времево малку наоблачно е дали нешто чуствува или?Кажувајте страв ми еее :sweat: :sweat: :worried:
     
  19. luli5

    luli5 Активен член

    Се зачлени на:
    11 април 2013
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    20
    КАЖУВАЈТТЕЕЕЕЕ ВЕ МОЛАММ
     
  20. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.745
    Допаѓања:
    4.846
    Што е тоа Њули?Од каде знаеме ние пто му е,дај малку објасни.Прво незнаеме ни што е тоа за да ти кажеме,маче,куче,зајак,папагал,риба,змија..?? :|