Ние утре ќе го кастрираме кутрето, па некој што има искуство со тоа може да ми каже што треба да очекувам потоа, како да се грижиме за него, зошто ветеринарот сигурно ќе ми каже ама јас сакам да слушнам лични искуства.Фала
Сенза.Пароле, супер поминавме со Зеко, многу е сладок, ама Зеко паметен и не сака да мочка и да кака во пилевината искача од аквариумот, под итно треба да се купи нов кафез, не седи внатре. Закон е, многу е брлив. Внука ми го крсти Туше, кога го виде прво што рече беше Тушееее.... и така Зеко си го доби името. Сестра ми е на ум да му купи едно ѕвонче, да знаела кога се движи да не го прегазела Јаде јаболки како лудо, многу е цакано
Да прашам нешто. Привремено чувам хрчак (сопствениците се на одмор). Му давам таму некој семки што ми оставија еднаш дневно и краставичка и лубеница (тоа сакал многу). Е сега од семките јас ставам секој ден по малку, ама он не ги изел уште претходните, ги затрпува во пилевината и ги чува. Па си викам да не му давам многу. А за овошјето и зеленчукот по едно парче и чекам да го изеде па после друго. Колку му е доволно? И многу спие, по цела ноќ си спие. А ми рекоа ноќе бил многу активен и им гребел и шушкал цела ноќ. Кај мене па се утепа од спиење цела ноќ и сабајле до 12. Да не му е нешто.
Сигурно не му е ништо, може е тажен што му ги нема сопствениците.Тој ќе си јаде колку му е доста, немај гајле, тие по малку јадат, јас на моето му ставав само наутро храна и тој ако сака јаде ако не во текот на денот ја изедува.Не му трупај многу зошто може да му се усмрди пелевинката, чекај да си изеде што си му ставила предходно.
Фала ти. Знаеш како е кога е туѓо, па да не му се случи нешто. Еднаш си вика да не го прејадам, после па гладен да не е. Јас имам само риби чувано, нив колку им ставаш толку јадат, па макар и да се прејадат и умрат, па затоа се насекирав. Можеби го уморувам многу (има онаква топка, го ставам и со саати си трча низ соба) па за тоа после си спие , ама па жал ми е да го гледам во тоа аквариумчето само се тегне да излезе.
Тоа им е навика, сакаат надвор, ама претежно не се научени да шетаат натаму наваму, како и да е ако можеш да го пушташ да шетка нека го Него мене никој не ми одговори за кастрирањето, зар никој нема искуства со кастрирање на своето куче?
Девојки до вчера живеевме во куќа со двор, а од денес во стан на петти. Е сега болката ми е, како да си ја принавикнам мојата принцеза кучка која е со среден раст дека нема повеќе двор и наместо тоа има на располагање тераса од 2 метри квадратни. Таа не дека е чувана надвор, напротив спие/ше со нас во спална, на тросед и така натаму, ама сега како да ја оставам на тераса додека сме на работа. Има шански да прерипа од оградата на тераса? Има некој искуство со ваква преселба и ако има некој да ми даде совет што да направам на терасата (која ќе биде само за неа) дали да ја заградувам некако со решетки или што? Немојте да ми се смеете ама јас сум испаничена и немам каде да се обратам
А зошто имаш потреба сега да ја оставаш на тераса во стан, а претходно во куќа спиела со вас а не била чувана во двор?
Дали смеат мали кученца од месец дена да јадат конзерва кучешка храна? Јас сега ги наранив, 4 цела ја смачкаа брејј смее ли?
Се надевам дека некоја од вас има искуство со чување на џуџест пинчер или пак се разбира за таа раса Имам неколку прашања....го купив кога имаше 2 месеци, сега веќе има 3...кучето си е бесело и се, ама многу каса, зборувам за касање до тој степен што дури и крв ми потекува...знае ли некоја од вас како да го научам да не го прави тоа повеќе? Друго....го вакцинирав и се и може веќе да излегува надвор, му ставам ремчето и нејќе да мрдне воопшто коа го влечам...квичи и не мрда од место..многу ми е жал :/ И исто така сакам да го научам на некои основни команди...пошто ништо не слуша, јас му зборам едно он друго Си се тешам со тоа дека можеби се' уште е мало, па може затоа е вака
Затоа што таа до сега имаше свој простор внатре во куќата (околу 10 метри квадратни), кога сака да си влезе внатре а секако и слободен цел двор на располагање додека ние не сме дома. Сега треба да е сосема сама внатре ми е страв да не ги изгребе вратите , ѕидовите и целиот мебел(се е ново). Не сум имала искуство да ја оставам САМА внатре, бидејќи тоа што беше во внатрешноста на куќата(нејзиниот простор) беше одделен од дневната, спалната, купатилото,кујната и таа слободно можеше да си влезе ќе напомнам во нејзиниот дел, а кога ќе си дојдевме дома секако дека и беше на располагање цела куќа и спална и дневна и кујна и купатило и се. Затоа прашав, мислам дека добро објаснив. Ако имал некој до сега вакво искуство, молам да ме посоветува. Вечерва заминувам на одмор, таа ќе биде згрижена во куќата на моите 15 дена, ама не знам што потоа. Ве молам за совет.
Ние пред 3 дена го кастриравме кутрето...наредниот ден по операцијата дојде ветеринарот да го провери и му удари инекција антибиотик, ама денес од раната постојано му тече крв и има како наседната крв околу раната.Сега му се јавивме на ветеринарот и му кажавме што како и тој рече дека поради инекцијата не може да се инфицира, а дека крв му течело од што цело време се лиже.Ние се трудиме да го спречиме колку што можеме од лижењето,ама ноќеска нема кој да го чува.Не дава да го допреме на местото што веројатно го боли...на ветеринарот му верувам зошто стварно е добар, ама мене ми е жал да го гледам дека го боли...Незнам како да спречам да не ја лиже раната, а и незнам со што би можеле да му ја исчистиме. Онака си е нормален, јаде и пие вода, спие, извршува нужда, дури и се радува на шетање, го шетав помалку...само не си игра како порано и малку е депресивен што е нормално после зафатот. Ама мене срце ми се крше дека му го гледам болното место затоа ве молам ако некој има слично искуство да ми каже со што да му ја чистам раната, како да спречам да не ја лиже и како да му ги олеснам маките.Ве молам.Фала
Затоа во америка им ставаат како инка на главата (направено од пластика) за да неможат да се лижат. Не ли му е преврзана раната со газа?
Не не му е, на машки кучиња не им се преврзува, само на женски при стерелизација. Што знам денес бевме малку на село и цело време трчкаше и беше весел, веројатно не го боли толку.До утре ако не му е подобро ветеринарот рече дека ќе дојде да го погледне, па ќе видиме.
Сум чувала и претходно... ама ова маче шо сеа го чувам е феномен над феномените. Нема абер да се качи на дрво, ниту пак е заинтересирано да проба. Љубопитноста му е насочена кон се освен мачкести ствари. Дали тоа шо од неговото раѓање е во контакт со кучиња има улога шо сака толку да каса??? Шо има кучешки манири?? И постои ли начин да го одвикнам од касање?? Од моето искуство со мачки.. не ми е баш типично мачка толку да каса.. Уште да пролае фали
И јас имам ист проблем пред 2 месеци се преселив од куќа во стан, кучето мое и во куќата го чував дома и сега и си спија во децката моја си има кревет ама никако да се навикни сам да седи дома значи нема шанси еднаш го остајв дома и цела зграда ја кренал само лаел трчал, ништо не скинал ама многу лај ,и сега незнам како да се учиме, ко седев во куќа мирен беше ама сега не можи да се навикни. За да падни нема шанси да падни и мене прво време ми беше страв ама сега не , иначе пудлица имам, а и кај мене е друго многу лај како да го научам незнам ......
Па можно е да прифати некои кучешки особини но сепак мачка си е мачка. За да не те каса толку потребно е неговата енергија да се троши што значи дека треба да го играш. Мојата мачка исто многу ме гризеше и гребеше и лом бев што по раце што по нозе, но од кога почнав да ја играм секој ден по три пати (сабајле,попладне и навечер) најмногу по 15 минути после си јаде и си спие и мирна глава. Земи некое поголемо стапче и на него врзи конец од вуница и со тоа играј го нека трча да се измори после ќе биде посмирено и нема да каса толку. Поздрав
Дали некој се разбира повеќе околу глисти кај куче и симптоми? Често кива,како да кашла,како да мѕ доаѓа да поврати,па не дека не е прочистено,прочистено е од глисти,само може и покрај тоа да заболи од глисти? И ако може симптомите,и ако има пто треба да правам?
Понудава ни дојде како кец на десетка, баш вчера го бањавме кутрето и го потрошивме шампонот. Ако сака некој да си купи - еве ефтина понуда
Значи имам куче мешанче,во неделата го земавме, 2 месеци и околу 3 дена има,мешано е од малтешка пудлица (мајката) и таткото е мешанец од ши-цу и некое си таму поголемко куче,мислам среден раст и ко цар го чуваме.Од почеток значи првите 2/3 дена го чувавме дома,ама многу какаше и мочкаше и со весник го удираше татко ми по малку и му ја пикаше главата таму каде што се измочкало ама неќеше не се навикна,цела ноќ спиеше со мене жива ненаспана бев,ќе легнам до него доле ке заспие (пошто без да легнам до него не спиеше) ке станам ке му избегам за 10/15 минути пак ке се разбуди па пак ке квичи па ке се покака или ке се измочка па после станувај па чисти па ке го качам на кревет па цело време се плашам да не ми се измоча на кревет,зашто еднаш веќе се измоча.И на крај одлучивме надвор да го оставаме да се привикне малку па после да го пуштаме и внатре.Не бре човече више 2 дена е надвор,цела ноќ не заспива,не преќинува да квичи,да лае,да завива,некои си таму ретардирани крици испушта,кога и да излезам надвор ме прашуваат што ти квичи толку кучето,не ме остава да спијам,и ме гледаат онака со онаа фаца ко да сум убила некој . Ке излеземе ке го погалиме ке му свикаме,не бре брате неќе да престане и неќе за рака ме влечеше во куќичката,душиче,ама па неможеме да го оставиме внатре цела куќа смрди од него што кака и моча.Го однесовме на ветеринар во понеделникот вакцинирано е прочистено е се,ама за ова незнам што да правам,имал ли некој ваков сличен проблем и дали може бар нешто да ми предложите зошто стварно сакам да го чувам,ама незнам не прекинува,другарка ми зема куче глас не му се слуша,ова дење ноќе додека не сме со него квичи ко улаво,па сум чувала и помали па се навикнувале незнам ова што чудо ќе беше П.С-прочитав за мочкањето како треба од најубава2010,ама мене ми е проблемот како да го навикнеме надвор,зашто премногу квичи?