1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грижа за домашните миленици

Дискусија во 'Дом' започната од snake, 13 јануари 2010.

  1. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    НИшто не сака. Куца седи, јас плачам до неа и многу ми е страв. Многу ми е жал кога ја гледам. И направив попара, ама прибира малце од јогуртчето касна, вода пие и тоа.
    Страв ми е да не има запек, мешето и е отечено.
     
  2. Femina555

    Femina555 Активен член

    Се зачлени на:
    25 април 2013
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    26
    Истата мака ја имав пред 5 дена дури се грчеше од стомачето и плачеше многу силно ништо не јадеше ни вода не пиеше го носев на ветеринар му беше само покачена температурата и му даде инјекција ама ми кажа дека е од топлото и највероватно од седење на промаја и лежење на плочки.Деновиве не му давај ладна вода и само лесна храна давај му како на кутре ке му помине :)
     
  3. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.089
    Допаѓања:
    101.772
    Пол:
    Женски
    Свекрва ми има едно маче, да речам мачориште, имаше повреда на задниот дел од телото, претпоставуваме дека го каснало куче и раните беа катастрофа, имаше дури и црви но го спасивме, беше дехидриран и тоа го средивме, кај Налетовски во Ѓорче, феноменален однос имаат сите. Ми препорачаа да однесам крв на клиника во Државна да замолам да ми ја испитаат како за луѓе што испитуваат и да го однесам на Ренген, се сомневаат на инвагинација и на јака повреда внатрешна, воспален му е и мочниот меур. Сеуште се лечиме од инфекција, дехидрација и жолтица. Муабетот ми беше, каде да го однесам на ренген, колку кошта тоа, на Ветерина факултет или приватно, што ќе ми препорачате?
     
  4. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Вајлд џабе му е попарата, подобро дај му само јогурт или измати млеко (300-400мл и 100-200 вода), едно јајце и лажица мед и дај му да пие, ама не мораш сега можеш покасно кога ќе залади поише. Сега давај му само вода.
    Летно време најдобро е да ги храните милениците или рано наутро најкасно до кај 8-9 или навечер после 7, од топлото одбиваат да јадат, особено поларните кучиња, за нив летово е казна поготово ако се во двор или цел ден надвор. Не е ништо страшно ако е енергично т.е. сака да си игра, се радува, трчка ако е ептен мирно и бега само на страна е могучи показател на посериозен проблем, ма да не мора да значи.
    За запекот неможеш со сигуност да знаеш освен ако не го пратиш дали редовно кака, ако приметиш дека слабо кака давај му потечна храна, ако е на сува потопувај му ја со вода некој саат пред да јаде, убаво да омекне и потоа пак додај уште малце вода, ептен течна да дојде како супа. И преку ноќ оставај му храна во чинијата, ноќите се посвежи па можда тогаш ќе има апетит па нека си има храна, сеуште е почеток на лето не се адаптирани на овие температури особено ако станува збор за младо куче на кое ова му е прво лето. Пробај неколку оброци така течни + давај и јогурт (би ти препорачала Баланс) и би требало да се среди, ако подолго од три дена одбива да јаде, стомачето му е сеуште подуено и слабо кака најдобро е да го однесеш на ветеринар сепак таму постручен совет ќе ти дадат.
    Ангел јас мојата кучка на ренген ја носевме на Ветеринарен факултет, искрено во болница не верувам дека некој ќе прифати да снима животно а за испитување крв мојот ветринар сам си средува, мислам дека примероците ги носат во некоја од приватниве лаборатории и за ден-два имаат резултати. За ренгенот не сум сигурна ама мислам дека окулу 1000-1500 беше а за крвта последен пат мислам дека 350 платив.
     
    На Wild.Child му/ѝ се допаѓа ова.
  5. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.089
    Допаѓања:
    101.772
    Пол:
    Женски
    Па јас и за крвта зборев, за ренген јасно ми е, сакав само да прашам колку кошта на Ветерина факултетот и дали знаете за некоја приватна ветеринарна болница кај што снимаат. Иначе утре најверојатно ке го носат одсабајле ;)
     
  6. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Фала ти многу.
    Инаку се сетив на друго, можно е и да треба да добие. Еве сега земав и дадов една шака сува храна, од раце јадеше. Ама чудно се однесува, не знам... Ако ја гњавам многу покажува агресија.
    Сакав да и дадам апче за човек, ама па страв ми е беља да не направам. Ќе видам вечер како ќе и биде, ако не - утре одиме на ветеринар.
     
  7. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.089
    Допаѓања:
    101.772
    Пол:
    Женски
    На нас сите апчиња што ни ги дадоа се за луѓе, Стрептоксазол, Линекс, Амоксиклав.....
     
  8. Nounejm

    Nounejm Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2013
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    5
    Пред некој ден вдомив кученце хаска. Цело време спие и јаде. Дур спие на моменти почнува да се тресе .. Имате некакво искуство со такво тресење? Што би можело да биде?
     
  9. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Ако спие и се тресе а во меѓувреме нормално се однесува остај го кучето да си сонува.

    Вајлд мојата кучка пред да добие освен што беше ептен мрзлива и малце депресивна никогаш не одбивала храна или да се понаша агресивно, тоа не е воопшто добар показател. Очигледно сте ги смениле алфа и подреден улогите, значи и кога и досаѓаш несмееш да дозволиш да ти зар'жи или лае (освен во играње) зошто во иднина ќе треба да и направиш нешто против нејзина волја па ќе ти испаднат поголеми проблеми. Во ред е размазување, сакање, тинтрење но не и да и дозволуваш буквално се.
     
  10. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    И нема потреба од апчиња се додека не покажува симптоми кои укажуваат на нешто сериозно, патем речено животните и немаат некој широк дијапазон на животински лекови, или барем нема кај нас моето куче досега освен Бихелдон друго се од "нашиве" апчиња прима било да се капсули, таблети, капки, масти само за дозирање и препишување никако на своја рака се да одобри ветеринар. Строго животински се само суплементите т.е. витамини и минерали.

    Неможам да го едитирам мислењето од телефон пишувам и затоа едно под друго ми се мислењата, модератори извињавам се.
     
  11. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    Како да ја научам пуфката моја да се шетка како најнормално куче? Значи дома си е мирна, паметна, се научивме на хигиенски навики, си јади, си игра. Е проблемот почнува кога ќе решам да ја извадам надвор. Низ дома, низ ходник и во лифт си е мирна, и само што ќе слезиме долу пред зграда буквално збудалува. Трча и трга ко лудо, не знае што попрво да душни и воопшто не ме перцепира. Значи дома си е послушна знае ''седи'', ''дојди'' , ''не'', а надвор буквално ништо не слуша, премногу е возбудена. Трга до толку што се дави самата и тоа со градниче, не ремче на врат. Премногу е брза и не можам никако да ја контролирам. А и ме фаќа страв кога ќе затрга многу и ќе се закашла. А да не правиме муабет за тоа што се сака да пикни во уста. Никако, ама никако не можам да и го привлечам вниманието да се смири, се е поинтересно од мене. Кога ќе врви човек некој, одма трга накај него, му скока по нозе и сака да се гали, и нормално кога не и дозволувам завршуваме со лаење и кемкање, се до најновото нешто што ќе шушни и ќе и го привлечи вниманието. Пробав со бисквитчиња да ја лажам, не сака ни да ги душни, а дома ги обожава. Иначе има веќе 3 и нешто месеци, па веќе морам да ја социјализирам. Со други кучиња како ќе реагира немам многу искуство, со на другарка ми пудлицата ќе ги дружевме ама не испадна по планот. Оваа мојата изгорена е за играње, му скока го ѓњави, а тој се плаши од неа, што на крај резултираше тој да почни да ржи агресивно и да ја напаѓа. Си викам сега да најдам некое кученце низ град, нејзина големина (мало е по раст), бидејќи ми е страв со поголеми да не ја повредат.
     
  12. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Јас сум многу против водење куче на градник. Дури ги возбудува повеќе да тргаат на каишот отколку да ги учи мирно да шетаат. А најнормално е да се возбудува надвор, сите чудни мириси што ги нема дома одеднаш допрат до носето. Куче што тегли се води со главата му. Не сакаат кога не гледаат право, и затоа најефективно водење е со каишите што им ја опфаќаат муцката/носот. Тоа ќе потегли, каишот му ја сврти главата настрана и само застане. Застани и почекај. Пак почни да одиш, пак ќе потегне, пак му се сврти настрана главата, застани. Треба време ама ќе се научи дека ти одлучуваш темпо и додека стоиме не е забавно ни за мене ни за тебе.
    Замисли некој да те фати за рамена и половина и да те влече наназад, или носиш ранец и некој те потегли од позади, ќе се теглиш, ќе се фрлаш. Ај сега грабни се со една рака над носот и со другата под вилицата, ќе одиш ли кај треба? :D

    Да имаш идеја што да бараш, извади слики на интернет, figure of 8 dog lead, halti, gencon dog collar, било кое од овие имиња ќе ти даде идеја што да бараш. За разлика од ременче на врат, со ова колку и да тегли нема да се задавува и да кашла. Кучето е доволно старо да се социјализира, требало и порано, и не му се плаши да се здушка и игра борење и со поголем раст, се додека имаш потврда од газда на друго дека не им е агресивно нивното.
     
  13. Dgirlll

    Dgirlll Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    953
    Допаѓања:
    7.286
    Пол:
    Женски
    Мачорот ми е 1 година и пол негде, и денес шеташе низ двор и си дојде потечен во вратот од едната страна, незнам дали го има оса каснато или нешто друго, и цел ден спие, ако не му помини денес, утре ке барам ветеринар, ама во меѓувреме нешто да му дадам да се напие или облоги да му клам? ако му се има случено на некој ова, секој совет е добродојден.
     
  14. innamylove

    innamylove Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    379
    Допаѓања:
    231
    моето куче еднас така му потече устата и го однесовме на ветеринар, рекоја дека е каснат од оса или некоја бубачка ама во секој случај прими инекција, значи мислам дека најдобро е да го однесеш одма на ветеринар, ако во случај неработат во ветеринарните докторите сигурно има број на кој можеш да му се јавиш и прашаш за стручно мислење :)
     
    На Dgirlll му/ѝ се допаѓа ова.
  15. alexsandraa

    alexsandraa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2011
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    737
    Пол:
    Женски
    Имам вакви риби http://ribi.freebg.eu/wp-content/plugin ... d-fish.jpg демек машко и женско, на женската опашката и е пократка а на машкото подолга и пораскошна. Е сега на машкото опашката како да му е искината, не му е каква што му беше, кратка му е и не е раскошна.. Зошто така? И дали стварно се машко и женско, дали се разликуваат по опашките?
     
  16. N-ate

    N-ate Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2011
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    1
    Да ве прашам..Имам куче старо 2 месеци, има болви и понекојпат фаќа и крлежи, дали може да го избајнам со шампон валда против болви е...( Фриски за кучиња е ) ???? еве го на сликата:
    http://www.google.com/imgres?q=Shampoo+ ... =116&ty=45
     
  17. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.745
    Допаѓања:
    4.846
    Да,можеш да го избањаш ако е шампонот за болви,на него би требало во упатството да пишува за што е и како се употребува.
     
  18. rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    4.030
    Пол:
    Женски
    И моето куче така прави кога го шетам надвор некаде. Премногу е возбудено брза сака да оди по тревата се да душне, еднаш така душкаше поодамна и му се направи нешто бело на устата, така се исплашив мислев нешто му се десило, но за среќа се испадна добро и на моето кученце не му се деси ништо :whew: . Лошо е така се влече, и од каишката на вратот многу лошо се закашлува си мислиш на момент ќе се угуши. А кога ќе види куче или не дај боже маче се дига на 2 нозе и лае. :rofl: Навистина не можам да го сфатам зошто така на 2 нозе и си стое куче си лае :?:
    Затоа сега кога го шетам некаде (иако ретко веќе) го држам блиску до мене а ако видам дека е изморено го кревам во раце (оти е мало) и да не ми се закашла оти лошо е може да се угуше. :worried:
     
  19. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    По многу работи се гледа дали рибите се машко или женско,ама се многу мали измени што и искусен чувар тешко ги разграничува, посебно ако се рибите помлади од три години. Дефинитивно опашката не е таа што кај овие рипки ги разликува по секс. Те излажале или толку знаат. Тоа што на едната опашката и е искината е од водата е со лош квалитет(амонија, нитрит и нитрат на високо ниво), што обично е причина да златните риби добијат распаѓање на опашите. Почни да менуваш по една третина од водата секои три дена, со дехлорирана вода, за две недели, и ако можеш да си купиш капки против паразити стави според упатството, колку капки зависи колку имаш литри. Не ги храни секој ден за овоа време, туку преку еден ден по еднаш во денот.Не им се плаши, нема да им биде ништо без јадење секој ден, а ќе помогне многу да се исчисти водата од отпадните хемикалии.
    Ако прашаш во продавница за риби дали продаваат вода мината низ обратна осмоза, две менувања во две недели ќе ти ја вратат водата на здраво ниво.
    После тоа менувај вода секоја недела обавезно, а ако немаш добар систем за филтрирање на водата, менувај вода и почесто од тоа.
     
  20. Brennan15

    Brennan15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2013
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    27
    Зошто го креваш во раце? Како може да се угуши ако се закашла? Не те разбирам..
    Никој не се раѓа учен, па така ни кучињата. Преку времето што го поминуваме со нив треба да ги "читаме". Да научиме во кој момент што сакаат. Доколку цивка и бара внимание, ќе си играме со него и ќе го шетаме почесто. Доколку постојано делува како да е гладно, ќе видиме дали храната што му ја даваме е доволно за него, или тоа е карактеристика на расата. Доколку има здравствен проблем, ќе го однесеме на ветеринар. Доколку имаме проблем со неговиот тренинг, ќе пробаме сами да го научиме, или ќе побараме помош.. Тоа се учи лесно.. ќе го мамите со храна, играчки, ќе го пуштите да се истрча.. Доколку влече многу ќе ставите давилица (освен ако е премногу мало, после 3 месеци може), ќе комуницирате со него, ќе го викате по име и слично.. Надвор може и тренинг да има, а не само прошетка. И секогаш користете околувратник, а не градник. Тренингот на кучињата и не е така тешка работа, само треба да поминуваме повеќе време со нив.