Eпа џукацов мој си се навикна со нас,и си остана со нас,со шепата кога не гребе не известува дека му се мочка или кака а навечер си се навикна да си седи надвор,во зима цело време ке биде со нас и дење и ноќе,вакциниран е, на 12 август ревакцина и другата половина од апчето за прочистување внатрешни паразити
Ампула против надворешни паразити може да се стави после 2 месечна возраст, што значи ако е старо 2 ипол може да му ставиш слободно. А капсулите ќе ги даваш како што пишува, си има дозирање според тежината на кучето и возраста. Не треба да се дава над дозата, давај му храна папи формула таа ги има сите потребни витамини во неа доколку му даваш поквалитетна. Подобро квалитетна храна, одошто да додаваш дополнителни витамини. Доколку јаде храна како Про план, Ројал канин, Еукануба нема потреба од калциум таа има се што е потребно. Ако му даваш нешто друго да јаде, давај му вакви витамини. Многу е битно до 1 година барем да се храни добро за да може да се развие и оформи убаво. А што куче е?
Ако му даваш на зајчето свеж зеленчук може си добива доволно вода од него и не му се пие. Дали мочка редовно? Ако не, значи не прима доволно вода само преку јадењето. Водата како му ја даваш? Ако е од шише, пробај стави му вода во чинија и види од таму ќе пие ли, може не го сака шишето. Или обратно, ако му ја даваш во чинија а не сака, земи му шише за пиење. Можеш да му ставиш и две три капки џус од јаболко во водата за да го настрвиш и да сака да пие од неа.
Bishon frise,ама проблемот е што вчера го прашав ветеринарот и ми рече не смеело уште ампула.ама минема логика,да не не ме сфатил.Нејке ништо друго да јаде освен педигрето јуниор со желе што е.Од најскапата храна му купивме 3 вида дури (за дехидрираната зборам) џабе 10 дена гладуваше и не пројаде.само на млеко беше и овошје (малку). И ради тоа ги земавме капсуливе 500 денари,ни рекоа едни од подобрите дека биле ама незнам што да правам дали да и давам сега или не.а ампула сакам колку што е можно побрзо да и ставам за да можам да ја шетам,да ја фати ''чист'' воздух.а и многу ја здебеливме за последниве 5 дена ама па жал ми беше многу дека имаше гладувано.Tаква конзерва што е од 400 грама за ден ипол ја јаде и плус млеко пиеше.ама веќе не и давам млеко.
Давај и кисело млеко или јогурт, избегнувај благо млеко. Ја прочисти ли од глисти? Инаку биди сигурна дека ампула може да се стави после два месеца, сто ветеринари имам прашано и постојано контактирам со луѓе кои цел живот чуваат кучиња. После 2 месеци без проблем може да ставиш не е мало, инаку ќе ти фати болви и крлежи ќе имате проблем после. А не ми кажа што куче е ?
Ти кажав ама не виде Bichon frise . Она ни фати болва една ,и тоа не ја шетаме воопшто ептен ја пазиме само во раце 2-3 пати ја имаме изнесено ама некако ние сме и ја донеле.И сега ми се чеша ама мислам дека нема ја проверив сто пати ама што знам..епа супер ке и ставам за 4-5 дена кога ке ја бањам.И многу често ја бањавме периодов,знам дека не е убаво ама па дека е малечка се бута кај стигне и од бела се прави кафеава Со шампон на Trixie ја бањам.А која ампула да и ја ставам?Ако знаеш некоја добра да ми препорачаш супер А и 3 пати до сега ја прочистивме со бихелдон.Секој месец додека не напуни 1 годинка ке и даваме така ни кажаа
За Бихелдонот во право си, секој месец се дава до година. Само внимавај тоа иде една таблета на 10кг, па треба да водиш сметка за килажата. А за ампула би ти ја препорачала Фронтлајн, кај мене најдобра се покажа. Уште нешто, немој да ја бањаш толку често, само полошо и правиш. Кучињата имаат одредена маснотија кај кожата што може да се наруши од многу бањање, не е убаво. Во принцип и повеќе од доволно е да се бања еднаш месечно, и дури тоа е многу ама ајде дека се чува дома. Препорачливо е да се бањаат само 4-5 пати годишно, ама ајде дека го чувам дома и јас го бањам еднаш во месецот. И мојот се прави лом, ама ќе го бришеш со влажна крпа и ќе биде во ред. Можеш и со влажни марамчиња, немој да практикуваш бањање секогаш кога ќе се извалка. Знам дека таа раса се бели и нежни, и мојот и исто таков бел ама тоа е тоа.
Mу давам свеж зеленчук и редовно си мочка дури и премногу можеби му ја давам во чинија ке пробам со шише
Каде може да купам ампула(фронтлајн комбо)?Прашав во една продавница,кај што купувам храна,и ми рекоа не се продавале во пет шопови. Исто и за кученцето да може да поминува граница треба да му се стави чип ?или и нешто друго?
Ампула купи во било која ветеринарна амбуланта. За кучето да може да патува во друга држава терба да има пасош, а за да има пасош постапката е мошне долга и комплицирана. Треба да се земе примерок од крвта на кучето и да се даде на испитување во Белгард или во Словенија, одкако ќе се испита дека нема никакви проблеми кучето, заразни болести итн... се праќаат назад резултатите па после некое време ти го вадат документот кај нас. Исто е доста скапо сето тоа, над 100 евра ми се чини дека беше. Имаш повеќе информација на страната на кинолошки сојуз на мк.
Имам мало маче, старо е не повеќе од 1 месец а јас го чувам веќе десетина дена, но има мал проблем..цело време има дијареа и тоа неможе да се контролира самото и кака насекаде сакав да прашам дали може да му дадам некоја таблета како тие што се за луѓе (линекс на пример) издробена во млекото или пак ако знаете некој друг лек?
Δ Од млекото има дијареа. Целосно исфрли го млекото од исхраната. Земи му храна за мачиња. Бисквитчињата ги натопи со топла вода за да му омекнат. Лек што можеш да му дадеш против дијареа е вода во која пред тоа си сварила пилешко месо.
Дали кога на вашето куче му се менуваа забите не сакаше да јаде...Моево денеска не ни душна од храната....го погледнав во уста и гледам му никнуваат нови запчиња..Можно ли е од тоа да не јаде? Инаку сега цревата му гргораат,има ли некој такво искуство ?
Mу имаш купено играчки за џвакање? Изгледа го чешаат забчињата па нема од што да се исчеша, а, и купувај му од црврстата храна за кучиња од конзервите може да добие забен камен. Но најдобро мешај цврста и од конзерва. Се надевам дека ова ти помогна.
Гледав на купимиленик и го најдов ова. Можеби ќе ти помогне. http://www.kupimilenik.mk/vest/199/Gubenje-na-apetitot
Дали стварно за да може пасош да се извади на кучето мора да биде расно? Пред некој ден прочитав додека барав друго на еден форум имаше една пишано и останав онаква- ват д фак? Што сега ако не е расно несмее да мрдне подалеку од Македонија?Искрено мислам дека тресат зелени,и не ми се верува да е точно ова,дај кажете :?
Тоа не е никаков услов за да се извади пасош на кучето, кучиња без педигре може да имаат пасош исто така. Постапката е следна: треба да е извршена вакцинација против беснило, потоа се зема крв од кучето и се испраќа во овластените лаборатории на земјите на Европската Унија кои добиле дозвола од Советот на Европската Унија (за Македонија се испраќаат во Атина и во Љубљана). По направените анализи дека миленикот не е опасен за патување, тие го испраќаат пасошот. Вадењето пасош чини околу 100 евра. Кучето исто така мора да поседува микрочип.
Имаме мешанче од минијатурен пинч и малтезер, хиперактивно е ептен, но она что ме загрижува е дека мн сака да гризе дланки,па сакав да ве прашам дали е тоа поради забите? 4ипол месеци е, па знам дека сега треба да почнат да му пагат млечните запчиња... Исто така кога ке дојде некој кој не го знае,прво како помало лаеше само, а сега се спушта и да ги касне по ногата...има каснато неколку ама не онака јако...дали е агресивност? Што да преземам?
Не верувам дека е агресивен, сега му се менуваат запчињата и го чешаат па затоа има потреба да гризе. Ќе му купиш играчки, по можности гумени да ги гризе за да не мора да гризе дланки. Ним им се здосадува се иста играчка, а нормално не може секој ден нова да му купуваш па ќе му даваш и од дома некои работи онака што не ти требаат а што се безбедни за него да си игра. И мојот е 5 месеци, секој ден нешто ново му фрлам, гумени мечиња што ги имам по дома некои, пластично мало шише и со саати си игра и гризе, некои стари кукли... Исто давај му коски за гризење, има во Џамбо ич не се скапи, тие се убави да ги гризат за забите. Само покажи му дека кога има непознат не смее да го гризе него, ќе му дадеш до знак дека не е во ред раката на очите и по газот ќе го удриш неколку пати и ќе разбере.