Δ Весници му постели некаде, и само ќе си оди на нив. Менувај ги по секоја нужда, па и на вас дома чисто и на нефо. Мало е да го изнесеш надвор невакцинирано во смисла да се душка со други кучиња или да душка каде други кучиња одат, но можеш да го изнесуваш во двор, ако не ви е заградено стави му ременче и така изнесувај го во двор.
јас имам женка во двор си ја чувам и паметна си е се си јади,ја научивме да не врши нужда по плочките и така се си е ок
Maчките ги фаќа гласот кога премногу мјаукаат или пиење студена вода ама сепак нема потреба од грижи би требало да му помине за еден ден ако не му помине тогаш стави му нешто како шалче за да му се загрее грлото
Да се пофалам дека мојата госпоѓица Лили е во ред, буквално со се. Често ми се разболува, но сега навистина се си е во ред. Мислам дека ова би била најсоодветната тема да прашам нешто што ме интересира. И друг пат ми текнало, ама ај сега ќе прашам. Вообичаено сите кажуваат сите мачките немаат многу длабок сон, дека на секое шушкање се будат, претпазливи се и итри. Да, но повеќето мачки. Мојата Лили кога спие, навистина спие како заклана. Не знам дали е ова нормално !? Си го знае името, доаѓа кога и викам Лили. Но, додека спие и да ја викам по име и тоа до неа седната, таа не се буди. ( да се разбереме слухот и е одличен не е глува) Е дури кога ќе се доближам ептен и кога ќе ја погалам таа се буди и буквално како да сум ја исплашила, сум ја прекинала од сонот. Еднаш случајно оваа тема падна на мета додека разговарав со некои личности и ми кажаа дека мачката спие длабоко затоа што има доверба во сопствениците !? Ме интересира дали е нормално !?
Моето кутре има една година. Многу му паѓаат влакненцата. Само чистиме по него и никако да не дочистиме. Некој совет, некакви витамини да му давам за да не му паѓаат влакната?
Влакна му паѓаат бидејќи можно е да му се менува крзното или пак доколку има ременче можно е и тоа да ги кубе неговите влакна и мртвите влакна пајѓаат,од искуство ти кажувам го имав истиов проблем,не ми кажаа никакви витамини да му давам
Кучињата сезонски менуваат влакна (не сите, но повеќето да), најчесто на пролет се митарат интензивно од причина што до тогаш „носеле“ зимско крзно кое сега треба да го сменат со летно т.е. поретко кое нема толку да задржува топлина. Каренин не е за витамини работата, период му е, можда ќе потрае некоја недела, но не е нешто што би можела на било кој начин да го спречиш. Мој совет ти е да си набавиш четка според должината на влакното, и сега кога се митари да го четкаш често (минимум еднаш дневно) така ќе се намалат влакната кои ги остава зад себе и ќе немораш толку да чистиш.
Ај сега и јас да прашам. Денес,поточно за неколку часа ќе пристигне нашиот нов член на семејството. Кученце од расата мал германски шпиц. Е сега,има книшка на вакцини,вакциниран е и сите тие работи,што значи можам да го изнесувам надвор нели?Има 3месеци и е чувано во домашни услови. Ај ве молам кажете ми што треба,друго? Храна имам,песок ќе му купам од онаа што се суши веднаш,сад за вршење нужда,ланче/поводник,легло/креветче.. Тоа е тоа мислам,што друго му треба?Сакам да прашам и околу дресурата за нужда и при шетањето,како да се однесувам и слично. И нешто за крлежи,ампули,спреј,нешто..?И каде можам да го најдам? Јас вака изнапрашав се,без врска,ама ве молам помогнете ми зошто едвај чекам да го видам,одамна барам куче,и конечно си најдов,и малку сум збркана. Небаре,дете ќе раѓам. Благодарам.
прашај си по ветеринарни аптеки,има ампула која ке го заштити од крлежи и болви цела сезона,и не е скапа,околу 300 ден. Вистинско време му е за дресура,почни по малку секој ден,но никако со тепање! Јас сакав да прашам дали е нормално и здраво куче да јаде овошје и зеленчук? другарка ми му даде цреша на моето куче и изгледа многу му се допадна. Подоцна пробав и со други овошки, се сака . Да не е штетно поради шекерите... Да се редактирам,кики,купи му и шампон, ке сака и тоа да се разлади
Кики и пишував на Златушко неколку страни наназад за дресурата, читни си. Надвор можеш да го изнесуваш слободно но внимавај да не бидат некои многу затревени површини (таму најчесто врие од болви и крлежи) и секако да нема многу улични кучиња во околина. Ампулите најчесто ги има по ветринарните станици и пет-шопви и се даваат според тежината на кутрето, но сепак консултирај се пред да ставиш, незнам од која возраст точно смее да се третира со такви препарати. Остатокот ти е супер, давај му три пати дневно храна и нон-стоп да има свежа вода до него, шпицовите се со доста густо крзно и можно е да има потешкотии при поднесувањето на горештиниве. Идонеа не е ништо страшно јадењето овошје и зеленчук, баш напротив добро е, исто како и за луѓето, е сега ако е на пример самојед внимавај со количината на морковот поради бета каротенот може да се појави и депигментација. За шекерите не се секирај тоа е природен шеќер и им е потребен и не им штети.
kikkki јас имам мал германски шпиц, 6 месеци старо го земав пред 3 ипол така нешто. Прекрасно кученце, но мојов многу лае и на големи кучиња. Прво куче ми е немам голема доминантност врз него, а треба. Немој да го разгалиш. Никако да му дозволуваш се. Ти кажувам од лично искуство па сега се караме многу да го ставам малку во ред. Песок не купувај, јас купив само го трга со нозете и прави лом дома. Ќе го носиш почесто надвор. Сабајле кога ќе стане од спиење и обавезно после јадење. И да, за почеток давајте му храна од рака за да се навикне на вас. За шетање јас првата недела не го шетав, така ми рекоа после не го пуштај одма да оди кај сака туку до тебе ќе го држиш, друго не ми текнува во моментов ако те интересира нешто повеќе прашај ме во ЛП.
Ви благодарам девојки. Сакам само уште нешто да прашам. Треба ли да прима некакви витамини за валкното или нешто слично?
Никако морков ако е бело пошто ќе му се извалка крзното. Можеш по малку да му даваш краставичка, домат, зелка.
Можеби сум досадна,ама дојдов тука зошто направивме беља со Тото. Се шеткавме денес низ парк и закачивме крлеж. Сега незнам дали дамју го извадам сама и како да го сторам тоа,утре секако ќе појдеме до амбуланта,ама несакам да стои до утре,да не закачиме некоја болест.
Никако да не го чепкаш сама доколку немаш искуство затоа што можеш само телото да му го скинеш а главата да остане внатре оди до на ветеринар тие одма ке го извадат нема гајле чим стои закачен за него ништо нема да му . Имам видено кучиња каде што имаа над 10 крлежи и само ги извадиа не е ништо страшно ако постои уштен еден ден
Дечки, мене ми е куца болна. Не сака да јаде воопшто, вчера беше и тажна многу, не сакаше да си игра, а денеска е повесела и поокеј, ама пак нема апетит. Прво мислев дека е од топлото, бидејќи е хаска, ама еве денеска е таман. Чаре? Не ми се носи на ветеринар зошто за се и сешто и става инекции.
Од топлото им е, еве и јас моето го шишав денес зошто се живцираше сирото, а на хаска можам да замислам како и е.И моето одбива да јаде, преку еден ден обично јаде или му стои во чинија па кога му се пријадува си јаде...од тоа е, мака им е и нив, давај му овошје и зеленчук ако јаде, моето само тоа овие денови преферира.