Ако сакате да ги чувате мора да се навикнете на сето тоа додека е мало.Моето до 6 месеци какаше и мочаше по дома и тоа не оти не беше карано, ги правевме сите можни финти ама несакаше или неразбираше па не се научи, потоа еден ден магично си отиде каде што сакавме си зафрши работа и никому ништо.Еве сега исто и на комшиите под мене се жалат 5 месеци е веќе, сите финти и тоа пак по старо.Така да до кутрето е, единствено чаре да се шетате со џогер, алкохол или оцет со вода и да чистите по него.Мајка ми беше принудена да ги исфрли дури и теписоните поради него, ама веќе не се ни сеќаваме на нив.А тоа за спиењето така си го научила ти, моето пример кај мене на кревет истото го правеше, дури и јас на едната страна спијам тој строго на перницата на другата страна, уште на главата да ми се качи, ама мене ме беше жал да го карам и тоа не ме оставаше да се наспијам, а брат ми му спукуваше и сега додека не го викне кај него на кревет тој нема шанси да се качи.Така им работи логиката на нив и треба строго, зошто нашиот мака видовме од што го галевме многу. А за надвор сега веќе мислам дека нема шанси да го научите, веќе сте му ги пружиле сите удобности на дом зошто би сакало надвор да седи...моето од што е олку научено дома, кога го носиме кај баба ми во двор тој квичи за дома како некој будала, а златен двор надвор и друго кутре плус за игра.Сега е мало, ама требало уште одма ндвор да го оставите, според мене нема да престане да завива, така да најпаметно ќе биде да го приберете пак дома и со челични живци и јака волја да истрпите додека да порасне, верувајте сета мака ќе ви биде драга еден ден.Среќно со чувањето
Знам тоа ама проблемот е што и внатре квичи.За спиење на кревет добро,спие ама па сака да се симне вака така а најголемиот проблем е што јас имам креветчиња на спрат па треба цела ноќ ко спајдермен да рипам до доле да го зимам да го спуштам да го кревам.Иначе од кај што го земавме во двор го чувале тие 2 месеца,а да не требаше да го чуваме дома никојпат не би го оставиле што викаш ти нема шанси да го научите чим сте го чувале дома.Неможевме надвор!Тоа беше проблемот,бегаше,пошто на вратите имаше дупки и татко ми требаше да загради а тие денови не беше дома,а оно искачаше и шеташе а блиску сме до улица.Иначе надвор ќе го чувавме немаше ни да го внесеме внатре а не пак да го чуваме внатре.А иначе,за спиењето што викаш така си го научила ти.Јас не го учев,зашто ја неможев за 2 дена да го научам на се само 2 ноќи спиеше внатре и квичеше по цела ноќ се додека не се симнам,или не го качам на кревет,никако не сакаше одалечено од мене да спие,или ке се залепеше доле до креветот зјапајки нагоре и квичејки или и од далеку ке лаеше и квичеше.Од друга страна ми беше многу страв пошто спијам на спрат да не падне доле,дека е мало,а мојов глуп брат исто ако спие горе ке падне,веќе 2 пати има паднато од горе...Еве го сега спие надвор,и ноќе ќе урла.Нас па ветеринарот ни рече остајте го нека квичи ќе прекине за 3/4 дена,ај ќе видам ако не пак што викаш ќе го приберам дома,макар што морам да го убедам татко ми за тоа...Сепак фала ти мноогу за советиве ќе те послушам до некаде П.С- еве го од сабајле е надвор глас не му слушнав.напредок
Ме загрижува моето кутре, и на двете очиња му се собираат такви какви што се прават некогаш и кај луѓето после спиење. И многу му солзат очите. Од што е можно да му се прават такви? И нас ни требаа добри 6 месеци за да го научивме каде треба да моча. Еднаш кога го шеткав на 4 месеци се измоча крај едно дрвце и ја си помислив дека веќе си научило, но потоа пак мочкаше дома. Најдобар трик ви е да го оставите на ден два да се дружи со некое друго постаро куче. И ќе се научи самото од себе. Нашето така се научи.
Можно е некоја инфекција да има,така му се случуваше на мојот мачор,и му стававме прокулин па му помина,ако ти е страв сама да експериментираш и да му ставаш капки однеси го на ветеринар и нека ви каже он какви капки да му ставате
Каренин а белките на очите какви му се, крвави, бели или кафени? Ако се кафени му паднал имунитетот, па му требаат витамини најмногу калциум, ако се крвави малку е некоја блага инфекција која со ладен чај од камилица (на вата неколку пати во денот ставај облоги) и плус Прокулинче (насабајле и навечер по една до две капки) ќе се среди а ако се бели е тогаш само камилица би требало да го смири. Литл кучето плаче за друштво и пажња не за внатре, иако е надвор гледајте првиве денови и ноќи бидете со него, исплашено е, нова средина, нови луѓе и му треба време за адаптација. Штом почне иритирачки да плаче излези и биди со него, мази го додека се смири. Не го земај внатре ако планирате да го чувате внатре, само полошо ќе направиш. Знам дека неможеш 24 часа да бидеш со него но мораш да си ускратиш од слободното време и ти а и твоите и да бидете надвор со него, играјте си, мазете се, нека не се осеќа отфрлено. Ако го оставиш само од себе да се смири, ќе се смири ама големи се шансите да падне во депресија, малите кучиња се многу чуствителни па им треба и многу љубов и внимание покрај храна и вода. П.С. Како бре жени 6 месеци му требало да научи кај да моча и кака, јас дома моментално имам 10 мали и една голема, значи не е едно туку единаесет кучиња и за овие мали термити што и да требаше да научат не им требаше поише од два максимум три дена. Само работа и дисциплина му е мајката, нема куче на кое ќе му треба поише од една недела да научи команда или створи навика, има сопственик кој не знае како правилно да му пријде. Не викам сега дека сте лоши сопственици напротив мислам дека превише сте им допуштиле, се знае кој е алфа и кој кого треба да слуша а не тие да мочатаат кај стигнат а вие да изигравате дежурни џогераши.
Моето кученце Ричи ја носев во скопје во ветеринарната клиника во Скопје-автокоманда,бидејки имаше многу висока температура и многу кашлаше со нечесто кивање.таму и ги снимаа градите и нешто како бронхит и најдоа.И дадоа сируп и капсули кои ја симнаа температурата кашлицата речиси ја снема но киванјето сега се зголеми наводно кога се слушнав со професорот рече некаква алергија сега пие лоратиди по осминка секој втор ден арно ама ништо.Веројатно од понеделник ке морам да се слушнам пак со професорот кој ја прегледуваше и да ја однесам пак. Ке ве замолам ако некој од вас имал оваков проблем со кученце нека ми одговори.однапред ви благодарам.
Aбе имаш право не дека не, ама ете си кажувам јас за моето, инат невиден беше, ајде јас му попуштав, признавам не бев строга со него, ама татко ми сите можни финти ги употреби за да го научи, ама тоа одбиваше да научи, а верувај татко ми не е човек од кој некој не би се плашел кога е сериозен па макар и куче Јас сепак мислам дека е до него самото, сите други работи ги учеше само со 2-3 пати повторување, пр кога го шетам едно влегување дома се научи дека мора да оди во купатило за да му ги измијам или избриша нозете и тоа го запомти за еден ден, а за вршење нужда не одеше и не одеше, сега немаме гајле, ама тогаш маки видовме.
Ако го сакаш кучето не треба многу брзо да се одкажуваш од него не се научило за 2 3 дена ќе се научи некој побрзо учат некој побавно исто како и кај децата а и ене има во џамбо пелени за кучиња се лепат на пархет , ќе го чекаш од прилика се знај кога мочкат после јадење, на сабајле јас го имав чекано надвор и по 1 сат . Моето за 1 месец негде од прилика се научи дека треба надвор да моча ама треба многу да го шеташ надвор нас ни рекоа дека ако го изнесуваме надвор исто време секоја ден на пример во 12 секоја ден и ќе трај нема да моча и така го научив дур не знаев маки мачев в соби не мочаше само в салон на тепих , јас само по него со крпата ама зато и тепихо и го исфрливме 2 3 пати го исправме ама пак мирисаше. Исто и моето ко го зедов првите деној квичеше некогаш и лаеше ама ќе го земев до мене ќе го стегнев и престануваше , за то брзо се научи . Мене ми е грев мало куче надвор да го остам,не е исто со то дома шо ќе го чуваш, имав пред ова едно мало не ме пуштаа дома да го чувам и ајде надвор и се испусти не сакаше да се капи, да се чешла и никакво се напрај Затоа сега ова бев упорна и дома си го чувам
Од алергија не добиваат температура. Ако имало нешто како бронхит, значи инфекција на дишните патишта има, затоа и лековите што и дале сомневам се антибиотик? Нивниот организам не е толку различен од нашиот и време треба да им помине и кашлица и кивање, па и друго да ги закачи додека им е паднат имунитетот на прво месро, исто кога нас не докачи некоја лоша кашлица или грип. За две недели отприлика треба да си дојде на старо, или видливо да е подобрена, ама пази ја ако добие пак температура, ќе омалакса и нема да јаде ќе ја познаеш ако качи, тогаш не по телефон туку веднаш на вет носи ја за да не и се јават поголеми компликации. Ако по одамна беше болна и ветеринарот уште смета дека е алергија, можеш да пробаш да го смениш антихистаминот со друг вид
јас на моето кученце му давам да јаде чоколадо иако викаат дека не треба да му се дава на кучиња,па да ти кажам право до сега немало никакви проблеми околу сетилата и сл. и е старо веќе 13 години Инаку точно така дека ветеринарите викаат да не им се дава благо.
Δ Не е за сетилата. За црниот дроб е. Чоколадото е отровно за кучињата. Сега зависи од растот на кучето, количината на изедено чоколадо и дали е млечно или црно чоколадо. Пример 4 коцки милка нема да му се познаат на здрав и активен германски овчар, и ако случајно украде и изеде дури 100 грама може само да го фати диареа, ама ако е постаро или мало кутре, истиве 100 грама може да буквално отроват мало кутре или куче од малите раси, со истите симптоми како да има изедено било каков друг отров. Кој видел тровено куче знае. За разлика кај луѓето, кучињата многу побавно го исфрлаат од телото теоброминот, состојката која е отровна во чоколадото, и затоа се подложени на тровење од него. Ако знаеш дека тегла мед изедена одеднаш би те отровила, ќе си апнуваш ли редовно по една лажичка затоа што ти е слатко на јазик е иста работа, како давање по малку чоколадо на куче оти мава со опашот.
мачињата мои со болви се наполнија, што и не е баш чудно бидејќи се надворешни мачки, ама одамна не сме имале проблеми со болви ги прскав со прашок ама не помогна, сега планирам да ги избањам и имам слушнато за шампон против болви, ама никогаш не сум им земала таков и затоа незнам ни колку пари е, а ни колку е ефикасен.. ако знае некој тука (а сигурно има некој што знае), ве молам нека ме информира Спојлер итно е, многу болви имаат а како што гледам кај едното (најдебелкото) има јајца насекаде
http://www.petitionbuzz.com/petitions/foranimalpolice Постои петиција за формирање на animal police во Македонија. Сите вие кои сте љубители на животни потпишете се и раширете го линкот на сите кои што ги знаете
Мене ми треба помош.. Не знам дали е соодветна тема, ама морам да прашам што побрзо. Колку пари е ветеринарен преглед? И дали може да ми препорачате некој ветеринар во Аеродром. Колку пари е вакцинација и што може да искористи ветеринарот околу крлежи? Ве молам за помош, го земав дома, ама кога веќе го чувам сакам да бидам целосно сигурна дека е здраво. Мерси.
За Ветеринар во Аеродром можеш да одиш кај доктор Верче, веднаш позади 7мица се наоѓа на Адреса: бул. АВНОЈ 4/2 (позади ТЦ Три Бисери). Телефон: 075/291312; 072/310731 Исто можеш и во Пет Вет , адреса: бул.Јане Сандански 61 место: Скопје телефон: (02) 2451 099 тоа кај Воените згради е. Јас тука сум била, од Аеродром. Вакцината е 500ден, би требало до 2 месеци да се вакцинира ( мислам дека зборуваш за куче така?, како и да е мислам и дека за маче е исто ) , а потоа следуваат и две ревакцини. До првата ревакцина, што е 21 ден од вакцината кучето не треба да се меша со други кучиња или мачки, може да се изнесува надвор само да изврши нужда, или ако не го чувате дома, да внимавате на дворот да не доаѓаат други животни зашто нема сеуште стекнато имунитет. Значи не ич на воздух да не излезе, да не види бел ден.. ама онака само до пред влез на проверена територија и за кратко. Околу надворешни паразити, според мене најдобри се ампулите Фронтлајн, чини 500ден ама заштитата е одлична. Се нанесува мошне лесно, кој го интересира нека ми пише да не должам тука многу и клипче можам да му испратам. Исто треба пред да го вакцинираш и да му дадеш таблетка, против внатрешни паразити. Таа не е скапа, 50 ден е и се дозира според килажата на кучето, една таблетка е на 10кг, ако е помалце од 10 треба да му се даде пола. Јас давам Бихелдон таблети на мојов. Секој кој има потреба било каква помош околу куче, независно дали околу хигиена, здравје, одржување, исхрана нека ми пише со задоволство ќе му помогнам
Фала ептен, претпоставувам сега не работи амбулантава, така да ќе почекаме до понеделник. Инаку не ми одговори колку чини и обичен преглед?
Прашокот не помага баш за болвите кај мачките, јас му ставав на моето куче (а и на мачињата кога имавме) и ни малку не помогна. Има шампони за болви и добри се со нив да ги бањаш ако ги бањаш Зависи до шампонот ние одамна пред 5 години чувавме мачки и купувавме шампон оклу 100 - 150 денари беше (не ми текнува како се вика hock: ) Тој шампон ние што го копувавме беше и за мачки и кучиња, сега кога одам да купам шампон за моетко куче го имам забележано уште го има. Можеш да одиш до најблискаата продавниза за миленичиња и прашај таму шампон за мачки против болви ќе ти препорачаат тие, има и скапи над 300 ден. ние еднаш земамвме и траеше околу 3 недели а со другиот 1 недела Спојлер Јас ти препорачувам да купиш капки против болви и крлежи во плаво паковање како тубичка е и се капнува 3 капки раат си месец ипол ни болва ни крлеж нема ништо. Со таа туба миниш цело лето. Јас ти ја пепорачувам бидејќе е навистина ефикасна јас ја имам употребувани и на мачките кога чувавме и сега на кучето и сум задоволна многу.
моево зајче не пие вода ни малку секој ден му давам нејќе ни да ја погледне а друга храна се јаде,што му е?
Кучето ми е старо 2 ипол месеци,знаете ли за колку време можам ампула да му ставам? Исто секој ден му даваме капсули од фосвор и калциум по пола(калциум мултивит) но тука пишува дека треба да му се даде 1/3 од 2,5 кила па нагоре а моево куче има одвај 1,800 Дали може да му наштети или нема зијан?