1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грижа за домашните миленици

Дискусија во 'Дом' започната од snake, 13 јануари 2010.

  1. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.891
    Допаѓања:
    4.896
    Пол:
    Женски
    Можеби не ми е прашањево за тука..но сакам да прашам нешто во врска со оваа раса на зајчиња.
    Колку време живеат,што јадат? Фала однапред.
    [​IMG]
     
  2. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Мили мои, од денес, т.е од пред 2 часа, имаме нов член во нашата мини зоолошка, малата прекрасна териерка Луси. :)
    Немам слика од неа уште, си ја најадив и си заспа безгрижно, супер ме прифати и верувам засака :lol: јас си ја обожавам, беше љубов на прв поглед.
    Стара е 4 месеци, 7 мај родена, и ме интересира нешто.
    Првата вакцина кога се става и за шо е?
    Дали има проблем што чувам две мачки надвор, но чат пат влегуваат и дома? Пошто знам дека додека се мали кутрињата не треба да се во близина на мачки, дека мачките им пренесуваат тешки болести?!
    И дали можам да ја ранам веќе со конзерви?(страв ми е пролив да не ја фати, но 2-3 пати неделно ќе и давам покрај суровата храна за неа нормално, и чат пат паштетки и нешто од ручекот што го јадиме)
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  3. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Најдобро да прашаш на ветеринар, колку што знам јас, првата вкацина иде од 4 до 6 недели, а после 2 недели од првата вакцина иде втората. Штом е веќе 4 месеци кутрето најверојатно има створено имунитет па мачките не би требало да се некој проблем, ама сепак консултирај се со ветеринар затоа што мачките пренесуваат мачја куга, некоја поопасна болест за кучињата. Така да дистанцирај ја малку од мачките додека не се консултираш со ветеринар. Инаку вакцините се за стекнување имунитет од некои болести. После година дена се става вакцина против беснило. И други ревакцини се прават еднаш годишно.
    Обично на храната и на конзервите е наведено од која возраст може да се даваат, но сепак е најдобро до 6 месеци да јаде само од сувата кучешка храна, дури ни домашни работи и паштети да не се даваат. Вака мене ме советувале на ветеринар, незнам зашто е ова вака. Немој лебови, млеко и ткави работи затоа што проливот ќе биде неизбежен. :) Ова со конзервиве треба да може да и даваш затоа што убаво се сеќавам дека има на нив наведено за 4-5 месеци, а незнам зашто советуваат до 6 месеци само сува храна :^)
     
    На anuskaNESTLE му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Femina555

    Femina555 Активен член

    Се зачлени на:
    25 април 2013
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    26
    Вчера ја парев кучката и сакам да прашам дали ке се фати од прва бидејќи се заклучија и сето тоа или ке треба уште еднаш да ја однесам?
     
  5. linguaragazza

    linguaragazza Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2012
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски
    Женски пред еден месец дома зедовме кученце кое сега има 3 месеци.Кога го земавме ни рекоа дека на ветеринар треба да го однесеме дури после два месеци.Јас дека немам досега чувано куче го прифатив нивниот совет,ама сега некако се премислувам.Што мислите,дали да го однесам на ветеринар и вакцинирање или? И отприлика ако може да ми кажете колку чини ветеринарен преглед и вакцина?
     
  6. Femina555

    Femina555 Активен член

    Се зачлени на:
    25 април 2013
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    26
    До сега требаше да ја има примено првата вакцина која се дава на 6-8 недела од неговото раѓање и потоа се ревакцинира после 3-4 недели по примањето на првата вакцина овие вакцини се примаат за да се стекне имунитетот на самото куче,однеси го на ветеринар значи едната вакцина е 500 денари и ревакцинација исто така 500 (зависи кај кој ветеринар ама горе долу тука се цените). Многу е битно да е вакцинирано бидејќи додека стекне кучето имунитет треба да помине 9 месеци а до тогаш неможеш на срејќа да го оставиш дали ке стане имун на вируси или не
     
  7. mil4ence

    mil4ence Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    173
    Зајаците живеат околу 10 години. Тоа зајаче на сликата е теди или лавја глава. Тие не смрдат па поволни се за во стан. Може да се чуваат во кафез само не прекувремено. Исто така можат да се тренираат на нужда во песок, како мачките. Еве ти за повеќе информации тука:
    http://www.youtube.com/watch?v=pzSRFpa5CPc
     
    На Anna-Banana му/ѝ се допаѓа ова.
  8. AniAngie

    AniAngie Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2012
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    15
    Јас чувам две зајчиња лавја глава, машки па се во различни кафези. Ги чувам 2 години и не смрдат! Значи вршат нужда во посебни садови за тоа, како триаголници во ќош на кафезот, им ставам песок. Од храна само италјанската купечка, сено не јадат (бар моиве, не го ни пробуваат дамо низ решетките од кафезот го фрлаат надвор |( )Многу се мили секој ден им посветувам внимание одделно на двата, ако ги пуштам се касаат и не се сакаат меѓусебно (ете за тоа само ме нервираат) Чудно е колку смируваат дури и кога сум тажна знаат да ме насмеат. :*
     
    На didicool и Anna-Banana им се допаѓа ова.
  9. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.803
    Допаѓања:
    131.428
    Kучиња во зграда само со согласност од станарите

    Жителите на Центар може да чуваат домашни, ловџиски и кучиња со педигре и други домашни миленици, како мачки, птици итн. под услов тие да се регистрирани во надлежна ветеринарна институција и да се редовно вакцинирани.

    - Не е дозволено чување кучиња кои постојано лаат и завиваат. Сопствениците на кучињата и на другите миленици, треба да ги сместат и да ги чуваат така што животните нема да го попречуваат мирот и спокојството на соседите. Kучиња не смеат да се чуваат во станбени згради и во нивните дворови, освен ако сопственикот има писмена согласност од мнозинството станари - се вели во одлуката.
    ОВа е преземено од весникот Дневник. Значи ли ова дека сега треба од одам од врата на врата по зграда за да ми речат може да имаш куче? Ако злоно од комшика и другарка и стара мома ми речат не може, треба да си го избркам кучето што го чувам 5 години????
    Идиотизам и ренесанса.
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. mil4ence

    mil4ence Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    173
    Ако само комшиката не се согласува не е голем проблем. Се знае она си мразела кучиња и сега не сака да има куче. Јас мојот папагал кога си го носев дома дека беше втор и во кутија беше оваа во лифт ми се развика дека мачки сум „шверцувала“. :x
    Си има посебни раси кои не лаат многу. Тие се оние кучиња за во скут, мислам на тие што не џавкаат на секој шум.
    На пример пудлиците мислам дека се мирни (стандардните). Но, бигл, чивава, малтезер, џек расел или вест хајланд териер знаат да ги излудат сите со своето лаење.
    Тој закон исто е добар и за кучињата. Во зграда имаше едни станари што чуваа кане корзо. Малово се утепа од лаење лифтовите беа поплавени од неа (од што си вршела работа таму). А кане корзо знаете е огромно куче и е за во двор. Се измачи кутрево 5 месеци во 4 ѕида со 2 пати шетање на ден и веќе не го гледам во зградава. А, знам дека и ги оптужија дека беше многу гласна. Така да тоа е добро за кучињата и за нас. ;)
    П.С Слика од кане корзо долу V
     

    Прикачени фајлови:

    • CC1.png
      CC1.png
      Големина на фајлот:
      1,5 MB
      Прегледи:
      205
  11. redhat

    redhat Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    222
    би требало ако се заклучиле да се фати да моето куче така беше ма да ветеринар ми има кажано може да им се даде уште една шанса позздрав :)
     
  12. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.518
    Девојки итно ми е. Мачката беше надвор цел ден, што е и нормално за неа бидејки овој период не може да да седи дома. Нема што да прави, активна е многу.
    Е сега се врати дома и мјаучи, ама онака изнервирано. Ја кревам и почна многу да мјаучи агресивно. Сега лежи, многу и се спие. Ме плаши ваквата состојба. Не сум ја видела до сега ваква...
    Некоја да не има вакво искуство?
    Помош ве молам :(
     
  13. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.803
    Допаѓања:
    131.428
    Милченце, проблемот не е до кучињата. Со овој акт всушност јас морам сите станари да ги прашам дали може да си го чувам кучето кое со години живее со мене. И нормално, ке миречат не може- од причина што се идиоти сите и зградава. И сеа јас ке треба да го дадам на некој? да го ставам на улица? Или во Вардар да оди? Или да платам 300 евра казна и да ми го однесат оти неам потпис од моите комшии.
    И шо е најјако, треба да одам по вратите за попис за куче кое е 3 кила тешко...И за маче ке треба?
    Кој идиот го смисли ова?
    Иначе, брат ми се јавил за да не се нервирам во Анима Мунди, му рекле, неаме ние тука мешание, одете во општината. И сеа треба со кучето да одам до оној градночалник и да му речем да ја смени одлуката???
    Подобро да се иселам од тука.
     
  14. mil4ence

    mil4ence Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    173
    Ok... Neznaev za toa... Mislam deka e najdobro da si baras nova kukja ili da kazes na gradonacalnik ako ne...
    Anima Mundi ne se obidoa nishto da napravat? Pa neli tie kobozem spasuvale zivotni? :^)
    A, brat ti zaedno so tebe zivee ili posebno, zosto moze da mu go dades na nego? Ili na nekoj rodnina? Toa bi bilo samo privremeno dodeka ne najdesh novo mesto. Ehe, ushte kolku mnogu gluosti kje napravi Makedonijava...
     
  15. mil4ence

    mil4ence Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    173
    A, da tvoeto kuce celo vreme lae ili na strana si e? Mislam deka zakonot beshe ako kuceto lae i smeta na stanarite...
     
  16. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.803
    Допаѓања:
    131.428
    Абе јас да се селам??? Да си го дадам кучето кое е врзано со мене со години???
     
  17. mil4ence

    mil4ence Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    173
    A, zakonot e samo ako kuceto lae ili ako imas kuce.
    Mislam deka e samo ako kuceto gi izluduva stanarite so svoeto laenje...
     
  18. mil4ence

    mil4ence Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    173
    Nemozam da citiram ili redaktiram deka na telefon sum. Inache ne mislev da go dadesh kucheto zasekogash. Pa vekje ako sakas da si zaedno so kuceto mislam deka ne treba da se zapletkuvame vo tie problemi zosto moze da bide i poloso....
     
  19. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.803
    Допаѓања:
    131.428
    За секое куче треба дозвола. И не можам да не се заплеткувам во тие проблеми и да стојам на страна, оти они ме заплеткаа. И сега треба да кутам и да чекам да дојде некој и да ми рече, немаш дозвола за кучето, ти го одземаме. Од кути трај си патиме.
     
  20. mil4ence

    mil4ence Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    173
    Добро, зошто на вести објавија дека само за кучиња кои сметаат на комшиите со тоа што лаат...