Ве молам сите феминки со големо срце да му помогнат на ова кученце колку што можат......лекови,храна или место за престој се би било добредојдено, јас не живеам во тој град и срцето ме боли дека неможам да помогнам, се надевам дека некого од вас ке може и од срце ке помогне, тоа ке ви биди благодарно цел живот затоа ве молам во негово име Уште еднаш ве молам во име на ова душиче помогнетему ако досега не сте имале можност да направите добро дело сега имате можност и не ја заобиколувајте ве молам ова кученце беше пронајдено како се тетерави пред зграда во Скопје. Беше однесено на ветеринар и е констатирана шуга и тешка форма на рахитис на предните нозе. Првичната терапија ја земавме но неговите потреби се поголеми одколку што ние можеме да му пружиме па затоа ве замолуваме доколку сте во можност да донирате ХРАНА,КАЛЦИУМ И AD3 КАПКИ за неговото лекување. Во едно за него бараме и привремено сместување за да неговото лекување биде успешно . Тоа сеуште се наоѓа пред тревникот пред зградата и од таму се терапира изложено на сонце, ветер и дожд од кој неможе да се сокрие бидејки сеуште не му се стабилизирани екстремитетите. Доколку имате на располагање едно метро од дворот , гаража било какво склониште би му доблодошло. И овој пат сметаме на вашата хуманост Контакт ….. инфо...078400522 ФБ страницата: https://www.facebook.com/photo.php?fbid ... mp;theater
https://www.facebook.com/media/set/?set ... 321&type=1 VE MOLAM POMOGNETE NE E BITNO DALI STE DONIRALE 100 ILI 200 ILI POVEKE MNOGU NI ZNACI VASATA PODDRSKA VE MOLAM DONIRAJTE BERTA E ULICHNO KUCHE KOE MU TREBASHE ITNA OPERACIJA I STERILIZACIJA BIDEJKI IMASHE TUMOR NA REPRODUKTIVNITE ORGANI I CISTI NA JAJNICITE. SEKOJDNEVNO MALTRETIRANA I SHUTIRANA NIKOJ NE JA NI PRIMETUVASHE DEKA TAA E VO OCHAJNA SOSTOJBA DEKA KRVARI I IMA BOLKI. KOMPLICIRANATA OPERACIJA BESHE IZVEDENA DENES I BLAGODARENIE NA PRISEBNOSTA I STRUCNOSTA NA VETERINARKATA BERTA I POKRAJ KOMPLIKACIITE E DOBRO. PORADI ITNOSTA NA SITUACIJATA INTERVERNICATA MORASHE DA BIDE IZVEDENA VEDNAS, NO DOLGOT KAJ VETERINAROT OSTANA ... I OVJ PAT SMETAME NA VASHATA HUMANOST I VE ZAMOLUVAME DA DONIRATE ZA BERTA DIREKTNO KAJ DR. VERCHE VO AERODROM POZADI 3 BISERI ILI PAK NA SLEDNATA ZIRO S-KA 300000003185322 .. DEPONDENT KOMERCIJALNA B-KA, CEL NA DOZNATA LEKUVANJE BERTA. VO PRILOG IMATE I POPOLNETA UPLATNICA KAKO PRIMER... KONTAKT 078 415 755
Значи многу ме нервирате кога не читате што претходно се пишувало туку ќе дојдете и директно ќе си пишете што ве интересира па небитно дали истото тоа прашање е дискутирано неколку страни наназад. Еве овде и објаснив на Златушко како оди дресурата и пишав за времетраење. Најчесто треба неколку дена интензивна работа, значи нон-стоп да бидеш со кучето и постојано да го повторувате истото кога е лошо- карајте кога е умно-наградувајте.
Ти благодарам многу, poshtovanje, но не сакам кога некој однапред ми суди. Ја свртев цела тема http://forum.femina.mk/dom/dresiranje-na-kuce-t6843/ затоа што има 5 страни , а оваа околу десетина наназад затоа што има 200 и кусур, и случајно наидов и на твоето исто така... одново го обновувам прашањево затоа што на форумов има и нови корисници кои можат да споделат нови искуства... живеам во стан, па затоа сакам да бидам спремна на она што ме чека, ипак е друго дворче... а кој не прашува нема да му 'отворат врата' туку така, во секој случај многу фала
Ај и јас како со најпресно искуство. Можам да кажам дека за 1 недела се научи кај треба да мочка, да кака, ај ќе ги ставме и 2 недели за дефинитивно да знае. На почеток исклучиво мочкаше на балкон на пелена, а сега веќе ја учам да оди надвор кога ќе шеткаме. Еднаш ја искарав како што ми кажа najubava2010 со повисок тон на глас и со главчето кон фекалиите, весниче за плескање не користам немаше потреба. Значи местото каде што треба да уринира константно да е достапно, и кога ќе се измочка, искака каде што треба ОБАВЕЗНО награда, дали храна, грицка или галење, внимание било што, ама да е наградено. Кога ќе направи беља повисок тон на глас, и казна. Јас ја карав и ги собирав играчките и не ја играв некое време. Само мора да имаш слободно време, значи да си целосно посветена на тоа тој период. Е сега имаше кај мене случаи неколку пати кога трча накај балкон ама на сред пат ќе попушти, нема да стигни на време, и почна да бега да се крие, да знае дека направила беља, во такви моменти не ја карав многу, ама сама си се повлекуваше на некој период. Еве и да се пофалам дека имам голем напредок со шеткањето, ама и запнав многу. Најдов и нова некоја тактика која функционира кај нас, прво ја уморив дома со топчето, па после ја извадов надвор, немаше толку сила за тргање, беснеење. 2-3 дена окапав на релација дома - пред зграда, ама има резултати секое ново слегување е подобра. Значи се за треба многу многу, многу упорност и никако попуштање. Затоа ако земаш куче, гледај да биде во период кога ќе имаш многу слободно време за да можеш да се посветиш на тренирање.
Абе луѓе јас да ве прашам нешто...ветеринарот ни даде таков раствор за крлежи и болви што се раствора во вода и треба да се избања кучето во него.Ние го избањавме ама тој ни рече дека не треба да се плакне, а тоа чудото ужасно мириса, па сакам да прашам колку дена кучето ќе ни смрдка така по дома и дали ова има превенција да не фаќа крлежи и колку време ако да има влијание, пошто јас сакам да му ставиме ампула па да знам после колку време можеме.Ај некој со слично искуство да ми одговори, ќе ве молам.Фала
1209 незнам зошто ти рекле да не се плакне, јас мојава кучка кога ја прскам со тоа растворот оставам некои 20тина минути да отстои и после си ја бањам најнормално со шампонирање, добро ја сушам и на крај ампулата и после до следна ампула (некои 3-4 месеци ) ја бањам само со шампон. Не закачува ништо, раат сме, и не смрди од тоа растворот туку на шампонот си мириса. Купи ампула избањај си го кучето стави му ја според упатството и гушкајте се. Кала не се лути, не те судам напротив пишувам во темава со цел да помогнам и споделувам свои искуства. Во однос на дресурата не верувам дека ќе наидеш на многу поразлични мислења од она што го пишав, така функционираат работите, кучешката психологија е таа, со награди и казни учат. И да, иако си во стан не е ништо различно, само ќе се мрцвариш поише т.е. почесто ќе го изнесуваш кучето пред зграда додека научи дека таму треба да оди во вц и тоа е тоа.
Ние му ставаме редовно ампула, ама сега не забележавме дека истекло дејството и му најдов 2-3 крлежи и затоа ветеринарот ни даде прво со ова да го избањаме, ама финтата е што тоа не е нешто што се прска, туку ни го даде во шприц(млечно бела течност) и ни рече да го раствориме во 5кг вода и да го исплакниме со тоа.Така и направивме...е сега не мириса веќе, го проверив и нема ништо, ама тој рече дека ова имало дејство како превенција за некоја недела, е сега незнам колку е тоа можно, некако сумљиво ми е и затоа сакам да му ставам ампула, арно ама страв ми е нем од ова и ампула нешто да му се деси.Тој ветеринарот човек одвај го наоѓа, еден е во градот и стварно е добар ама додека го добиеш на телефон ти требаат денови...така да тоа ми беше зборот.Сепак фала ти на одговорот женска
Веројатно е истата течност која ја имаме дома, следен пат кога ќе сакаш да го заштиш од гадинкиве растворената течност стави ја во флаша и стави пумпица (употреби некоја стара од средство за стакло на пример) и прскај го, многу полесно ќе ти биде за нанесување. Исто можеш да си земеш од отровот го има по земјоделски аптеки, иначе се употребува за домашна живина, и да го испрскате цел двор. Ние секоја пролет прскаме, само пази два дена кучето да не лежи и спие таму каде е прскано, можеш и куќичката да му ја испрскаш па два вечери да не спие внатре, сега избањај го без гајле и стави му ампула, или ако несакаш да го бањаш повторно почекај уште некој ден па стави. Не верувам дека ќе штети, растворов делува надворешно додека ампулата навлегува во крвоток и така штити. Нормално не мораш да ме послушаш но помирна ќе ти биде главата, плус летово како што има наезда на крлежи не дај Боже може и вас некој да ви се закачи па затоа ти ја препорачувам оваа превентивна мерка. Иначе отровот се продава во стаклена флашичка и е окулу 100-150 денари и е за доста поголема литража вода.
Јас сеа имам друг проблем со кутрето...сабајле беше веселко, најнормален додека мајка ми не го изнесе да го прошета, долу пред зграда душкал во некој грмушка и почнал потоа да кива, да ржи и да се оближува постојано, да мава со главата...мајка ми се исплашила, го измила и до донесе дома.И од тогаш цело време само спие...млитав е и таков исплашен, несака да си игра, да јаде, а и носето му е суво, и само се гали во некој.Тој нормално летно време си спие по цел ден, само што сега е чуден некако, не е весел...јас мислам дека го каснало нешто, пчела или оса, пошто тој знае често да јаде бубачки, па сега да е исплашен поради тоа.Не знам што да правам, некој со слично искуство?
Во план сум да си купам персиско маче. Само што многу малку знам за нив,а сакам да биде квалитетно чувано и да биде среќно. Така што се што знаете за нив ми е добредојдено,за да видам дали воопшто ќе можам да ги исполнувам одговорностите околу него. Каква храна јадат?Колку им е потребно?Колку тоа чини?Какви садови за храна и која цена се? Четки,чешли?Колку пати и како им се чешла крзното?Се бањаат ли? Препорака за шампон?Им требаат ли дополнителни витамини,играчки..? Знам дека имаат многу чуствителни очи,која е грижата околу нив?Им треба ли корпа за спиење?Каков песок им е потребен? И колку месечно чини да имам здрава и весела мачка? Заедно со вакцини и редовни прегледи на ветеринар. (И препорака за ветеринар ми треба) Какви се по карактер мачињава? Колку лесно/тешко се привикнуваат да ги вршат потребите на точно определено место?И како да го научам? А,да ќе заборавев им требаат ли ампули или било што против бубачки? Се осеќам како бебе да ќе чувам,ама не сакам само да го земам туку така без да имам испланирано што ме чека.
Ќе се обидам да ти помогнам колку што можам,чував доста долг период мачки,па делумно можам да ти ја опишам негата. Ќе почнам од твоето прво прашање. Исхрана.Јадат секаква храна,крокети или домашно приготвена храна.Во зависност од тоа како било претходно хрането и дали се навикнало на домашна храна или комплетна(крокети). Потребата на храната можеш пред се да ја одредиш со тежината,кога купуваш побарај листа од пет-шоп од каде што ја купуваш храната,но најчесто ја има на амбалажата. Имаш различни видови хран,а со тоа и различни цени.Незнам,неможам во глобала да зборам,секоја храна има различна цена. Whiskas ,Miglior Gatto,Friskies,Kitekat и многу други,но не се многу скапи. Миглиор гато е околу 60 ден,400грама,Вискас е околу 90ден,што месечно за храна би доаѓало да одвоиш околу 200 денари. Садовите за храна можеш да ги најдеш во секој пет-шоп, е ти требаат два сада,еден за вода а друг за храна. Има различни цени,различен квалитет.Металните се поскапи,пластичните се поевтини,еден сад за храна чини околу 200 ден. Нега на крзно. Персиските мачки,имаат долго и густо крзно,а за убав и негуван изглед треба и редовно четкање.Еднаш до двапати дневно е сосема доволно. Но мора да знаеш и да бидеш подготвена за периодот на митарење(опаѓање на крзното),насекаде ќе имаш влакна колку и да го четкаш. Мачките не сакаат многу вода,а зошто персиските мачки најчесто се чуваат дома,не се валкаат многу па нема и потреба од често капење. Еднаш до два пати годишно е доволно. Имај на ум дека настинуваат,па ќе мораш да внимаваш и на тоа. Миењето мора да биде со шампон,а добро е тоа да е шампон за надворешни паразити(штити од паразити) иако нема многу потреба,бидејќи се чува дома.Шмапон имаш во секој пет шоп,и се околу 150-200 ден. Витамини посебно,не им требаат,ако ги храниш со готова храна,таа е комплетна храна,која ги има сите витамини потребни за здрав раст и развој,како и изгледот. Играчки секако дека ќе ти требаат,гумени играчки,топчиња и сл. За негата околу очите мислам дека не им треба ништо посебно,но ама се појави било каква инфекција,можеш да натопиш памукче со малку чај од камилица и така некој период да им ги чистеш. Трошоците на почетокот се поголеми,зошто треба да купуваш чешли,чинии,корпи и играчки,и може ќе имаш поголем терет,ама понатаму ќе ти треба само средства за храна и песок и евентуално нови играчки. Корпа. Зависи тоа од тебе. Јас на пример,сакам да спие до мене и немам потреба од корпа,ама ако не сакаш да спие со тебе и да се научи на дисциплина и ред,можеш да му купиш. Исто така ти треба и сад за вршење на нужда,место како WC.Исто така и песок,не е многу скапа,јас земав од миглиор гато,5 кф,околу 300 ден е во Тинекс. Искрено вакцините не знам колку чинат,ќе си прашаш на ветеринар во зависност од тоа за каква вакцина станува збор. Препорака за ветеринар неможам да ти дадам,зошто не знам од каде си. Искрено да кажам,мене ми изгледаше многу тешко привикнувањето на вршењето на хигиенските навики,ама сега кога имам куче и знам колку е потешко,можат да кажам дека мачките се учат на тоа доста лесно. Треба само добар мачешки тоалет,да им покажеш каде треба,и ако го фатиш веднаш однеси го во песокот,и кога еднаш ќе изврши нужда ќе сака само да оди повторно.Обично,оваа песок која ја користев,се згрутчуваше и можеш веднаш со лопатка да го извадеш и да додадеш уште малку нова песок,а и не се шири непријатен мирис,затоа е погодна за дома. Ампули и такви средства не ти требаат,зошто е само дома и нема потреба,доволно е само шампон,тој ќе ја штити од болви,ако веќе ја изнесеш надвор од дома.
Кажете добар ветеринар,некаде во околина на центар или кисела вода? Ама стварно добар ми треба,некој што е заинтересиран и си ја сака работата))
Во Кисела вода според мене немаш добар вет. Јас го препорачувам Горан Николовски - Легони Вет, на Рузвелтова. Немам искуство со други ветеринари, 2-3 пати сум била кај Денис единствено, ама не бев баш задоволна.
Јас сакав да прашам за совет,зошто за брзо време ќе одиме на одмор а ќе го носиме и кученцето. Е сега,сакам да прашам што е потребно да носиме,освен храна нормално и вода. Но,мислам дали треба некои лекови за температура,или за отров(во случај да касне). Патем,сакав да прашам одамна,дали знаете колку се ефикасни,капките за вршење на нужда? Се ставаат на одредено место каде сакаме кучето да врши нужда,колку се ефикасни,и корисни?
На внука ми утре и е роденден, сакаме овој роденден да и купиме животинче, мало џуџесто зајче, да не знаете каде можам да набавам? Има некој кој чува? Ми кажаа принципот е исти како и за морско прасе, не бара многу гњавење и за разлика од другите домашни зајчиња не мириса при вршење на нужда. Во случај да не најдам би купила и морско прасе, од овие што се со долги влакна. Искрено јас сум повеќе за прасето, но сестра ми запнала за зајаче. Совет кај може да се најде, колку чини и слично
Во продавница за миленичиња. Цена 800/1000 ден. Јас и дечко ми дома имаме две. Инаку и они си имаат карактери, еве нашиве две многу се разликуваат. Не е точно дека третманот е како за морско прасе, нас ни кажаа дека зајчињата се во принцип најчисти животни (од малите глодари мислам). Инаку за одржување ќе ви требаат три потрошливи работи: сено, пилевина (ние купуваме ароматизирана, поубава и поквалитетна ни е) и мусли. После третиот месец можеш да им даваш овошје и зеленчук. Моиве на пр. многу сакаат и ладно млеко од тетрапак. И исто така три стандард работи: кафез, транспортер и чинија за вода/млеко. Им треба редовно чистење на пилевината од кафезот, оти знае да засмрди.
Ти благодарам многу Сенза.пароле, дефинитивно ќе го купам после, го најдов за 700 денари во Амазон во Буњаковец и се јавувам да ми го зачуваат бидејќи било последно. Јас ќе го земам во обичен мал аквариум, сестра ми ќе му купат кафез, се вкупно ќе ме фати околу 1200-1300 денари за почеток а они нека купуваат после. Туку тета не е тета ако не смисли нешто нели, сум спремила за зеко супер машна, да биде по сите салтанати, нели е поклон за мојата цуца. Ех што сум возбудена
Ау, браво. Баш ми е мило. Убаво да си поминеш на роденден, па пиши после за реакциите на малата од првата средба со Зеко.