Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грижа за домашните миленици

Дискусија во 'Дом' започната од snake, 13 јануари 2010.

  1. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Јас се плашев премногу од кучиња, ме касна куче (пекинезер) кога бев мала, за малку ке ми скратеше 2 прста. Го викнав и клекнав да го погалам, само што пружив рака, ме гризна.
    Кога одев во парк каде и да видев кучкари со кучиња собрани на куп, јас бегав 1 км подалеку од нив, само да не ми се приближи некое кутре.
    Со дечко ми си купивме ретриверче. Сега, откако го имам кучето, каде и да видам ретривер и прв пат да го гледам, застанувам, го бацувам, го гушкам, без никаков страв.
    Немам храброст да им пријдам така на ротфајлери, питови итн. ама сега не ми е толку страв ни од нив.
    Така да би ти препорачала да си купиш куче, уште од мало да го чуваш. Мислам дека тоа е лекот ;)
     
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.229
    Допаѓања:
    157.170
    За Мелита не сакам да зборувам,таа ко шо е чакната,па да не стегне некоја тужба на форумов,ама имам сочни информации и не ме ни чуди после цел тој историјат и убава испреплетеност на нештата.
    Едно е сигурно,повеќе ги сака парите од живонтите и сопственото дете.
     
    На starfish и baby.90 им се допаѓа ова.
  3. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Добро, а тие луѓе што доаѓаат кај неа во емисија зошто доаѓаат, и тие ли се исти калибар ко неа? Зар и нив ги потплатува, и тие ли незнаат за каква особа се работи? Овие работи ми се нејасни, зар сите тие луѓе што секојдневно доаѓаат кај неа во емисија се исти покварењаци? :fubar:
    Немам искуство со неа, нити ја бранам, тоа секако дека и се мили паричките, но знам луѓе што се презадоволни од неа и ја фалат до небо, јас ниту ја бранам ни нитшо, само малку ми е неверојатно тоа дека со болести ги продава милениците и дека вади фалсификат педигриња, кинолошкиот сојуз е сериозна работа, не може она туку така да иде и да си вади педириња како ќе и текне :^)
    Ова ми личи на некоја мафија со кучиња :^) :x

    Во однос на ветеринарите, сум имала искуство со повеќе ветеринари (несакам да набројувам) искуството ми е мн позитивно, според мене ветеринарите си ја знаат работата, сигурно некој што не е ветеринар неможе да знае повеќе од ветеринарот кој сепак е доктор и да кажува дали е добар или не го бива. ;)
    Повеќе ми личи на рекламирање тоа дека тој и тој бил најдобар ( а рекламата е забранета на форумот) барем по ЛП давај такви информации ;)
     
  4. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Доберман имам едно прашање за тебе :)
    Чувам кучка, ја најдов на улица, значи на улица е израсната и ја прибрав дома. Е сега проблемот е што дури беше на улица кучето беше многу мирно, напатено, абе глас не и се слушаше. На моменти помислував дека е нема :D , ама стварно немаше да залае. Еднаш случајно додека трчкаше по мене ја згазнав, абе нити да заквичи, ништо.
    Кога ја прибрав дома, на почетокот беше мирна, не лаеше, ама како поминуваше времето почна многу заштитнички да се однесува кон дворот и куќата. Значи не е агресивна за да те нападне, ама луѓето се плашат да влегуваат кај мене во двор зошто трча по нив и лае, посебно ако види дека некој и се плаши, а ако некој не и се плаши се повлекува. Тоа е еден проблем.
    Сега друг проблем. Имам голем двор и куќичка за куче, ама таа никако да се навикне да спие во куќичката. Пробав со убаво, не бива, па пробав и ја врзав за куќичката,ама несака да влезе никако. Само стои како некоја статуа надвор и да врне и да вее, ама внатре не влегува. Жал ми е така да ја оставам да седи пред куќата, па и ставив една кутија со партали и сега во неа спие. Ама спие во кутијата само кога кутијата е на тераса т.е до врата. Сакам да ја одвикнам, ама слабо ми оди. Па ако можеш да ми дадеш некој совет.
     
  5. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Боа ако претходно си чувала друго куче во куќичката затоа несака да спие таму :)
     
  6. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.461
    Пол:
    Женски
    Боа во куќичката пробај да ја намамиш со храна, таму ставај го тањирчето со храна, ако има омилени играчки стави ги во куќичката, да го чувствува тој простор како пријатен и нејзин. Штом сака партали може да пробаш некое твое парче облека што не ти треба да го ставиш во куќичката, така ќе и мириса на газдарицата и ќе спие на него. Мојата кучка ги гушкаше моите алишта, во плакар влегуваше за да спие на нив, кај ќе фрлам некое парче облека она легнуваше на него.
    Инаку нормално е да се чувствува заштитнички, си нашла дом и сега го брани, така покажува благодарност.
    Ти треба да и покажеш дека кога доаѓа некој не смее да лае по него .
    Прво ќе ја научиш да седнува на команда , после ти ќе стоиш до неа, а некој нека влезе во двор, штом ќе се вознемири ти ќе и дадеш команда да седи. Сите команди се совладуваат со награди, храната за кучиња е најдобра затоа што има силен мирис и му го одвлекува вниманието на кучето.
    Кучињата брзо капираат за недела до две максимум треба да научи , ама треба секојдневно да вежбате.

    Инаку јас ова ти го кажувам од искуство со моето куче и другите миленици што сум ги имала, сепак Доберман знае повеќе па можеби он ќе ти даде некој покорисен совет.
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Кај неа во емисија доаѓаат луѓе од различни причини, некои од гостите во емисијата имаат од кај неа купено куче и доаѓаат да се пофалат, некои доаѓаат да си ги претстават своите одгледувачници, некои да кажат дека имаат легла за да побрзо ги продадат, некои и се пријатели, некои едноставно идат во емисијата за да бидат видени во јавноста, значи кај неа гостуваат луѓе од различни причини.
    Тие луѓе што Мелита ја фалат до небо или и се пријатели или пак не се доволно информирани какви кучиња она носи, друга опција нема зошто би ја фалеле.
    Би те прашала дали знаеш ти кој е Перо Божиновски???
    Ако дознаеш кој е Перо сигурно ќе ти стане јасно како она успева да прави фалсификат педигриња.
    Перо Божиновски е долгогодишен сораборник на Мелита и Перо е кинолошки судија и има висока функција во кинологијата во Македонија.
    И нетреба да ти ЛИЧИ на мафија со кучиња туку ТОА И Е мафија со кучиња.
    И уште еднаш ќе повторам, јас долги години чувам кучиња и ги знам скоро сите Скопјани што чуваат кучиња, и ова што го кажувам не го зборам напамет, туку од сигурни извори знам што муабети се вртеа.
    Лично ја знам девојката со ретриверот Нера која што збореше за матните зделки на Мелита и за тоа какво куче и донесе она од Србија (ако прочита во другиот форум што го ставив во спојлерот , мислам дека знаеш за што зборувам).
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Женско сум ;) , се потпишав Doberman бидејќи таа раса ми е омилена.
     
  9. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Кучешката психологија е многу проста и едноставна доколку ја сватиш.
    Кучката додека била на улица била повлечена и не лаела бидејќи се чувствувала несигурно и се плашела.
    Но кога веќе ти ја прибра, тогаш кучката свати дека има своја заштита (ти во очите на кучката си херој бидејќи ја имаш спасено од улиците) и сега кучката чувствува дека како благодарност треба да те заштитува тебе и твојата фамилија.
    Сега кучката си има свој дом и своја територија и нормално е да го брани.
    Да така функционира кучешката психологија- доколуку покажеш страв напаѓаат , но доколку им се спротиставиш и не покажеш страв тогаш веднаш кучето се повлекува.
    Неможеш да го одвикнеш да лае кога ти не си во двор, односно кога кучката е сама во двор она си чува територија, но доколку ти си со неа во двор тогаш кучката несмее да лае и да се стрчува по луѓето што влегуваат во дворот.

    Нормално дека нема да сака да влегува во куќичката, а несака бидејќи она од мала е растена на улица и на отворен простор.
    Она има страв од тесно и куќичката не ја гледа како место за спиење, туку ја гледа како нешто непознато и бидејќи е тесно (затворен простор) она се плаши да влезе.
    Е сега ќе ти кажам како јас успеав да ја нучам мојата Пудла.
    Јас купив нова кола и за да кога врне не ги прља седиштата купив транспортер кој што ќе ми служи за во кола.
    Значи малечок е транспортерот (но сепак е доволен за во кола).
    И отпрвин мојата пудла се плашеше да влегува, за жива глава неќеше да влезе.
    Но јас не ја бутав со сила внатре и не и правев притисок да влегува во транспортерот.
    Туку јас преку игра и покажав дека не е ништо опасно да биде внатре во него.
    Имаше една играчка која што многу ја сака и јас ќе ја заиграв со играчката и ќе и ја ставев на почетокот на транспортерот, и така секој пат се повнатре и повнатре ја ставав играчката и за 2 дена почна без страв да си влегува во транспортерот.
    Па така и ти пробај преку игра да и покажеш дека куќичката не е опасност за неа и мислам дека за многу кус период ќе почне сама да си влегува во куќичката, значи никако со сила туку само преку игра.
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  10. alison

    alison Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    8
    Добро сепак секој си има свое мислење.. моето куче е одлично.а и ми има кажано а и ми имаат кажувано дека кучињата и се одлични.. сега можда цените и се малку претеризам признавам.. ама барем она мене ми е најсигурна.. ИСКРЕНО.. јес да прфпат земам куче и чувам..
    муабетот и темава е за некој совет а не да дебатираме хахах.. :))
    сеедно... не се лутам.. какво лутење .. секој има право да си мисли што сака.. :)
    иначе денес поминав во рам. доле има прод. за кучиња.. т.е. опрема итн..
    па земав храна.. храната доле во рам ја земав 390д.кило. а кај мелита ја земав 450 мислам.. или поише.. кило.. :/ исто така и овие во рам имаат болница.. или нз.. што е.. за кучиња ми дадоа флаер.. и се наоѓа во капиштец.. кај основното школо коменски.. дали е тој тој ветринар што ми спомна?
    иначе пролифчето му се повлече на бебето и сега е ок :)
    иначе у авто. нз за ветринариве.. ја не се ни разбирам.. а не ни знаев дека треба после вакцината неколку дена или сати.. да се даде апчето.. и да п.с. они ми кажаа као дај му го утре.. ама ја им кажав ај дај те му го вие зашто јас незнам како.. :/
    и тоа е. тоа. :)))) фала за советиве.. :)) сепак ми дојдоа добро.. зашто првпат во мојот живот чувам кученце.. :)) поззз :*
     
  11. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Невелам дека сите буквално сите кучиња што ги носи Мелита се болни али едно 80% се со болести, и дајбоже твоето Малтезерче да си има добро здравје.
    Тој Диме јас што ти го препорачав се наоѓа во Капиштец кај домот за деца без родители, а основното школо Коменски се наоѓа во Тафталиџе а не во Капиштец.
    Јас ти го оставив бројот на Диме, па сега ти одлучи си каде ќе го носиш сепак твое си е кученцето и ти одлучуваш каде ќе го носиш, јас само ти го препорачав. ;)
    И многу скапа таа храна што е тоа 390 за 1 кило, а кај Мелита дури 450 за 1 кило :^)
    Ако таа храна што е 390 за 1кг во Рамстор ако е од брендот Royal Canin (нели и ти така кажа дека Ројал канин му зимаш на кутрето) ти препорачувам да ја купуваш директно од кај увозниците и претставништвото за Royal Canin во Македонија.
    Претставништвото се наоѓа кај поранешна Алумина (сега таму е разрушено и градат нов објект) во зградите и таму бидејќи се они увозници ја даваат каде каде поевтино храната.
     
  12. alison

    alison Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    8
    хахаха леле све сум испомешала хахаха грешка.. да да мислев во тафт.
    иначе да да од Royal ми е храната таа му ја давам.. епа ако е поефтина нареден пат идам таму да си ја зеам.. зашто да дав повеќе.. а од прилика колку е?
    има некоја раслика мн или..?
    пу пу не дај боже.. малово е лудница.. нз како можам да препознаам дека нешто му е? :/
     
  13. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Па да они се увозници на Ројал канин за Македонија и кај нив е најевтино, а после од кај нив набавуваат петшоповите и нормално дека на други места истата храна ќе биде поскапа, мора да имаат ќар.
    Кај увозниците е мислам околу 300 за 1 кило, значи околу 100 денари е поевтина.
    Значи уште еднаш ќе кажам дајбоже се да е во ред со малото, а како ќе познаеш нешто ако недај боже не е воред најмногу зависи од болеста.
    На пример ако е слепо нема да гледа, ако е глуво нема да слуша и сл.
     
  14. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Алисон однеси си го на добар ветеринар кучето, без да консултираш со Мелита.
    Не е нормално да кака крв. Така да јас мислам дека треба да побрзаш со реакцијата додека не е доцна.
    Со крвта нема зафрканција.
    А искрено толку многу лоши работи имам читано за Мелита, слободно можеш да го отвориш единствениот форум за животни кај нас и темата за Мелита со огромен број на страници и со илјадници поплаки за неа.
    Повеќето кучиња ги зима од селски одгледувачници од Србија и Косово, ги носи во Македонија ги бања, им вади лажно педигре и оп 500 евра ги продава најмалку, а ни 20 евра не го купила. Имаш прави стории за нејзините преварантски дела на темата раскажани од наши луѓе, дури како што имам слушнато има и неколку тужби кон неа.
    Последна да е на светов јас нема да ја прашам за совет за кучето.
    Жената ме потсетува на Круела Де Вил.
    Јас ја мразам најискрено!
     
  15. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Доберман само уште едно прашање.Се извинувам, те удавив со прашања денес.
    Ме интересира дали знаеш за тие инекциите што им се ставаат на шест месеци на кучките за да не се парат. Јас бидејќи не сум од Скопје, а немам многу верба во нашиве ветеринари, кога го однесов кучето на ветеринар за да видам дали да го стерилизираме или не зошто несакавме да се пари и да и се собираат кучиња, тие ни препорачаа некаква инекција која се става на шест месеци и така кучето немало да се пари. Некако не ми беше верно, зошто тогаш сите би ставале такви инекции и никој не би ги кастрирал кучките и не и ставив. Ама после некое време, наш куќен пријател, кој долги години чува ловџиски кучиња не убеди дека тие инекции биле многу добри и дека тој на својата 10 годишна кучка редовно и го ставал. Па така и ние на почетокот на јануари повикавме ветеринар и ја боцнавме и нашата кучка.
    Е сега ме интересира дали тие инекции имаат некакво штетно дејство, за да знам повеќе да не ја боцкам.
     
  16. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Ништо, нема проблем, мене ми е задоволство да одговарам на прашањата што ми ги поставуваат членовите, и баш ми е мило што се интересирате за вашите кучиња.
    Да, тоа се хормонски инекции кои што спречуваат кучките да останат трудни и инекциите не се штетни и нема да има последици по здравјето на твојата кучка.
     
  17. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Фала Доберман :*
    Убаво е што на форумот имаме личност што може да ни помогне со совети за тоа како да се грижиме за нашите миленици ;)
     
  18. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Е да, имате среќа што се зачленив на форумов :D .
    А инаку како што гледам изгледа јас сум единствената на форумов што има волкаво големо знаење за кучињата, бидејќи гледам никој друг освен мене не одговара вака стручно и точно на вашите прашања.
    Како и да е мене ми е мило да го споделам моето знаење со вас членовите, па ви стојам на располагање за било што околу животните: дресура, здравје, исхрана ,нега и сл. што сакате прашајте ме ќе ви одговорам ;)
    Поздрав и уште еднаш ќе кажам, мило ми е што се интересирате за вашите кучиња и што сакате да научите повеќе за нив.
     
  19. white.kitten

    white.kitten Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    76
    Мојот мачор многу беше надвор. Некогаш не доаѓаше дома по 4-5 ден. Последниот пат го немаше околу 10-11 дена но потоа дојде. Кога дојде многу тешко дишеше и кашлаше. Со мајка ми го однесовме на ветеринар каде што утврдија дека има пневмонија и дека ќе мора цела недела да прима терапија т.е. секој ден да прима инекција на ветеринар за да му помине. Но, бидејќи беше период на парење тој здиви дома, дури му дадоа и за смирување но не помогна. Постојано трчаше почна да скока насекаде да мјаука и решивме да го пуштиме надвор без да ја доврши терапијата. Откога го пуштивме нема дојдено дома месец и повеќе. Дали може некој да ми каже дали е можно пневомонијата да му поминала сама и да се врати дома или нема надеж... :( :( :(
     
  20. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Ако била при крај терапијата, тогаш можно е да му има поминато сама од себе.
    А инаку мачоров ви бегал за да се пари со женки и вие доколку сте сакале да го задржите дома сте требале да му дадете хормонска инекција, со таа инекција би му се намалила желбата за парење и ќе си седел со вас.
    А сеуште ли, после цел месец се нема вратено?
    Мене тоа би ме загрижило, каде може да го нема цел месец?