Има мн играчки и има и од коските од Џамбо ама преферира раце инаку и јас мислам дека не е агресивен и дека само си ја брани територијата, учи сеуште како треба да се однесува... Во секој случај ти благодарам
Нема врска дали кучето е расно или не, важно е дака треба да има примено сите вакцини за да помине преку граница, пасошот го даваат со првата вакцина на кучето, а тоа занчи дека се прима од 2 месеца, ревакцината на 3. Во пасошот ги има сите вакцини запишано што треба да ги прими кучето за да помине преку граница.
Феминки, јас ви се обраќам за совет Летово нашево кутре го носевме со нас на планина неколку пати (последниот пат остана 2 недели таму). Некој период остануваше дома со мене и сестра ми, па после мајка ми и татко ми ја носеа во викендичката и ја немавме видено 10тина дена. Еднаш ја оставивме таму (да ја причуваат братучедиве мои на еден ден), бидејќи моравме да се вратиме дома, па да не ја мрцвариме натаму-наваму. Long story short - малку си претрпе шокови од промена на клима, различна средина, па тажела кога сме ја оставиле таму, почнала да се тресе и не сакала ништо да јаде, била ко пред умирање Бог да чува. И сега откако се врати со моите од планина, некако не е расположена ама ич. Чат пат нешто ќе касне, ама не сака да игра, за шетање ајде колку да се рече, ептен е даун. Ја однесе денес татко ми на ветеринар, и направиле целосен преглед, и измериле температура и сите тие работи и била супер. Ветеринарот му рекол на татко ми дека можно е од сите тие промени да и е такво расположението и му препорачал наредната недела да и даваме по четвртинка б-комплекс апче секој ден. Има ли некој слично искуство? Не е болна, ништо не и е, ама не е расположена иако еве сега сите сме дома, добива доволно внимание и сето тоа Да имаше кучешки психијатар, најсериозно ќе ја однесев, во депресија падна!
Сосем нормално е ова што и се случува. Знам дека најтешко ви е моментално што не можете ништо да направите и верувај - не можете, пошто не е до вас. Не само што и на моето куче му се има случено туку и на уште 2 другарки исто, во ова лето, баш пред два дена ова го муабетевме. Нашето куче прв пат се оддели од моите родители на 1 недела и јас го чував, а претходно јас и брат ми не бевме дома па и без нас подолго време остана и на почеток беше добро, но после некој ден, прекина да јаде, ептен со сила, го шетав ама ни на тоа не се радуваше, онака оде само без волја, и обично најмногу лежеше и испушташе тажни звуци(нормално му ги знаеме кои му се тие, секое куче си ги има). И ние прашавме ветеринар ама мила со нашите кучиња се е во ред(исто, слични приказни се и со моите другарки и нивните кучиња). Мислам дека најсоодветен збор е депресија, но добро е што не е како кај нас луѓето, туку кучешкава трае релативно пократко, додека да се прилагоди повторно големата доза на емоции - микс од среќа и тага. Немој да се нервираш, не е апсолутно ништо, кај нас, кучето за помалку од недела се поврати на стариот среќен карактер, апетитот му се врати и е без никакви последици. Само малку време и треба, стегните заби, знам дека е најтешко да ја гледате така, ама релативно кратко ќе ја држи тоа.
Ех,моето кутренце,еден ден да ме нема е вакво,добро издржала твојата толку. Почнете како што ви рекол ветеринарот со б-комплекс,освен тоа,шетај го повеќе,играј со него повеќе,дај му од рака да јаде,гали го,незнам,пиша сте му обраќале доволно внимание,и моето понекогаш ми е луто,ама му поминува за брзо откако ќе си поиграме,пошетаме,кога ќе му дадам од рака,ќе му купам нова играчка,зборувај му почесто,повеќе време поминувај со него,би требало брзо да се среди,штом сте со него.
Добро од која возраст кучињава почнуваат да бараат да се парат?Моево на 3 месеца ( и тоа денес полнеше 3 месеца) со се живо и диво пробува да се пари,ненормално едно ..
Јас искрено од срце би им препорачала на оние кои не планираат да имаат потомство од своите кученца(без разлика машки или женски) да ги кастрираат(стерилизираат) колку што можат порано. Ние нашево го кастриравме скоро и сега е како препородено, си јаде повеќе, не е депресивно, си игра, не обележува територија каде ќе стигне, не е агресивен и воопшто не се замара со женското кутре во зградата што е. Стварно раат е тоа, раат сме и ние...не квички веќе по цела ноќ и не рипа по прозорците во обид да избега од 5ти спрат. Јас порано имав мала предрасуда околу ова прашање, ама сега сум тотално за доколку не планирате да го размножувате. А конкретно на прашањето нема одредена возраст кога почнува, некогаш со недели и месеци може да не рипа на ништо, а некогаш секој ден има живците да ти ги кине, од рипање на сите голи нозе и раце.Инаку полово зрело официјално станува на 1,5 год машко, а женските на 2 год.
А машко е или женско? нема врска шо пробува да пари тој инстинкт го имаат од мали уште знам по моите малечки кученца коа се родија иначе пред година ипол не е препорачливо да се пари заради тоа што се во развој сеуште .. поседно не женки шо треба да раѓаат постои можност да останат недоразвиени или недај боже нешо друго да се деси
^Машко е,еве сеа рипаше по 7 годишна малтешка пудлица,будала,ама не му давам да се пари,греотка ми се кученцата после тоа
Ако не планираш да го париш,слободно после годинка однеси го на кастрација. Тоа е доста полесен зафат,за разлика од стерилизацијата нели,која е кај женките. Нема што да го жалите дека нема да има поотомство и да се ставате на негово место. Утре,ќе ви биде благодарно,а и вам ќе ви биде мирна главата. Значи тоа е куче,и јас го сметам за рамноправен член,ама со оваа постапка не му наштетувате,туку го штитите и од многу болести,удари,а и вие се заштитувате од непотребни грижи. Друга работа е дека во период на парење,неможете ама невозможно е кучето да ви остане присебно ако во близина има женка,пример еве моето,вчера ми избега низ врата,и излезе на улица,и баш во тој момент наиде една женка,улично куче и мојот по неа,среќа,песот на соседите почна да ја брка кучката па си го прибрав дома. Неможам да помислам што ќе се случеше ако не беше песот на соседите,моето ќе летнеше по женката и крај му нема. Има и друг начин значи,за ублажување на нагоните за парење-хормонално,ама ако воопшто не планираш да го париш,секоја годинка ти многу поскапо од кастрацијата/стерилизацијата,хормони за еден период е околу 400 денари,а кастрација/стерилизација 1200. Е пошто мојот има скоро седум месеци,веројатно ќе се одлучам за хормонална терапија,заради тоа што понатаму планирам да го парам,ама морам да го однесам на изложба за оцената која ми е потребна за педигре на малечките. Се надевам ќе донесеш правилна одлука.
Ништо не е страшно ако кучето почнува така да прави, не значи дека хормоните му се разбудиле прерано. Тоа така ја покажува неговата љубов кон вас или другите кучиња, значи е многу пријателски расположено со другите. Кај кучињата хормоните се будат на околу 9-10 месеци, а на кучките најрано околу 1-2 години, но најдобро да почнат да се парат на 3-4 години. Затоа не се брзајте за кутриња.
Па, незнам, но тоа неможе да се одреди точно. Секоја кучка си знае кога е спремна да се пари. Некои на 1 година некои на 4. Како што се сеќавам како мала имав една шарпланинка и нејзино прво легло и беше на 5 години. Се си зависи од самите тие, некои се парат на 1 година, а некои воопшто не се парат.
Леле луѓе мене више срам ме фаќа со будалава . Една жена со мало детенце му пружа рака да го погали,оно пробува со раката нејзина да се пари,во Лептокарија почна да му рипа на едно мало детенце Исто и на една жена на нога и рипна ,у земја ми идеше да пропаднам Ќе ме умре овој
Не е точно дека на сите е различно.Значи женките до 2 години се полово незрели значи не смеат да се парат исто и мажјаците од 1,5 год. Тие почнуват да рипаат(машките) сите во различно време, ама тоа не значи дека се спремни за парење.
Ок, занчи ти сигурно не си ја видела вистината... Точно е дека ако машките рипаат не значи дека се парат, тие уште немаат сперма за да оплдат, но циклусот на женките почнува од 1 година НАЈРАНО 2 години најкасно. Една пријателка има бретонка како Астор (имам пуштено слика од него на слики од вашите миленичиња), таа додека си се дружела во паркот се спарила со некој скитник (Скитникот и дамата ) а баш тогаш наполни една и пол година. Кучките добиваат менструација на 1-2 години, но тоа не значи дека сакаат да се парат.
хахаха лудо куче имаш на другарка ми исто сите гости дома сака да и ги пари и сите перници период е ке му помине